ТОП

esm-bitiki-rabotnici

ЕСМ ќе ги намалува трошоците со принуден одмор на некои работници

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) воведува мерки на штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.Како што наведуваат од компанијата, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период.„Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата“, се наведува во соопштението.Во него се објаснува дека мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.„Намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана“, посочуваат од ЕСМ.

Македонија | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona

Колку од новите случаи се вакцинирани, аколку од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.Во период од 06.08 до 23.12.2021 на територија на државата 66.857 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85%, додека само 15% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08.2021 до 23.12.2021 на територија на државата починале 2362 лица со Ковид 19, 1850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

пред 4 години

1942279_boki_ls

Боки 13 со ферман посветен на Заев и куп обвинувања: Не декa јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе

Откако не му дозволија да зборува јавно преку видео-интервјуа, Бојан Јовановски-Боки 13 по вторпат упатува отворено писмо во јавноста. Овојпат, тоа е посветено на премиерот во заминување, Зоран Заев.Писмото, ви го пренесуваме интегрално:„Размислив дали да ве персирам во ова отворено писмо, па одлучив истото да го започнам на перси, а како ќе завршиме ќе видиме...Неисе, на крајот не важно дали ќе ве персирам или не, важна е суштината на ова писание, а суштината е ВИСТИНАТА, КОЈА ТОЛКУ МНОГУ ВЕ БОЛИ И ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКАТЕ ДА ЈА СОКРИЕТЕ СО ПОМОШ НА ВАШИТЕ ПИОНИ, ЛАМФЕРИ, ТОПОВИ И КОЊИ (ќе се препознаат сите кој која фигура е)На самиот почеток на ова писмо укажувам дека истото е составено од несоборливи и ноторни факти и дека стојам позади содржината под целосна морална, правна и кривична одговорност!!! Сите наводи во ова писание произлегуваат од содржината на мојот телефон и од остварените комуникации на апликацијата what’s app! Вие господине Заев после ова писмо сте должни поради сериозноста на наводите и високиот степен на јавниот интерес да одговорите на секое прашање или на сите наводи или пак господине Заев демантирајте ме, тужете ме, докажете дека не ја говорам вистината и гонете ме! Не ви се плашев и не ви се плашам воопшто и покрај заканите кои ми ги пративте вие и вашиот брат Вице Заев преку ваши емисари и потрчковци дека ќе ме ликвидирате и дека нема жив да излезам од затвор, јас денеска при чиста свест и силна волја ви се обраќам и ќе ве соголам пред јавноста аргументирано и со факти. Машки ви се обраќам Зоране Заев и ве молам машки да одговорите, нели ме нарековте п*дер во месец Август 2019 година, па еве сега прилика да видиме кој е п*дер ако кој маж, по карактерна особина де, така нели мислевте кога ме навредивте јавно и гнасно, простачки и најдолно?!?!Елем, мене вашата оставка не ми значи ништо ама баш ништооо, таа театарска оставка поделена во повеќе драмски чинови е само ваш нов лукав политички маневар, маневар за спас, а не чин на одговорност и демократија, ма каква црна демократија, вие сте најпластичниот пример кој што ќе го памети оваа држава по анархија, предавство, криминали, корупција и лаги, а најмалку по вистинска демократија!!! Мене Зоране Заев ми значи само понесување на ваша кривична одговорност и согласно закон добивање на правна последица за сето сторено во изминативе години!!! Вашата оставка поднесена како чин од морален карактер е смешна, бидејќи веќе е докажано дека вие сте последниот кој може да се повика на морални и етички вредности. Така да Зоки доста ги лажете луѓето никој не ви верува, дури ни оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат, не ви веруваат! Доста веќе со замајување и со платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец. Меѓудругото за волја на вистината и мене ме раководел истиот тој Марјан Забрчанец додека постоеше 1ТВ, па така на дневно ниво по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер! Е тоа се вашите методи, но полека ќе стигнеме до секоја точка што мораме да ја разјасниме во ова писмо! Комуникацијата помеѓу мене, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски тогашен некаков министер за транспарентост и отчетност се одвиваше на what’s app апликацијата, а јас не сум избришал ништо, од комуникацијата може да се види бруталната злоупотреба на медиумите за потребите на власта, за твоите лични потреби господине Заев, за спас на твоите политики.И да, 1ТВ немаше добиено ниту еден денар од државата или пак од СДСМ, заради тоа што кога некој ве снимал кажавте дека сте ми помагале со финансии за одржливост на телевизијата, лажете како и секогаш, лажете и гледате во очи, лажете без пардон, лажете до коска и ја ставате раката на срце, вие сте патолошки случај со минахаузенов синдром, лажете и кога не треба и верувате во сопствените лаги!!!Во ова писмо ќе ве потсетам на важни дејствија каде вие сте главен актер, на сите ваши свесни манипулации, на вашата поврзаност со повеќе лица од криминалното подземје, на ваша директна поврзаност со случајот Рекет, но и со други криминогени активности од ваша страна, па во тоа име ќе ви поставам прашања и тези, кои ако не сега еден ден ќе морате да ги одговорите, ве уверувам во тоа!!!Сега Зоране Заев одиме по ред!Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример повелете... Лицето Силјан Мицевски бизнисмен од Битола наводно измамен од мене во случајот Меѓународен Сојуз, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите! За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!!ВНИМАНИЕ!!!Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен Сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!!Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како материјален доказ, како и се друго што наведов и што ќе наведам во ова отворено писмо!Вакви слични примери има со повеќе лица и компании, добро знаете каде и кого се пустошевте како што милувате да кажете ЗА ТИЕ ПУСТИ ПАРИ! А да, Силјан му даде и на Александар Кирацовски тогаш генерален секретар на СДСМ едно убаво плико полно со евра како знак на благодарност за тендерската документација и позитивната одлука на тендерската комисија. Го уништивте човекот! И потоа јас сум рекетирал и сум земал пари, срам ве било!!!Одговорете дали преку мене стапивте во контакт со покојниот Жарко Луковски и за што се гледавте во премиерскиот кабинет? Одговорете дали договаравте мултимилионски проекти со вртоглави незаконски провизии кои Луковски требаше да ви ги исплати и дали вие го делегиравте Драги Рашковски како ваш човек од доверба кој беше задолжен за спроведување на мултимилионските проекти и за исплатите на провизиите односно коруптивните награди од Жарко Луковски?!?!Одговорете дали на прашање од Жарко Луковски со кого да ја продолжи работата вие му велите дека е најдобро со Рашковски?! Е за овој бизнис не сакавте да знае вашиот брат Вице Заев бидејќи и тој го имаше таргетирано Жарко Луковски, кој исто така беше таргетиран и од еден ваш друг близок соработник! И за ова Зоране Заев ја имам целата комуникација од what’s app апликацијата помеѓу вас и покојниот Луковски бидејќи тој ми ја испраќаше во форма на screen shot на мојот телефон на what’s app апликацијата! Нема бегање од вистината!!!Одговорете дали Зоран Милевски ви беше човек од доверба, на кој му поверувавте извршни задачи од удбашко/криминален карактер?! Со лицето Зоран Милевски Кичевскиот имавте исто така средби во премиерскиот кабинет, па така ви ја носеше и Ана Камчева, други обвинети во предметот ИМПЕРИЈА, разно разни самонаречени инвеститори од земјава и странство, дилери на наркотични средства... Знаете ли Зоране Заев дека истиот тој ваш омилен извршител ве снимал цело време и вас, па така да ве потсетам дека јас во тоа време со дотичниот бев во многу блиска релација па ме информираше за сите негови активности и задачи кои ги извршуваше за вас. Горделиво зборуваше за вас, но сепак и вас ве снимаше! Неколку примери ќе издвојам за вашите релации и комбинации со Кичевскиот! Местењето на изборните резултати за претседателските избори кога едвај победи Пендаровски за охридскиот регион одеше се преку вашиот омилен Зоран Милевски Кичевскиот. Покрај претседателските избори имаше и локални избори во Охрид па така градоначалник бидна тој некој Константин. Повторно по макотрпна работа на Кичевскиот и манипулирање со група гласачи египјани. Па вие лично го испративте Киевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!!!Одговорете дали ми имате испратено порака на апликацијата what’s app со следна содржина: Дали СМ (Сашо Мијалков) ќе гостува во телевизија и дали ќе повика за референдум? Оваа порака ми ја испративте додека јас бев на ручек со Мијалков во хотелот Мериот (месец Јуни 2018) со кој договарав и преговарав за телевизиско интервју во 1ТВ, а подоцна по ваш налог почнав да преговарам за референдумското прашање, за делувањето на Мијалков против раководството на ВМРО ДПМНЕ и јавните писма против Мицкоски?!?!Вие точно знаете дека Мијалков прво на мене ми ги испраќаше писмата кои подоцна ги пласираше во јавност против Мицкоски? Да појаснам, прво вие со лицето Сашо Мијалков имавте посредна комуникација преку извесно лице по име Столе, па потоа посредната комуникација се одвиваше преку мене за на крајот да имате лична и директна комуникација! Елем, се сеќавате ли што се договоривте со Мијалков откако ја започнавте вашата лична комуникација? Ви бараше ли Мијалков да му завршите работа за да му биде вратен пасошот кој му беше одземен по барање на СЈО?! Се сеќавате ли дека се договоривте со Мијалков за кои предмети ќе биде осуден (поради јавноста)?! Се сеќавате ли како и се деревте на Катица Јанева што ги притворила Камчев и Мијалков за случајот ИМПЕРИЈА, месец Ноември 2018? Бевте избезумен поради тоа што токму тие двајца ви ги обезбедувале потребните пратеници за гласање на уставните измени?! Се сеќавате ли дека на денот на притворот на Камчев му се јавивте на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за ИМПЕРЈА?! (не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен). Се сеќавате ли колку пати беа во вашиот кабинет Зоран Милевски Кичевскиот и Камчев уште летото пред да биде отворен предметот ИМПЕРИЈА?! Одговорете јасно што се договаравте со Јордан Камчев кој за вас во еднаш тогаш дадено интервју кажа дека сте најдобриот премиер што го имала нашата држава.Дали вечерта додека се одлучуваше за притворот на Камчев по предметот Империја и се јавивте лично на судијата Весна Димишкова да и влијаете да не одреди притвор туку други мерки и за возврат и ветивте повисока судиска функција?! Овој одговор го има во податоците во мојот телефон!!!Одговорете сега кои се тие ваши заеднички, ваши и на Камчев бугарски пријатели кои ја организираа операцијата наречена РЕКЕТ која беше извршена од Русковска и со која операција е нарушен суверенитетот на државата?!кажете во какви бизнис релации сте со тие лица од соседна Бугарија и колку нечисти пари имате избројано, па сте им должни по повеќе основи?!Одговорете зошто тој директор на тогашната УБК Горан Николовски Џони не преземал никакви службени дејствија кои морал да ги преземе по слово на законски надлежности овластувања? Доколку споменатиот Џони (со надимак како маалско куче) преземел службени дејствија не мораше да биде целиов циркуз, нели така? Сега ќе имавме познат сторител фатен на дело со пари во рака, а не вака една правна расомонијада!!! Но сега ви поставувам и конкретно многу суштинско прашање, дали Џони ве штитеше од сторен криминал вас лично и вашиот брат Вице Заев па затоа денес јас сум во затвор наместо вие и вашиот брат, господине Зоран Заев?!Се сеќавате ли Зоране Заев дека ми кажавте дека можете да го згаснете СЈО кога и да посакате бидејќи Катица Јанева со нејзиното делување ви правела политички проблем?! Категорично тврдам дека СЈО го згаснавте вие и вашите пајташикримоси, а знаете зошто и кои ви беа вистинските побуди да не постои СЈО!Одговорете и на јавноста заради што ја викавте Катица Јанева во вашиот кабинет и на кој начин ја уценивте да му го врати пасошот на Јордан Камчев (кога се појави некаков спортски натпревар надвор од државата).Признајте дека вие извршивте влијание таа да даде позитивно мислење за издавање на времен пасош на Камчева, судот тоа го одобри тоа е во месец Април и Мај 2019 година, баш во критичниот период за кој јас бев обвинет а денеска осуден. Осуден сум токму под истата околност дека сум и влијаел на Катица да му го врати пасошот на Камчев, а вие Зоране Заев го сторивте тоа бидејќи бевте во прљава криминална шема со лицето Јордан Камчев. Јас немав никаква врска ниту со пасош ниту со пуштање од притвор на Камчев!!! Вие ја уценивте Катица Јанева и за пасошот на Камчев и за пуштањето од притвор на Камчев и Мијалков вие Зоране Заев имавте реален авторитет поради вашата премиерска функција па на тој начин можевте да извршите влијание врз Катица Јанева, а не јас!!! Јас сум имал комуникација и дружење со Катица и тоа не го порекнувам и стојам позади што било!!!Јас сум имал состаноци и со Камчев и со други лица, од бизнис секторот, јас сум водел медиум и на мене како приватник ми доликувало да преговара со бизнисмени и да се договарам со нив за пари и рекламирање, но на вас Зоране Заев не само што не ви доликувало туку ви било забрането согласно Закон затоа ќе сносите кривична одговорност кога тогаш!!!За мене скоро па сите од СДСМ велевте дека не сте ме познавале, дека сте ме познавале само преку телевизија, па потоа дека сум ве злоупотребувал. Ма немојте ве молам, па нели се срамите, имате ли тронка човечко достоинство? Инаку да, во една прилика во мојот дом покрај сите други кои биле на гости, беа Радмила Шекеринска и Катица Јанева и точно е дека никогаш со Радмила не сум зборувал за никаков Орце, за никаква ИМПЕРИЈА, за никаков Мијалков, туку зборувавме за носењето на Законот за СЈО кој беше во подготвителна форма, а доказ за истото постои во мојот телефон во мојата маил комуникација каде Рената Дескоска ни го испрати предлог законското решение кое го емитувавме во вестите на 1ТВ. И токму така беше, Радмила е една од ретките чесни и достоинствени политичари која веројатно се згрозувала од вашите заевистички пазарења и криминали!!!Кога сме веќе кај гостите што доаѓале кај мене ги има повеќе на број, но ќе дојде ред па ќе објаснам за секого и се што ќе биде потребно за кристализирање на многу односи, релации и недоречености кои лебдат во воздух.Господине Зоране Заев се сеќавате ли како присилно ме натеравте да напишам писмо додека бев во Шутка каде што ќе го величам вашето име и ќе напишам дека немате врска со случајот рекет??? Е тогаш ме натеравте присилно да пишувам писмо, ми го уништивте семејството, го инкриминиравте мојот татко во кривични процеси само поради притисок врз мене, ми ја уништивте телевизијата, ме оцрнивте и од мене направивте најголем злосторник и криминалец, но ете дојде ден кога своеволно ви го пишувам ова писмо полно со факти и аргументи!Па затоа на самиот крај ви поставувам уште едно прашање... господине Зоране Заев до кога мислите да се правите луди за наводното бегство на Никола Груевски?!?! Категорично и недвојбено тврдам дека вие сте оној кој му помогна на Груевски елегантно да си замине во Будимпешта!!!На мене лично ми кажавте дека тоа е политичко решение!!! И затоа тишина и никогаш повеќе не го споменувајте бегството на Груевски!!!Имам уште многу теми, тези, прашања и одговори но ќе ги оставам за следно продолжение. Што се однесува до Меѓународен сојуз и целиот тој случај ќе се видиме очи во очи на суд па ќе ви поставам директни прашања поврзани со случајот каде на обвинителна клупа седат невини луѓе!!!Во смисла на сето ова што го напишав во ова отворено писание, подготвен сум да одговора на сите овие теми на секое прашање при полиграфско испитување, пред целата јавност, во име на вистината!!!Знаете зошто апелацискиот суд ни ја потврди правно безмислената и катастрофална пресуда за предметот Рекет донесена од братучетката на Иван Џолев, судија Васка Николовска Масевска??? Само поради вашето влијание и вашите притисоци да не се дознае вистината и утврди вашата вина!!!Јас лежам невин, осуден без доказ и со прљава пропаганда!!! Не дек јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе!!! Тоа што сега од страна на МВР и Русковска мистериозно се исчезнати комуникациите од апликацијата what’s app од мојот телефон е јасен показател за вашиот страв, но не заборавајте сите вие дека уништување на доказен материјал е тешко кривично дело па така сите учесници колективно ќе си одговарате!!!Господине Зоране Заев наместо да се подготвувате после оваа театарска оставка да возите мотори со Филипче, подгответе си адвокатски тим и подгответе добра одбрана, ќе ви биде потребно!!!После ова отворено писмо, барам од државата неприкосновена заштита на мојот физички интегритет а воедно и заштита на членовите на моето семејство и блиски луѓе до мене, поради сериозноста на изнесеното и поради познавањето на структурата личноста на која е наменето ова писмо, барањето е основано и неопходно!!!Случајот РЕКЕТ не е завршен, тек започнува...Продолжува...TO BE CONTINUED“, пишува Бојан Јовановски.

Коментари | пред 4 години

Imer-Selmani-780x439

Селмани: Заев ќе остави длабок белег во нашата држава

Поранешниот министер и екс градоначалник, Имер Селмани во гостувањето на Утрински брифинг ги анализираше случувањата на македонската политичка сцена по вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев и по настапот на претседателот Пендаровски кој треба да ја пополни празнината до формирањето на новата влада.Тој се осврна за значењето на Зоран Заев и за идните постапки на ДУИ во формирањето на новата влада.„Заев ќе остави длабок белег во нашата држава. Ќе се памти по храброста и одлучноста. Решавањето на проблемот со грција и влезот во НАТО му се најголемите дострели. Меѓуетничките односи успеа да ги сведе во една константна и едноставни и последните прашања коишто беа отворени согласно рамковниот договор да се сметаат дека се затворени. Ќе остане запаметен и по одредени пропусти, гафови, избрзани изјави, но и по храброста за оставката која ја даде на две и пол години пред истекот на мандатот. Воведе многу работи, прв премиер со нов стил за комуникација со јавноста. Знам луѓе од Сарај, обични граѓани кои комуницирале со него, си постави нови стандарди, нови критериуми, рече Селмани.

Македонија | пред 4 години

unnamed

Младеновска со поддршка за Маричиќ: Во право е што ги прозва јавно судиите кои одобрија гаранција за Мијалков

Поранешната министерка за правда Мери Младеновска Ѓорѓиевска смета дека судиите треба да се прозиваат со име и презиме во јавноста од страна на владини функционери. Ваквиот став таа го искажува по потегот на првиот човек на министерството за правда, Бојан Маричиќ, кој во средата на социјалната мрежа Фејсбук, посочи двајца апелациски судии во судечкиот совет, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, како одговорни за прифаќањето на гаранцијата од повеќе од 11 милиони евра за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да може да излезе од притвор.Според Младеновска Ѓорѓиевска, за да се сменат состојбите во судството, но и перцепцијата на граѓаните, крајно време е со име и со презиме да се посочат, но и да се санкционираат сите судии што ги кршат законите.„Контрапродуктивно е да се критикува судството во целина. На овој начин се демотивираат судиите што работат стручно, професионално и одговорно“, вели Младеновска за Дојче Веле..

Македонија | пред 4 години

ohridski-ucilista

Професорот кој му ја дупна главата на ученик бил проблематичен

Професорот, што вчера напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи за МИА.Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање.– Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози за МИА.Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место.Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција. Извор: МИА

Македонија | пред 4 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

Морачанин: Најголема замерка за Заев беше тоа што не ја зеде метлата

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин во гостувањето во Утрински брифинг зборуваше и за формирањето на новата влада од страна на мандатарот Димитар Ковачевски.„Се познавам со Ковачевски и сметам дека има енергија во него, има волја да ги направи неопходните промени. Тој своите искуства што ги има во приватниот сектор верувам дека ќе ги пренесе во работата во Владата. Сметам дека институциите ќе профункционираат онака како што бараат граѓаните. Верувам дека ќе донесе ред и одговорност во работата на институциите. Впрочем, најголема замерка за Заев беше тоа што не ја зеде метлата“, нагласи Морачанин.Таа уште еднаш нагласи дека граѓаните очекуваат од новата влада стабилност и решавање на горливите проблеми со кои се соочуваат.„Институциите да почнат да функционираат и да се бара одговорност од секој еден од функциониерите. Бевме сконцентрирани на решавањето на спорот со Бугарија, па зостанаа резултатите на домашен план. Сега фокусот мора да биде на внатрешните работи во интерес на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, децидна е претседателката на ДОМ.

Македонија | пред 4 години

doktor-niko

Д-р Беќаровски: Омикрон е со поблаги симтоми, зошто се крева прашина и се влева страв

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека #OMICRON е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната #ДЕЛТА варијанта во Македонија, вели доктор Нико Беќаровски.„А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ ???Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од #ОМИКРОН варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.КАДЕ Е ТОГАШ ПРОБЛЕМОТ ???Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека СЕКОЈ ДЕН во подолг временски период би имале околу 40.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и ГОЛЕМ БРОЈ НА ОТСУТНИ РАБОТНИЦИ од своите работни места.Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето.Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит“, додава Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

269982247_3188348044817958_8147755718132313751_n

(ФОТО) Целосно изгоре куќа во Скопје

Потресна вест вечерва одекна во Кисела Вода. До темел е опожарена куќа на жител на општина Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски веднаш појде на местото на настанот и заедно со отецот Оливер се сретнаа со Тони Атанасовски, кој во пожарот го загуби својот дом.Вечерва, тој доби привремено сместување, а градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период сите хумани сили ќе бидат насочени кон негова помош. Заедно со отецот Оливер од Хуманитарната организација “Св. Спас” започнуваат иницијатива за повторна изградба на домот на Атанасовски и ги повикаа сите компании од општината да ја покажат својата општествена одговорност и да помогнат кога најмногу има потреба од тоа.-Ова е траорна ситуација, тажна и многу потресна.Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон помош на мојот сограѓанин Тони Атанасовски. Повторно ќе го изградиме неговиот домот. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме!Домот е столб на хармонија и среќа, така што, ќе го изградиме повторно-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 години

spasovski

Ковачевски треба да избере нови луѓе, вели Спасовски

Министерот Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, и дека се потребни нови луѓе со нови визии.Ова Спасовски го кажа вечерва од студото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“, додавајќи дека Ковачевски треба да направи избор од нови луѓе кои ќе му бидат блиски соработници.– На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим – рече Спасовски.Значи ли ова дека нема да бидете дел од новото раководство на СДСМ…– Јас го кажав како став, што сметам јас. Дека треба можеби нови луѓе, луѓе кои се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои имаат една поинаква визија, а ние ќе бидеме тука да направиме еден чекор на растењето на СДСМ – вели Спасовски.Спасовски смета дека СДСМ не е премногу ослабена партија, но смета дека нешто во партијата треба да се промени.– Јас сум 27 години член на СДСМ, и растев и се градев и се развивав низ оваа партија, и за мене е најважно што ќе се случува со СДСМ. А една од причините е секогаш кога СДСМ е силна, има напредок и просперитет за државата, и обратно, секогаш кога СДСМ е слаба, нема напредок – вели министерот.

Македонија | пред 4 години

mobilen

Барал 3000 евра од девојка за да не објави приватни фотографии

Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена. Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје.Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 4 години

mobilen-telefon

Противпожарната единица во Ранковце доби телефон

По четири години функционирање без телефонска линија, од вчера Противпожарната единица на Општина Ранковце повторно има телефон и граѓаните не мораат самите да доаѓаат во противпожарната станица за да пријавуваат пожари, објави СДК.мк.Околу 4.500 жители на руралната општина досега пријавувале пожари преку приватните телефони на пожарникарите, одејќи лично во објектот или преку пријатели и Пожарната во Крива Паланка.Командирот на противпожарната служба од Ранковце, Раде Ивановски, вели дека проблемите настанале поради „инает“ на поранешниот градоначалник Ивица Тошевски.– Ни го исклучи телефонот, нѐ остави без огрев, ни ги изнесе креветите за пасивен одмор, ја укина ноќната смена, останавме на минимална плата. Никако не можевме да најдеме разбирање со него. Мака мачевме околу информирањето за пожарите, не сфаќаше дека во прашање се доведува безбедноста на граѓаните и имотот на општината – вели Ивановски.Тој посочува дека со доаѓањето на новиот градоначалник проблемите полека се решаваат, а противпожарната служба добила интернет и дрва за греење.– Конечно од вчера, повторно имаме функционална телефонска линија 380-193, а градоначалникот и Општината ни обезбедија и огрев. Повторно се вратени и ноќните смени и работиме според вообичаениот распоред како и сите останати противпожарни служби. Во постапка сме и за нивелирање на платите според законските одредби и во согласност со платите на нашите колеги – додава командирот Ивановски.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Барањата на Бугарија се „подвижна мета“

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека барањата на Бугарија се „подвижна мета“.Вели дека кога тој бил во посета на Бугарија во октомври, се разговарало за сосема различни прашања. Тој сепак додава дека е направен голем напредок во споредба со ситуацијата од пред една година. Османи вели дека недобивањето датум за почнување на преговори со ЕУ нема да донесе дестабилизација, но, како што вели, тој стравува од ново „грчко сценарио“.

Македонија | пред 4 години

korona-3

269 нови случаи, бројот на починати уште е висок

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по 14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1 лице.Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3, Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (73 и 84) и по едно од Велес (71), Свети Николе (71), Кавадарци (69), Берово (68) и Радовиш (73). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 8 лица починати во периодот од 29.11 до 19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Тие се на возраст од 57 до 93 години. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 во домашни услови.Направени се 3.449 теста преку: ИЈЗ – 265, ЦЈЗ Скопје – 70, ЦЈЗ Битола – 87, ЦЈЗ Прилеп – 54, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 16, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 153, „Биотек“ – 160, „Систина“ – 70, лабораторија „Лаор“ – 134, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 52, „Генеа“ – 14, „Никоб лаб“ – 358, „ВФВ медикал“ – 55, „Ели медика“ – 74, „Ројал медика“ – 29, „Спектра-ММ“ – 13, „Рапид лаб“ – 15, „Жан Митрев Струмица“ – 26, „Нова лаб дијагностика“ – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.464.Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 97.592, Активни случаи 2.545Куманово 13.077, Активни случаи 116Тетово 11.408, Активни случаи 80Прилеп 10.671, Активни случаи 358Битола 9.110, Активни случаи 372Гостивар 8.077, Активни случаи 20Велес 7.471, Активни случаи 167Кавадарци 7.341, Активни случаи 232Охрид 6.720, Активни случаи 229Штип 6.719, Активни случаи 105Струмица 6.249, Активни случаи 131Кичево 4.300, Активни случаи 77Кочани 4.084, Активни случаи 50Струга 3.919, Активни случаи 21Гевгелија 2.895, Активни случаи 95Неготино 2.624, Активни случаи 44Свети Николе 2.150, Активни случаи 45Крива Паланка 1.949, Активни случаи 60Ресен 1.837, Активни случаи 81Радовиш 1.802, Активни случаи 46Берово 1.477, Активни случаи 15Делчево 1.460, Активни случаи 54Дебар 1.457, Активни случаи 1Виница 1.175, Активни случаи 19Пробиштип 1.138, Активни случаи 15Валандово 1.019, Активни случаи 67Кратово 790, Активни случаи 11Богданци 675, Активни случаи 30Демир Хисар 637, Активни случаи 28Крушево 604, Активни случаи 23Македонски Брод 520, Активни случаи 14Македонска Каменица 429, Активни случаи 21Демир Капија 427, Активни случаи 0Пехчево 357, Активни случаи 1Дојран 173, Активни случаи 1

пред 4 години

siljanovska-4

Силјановска: Владата каква и да е, се уште е актуелна и треба да биде прашана за она што сега се одвива

Додека постои една влада постојат сите механизми за контрола меѓу кои и пратенички прашања. Каква е таа специјална влада која е заштитена од прашување, знаете ли каква опасност е тоа за демократијата? Граѓаните и пратениците имаат право на увид на работата на владата, дури и да прашаат, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, потенцирајќи дека оваа влада е на функција се до изборот на нова во јануари и постојат многу актуелни работи за кои треба да биде прашана и затоа не смееше да има одложување на седницата за пратенички прашања.Таа истакна дека владата каква и да е, се уште е актуелна и треба да биде прашана за она што сега се одвива, бидејќи во моментов има дузина на закони во Собрание, се носат решенија, ние би сакале да прашаме за некои решенија.- Обично Владите и министрите најмногу трошат на заминување и тоа го покажуваат ревизорските извештаи. Секоја владата каква и придавка има пред себе треба да биде одговорна влада и граѓаните и пратениците имаат право на увид, имаат право да бараат информации, имаат право на контрола, на секоја влада се додека таа постои таму. Затоа логично е да можете да ја прашате и владата во оставка, бидејќи таа ќе биде влада до средината на јануари до избор на новата влада, рече Силјановска Давкова.Таа додаде дека може и роман да се напише со прашања за оваа влада.- Од она што се случува деновиве, гледаме може да се излезе од притвор со гаранција, во текот на денот ситуацијата се менува, а нешто што Стразбур и забележува на Македонија токму е притворот и тоа треба да е исклучителна мерка која се применува доколку постојат трите опасности. Ете би прашала за притисоците врз судството. Гледаме дека министри или високи државни функционери ги користат социјалните мрежи за да праќаат пораки до судиите, тоа е непознат феномен, рече таа.Силјановска Давкова потсети дека власта збори за зелената агенда, а гледаме дека се загадуваат водите на Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, а да не говориме за загаденоста на воздухот.- Или за родовата застапеност, кога власта ќе почне да ја реализира застапеноста 50-50 која ја ветуваше а гледаме само 4 министерки и две заменички, рече Силјановска Давкова.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања