ТОП

Manevski-05-gc

„Од вакви слепци страда Македонија“, Маневски бара одоговорност од Маричиќ зошто оддал тајна на судот

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски смета дека неговиот актуелен наследник Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот.„Ќе одговара ли министерот Маричиќ за оддавање на тајна и за незаконито влијание на судот?Министерот Бојан Маричиќ јавно и грубо се меша во работата на судот.Спротивно на Законот за кривичната постапка ги објави имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелациониот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор.Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни.Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и глсањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд.Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана?Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува.Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука?Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање?И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции?Жалосно.Овој ли ќе се бори за владеење на правото?Од вакви слепци страда Македонија“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

igor-ivanovski-652

Функционер од кабинетот на Црвенковски влегува во врвот на СДСМ

Игор Ивановски - Шема ќе биде промовиран како предводник на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ, дознава Телма.Поранешниот висок функционер на партијата е универзитетски професор на скопскиот Економски факултет со неколку мандати како пратени претходно, а беше и дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.Ивановски треба да ја добие оваа функција утре на Централниот одбор на СДСМ кој ќе го предводи новиот претседател Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

panovski

Омикрон варијантата ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци, вели Пановски

Микробиологот Никола Пановски смета дека по шест месеци ќе имаме сезонска форма на болеста, најчесто со клиничка слика на настинка, по појавата на варијантата Омикрон.„Брзото ширење на Омикрон варијантата ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци. Прашање е каков ќе биде тој крај? Тоа зависи од тоа колку оваа варијанта ќе биде вирулентна“, вели Пановски за ДВ.Тоа што се знае, вели тој, е дека овој сој не дава потешка форма на болеста, но прашање е дали и колку предизвикува полесна форма на болеста и намалена смртност.„Ако се повтори нешто слично како во ЈАР, тогаш ќе имаме крај на пандемијата со многу случаи, но со малку починати. Се разбира ова зависи и од процентот на вакцинација, почитување на мерките, оптoвареноста на болниците и.т.н. По шест месеци ќе имаме сезонска форма на болеста, најчесто со клиничка слика на настинка“, верува Пановски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_4-10

Родилката од Тетово која помина низ хорор и едвај останала жива ќе тужи, се собираат донации!

Многумина на Фејсбук, ја споделуваа приказната на храбрата тетовчанка Дона Неделковска, која едвај останала жива по раѓањето на нејзиниот син, поради неодговороста на лекарите. Дона по четири дена болки, спасот го нашла во ГАК во Скопје, откако лекарите во нејзиниот роден град како пто раскажува, ја лечеле со билни чаеви.Иако немилиот настан се случил на 1 јули 2021 година, таа вели дека ова за неа е болна тема и психички не била спремна да говори за истиот.Шест месеци подоцна таа реши да се избори за правд,а но за судскиот процес и вештачење и се потребни парични средства.Дона преку интернетс страницата gofundme  до сега има собрано 600 евра. 

Македонија | пред 4 години

skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Скопје на ниво со Дубаи и Сиднеј, додека сите ги откажуваат забавите - ние ќе имаме и огномети

Иако се предвидуваше дека оваа година повторно ќе ги има традиционалните големи прослави на Нова Година ширум светот, сепак поради новиот бран на коронавирус, предизвикан од сојот омикрон, плановите пропаднаа. Па така, во повеќето делови од светот, особено во Европа, на големо се откажуваат јавните настапи и се воведуваат ограничувања и рестрикции токму пред празниците.Во Атина, оваа година нема да има огномет над Акропол, откако грчката влада ги забрани сите јавни прослави на Божиќ и Нова година што беа планирани во општините. Сите воведени мерки и рестрикции ќе важат до 3 јануари.Германија ќе ги ограничи собирите од 28 декември и забрани новогодишни прослави, па така нема да има огномет во Берлин, Минхен, Франкфурт и другите градови.Во Единбург, јавниот дочек на Нова година исто така е откажан. Во Ирска рестрикциите ќе стапат на сила после Божиќ.Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го откажа планираниот настан на плоштадот Трафалгар уште на 20 декември, иако беше планирана прослава со најмногу 6.500 луѓе.Париз исто така откажа традиционалниот огномет над авенијата Елисејски полиња, а нема да има ниту настапи на диџеи. Француската влада ги забрани сите јавни собири и забави уште на 17 декември.Бразилснака влада ја откажа новогодишната прослава во Рио де Жанеиро на 18 декември.Празничните настани ќе изостанат и во Рим, додека Венеција исто така ги откажа концертите на отворено и огнометот.Сепак, во Њујорк после една година пауза, повторно ќе се чека Нова година на Тајмс сквер. Градоначалникот на заминување Бил де Блазио не ја откажа прославата, со тоа што наместо 58.000, ќе може да присуствуваат само 15.000 луѓе. Единствен услов за пристство е сертификат за вакцинација и носење маска.Локалните власти во Дубаи најавија дека ќе има пиротехничко шоу над највисоката зграда на светот, „Бурџ калифа“.Сиднеј не ги откажа плановите за пролсавата, но влезот ќе се наплаќа. Иако не е неопходно целосно вакцинирање, сепак е препорачливо.Во Тајпеј е планирано традиционалното одбројување со огномет над кулата „Тајпеј 101“.На Плоштадот Македонија во Скопје ќе има дочек на Новата година со домашни изведувачи и огномет. Прославата ќе биде организирана и регулирана со почитување на сите протоколи за ковид-19.

Скопје | пред 4 години

tutun

Цената на тутунот не ги покрива ниту основните животни потреби на тутунарите, вели Трипуновски

Можам да кажам дека денеска на радост од иницијативата на градоначалниците од оние општини каде што имаме производство на тутун и тутунопроизводители се собравме во Могила на еден координативен состанок на кој што се разговараше за актуелната состојба со откупот на тутунот реколта 2021, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ.„Она што го разменивме како информација од терен преку градоначалниците кои што го добиваат секојдневно тутунарите од нивните општини можеме да кажеме дека оваа година исто така се повторува втора по ред една кражба на македонскиот тутунар затоа што и оваа година со оваа цена која што во моментов се постигнува не може да се задоволат основните животни потреби, затоа што знаеме дека изминатиов период сета онаа неспособност на СДСМ како Влада донесе до инфлација на речиси на сите производи на живеачка.На овој состанок исто така се дискутираше и се донесоа неколку заклучоци кои што градоначалниците во наредниот период ќе ги имплементираат. Јас би ги повторил на кратко, локалните самоуправи ќе се обратат до Државниот земјоделски инспекторат кој што е единствена надлежна институција за следење на откупот на тутун, кој што со своето присуство на откупните пунктови ќе бидат гарант дека нема да се прави манипулација со класирањето на тутунот кој што знаеме дека во минатото постојано се случуваше.Второ градоначалниците ќе одржуваат постојани средби со здруженијата кои што гравитираат на ниво на локалната самоуправа се со цел да бидат благовремено и правилно информирани за текот и за состојбите со откупот на оваа стратешка култура во Република Македонија.И третиот заклучок кој што е еден од најважните заклучоци ќе го реафирмираат барањето преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го реафирмираат барањето за измена и за дополна на Законот за тутун и тутунски препарати со кои што ќе се бара забрана на увоз на тутун во Република Македонија се до завршување на откупот од домашното производство. Овдека морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратениците во изминатиов период имаше ваква иницијатива меѓутоа за жал на глувоста на власта и едноставно себичноста, не сакаше воопшто и истиот закон да го стави на Дневен ред. Затоа денеска преку градоначалниците ќе се изврши уште еден дополнителен притисок врз власта за да овој закон се конечно најде на Дневен ред.Знаете дека тутунарите се една од најголемите категории на земјоделци кои што егзистираат во нашата држава кои што покрај силниот економски ефект опфаќа и голема социјална категорија, едноставно ќе можат многу семејства, многу земјоделци да егзистираат и да ја преживеат оваа тешка година која што за жал со погрешните политики на СДСМ ги доведе на питачки стап.Овде неминовно е да се потенцира дека покрај проблемите со откупот на тутун, во моментов имаме уште неколку отворени фронтови на разни категории земјоделци кои мака мачат со преживување на тешкиот и скап живот кој што го донесе СДСМ.Да потсетиме дека во моментов и оризарите во кочанскиот регион имаат проблеми со продажбата и откупот на ланскиот ориз и оризот од оваа година, јаболкарите во ресенскиот регион имаат проблеми со пласманот на јаболката кои што исто така е на многу лошо ниво и практично нема откуп на овој земјоделски производ – едноставно сите овие политики и погрешни стратегии кои што ги имплементира СДСМ наоѓаат на една сериозна забелешка и еден сериозен револт од македонските земјоделци.И она што на крај сакам да го потенцирам е дека навистина градоначалниците кои ваквите иницијативи ги преземаат ќе имаат силен ефект и притисок врз власта институционално да помогне на македонскиот земјоделец.Ова не е за да се прави политика или политиканство, ова е сериозно, овие градоначалници кои ги гласале граѓаните и земјоделците во своите региони да преку својата институција наречена градоначалник и советот во општината во која гравитираат да едноставно упатат една критика, забелешка и насока како да се подобри целата оваа работа.Поентата е да се достигне едно ниво каде што македонскиот земјоделец ќе има достоинствен живот како што едноставно заслужува“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

Silegov

Шилегов за мерка ги сметаше временските прилики, а сега се жали за состојбата на воздухот, вели Арсовска

Во најмал случај срамно е Петре Шилегов, човекот кој четири години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух, проблем кој директно влијае на здравјето на граѓаните, сега преку објави на Фејсбук да се жали за состојбата во која тој го доведе Скопје.Петре Шилегов четири години имаше шанса да стори нешто на ова поле, но наместо решенија Скопје е ден од најзагадените градови во светот. Човекот кој за мерка ги сметаше временските прилики и дали ветерот ќе го исчисти воздухот, не би смеело воопшто да си дозволи да зборува на оваа тема. Градот Скопје конечно презема системски и конкретни мерки за справување со еден од најголемите проблеми на граѓаните, загадениот воздух. За разлика од претходните години кога на ова поле не беше преземено речиси ништо, новата градска администрација овој горлив проблем за скопјани го стави како еден од најголемите приоритети.Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните.Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје.

Скопје | пред 4 години

policija-4

(ФОТО) Битолчанец сруши црн рекорд, возел со 4,28 промили алкохол во крвта

Во текот на вчерашната вечер (25/26.12.2021) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 27 возачи.Според, пропратната илустрација на информацијата од Министерството за внатрешни работи, кај еден од возачите инструментот пoкажал присуство од дури 4,28 промили алкохол во крвта. Тоа за малку е повеќе од досега реекордните 4,26 промили алкохол кои на 10-ти октомври во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач кој бил запрен од сообраќајната полиција во Македонија.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

disko

Светот се затвора поради короната, Македонија се отвори за прослави

Иако сојот Омикрон затвори многу земји во светот во пресрет на Нова година и Божиќните празници, министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега нема потреба од порестриктивни мерки во моментов во Македонија.„Сметам дека сите овие мерки кои што се на сила сега кај нас се сосема доволни и не треба да се зголемува степенот на рестрикција во било која смисла, како во однос на тоа што се бара за влез во земјата, така во однос на се што важи за масовните собири, без разлика дали се тоа затворени објекти или некои настани или во угостителските објекти“ вели Филипче.Бројот на регистрирани активни случаи на ковид-19 во земјава вчера падна под 5.000.Во вчерашниот ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум се пријавени согласно регистарот од Мој термин.Вкупната бројка на активни случаи изнесува 4.719. Најмногу активни случаи 2.375 има Скопје, а најмалку, односно по едно во Пехчево и Дојран.Првиот случај на сојот омикрон во земјава е детектиран завчера кај маж кој допатувал од Велика Британија.

Македонија | пред 4 години

brt-brz-transport-sskopje

Планираната траса на БРТ може да го загрози водоснабдувањето на градот, вели ВМРО-ДПМНЕ

БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија.Дополнително пред да се постави коловозот за БРТ транспорт мора да се изнајдат решенија за пристап до водоводната цевка без затоа да треба да се ископува целата евентуална траса и затоа Скопје да нема ниту вода, ниту јавен транспорт со часови или денови.Вака осмислениот транспорт беше без конкретен план за голем број на странични проблеми како што е тој со водоснабдувањето.За разлика од со Шилегов. Скопје ќе добие ефикасен јавен транспорт“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Замрзнувањето на цените е популистичка мерка и треба побрзо да се напушти, вели Славески

Професорот на Економскиот факултет и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а од неодамна претседател со Советот на Град Скопје Трајко Славески смета дека одлуката на Владата да ги замрзне цените на одредени производи е популистичка мерка, со која нема да се ублажи ударот врз животниот стандард.-Слушнавме и од стопанството, од компаниите дека ова е една популистичка мерка, која нема да повлијае на заштита на животниот стандард. Затоа што кога го пригушувате стандардот, особено кога се работи за отстапување на она што се трошоци за производство или набавка, знаеме ние дека во нашата дневна палета на производи што ги користиме, користиме значителен обем на производи кои што се од увоз, тука ние не можеме да влијаеме. Реперкусиите ќе се или недостаток на некои артикли на пазарот со замрзнати цени, сива економија и слично. Ова е една непазарна мерка која треба што побрзо да се напушти, да се влијае на факторите, кои придонеле до таков дисбаланс, до таква дестабилизација, смета Славески.Во интервју за Радио Слободна Европа тој потсетува на 2007-2008 година кога имавме слична ситуација со цените на енергијата, но не биле преземени вакви мерки.-Нафтата во јули 2008 година достигна цена од 142 долари за барел, сега не е повисока од 75-80 долари беше највисоката и после се симна. Имавме драматичен пораст на цените на житарките на светските пазари. Не замрзнавме цени, тоа е едно добро менаџирање на состојбите, инфлацијата се покажа од времен карактер и цените се смирија за само неколку месеци. Мислам дека лошо се менаџира, вели тој.

Македонија | пред 4 години

IMG_2960_1

И Шилегов „плаче“ за загадениот воздух во Скопје

Доскорешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ.Скопје синоќа со индекс на квалитет на воздух 181, беше шести на листата на најзагадени градови  во светот, според сервисот „Iqair“.„Go green …“, напиша Шилегов во описот на фотографијата.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-54

Го истепала сопругот, па завршил во тетовската болница каде починал

Б.В (77) почонал во Клиничката болница во Тетово, откако било констатирана расправија и физичка пресметка со неговата сопруга 76-годишната П.В., информира портпаролот на тетовската полиција.Во петокот попладнето во МВР било пријавено од лекар од Итна медицинска помош,, кој известил за смртен случај во кој мажот починал по ситуација на веројатно семејно насилство.На улицата „Маршал Тито“ во Тетово, Н.В. пријавил дека неговиот татко 77-годишниот Б.В. бил во лоша здравствена состојба по што од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, а биле забележани гребаници во пределот на вратот.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција

Македонија | пред 4 години

download

Села останува лидер на Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците во Скопје го одржа Централното собрание на кое беше презентиран извештајот за локалните избори подготвен од претходно формираната комисија, се презентираа и извештаите од ограноците.На состанокот се потврди и донесената одлука за организирање на вториот Конгрес на партијата, којшто ќе се одржи на 27 март 2022 година. Села најави дека ќе остане лидер на партијата до Конгресот на партијата.За оваа цел се формираше и комисија којашто ќе биде составена од актуелни пратеници, градоначалници, претседатели на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците и од Унијата на жени, како и по три члена од овие два партиски органи.Села истакна дека новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ниту Али Ахмети немаат легитимитет за формирње нова Влада.„ Ковачевски не може да има никаков легитимитет, бидејќи токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години“ рече Села.За време на говорот пред делегатите, претседателот Зиадин Села им се заблагодари на структурите и активистите за досегашниот ангажман и повика на понатамошна соработка во зајакнувањето и проширувањето на партијата и со нови кадри коишто се спремни и посветени за внесување промена во албанската политичка сцена во Македонија.

Македонија | пред 4 години

Slavija-2

Само управната зграда на Славија со земјиштето вреди над 9 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија.Само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра. Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра.Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања