ТОП

dragan-danilovski-1

Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, вели Даниловски

Епидемилогот Драган Даниловски вечерва во вестите на ТВ Сител рече дека пандемијата, според него, би завршила на крајот на април.Крајот на пандемијата кај нас ќе настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот. Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучува Даниловски.

пред 4 години

IMG_5646

Надвор е ужасно загадено, процентот на честички е енормен

Воздухот вечерва повторно е екстремно загаден. Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот. Граѓаните дишат отров.Според страницата Air quality, во Скопје веќе четврти ден воздухот е екстремно загаден, а концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 22.6 пати над дозволената граница.Според податоците од мерните станици  на Министерството за животна средина, во Струмица се измерени 530 милиграми ПМ10 честички на еден кубен метар воздух. Но високи концентрации на ПМ10 честички има и во Кавадарци, Тетово, Битола, Велес.

Скопје | пред 4 години

restoran_mokum

„Лудница“ во радовишки ресторан, скоро десет луѓе се испотепаа, меѓу нив и вработени

На 24.12.2021 во 00.05 часот во СВР Струмица е пријавено дека во угостителски објект во Радовиш е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.И. од с.Војславци од една страна и И.И., П.Н. и Ф.К. сите од Радовиш од друга страна при што во обид да ја спречат пресметката вработените во угостителскиот објект Б.Ј. и Н.М. биле физички нападнати од Р.Л., М.Р. и М.К.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

245032644_419859602831196_6506248176893856563_n

Левица го тужи Мехмети оти се подбивал со македонскиот народ, тој бара покана на албански

Поради статус на социјалната мрежа Фејсбук, партијата Левица на Димитар Апасиев поднесе кривична пријава против писателот и публицист Ким Мехмети.Во поканата од Јавното обвинителство испратена до Мехмети, се вели: „Се повикува Ким Мехмети на 13.01.2022 година вон 10 часот да се јави во просторите на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се повикува во својство на осомничен за Кривично дело излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците по член 179, а по кривична пријава поднесена од партијата Левица за текст објавен на Фејсбук профил на 29.07.2021 година“.Мехмети на својот Фејсбук профил реагираше на тужбата од Левица:„Судот и обвинителството се занимаваат со најголемиот криминалец во Македонија Ким Мехмети?!Кој вели дека нема правда во Северна Македонија и дека судските институции не се ефикасни?Откако оваа држава успеа во битката против криминалот и кражбите, започна битката и против нас кои го „навредуваме“ македонскиот народ, заштитен од познатата партија ЛЕВИЦА!Кратко: во оваа Македонија каде пред цел свет се навива „Смрт за Албанците“ и „Само мртов Албанец е добар Албанец“ конечно и јас завршив таму каде што припаѓам - пред обвинителите и судовите на оваа земја.Не знам зошто, но чувствувам чест што ме тужи и ме обвинува ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанизам и која предизвикува повраќање секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а камоли да се занимавам со тоа.Сепак, ги повикувам сите македонски ЛЕВИЦА и ДЕСНИКАТ да се здружат и да поднесат тужби против мене, бидејќи немам време да се занимавам со нив една по една.Во меѓувреме нека знаат: ако се самите внуци на Ленин, а не оваа смешна ЛЕВИЦА што се, никогаш нема да ја реализираат својата цел - да ме замолчат.Калимти: Не знам каде отиде двојазичноста и зошто поканата за појавување во Јавното обвинителство е напишана само на македонски јазик?“, стои во објавата на Фесјбук.

Македонија | пред 4 години

mijalkov-2

Адвокатите на Мијалков испратија писмо до амбасадорот на Израел

Четворицата адвокати на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, преку писмо до амбасадорот на Израел во Македонија побараа од него да ги демантира тврдењата на судиите и обвинителите дека може да избега во Израел поради контактите со израелските разузнавачки служби.Адвокатите Давидовиќ Звонко, Петар Василевски, Љупчо Шврговски и Миле Петровски писмото го упатуваат откако Мијалков доби нов притвор, овој пат за случајот „Плацеви на Водно“, откако претходно му беше прифатена гаранцијата од повеќе од 11 милиони евра.„Ви се обраќаме со ова писмо како бранители на господинот Сашо Мијалков за да Ве информираме за определени работи кои се однесуваат на вашата држава и за кои мислиме дека треба да бидете информирани.На ден 22-12-2021 година на господинот Сашо Мијалков му беше прифатена понудената гаранција од страна на Апелациониот суд Скопје и му се укина мерката притвор која му беше определена во судски предмет кој се води против него. Нема да ве оптеретуваме со политичката позадина која стои зад ваквите судски предмети како средство на власта за пресметка со своите политички противници, но она со што мораме да Ве запознаеме дека името на ашата држава беше употребено при кршењето на основните човекови права на нашиот клиент.Имено, истиот ден кога беше донесено решението на Апелациониот суд , Министерот за прaвда на Република Македонија јавно ги прозва судиите кои ја прифатиле гаранцијата и побара ваквото решение да не се спроведе на ниту еден можен начин кршејќи го уставното начело на поделбата на власт и сериозно ја наруши независноста и самостојноста на судството. Како резултат на таквите повици и критики на Министерот за правда, Основниот кривичен суд во Скопје, кој е понизок суд од Апелациониот суд, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, експресно, само после четири часа, донесе ново решение со кое му определува притвор и покрај веќе постојната одлука на Апелациониот суд со која се прифаќа понудената гаранција и се укинува мерката притвор.Сево ова сигурно не би ве засегало, а и ние не би ви се обратиле да еден дел од решението на Основниот кривичен суд, а истото стои и во барањето за определување на мерка притвор на обвинителството, не стои дека поради контактите на нашиот клиент Сашо Мијалков кој е бивши Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, со разузнавачките служби на Израел постои опасност од негово бегство. Понатаму во решението на Основниот кривичен суд се наведува дека токму ваквите контакти со разузнавачките служби на Вашата држава, Израел, му овозможуваат реално на Мијалков да побегне од државата без патна исправа во секое време инсинуирајќи дека Вашите разузнавачки служби тоа ќе го овозможат и ќе му пружат уточиште.Длабоко почитувајќи ја Вашата држава и гаејќи симпатии и пријателство помеѓу нашите народи кои имаат и заедничка историја Ви се обраќаме со ова писмо пред се да Ве информираме за ваквото тврдење на официјални судски и обвинителски институции со молба да реагирате на ваквото апсурдно тврдење пред се поради вистината, правдата и основните човекови права на нашиот клиент да биде правично суден без измислици, лаги и конструкции кои се вперени и кон институциите на Вашата држава“, пишува во писмото.На крај, одбраната на Мијалков изразува надеж дека дипломатскиот претставник ќе одговори на писмото.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Патниците од авионот нема да одат во карантин, Британецот е во добра состојба, вели Филипче

Венко Филипче, министерот за здравство во вестите на Канал 5 рече дека британскиот патник кај кој е евидентиран првиот случај на сојот Омикрон е со лесна клиничка слика и се лекува во домашни услови.Патниците од авионот нема потреба да се изолираат, во авионот носеле заштитни маски и ги почитувале протоколите.- Според барањето на авиопревозниците, сите носеле Н95 маски, голем дел од населението е вакцинирано, според барањата за влез во земјата. Во таа смисла овој пациент е со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови.Носителот на новиот сој е во добра здравствена состојба. Нема да има карантин за патниците во авионот, рече Филипче.Министерот смета дека во моментов не постои ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјата.

Македонија | пред 4 години

korona-3

266 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Битола – 53, Прилеп – 48, Кавадарци – 43, Велес – 40, Делчево – 25, Штип – 21, Кичево – 15, Гевгелија – 14, Крива Паланка – 13, Охрид и Свети Николе – по 12, Куманово – 10, Неготино и Македонска Каменица – по 9, Кочани – 8, Ресен, Тетово, Радовиш и Берово – по 6, Струмица, Валандово, Виница и Крушево – по 5, Струга и Богданци – по 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27.11-24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.572 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-111, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-252, Биотек-212, Систина-74, лабораторија Лаор-315, Синлаб-43, Ремедика-19, Плодност–75, Генеа-11, Никоб лаб-574, ВФВ Медикал-105, Ели Медика-111, Ројал Медика–50, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–22, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.751.Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 97899, Активни 2375Куманово 13095, Активни 107Тетово 11414, Активни 77Прилеп 10716, Активни 338Битола 9160, Активни 344Гостивар 8078, Активни 18Велес 7481, Активни 127Кавадарци 7360, Активни 191Охрид 6754, Активни 233Штип 6725, Активни 80Струмица 6264, Активни 130Кичево 4306, Активни 65Кочани 4094, Активни 47Струга 3926, Активни 22Гевгелија 2901, Активни 81Неготино 2626, Активни 30Свети Николе 2151, Активни 30Крива Паланка 1953, Активни 47Ресен 1850, Активни 85Радовиш 1808, Активни 42Берово 1477, Активни 9Делчево 1463, Активни 31Дебар 1457, Активни 1Виница 1178, Активни 16Пробиштип 1141, Активни 15Валандово 1028, Активни 63Кратово 789, Активни 10Богданци 677, Активни 27Демир Хисар 639, Активни 27Крушево 606, Активни 16Македонски Брод 524, Активни 17Демир Капија 433, Активни 5Македонска Каменица 429, Активни 11Пехчево 357, Активни 1Дојран 173, Активни 1

пред 4 години

269816251_1526562951042536_5210552979265878405_n

ФОТО: Хаос во Аеродром, родители и деца качени на жардењери сред булевар следат културен настан

Хаос пред „Капитол мол“ во Аеродром. Граѓани со деца качени на жардењри следат настан посветен на најмладите. Градоначалникот Тимчо Муцунски посочува дека МВР е виновна, бидејќи според него, полицијата нема слух за аеродромци.„Во претходните неколку денови активно работевме при организација на настанот за најсаканите ,,Најмладите за Аеродром”. Настан кој собра многу дечиња на едно место, одлична забава за аеродромци. И покрај позитивната енергија, честитките, забавата приредена од македонските артисти, повторно проблем со МВР. По повеќе од една недела официјално барање за затворање на булеварот Јане Сандански од пределот од Веро до ДежаВу не најдоа време за соодветен одговор... Во држава каде се блокираат раскрсници за најмали ситници, ние не добивме соодветен одговор и наидовме на разбирање од МВР за хуманитарен концерт. Со овој чин МВР ја загрози безбедноста на жителите на Општина Аеродром и доведе во ризик многу дечиња заради прометниот сообраќај на овој предел. Бараме најитно да престане ваквиот однос од страна на МВР и конечно да се воспостави професионална соработка за доброто на жителите од Општина Аеродром!“, посочи Муцунски.

Скопје | пред 4 години

image-146319

БРТ е несоодветен за Скопје од просторни причини, вели ВМРО-ДПМНЕ

БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Претходната администрација на Град Скопје и Шилегов не реализира многу проекти а БРТ е несоодветен за Скопје. Системот на БРТ како што Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини.Внатрепартиските пресметки во СДСМ да не се одвиваат на грбот на Данела и скопјани.Според сите анализите изготвени, и изработениот идеен проект се укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина но и врз квалитетот на живот кој ќе се наруши, ризици кои Градот не смее да ги дозволи во интерес на граѓаните.За БРТ се нотира и дека на дел од маршутата на БРТ се наѓаат и тунели, за кои се стравува дека не би можеле структурно да ги издржат дополнителните градежни дејствија, но и зголемениот сообраќај.БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20-тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе имаше потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов.При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вон сообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање.Дополнително Шилегов немаше предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот, тоа се нови потреби за кои не се предвидени пари.Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики.Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

zabrcanec

Дали Забрчанец го раководел Боки 13, а со тоа и 1ТВ, прашува Стоилковски

Вчера Бојан Јовановски, сопственик на медиум, според Зоран Заев провладин медиум, директно го именува Марјан Забрчанец, пет години главниот човек на Заев за владината пропаганда, дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски - „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Бојан Јовановски да потсетам беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор - цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам - „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за повторно ќе цитирам - „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“.Почитувани,Ова е сериозно обвинување, имајќи предвид за видот, за содржината, за темите и за учесниците во емисиите, но и за уредничкиот состав на таа телевизија, во која што секојдневно гостуваа највисокиот државно политички врв, членови на СДСМ.Почитувани,Лицето Марјан Забрчанец се уште работи во Владата, се уште зема плата од Буџетот кој што го полниме сите ние граѓаните во Македонија и се уште е главен за владината пропаганда. Оттука, Марјан Забрчанец е должен да одговори:Дали Марјан Забрчанец на дневна основа комуницирал со Бојан Јовановски, додека овој беше сопственик на 1ТВ?Дали Марјан Забрчанец му испраќал текстови и линкови по сто пати како што вели Бојан Јовановски тие да бидат објавени како содржини на телевизија?Дали Марјан Забрчанец го раководел Јовановски како што тој сам вели и со тоа ја раководел и 1ТВ?Дали Марјан Забрчанец има листа со новинари коишто ги раководи онака како што пишува Бојан Јовановски?Почитувани,Ова е сериозно обвинување од сопственик на медиум за чија што близина со членови и врвот на СДСМ, членови од државниот, правосудниот и политичкиот врв е неспорна за било кого во државата. Забрчанец, лице од владините служби, е должен да одговори, прво како владин службеник, а потоа и заради кредибилитетот на медиумскиот простор во којшто и денеска свое место имаат новинарите од уредничкиот колегиум на некогашната 1ТВ.Евентуалниот молк на Марјан Забрчанец на овие прашања ќе го отворат и прашањето за политичко судско обвинителскиот притисок врз новинари и медиуми водени од луѓе коишто не се дел од оние, ќе се послужам со зборовите на Бојан Јовановски, цитирам „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и, повторно цитирам „твои новинари кои што ги раководи Марјан Забрчанец“.Почитувани,Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на според Зоран Заев провладина телевизија“, додава Стоилковски.

Македонија | пред 4 години

269909730_10224172066202377_2139141031604727833_n

“Ќе му дојде ли некогаш крај на силеџиствово?“, центарци реагираат за новата зграда кај хотел „Јадран“

Жителите на Центар реагираат за новата зграда од пет спрата која ќе се гради во паркчето кај хотел „Јадран“, на само неколку метри од плоштад Македонија.„Градоначалнику на општина Центар, срам да ви е! Сте дале дозвола за градење зграда во зелено паркче со димензии 30 х 35 метри, ќе сечете млади дрва и ќе направите карам каша од животите на граѓаните во околните згради. Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира!Само силеџиство, грабање и да се заработи нешто, а најслатко е кога е на грбот на некој што не ни знае што ќе го снајде. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам.Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето.Ќе му дојде ли некогаш крај на силеџиствово? Само тоа ли знаеме?“, вели Ирена Кацарски Кимова жителка на Центар.Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ велат дека граѓаните ја имаат нивната поддршка и им стојат на располагање за сè што можеме да помогнат во нивната борба за ова зелено парче во срцето на градот!„Мора сите заедно да се бориме за да му дадеме шанса на Центар да се избори од сите напади за негова целосна бетонизација и дехуманизација.Дали оваа мала површина е повредна како зеленило или како изградена парцела. Дали може некогаш да се наруши уличниот линиски коридор, кога веќе има стари објекти околу?Дали може да се компензираат денационализираните парцели“, велат од „Шанса за Центар“.

Скопје | пред 4 години

pozar1

Шесткатна зграда ќе никне на местото на изгорените бараки во Буњаковец

На местото каде пред неколку дена изгореа бараките на скопското јавно претпријатие Улици и Патишта, во непосредна близина на трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје, предвидена е изградба на станбена зграда.Според податоците што ги обезбеди Фокус, на таа локација е вцртана маркица за изградба на шесткатна зграда со намена А2, со што, според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, се означува „домување во станбени згради.Tоа е предвидено со Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година, кој потоа беше замрзнат, односно ставен под мораториум од страна на Советот на Општина Центар, додека градоначалник беше Саша Богдановиќ.Целиот текст можете да го прочитате на Фокус.мк

Скопје | пред 4 години

divogradbi-2

Ќе се отстранат сите дивоградби кои не ги исполнуваат условите за легализација, тврди Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата „360 степени“ во Алсат рече дека сите дивоизградени објекти кои нема да бидат опфатени со новиот закон, односно кои нема да ги исполнат условите за легализација, ќе бидат отстранети од терен.„Веднаш по донесувањето на овој закон, по барањата што ќе се изнесат и постапките што ќе се извршат, се што ќе остане ќе треба да се отстрани. Така вели законот и треба да се почитува и ќе мора да го почитуваат општините и државата преку Државниот градежен инспекторат. Новиот закон не ги става во рамноправна положба тие што граделе без дозвола со оние што граделе по закон. Оние кои граделе без дозвола со овој закон се казнуваат со дополнителни казни, со 50% повисоки општински трошоци од вообичаените или 100% ако се работи за објект поголем од 80 метри квадратни... Не значи дека ако некој изградил на диво индустриски објект во површина од Генералниот урбанистички план за индивидуално домување, дека тој ќе се легализира. Воопшто нема да се легализира“, рече Бочварски.

Македонија | пред 4 години

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Битиќи тврди дека нема да има рестрикции по Нова Година

Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА.– За граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакнува вицепремиерот.

Македонија | пред 4 години

1-1

(ВИДЕО) МВР со детали за вчерашната голема акција во Скопје

Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар.Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања.Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања