ТОП

klinika-brza-pomos

119 новозаразени и тројца починати од коронавирус

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Направени се 2.324 тестови преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-87, Биотек-109, Систина-89, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-286, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-27, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.457.Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 98122, Активни 2409Куманово 13107, Активни 105Тетово 11415, Активни 76Прилеп 10742, Активни 334Битола 9181, Активни 326Гостивар 8081, Активни 18Велес 7485, Активни 129Кавадарци 7379, Активни 175Охрид 6773, Активни 232Штип 6740, Активни 83Струмица 6273, Активни 129Кичево 4308, Активни 65Кочани 4096, Активни 43Струга 3928, Активни 23Гевгелија 2911, Активни 81Неготино 2627, Активни 28Свети Николе 2153, Активни 30Крива Паланка 1953, Активни 40Ресен 1860, Активни 89Радовиш 1809, Активни 42Берово 1477, Активни 9Делчево 1463, Активни 27Дебар 1457, Активни 1Виница 1179, Активни 13Пробиштип 1142, Активни 12Валандово 1031, Активни 56Кратово 789, Активни 7Богданци 680, Активни 29Демир Хисар 642, Активни 30Крушево 606, Активни 12Македонски Брод 527, Активни 18Демир Капија 434, Активни 6Македонска Каменица 429, Активни 11Пехчево 357, Активни 1

пред 4 години

benzinska-benzin-nafta-12

Дизелот се намалува, цените на бензините се зголемуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 % во однос на Одлуката од 20.12.2021 година.Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 денари за килограм.Од 28.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 73,50 денари за литар,Моторен бензин Еуросупер БС – 98 75,50 денари за литар,Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 64,00 денари за литар,Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 денари за литар,Мазут М-1 НС 39,360 денари за килограм.Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 %, кај дизелот за 0,08% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 % и кај мазутот намалувањето е за 1,447 %.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 % .

Македонија | пред 4 години

023

Спасовски поднесе оставка од СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.Пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.Инаку, засега е неизвесно дали Спасовски ќе остане во новата Влада која ќе ја формира Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

vlada-filipce

Кој влегува, а кој излегува од новата Влада и директорските столчиња

Новата влада треба да се формира до средина на јануари, според координаторото на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Тој вели дека новата влада ќе остане до крајот на мандатот во 2024 и дека нема да има предвремени избори.На местото на Венко Филипче во Министерството за здравство ќе треба да седна Беким Сали, поранешен кандидат за градоначалник на Чаир и стоматолот. Си оди и Радмила Шекеринска, засега се крие името на новиот министер за одбрана. Повлекување најави и Мила Царовска од Министерството за образование, за кој ќе биде нејзина замена - не се знае.За информатичко општество и администрација ќе биде назначен Адмирим Алити, а министер без ресор задолжен за дијапсората – Џемаил Чупи.Тројца заменици министри доби Алијанса во преговорите со Заев, а тие се за образование- Лулзим Алиу, Даим Лучи за култура и во земјоделие заменик ќе биде Абдулшики Абедини.Владата ја прифатила и оставката на Авни Рустеми, од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт, а за вршител на должност е именуван Амир Биљали.Прифатена е и оставката на Бујар Дардишта, од должноста директор на Управата за водење на матични книги, а за вршител на должност е именуван Блерим Абази.За в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост е именуван Ибуш Јусуфи. Никица Бачовски, пак, е именуван за вршител на должност директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.ВД директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески е разрешен, а на негово место е именуван Беким Емини.Разрешена е и в.д. директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Каљтрина Беќири , а на нејзино место е поставена Мерал Исмаили.Разрешен е и директорот на Казнено поправен дом Идризово, Јовица Стојановиќ, а на негово место, за в.д. директор е именуван Реџеп Реџепи.Владата заклучила и да му препорача на Управниот одбор на ЈП Национална Радиодифузија, да го разреши од должноста в.д. заменикот на директорот, Мухамед Цури, а на негово место да биде избран Суат Џемаили.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

„Тие бомби беа предмет за уцени и рекети и денеска сѐ“, Хајредини со отворени карти!

Првиот албански министер за финансии на Македонија, Џевдет Хајредини, посочи дека Али Ахмети го има пратено Артан Груби кај Зоран Заев кога била објавена првата бомба за лидерот на ДУИ. Според него, бомбите се предмет на уцени и рекети. Во емисијата „Во центар“ посочи дека тоа се прави до ден денеска.„Кога Заев почна да објавува бомби, кажуваше дека има. Меѓутоа излезе Али Ахмети и рече, ако има за ДУИ нека извади, кој правел нешто, ќе одговора. Тогаш објави една за Ахмети. Кога видел Ахмети дека има, го праќа Груби кај Заев на средба. Му рекол да види дали има нешто. Никој не знае колку бомби се. Тие бомби беа предмет за уцени и рекети и денеска се. Еве што направи Заев. Се вадеше се додека на нему му требаше да ја бие битката со ВМРО. Тука што направија, со консензус ќе забраниме објавување. Венецијанската комисија даде препорака да бидат сите објавени, дури и приватните, ако го допираат јавниот интерес. Оваа работа, додека не почне – овде нема избори, туку купување мнозинства. За Собранието викаат дека е најскап шопинг центар, пишува на Фејсбук“, рече Џевдет Хајредини.Тој додава: „Не е точно дека сите необјавени бомби се предадени на СЈО. Тие бомби не се знае кој, каде и колку има, не се знае ниту колку пари се дадени како рекет. Тоа никој не знае“.„Има еден опис на неговото работно место, три-четири страници. Кој може да се однесува така и да биде толериран? Кој може да пука на плоштадот Скендербег и да не одговара? Кој може да ја отвори предизборната кампања во Чаир со пукање во воздух пред стотина души, а Заев да вика вака не се трпи. Тие заплашуваат, треба разоружување. ДУИ никогаш нема да дозволи ниту бомби да се објават, ниту реформа на изборниот систем“, додаде Хајредини.

Македонија | пред 4 години

klinika-hirurski-kliniki-

Избегната огромна трагедија: Пациент запалил цигара на Клиниката за пулмологија, избегната експлозија

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.

Македонија | пред 4 години

20201024151945

Со дојденците новиот сој влегува на голема врата, вели Олумчев

Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи барем за две недели, предлага епидемиологот Сашко Олумчев во изјава за Сител.Во овој период, посочува епидемиологот, кога комуникацијата и контактите помеѓу луѓето се интензивираат, најдобро е децата да бидат дома и на тој начин веројатноста за пренесување на вирусот на поголема група ќе се намали.– Да имаме зимски распуст од еден месец во кој можат да се стабилизираат тие состојби. Ако некој се зарази ќе биде во домашни услови, може да се контролира и така натаму, бидејќи рековме се работи за високо инфективна варијанта. Ако се зарази член на семејството, многу брзо целото семејство ќе се зарази, но ќе бидат под контрола во домашни услови, а вака имате колективи како што се училиштата каде не дека тие деца не знаат, меѓутоа сепак зборуваме за мали деца и за тинејџери кои не можат да се придржуваат кон тие мерки како што треба да биде правилно. Сепак се работи за деца кои едноставно можат да се заштитат до некоја мера, не можат тие постојано да носат маска или да ја менуваат на секои два часа – вели д-р Сашко Олумчев.Тој очекува врзо ширење на варијантата Омикрон со големиот број на нашинци кои за време на викендот се враќаат во земјата.„Сите ќе си дојдат, со самото тоа големи се шансите Омикрон да влезе на голема врата. Не мора ПЦР тестови. Нека бидат брзи антигени тестови. Нека бидат по случаен избор да речеме, не мора секој патник, по случаен избор за да знаеме отприлика што ни се случува. Тие се евтини тестови антигените, а се точни. Точни тестови, евтини, по случаен избор и тоа е некаква мерка – вели д-р Олумчев.

пред 4 години

120190520_075559

Ако се запали фасадата, Владата може да изгори за миг

Фасадата на Владата, која чинеше 17,7 милиони евра, е предмет на интерес на истражителите и обвинителите, кои веќе со години го истражуваат проектот „Скопје 2014“, пишува „Фокус“.Станува збор за сомнежи дека материјалот кој требало да биде употребен при изработката на фасадата не е со истиот квалитет како оној што е испорачан и дека ви можел да биде лесно запалив.Во случај на пожар, пламнените јазици за краток период би ја „проголтале“ зградата. Затоа Обвинителството работи на утврдување дали материјалите кои биле наведени во тендерската документација се истите кои се употребени при изградбата.

Македонија | пред 4 години

20211226190346

(ФОТО) И ова го има во Македонија: Со кола влетал во кафеана

Пијан возач влетал во кафеана што се наоѓала на влезот од Македонска Каменица на магистралата А3, објави ТВ24.За телевизијата гостите тврдат дека ова е четврти пат како пијани возачи прават ваква штета.Настанотсе случил рано утринава, а од полицијата потврдиле дека кај патникот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта.Нема повредени, но за возачот ќе следува парична казна и поднесок за причинување материјална штета. Фото: МИА

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-26-165016

Само во Македонија: Ученици останаа без тоалети, откако изведувачот го „снема“

Половина од тоалетите што пред неполна година биле реконструирани во штипското основно училиште „Тошо Арсов“ се надвор од функција неколку месеци.Изведувачот наплатил 600.000 денари, но направил грешка при реконструкцијата, а во моментов не му се јавува на надзорникот, објави ТВ24.Во училиштето во просек има околу 400 ученици во смена. Функционални се само четири тоалети на едниот дел од зградата.Сега се бара нов изведувач., а од општината велат ќе се утврдува одговорност. Во Штип до сега имало вакви промашувања во проектите кога требало да се плаќа за грешките на изведувачите, но никој, барем според сознанијата на телевизијата, не поднел одговорност до сега.Фото: screenshot тв24

Македонија | пред 4 години

diskoteka

Обезбедување на скопска дискотека се степалo со гости

На 26.12.2021 во 03,55 часот, било пријавено дека пред дискотека во Градски парк неколку лица кои според пријавеното биле вработени како обезбедување во дискотеката, физички ги нападнале М.С.(21), Д.М.(56) и В.А.(46) сите од Скопје. Се работи на расчистување на настанот.

пред 4 години

korona-4

10 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 70,Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.Направени се 3.929 тестови преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–261,Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-96, Биотек-146, Систина-58, лабораторија Лаор-292, Синлаб-20, Ремедика-4, Плодност–69, Генеа-7, Никоб лаб-309, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-48, Ројал Медика–62, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.632.Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

пред 4 години

by

Откако синовите на Бајрам не копаат крипто, дуќанџиите во ГТЦ имаат скоро двојно помали сметки за струја

Последната сметка за струја која сопствениците на дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје ја добиле претставува пријатно изненадување за нив затоа што е помала за најмалку 40 отсто. Тие се пријатно изненадени од управата на АД ГТЦ која незаконски им ја препродава струјата, па наеднаш треба да плаќаат помалку, пишува МКД.МКОд 16 ноември во подрумите на ГТЦ не се веќе Елвис и Габриел Бајрам кои најверојатно со години тука „копале“ биткоини користејќи струја која очигледно ја плаќале сите, освен копачите.Во „бизнисот“ со биткоините, освен набавката на голем број на компјутерски машини, т.н. „ригови“ најголемата ставка е дневната потрошувачка на струја. Бајрам, со голема помош на раководството на АД ГТЦ, тоа со години го правел во подрумите на ГТЦ, плаќајки струја колку за осветлување и ништо повеќе, а енормната потрошувачка на струја била најверојатно „солидарно“ делена со сите сопственици на дуќани. Кога тоа се дознало, на 16 ноември полицијата најпрво влегла во подрумите, но очигледно по нечија интервенција, полицајците потоа само го обезбедувале просторот за безбедно изнесување на скапата опрема, по што и официјално било соопштено дека тука нема грабеж на струја.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 4 години

Slavija-2

Владата откри зошто е откажана продажбата на АД Славија

Ја известуваме јавноста дека наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија, се целосно неточни и манипулативни.Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија.Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-naumovski

(ФОТО) Хаос: Наумоски го „изрешетаа“ јавно, а тој ги сокри коментарите

Архитектот Никола Лазаревски не го изработил идејното решение за кружната градинка во Волково, како што тврдеше ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Тоа го направил тимот на фирмата „Прима инженеринг“. Филип Конески, добитник на годишната награда за архитектура за 2021 година, реагираше и јавно. Конески посочи дека повеќе пати му коментирал на Наумоски дека идејното решение не е на Секторот за урбанизам односно Лазаревски со кое Наумоски се фалеше и себеси, но истите биле избришани.По ова, Наумоски повторно ги избриша коментарите од преписката. Но, го промени и објавениот статус. Па така, од „идејно решение“ напиша дека Лазаревски имал само „првична идеја“.Преписката во целост:

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања