ТОП

270373269_2845542292419452_48992256450749293_n

Министре, а маска и дистанца?! Мерките бе министре?!

 

Коментари | пред 4 години

dimitar-kovacevski

Ковачевски за очекувањата од новата Влада

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во гостување во Дневникот на Телевизија Сител истакна дека од новото раководство на партијата очекува ефикасност, одговорност и чесност во работењето.- Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред да бидат практично номинирани. Очекувам со својата одговорност и чесност дека ќе дадат пример во работењето на партијата, но и во институциите во кои ќе бидат. Да бидат првите кои што ќе покажат чесност во работењето, а не само да се зборува за реформи, за спроведувањето на правдата и правото во државата, посочи Ковачевски.Претседателот Ковачевски се осврна и на структурата на Извршниот одбор на СДСМ, оценувајќи дека тоа е тимот кој ќе донесе нови успеси на СДСМ, тим кој посветено ќе работи за интересите на граѓаните- Во структурата на Извршниот одбор се вклучени кадри, лица од сите делови на државата. 50 отсто се застапени жените што значи дека имаме родово балансиран извршен одбор. И се застапени младите со 33 проценти. Значи имаме еден спој на искуство, на знаење на стручност од различни профили на професионалци, и докажани партиски другари. И на млади луѓе кои што ќе дадат дополнителна енергија, порача Ковачевски, додавајќи дека очекува поддршка во работата од сите претходни раководства на партијата.

Македонија | пред 4 години

raskovski-44

Рашковски бил награден со автомобил вреден 50 илјади евра, се сомнева Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило.ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од страна на Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање награда за противзаконито влијание.Според Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој денеска го образложи овој случај, екс генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски, очигледно тенденциозно, доставувал информација до Владата за градење од страна на гостиварска фирма објекти што се сопственост на државата, која за десеткратно помала цена продала возило на Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.Во анкетниот лист од 05.03.2021 година Драги Рашковски, тогашен секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, навел дека со договор за подарок неговата сопруга се стекнала со автомобил марка „доџ“, произведен 2005 година во вредност од 300 илјади денари или околу пет илјади евра, без да наведе дополнителни карактеристики за возилото.Од документацијата, како што наведе Трпеноски, произлегуваат сомневања за незаконито постапување на Рашковски, со цел примање награда, во конкретниот случај – возило. Од МВР до Антикорупциска биле доставени два договори и тоа за купопродажба на возилото „доџ“ кабриолет склучен на 09.11.2020 година меѓу гостиварска фирма и Игор Христов и договор за истото патничко возило склучен на 10.02.2021 година меѓу Игор Христов и Вероника Рашковска, сопругата на Драги. Инаку, потсети Трпеноски, Христов е и советник во Владата, како и еден од осомничените во случајот со Рашковски за набавка на софтверите.Трпеноски појасни дека по извршената проверка на пазарот, оваа марка на возило иако е произведена 2005 година чини од околу 50 илјади евра па нагоре, што е, како што рече, десеткратно повисока вредност од наведената цена во договорот.За оние кои се разбираат што е „доџ вајпер“, нагласи тој, новото возило се движи до сто и кусур илјади евра.– Од наведеното произлегува дека блиско лице на Рашковски, добила на подарок од Игор Христов возило што вреди околу 50 илјади евра, кое истото го купил за невообичаено ниска цена од гостиварската фирма, која пак имала поднесено барање за спроведување постапка за склучување пред договор за пренесување на правата за градење објекти што се сопственост на државата, доставено до Владата. Тоа води кон сомневање за преземање дејствија спротивни на закон. По извршената проверка откриено е дека на 17.12.2018 година до Генералниот секретаријат на Влада, гостиварскат фирма доставила барање за спроведување постапака за склучување пред договорот. Во барањето се известува за имот за катастарска Општина Гостивар во вкупна површина од 366 квадратни метри деловен простор, имот сопственост на државата, а со право на користење на УЈП во Гостивар и Централниот регистар – Гостивар, појасни Трпеноски.Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски за неисполнетоста на законските услови, во повеќе наврати, продолжува со дејствијата.И покрај негативното мислење на Министерството за транспорт и врски од страна на Генералниот секретаријат повеќепати во текот на 2019 година на дневен ред на седница на Владата била доставена информација со цел пред договор за пренесување на правата на гредење на гостиварската фирма, по која што, како што рече Трпеноски, се донесени различни заклучоци за овластувања, за потпишување на наведнениот пред договор.Ако има за пет илјади евра да се купи вакво возило, повика Трпеноски, јас би купил такво возило.– Тука има доста работа и за обвинителството, за инспекциските служби, за катастар. Како е направен техничкиот пропуст, зошто од 2011 година, кога е донесено решение за приватизација досега не е извршена корекција, рече меѓу другото Трпеновски.Објектот што се споменува во овој случај во Гостивар, според Трпеноски, најверојатно е влезен и во стечајната маса на пропаѓањето на Евростандард банка и Здружението на оштетени штедачи реагирале за овој случај.

Македонија | пред 4 години

klima

Скопје најавува рекордни субвенции за инвертор клима уреди

Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години.Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата.Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари.Сумата која беше издвоена во 2018-та година беше уште помала, односно само 10 милиони денари.Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари.

Скопје | пред 4 години

skopje-1

„Бесплатен превоз нема да помогне во решавањето на загадувањето“, Јовановски потенцира дека мерките кои даваат резултат се одбиени

Горјан Јовановски, основач на апликацијата „Мој воздух“ смета дека бесплатен јавен превоз нема да помогне во решавање на проблемот со отровниот смог. Тој поосочи дека Зелен хуман град, има доставено предлози со чија имплементација ќе се намали загадувањето.„Аерозагадувањето е повторно во пол ек, а привремен бесплатен јавен транспорт во денови на екстремна загаденост нема да помогне во неговото решавање. Како активисти кои долги години се борат на темата, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД има составено предлози кои и лани баравме да станат дел од буџетот на Град Скопје за 2021 година. Иако тогаш беа одбиени, сега повторно како амандмани ги поднесуваме, и се надеваме дека новата структура на советот ќе ја препознае нивната важност. Амандманите се тука: https://mojgrad.mk/sovet/#amandmani Дел од клучните амандмани за намалување на аерозагадувањето се: Хипер-мрежа на сензори за брза детекција на изворите на аерозагадувањето (посебно индустриските), Активирање на зелениот катастар на градот, и следење на секое дрво со негова помош, Поставување на компостари за био-отпад, со кои ќе се намали и до 60% на отпадот во депониите кои горат, Наместо пробивање нови улици, пробивање и закајнување на мрежата на вело-патеки и ленти, Зелени инвестиции, посебно за фотоволтаици на објектите на Градот. Секој што се дрзнува да ја загрози нашата животна средина, треба да се гони со максималната казна на законот!“, посочува Јовановски.

Коментари | пред 4 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Дежурство или survival, со што се соочуваат докторите

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку Фејсбук статус откри низ што сѐ се соочуваат докторите за време на дежурство и кога се во контакт со проблематични пациенти и нивни роднини.„ДЕЖУРСТВО или SURVIVAL ??На 7 јануари, сега веќе предалечната 1989 година, го имав своето прво дежурство како лекар.Од тој ден па се до вчерашното дежурство, во овие 33 години дежурав преку 1800 пати, т.е. околу 5 цели години од својот живот, удобноста на креветот и мирниот сон, ги заменив со адреналинот и стресот што го носи секое дежурство.Повеќе од 30.000 наши граѓани од целата Република во изминатите години биле прегледани од мене во доцните ноќни саати, кога очните капаци сами и неволно ги покриваат очите, а мозокот се труди и покрај заморот да ја постави точната дијагноза и соодветниот третман.До пред 15-тина години ова саможртвување на “ноќните вампири” со бел мантил колку толку се почитуваше и во ноќните часови се одеше на преглед од крајна нужда и со должен респект кон вработените. Секој звук од сирената на Брза Помош или ѕвонење на влезната врата, беше аларм за целата дежурна екипа дека следува уште една борба за спасување на нечиј живот.За жал секоја година и секој нов ден дежурствата, посебно во ургентните одделенија, се претворија во арена на исфрустрирани насилници, “мангупи” кои сакаат да го “изиграат” мој термин и пациенти чиј главен симптом е “знаеш ли кој сум јас”,”сега ќе свртам кај Министерот” и “од утре леташ од работа”. Пцуењата на сите членови на нашите фамилии, заканите по живот итн. за жал станаа нашето “ноќно освежување”.Трагично и крајно загрижувачки е што 99% од овие “полноќни каубои” се млади лица, родени и едуцирани во македонската демократија.Почитувани мои, еден од основните закони во природата е законот на акција и реакција. Агресијата секогаш создава одбојност, одбојноста недоверба, а ДОВЕРБАТА е основната карика во односот доктор-пациент.Во вакви нездрави односи,”најмудро” е “паметниот да му попушти на будалиот” и токму затоа белите мантили одлетуваат во поцивилизирани средини.Без прецизен закон за правата и должностите на сите субјекти во здравствениот систем и доследно казнување на сите насилници, се повеќе бели мантили ќе ја играат својата лебедова песна во македонскиот јавен здравствен систем“, пишува тој.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

Џафери кажа што сработеле пратениците: Не велам дека ова е максималното кое можевме да го направиме

Со 20 незавршени пленарни седници, заврши уште една работна година на Собранието. 111 закони се донесени по брза постапка, а 79 по скратена постапка. Само 21 закон се поднесени од пратениците, а остантите ги поднела Владата. Треба да се разгледаат и 56 точки кои се заглавени по собраниските комисии и да се дискутира за нив на пленарна седница.„Не велам дека ова е максималното кое можевме да го направиме, секогаш можеме повеќе. Нашите деловнички и уставни обврски ќе бидат рамката по која ќе се движиме и натаму“, посочи собранискиот спикер, Талат Џафери.Тој ја честиташе и Новата 2021 година. Џафери посочи дека Собранието работело во вонредни услови поради коронавирусот, пратениците кои биле заболени и отсуствувале, но и поради изборите.

Македонија | пред 4 години

Faton-Asani

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот Асани

Власта беше фатена жива во криминал во аферата раскрчмување на имотот на АД Славија, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Власта се обиде шверцерски неколку дена пред празниците да го продаде имотот на АД Славија по цена од само 200 илјади евра, а реалната вредност е над 20 милиони евра. Ова, власта на Заев сакаше да го изведе во стил својствен за криминалната приватизација од деведесетите, кога се обезвреднуваше имотот на компаниите за да може да биде купен од лица и фирми блиски до СДСМ. Така беше и овој случај. Имотот на АД Славија власта на Заев сакаше да го продаде по вредност 100 пати помала од реалната, за на тој имот потоа фирми блиски до Заев и СДСМ да градат станови.Овој криминал не смее да се случи. Фатон Асани, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот (АУОИ), не само што не смее да го продолжи овој криминален процес за раскрчмување на имотот на АД СЛАВИЈА, туку треба да си поднесе оставка после ваков скандал.Одговорност за криминогените активности мора да има и за тие кои го нарачаа раскрчмувањето на имотот на АД Славија, но и на оние кои го спроведуваа“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-4

Пола деценија владата не направи ништо за да се намали загадувањето, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје е на листата најзагадени градови во светот затоа што владата не направи ништо половина деценија да го смени тоа, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ 5 години е на власт, и 5 години нема ниту еден проект со кој ќе се намали загадувањето и ќе се подобри квалитетот на воздух во Скопје и во другите градови.СДСМ можеше како централна власт, но не направи ништо за да ја доврши гасификацијата. Каде што застана проектот со владата на ВМРО-ДПМНЕ таму е и сега. Нема никаков напредок.Доколку имаше гас за домаќинствата во Скопје и другите поголеми градови сега ќе зборувавме за намалена загаденост на воздухот.Гасификацијата е еден од главните фактори кои ќе ја намалат загаденоста на воздухот, а влада на СДСМ не е способна да ја спроведе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе посегне кон реализација на проекти како целосна гасификација на земјата.Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздух, но за тоа се потребни промени“, се вели во соопштението.

пред 4 години

5C9580ED-9B70-4D2B-A94A-C2717CB62187

Данела назначи в.д. директор на Водовод и канализација

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.

Скопје | пред 4 години

270114211_376615984233322_7476031553775568037_n

Кои се новите кадри во СДСМ

Нов генерален секретар е Миле Зеќевиќ, нов организационен секретар е Вангел Андревски, а секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ. Ова го обзнани Димитар Ковачевски. Сања Лукаревска останува заменик-претседател на СДСМ.Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, Никола Рилак.Потпретседател останува Фатмир Битиќи, заедно со Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и ексградоначалникот на Карпош Стефан Богоев.„Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата“, посочи Ковачевски.Тој најави мерки, но и дека СДСМ ќе се менува.„СДСМ ќе се реорганизира“, додаде Ковачевски.Според него, СДСМ мора да биде силна и организирана.„Најавувам дека е формиран Совет за креирање и имплементација на политики. За претседател на советот е Игор Ивановски“, кажа Ковачевски.Ќе се работи и против внатрепартискиот клиентелизам, кажа тој.„Со личен пример да покажеме што значи правна држава“, укажа Ковачевски.Според него, ова се само дел од примерите.„Опозицијата ќе ја омаловажува нашата работа, тоа е единствен нејзин проект. ВМРО-ДПМНЕ за помалку од два месеци каде има власт го покажа нејзиното лице, ги блокираше сите проекти каде нема финаниски интерес“, кажа тој.Тој на прес-конференцијата објаснуваше што е патриотизам. Објасни дека покачување на плати и подобар живот за граѓаните е дел од тоа.„Ќе ја отвориме партијата за сите кои сакаат земјава да ја видат просперитетна, а каде владеењето на партијата ќе е на највисоко ниво. Имаме нов тим, сила и енергија да одговориме на сите предизвици“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

kovacevski-41234

Ковачевски на пат да биде премиер

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада“, посочи Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ.„Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Не може за секој нов сој да воведуваме нови мерки, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не може за секој еден сој да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки се додека не се влоши сутацијата.„Ниту поради омикрон сојот, ниту поради било кој друг кој што евентуално би се нашол, треба да се прават некакви дополнителни рестрикции. Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата да воведуваме дополнитлни рестриктивни мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, понатаму овие мерки за да не се преполнуваат затворените простории, навистина се сосем доволни“, изјави Филипче

Македонија | пред 4 години

tepacka-4

Сред Скопје Американци се тепале со прилепчанец

Американци се степале со прилепчанец во центарот на Скопје.Во 02.50 часот по полноќ на подрачјето на Центар, полицајци од СВР Скопје ги привеле Д.Ј.Д.(21), Б.Б.Л.(26), двајцата од САД и Н.Ј.(25) од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со тепачка. Во тепачката како што соопшти полицијата учествувале уште неколку лица. Направени се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 4 години

DSC_1002

Град Скопје со мерки поради загадениот воздухот

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:- Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници- Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје- Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје- Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.- Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.- Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.- Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.- Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.- Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот.- Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.- Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.- Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.- Откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено.- Препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на сообраќајниот метеж.- Да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во непоходни ситуации.- За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.- Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци.- Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.- Редовно да се чистат оџаците.Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки и да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација. Овие комплементарни мерки за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните, ќе придонесат за намалување на нивото на загаден воздух во Скопје, а за секоја настаната промена на состојбата јавноста ќе биде редовно известена.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања