ТОП

107508601-105676

Сменет директорот на македонски железници

Мубекир Палоши од партијата Алтернатива од денеска ќе биде новиот в.д. директор на Железници на РСМ-Транспорт.СДСМ и ДУИ го исполнија барањето на нивниот коалиционен партнер, а ова е само првото барање од списокот за раководни позиции кој им го доставил претседателот Африм Гаши.Досегашен директор на железниците беше Аднан Азизи, генералниот секретар на Беса, кој беше поставен на оваа позиција во ноември минатата година.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Чадиковски: Сите деца болни од ковид-19 имаат ист симптом

Познатиот детски кардиохирург Владимир Чадиковски денеска на Твитер објави информација поврзана со симптомите на децата заразени со коронавирусот.„Во консултација со д-р Рсовац, шеф на одделот за педијатриска интензивна нега во Клиничкиот центар во Белград, сите деца од 5 до 18 години со ковид-19 што биле заболени и хоспитализирани (за шест месеци повеќе од 120 деца) започнувале со болки во абдомен (стомак)!! Добро инфо да се знае!“, напиша Чадиковски.

Коментари | пред 4 години

akcija-1

Голема акција во Скопје: Уапсено едно лице, запленет кокаин вреден 200 илјади евра

Во голема полициска акција спроведена во Скопје, запленет над пет килограми хероин, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации во истрагата, тој е вреден над 200.000 евра. Засега, според одредени информации, уапсено е едно лице. Детали за целата акција, како и каде е спроведена и која била улогата на уапсениот, ќе се знае утре. 

Скопје | пред 4 години

Foto-5

„Детската градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година

Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска. Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски е покровител на традиционалната манифестација.Во своето обраќање претседателот Пендаровски говореше за критериумите и различните аспекти кои ги опкружуваат архитектите денес, соочени со предизвикот да реализираат успешно и естетско дело кое ќе му пркоси на забот на времето и ќе ја има во себе премисата - градба по мерка на човекот.„Македонските архитекти често се соочуваат и со дополнителни предизвици – со барањата на инвеститорите, со апетитите на урбаната мафија или, како што имавме ситуација во време на едноумието, а и до пред некоја година, да треба да задоволуваат небулозни идеолошко-политички барања“ рече претседателот Пендаровски.Во тој контекст претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од овозможување услови архитектурата да ја исполнува својата примарна цел и да го облагородува просторот, но и нашите животи.„Затоа, како заедница сме обврзани да придонесеме за творечката слобода и за професионалниот интегритет на македонските архитекти“, рече претседателот Пендаровски.Честитајќи за годинашното најуспешно реализирано архитектонско дело, претседателот изрази уверување дека ќе ги надминеме сите предизвици наметнати од Ковид-19 и ќе можеме да се фокусираме на создавање и креирање, на творештво и градење.

Македонија | пред 4 години

voz

Возот од Скопје за Битола тргнал со летни гуми, а и голема е Македонија ако патуваш со воз

Патничкиот воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот.Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.Попладне возот продолжил до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе. Возот 641 предизвика лавина реакции на социјалните мрежи https://twitter.com/TojSoSlikite/status/1474408339245256709https://twitter.com/KLEPALO_2006/status/1474396940343336965https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1474430528598249487https://twitter.com/BokiAlterEgo/status/1474421699848384515https://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1474424394294431767https://twitter.com/BoriskiDrich/status/1474421455828004865https://twitter.com/BrlaBrla/status/1474420405662363650https://twitter.com/Andov_S/status/1474410620187516929https://twitter.com/darkhour_seeker/status/1474392109335683076https://twitter.com/Gjaolcheto/status/1474378728427991047 

Коментари | пред 4 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Возот кој тргна од Скопје за Битола направи „драма“: Стигна ли конечно?

Патничкиот воз со број 641 кој сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат, објави ТВ Тера во 14:38 часот.Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојде.Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.Попладне возот продолжил до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-21-170657

Агенција за управување со одземен имот: ВМРО-ДПМНЕ лаже, АД Славија лани заврши со минус 11.689 евра

Агенција за управување со одземен имот вели дека ВМРО-ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија„Груба лага и манипулација се врши од страна на ВМРО ДПМНЕ со денови наназад, кои преку прес-конференции изнесуваат невистини.На денешната прес-конференција ВМРО ДПМНЕ изнесе лага дека на сметката на АД Славија во моментов има над 100 000 евра. Во сите изводи извадени од АД Славија, кои ви ги обезбедуваме во прилог, моментално има 1 167 315,00 мкд или 18 919 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати. Манипулацијата на денешниот портпарол, се состои во тоа што ја прикажуваат приходната а не и расходната страна на АД Славија.Дополнителна лага беше изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која тврдеше дека АД Славија имала годишен профит од 800 000 евра. АД Славија минатата година во својата завршна сметка, годината 2020 ја има завршено со минус 718 849,00 мкд (11 689 евра). Приходите кои ги остварува АД Славија се користат воглавно за подмирување на плати и придонеси, како и за режиски трошоци.ВМРО ДПМНЕ се уште и должи одговори на јавноста, како ги раскрчми најатрактивните локации на АД Славија, тајно и зад затворени врати скриени од јавноста, по ниски цени. Ги повикуваме ВМРО ДПМНЕ да и одговорат на јавноста, кому и по кои цени го распродадоа над 70% од имотот на АД Славија и со тоа ја обезвредија без да ги намират долговите кон сите вработени.Во деновите што следат ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да одговори и други прашања кои произлегуваат од фактите до кои дојде Агенцијата анализирајќи ја документацијата на АД Славија, а за кои ќе ја известиме јавноста многу наскоро“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-24-172934

(ФОТО) Ѕид падна на улица во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави дека вчера вечер на улица паднал ѕид од приватен објект.„На улица Скупи вчера вечер, паднал ѕид од приватен објект на самата улица.Иако се работи за приватен објект, веднаш утрово општинските служби излегоа на терен и ја расчистија улицата од рушевините.На сопственикот му е даден рок да го расчисти и огради плацот затоа што безбедноста на граѓаните е најважна“, вели Јакимовски

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ќе се реконстуркуира планинарскиот дом „Копанки“

На иницијатива на Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на советот Габриела Илиевска, во соработка со членовите на ПСК Пелистер денес се одржа работна средба и дружење на Копанки. На средбата која беше отворена и за сите заинтересирани граѓани на Битола, беа потенцирани идните планови на општината кои се однесуваат на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“.„После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, со верба дека наскоро ќе се исполни долгогодишната желба на битолчани: „Копанки“ да биде место за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер.За разлика од претходно, кога „Копанки“ беше само нечие предизборно ветување, денес сме тука, на чај, да разговараме за моменталната ситуација и понатамошните чекори, но и да се соочиме со празнината која за жал во моментот го обзема ова место.Со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом „Копанки“.Со тоа, оваа постапка е завршена, а согласно законската регулатива, локалната самоуправа ќе даде поддршка за обнова на објектот, кој е еден од симболите на Битола, изграден во далечната 1938 година. Место кое со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови.Ова што денес го гледаме, до оваа фаза до која е донесен објектот, е одраз на силна љубов и ентузијазам, прво, на едно од најстарите планинарски друштва во Битола, а потоа и на голем број граѓани.Затоа, нашата работа е насочена токму кон слушање на барањата на граѓаните и поддршка во нивната реализација. Токму од таа причина, денес сме тука. Заедно да придонесеме за реализација на програмската заложба со која се обврзавме да создадеме услови за модерен и атрактивен локален туризам, а Битола со Пелистер, со своите културно историски знаменитости, но и со збогатување на понудата да прерасне во препознатлива точка на туристичката мапа во државата, на Балканот, во Европа, па и во светот“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, при денешната посета на Копанки.На средбата на „Копанки“, на која присуствуваа и советниците од Советот на Општина Битола, јавноста беше информирана, дека со преземањето на иницијалните чекори, на радост на сите битолчани, започнува реализацијата на проектот за „Копанки“.„Копанки е на сите и ќе биде за сите нас. Она што неодамна го ветивме, од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека Копанки ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на Планинарскиот дом Копанки.Проектот кој беше само во програмата на Поинаку и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес, станува реалност“, изјави Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола.

Македонија | пред 4 години

2

Реџеп Реџепи поставен за в.д. директор на КПД Идризово

Иако сè уште не е извршено примопредавање, пред два дена на владина седница бил разрешен директорот на најголемиот македонски затвор, КПД Идризово, Јовица Стојановиќ, додека за вршител на должност е назначен Реџеп Реџепи, објави Телма.Имено, Реџепи е член на Алтернатива и поранешен кандидат за градоначалник на Врапчиште.Смената во Идризово е дел од договорот за влез на Алтернатива во Владата.

Македонија | пред 4 години

w_56097563

И во Македонија има “омикрон” сој

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом,

пред 4 години

klinika-brza-pomos

Ужас: Починато едногодишно дете со ковид

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола .„Истото повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања : Остеохондродисплазија , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.До денот на последната хоспитализација , детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19 , е упатено во ИБЗД Козле . По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , а во претходен договор , од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација , завршува летално“, соопштија од Министерство за здравство.

пред 4 години

DSC_0699

333 нови, 6 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по 8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Битола – 23, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Куманово – 13, Струмица и Штип – по 9, Валандово и Велес – по 8, Неготино – 7, Гевгелија – 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3, Кичево – 2, Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.Направени се 3.511 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–114, Жан Митрев (Филип Втори)-74, Авицена-182, Биотек-180, Систина-68, лабораторија Лаор-126, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност–43, Генеа-12, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-97, Ели Медика-65, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–14, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.614.Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 97775, Активни 2583Куманово 13084, Активни 108Тетово 11409, Активни 78Прилеп 10696, Активни 367Битола 9135, Активни 373Гостивар 8078, Активни 20Велес 7478, Активни 164Кавадарци 7349, Активни 224Охрид 6734, Активни 226Штип 6724, Активни 101Струмица 6257, Активни 130Кичево 4306, Активни 80Кочани 4089, Активни 50Струга 3920, Активни 22Гевгелија 2898, Активни 92Неготино 2626, Активни 39Свети Николе 2150, Активни 41Крива Паланка 1951, Активни 58Ресен 1842, Активни 83Радовиш 1805, Активни 45Берово 1477, Активни 15Делчево 1462, Активни 55Дебар 1457, Активни 1Виница 1177, Активни 20Пробиштип 1141, Активни 15Валандово 1024, Активни 64Кратово 788, Активни 9Богданци 676, Активни 30Демир Хисар 638, Активни 28Крушево 606, Активни 21Македонски Брод 522, Активни 16Демир Капија 433, Активни 5Македонска Каменица 429, Активни 20Пехчево 357, Активни 1Дојран 173, Активни 1

пред 4 години

collage-3

ВИДЕО: Километарска редица да се се влезе во скопски ноќен клуб

Километарска гужва вчера имало пред „Станица 26“ во Скопје. Млади и возрасни чекале и по еден час за да влезат во ноќниот клуб. Редицата почнува од пред вратите, а продолжува и по споредната улица. Вчеравечер, во клубот имало хип-хоп, р'н'б журка со Тони Зен, Boogieman и Mawrteen. Со слободна проценка, може да се каже дека пред вратите на „Станица 26“ чекаа стотици посетители да влезат.https://twitter.com/marjanmitrovsk3/status/1474148302157398030?t=1wtD9OZzhaEhY87MpjzKgA&s=19&fbclid=IwAR0nLyUlr90XMWZoUCDxdEi4KtYlUJQM9olwT_FoNgsJ-tEP4_I-OIlpb4E

Скопје | пред 4 години

Slavija-2

АД Славија годишно има приходи од околу 50 милиони денари, вели Арсовски

Молкот на цела Влада на СДСМ, вклучително и на новиот пиун на Заев, Димитар Ковачевски, кој се уште се нема произнесено по ниту едно прашање, па ниту и за продажбата на АД Славија, е само показател дека сакаат АД Славија да ја продадат свесно обезвреднета, по цена од основачкиот удел од 218.000 евра, а не по пазарна проценета вредност од страна на институциите, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Срам, блам и лудило на власта.Целиот имот на АД Славија , уште еднаш да повториме, со се атрактивни земјишта и имоти чини над 20 милиони евра.Со овие документи кои денеска ќе ги изнесам за јавноста и медиумите, ќе ги демантирам СДСМ во неколку наврати, во обидот да се извлечат од овој криминален процес во најава со нивни прес конференции.Ова е документ официјален од Централниот регистар, каде што се гледаат годишните приходи и текови на парите на АД Славија.Ова е листинг од обработена годишна сметка од Централен регистар на АД Славија.Секоја година, АД Славија има приходи од работењето на самата компанија од околу 50 милиони денари. Тоа се околу 70-80.000 евра месечно приходи зависно од месец кои што легнуваат на контото на АД Славија.Според нашите информации во моментов на сметката на АД Славија има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец кој што би ја купил за 218.000 евра Славија доколку не се одложи како што апелираме, би си добил и пари на сметка кога ќе ја купи фирмата и акциите и практично може да му се за фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи нели ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка.Од друга страна, во делот пасивата во годишната сметка може јасно да се види дека обврските на АД Славија се 253.271.232 денари или 4.2 милиони евра обврски и долг. Како и што рековме во изминатите прес конфереции, не е долгот како што лажеа во Владата на оние прес конференции дека бил 17 милиони евра или многу повеќе, долгот е само 4.2 милиони евра.И оттука слободно можеме да посочиме, дека и покрај ваков долг, со вакви приходи на годишно ниво, АД Славија со целиот свој имот, земјишта и работење има вредност од над 20 милиони евра.Сакам уште еднаш јавно да им порачам, да се повлечат од продажбата на АД Славија која што ја подготвуваат на ваков срамен начин.Фирма која приходува и книжи добивка на годишно ниво, не може да биде продадена како фирма која на пример долгува над 50 милиони евра. Не, оваа фирма долгува само 4,2 милиони евра, приходува секоја година околу 50 милиони денари, има на сметка стотина илјади евра и има земјиште и целокупен имот во акциите околу 20 милиони евра.Навистина е срамота ова и ако не се повлечат од продажбата некој сериозно ќе одговара“, додава арсовски

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања