ТОП

taravari

Таравари ја напушта функцијата во партијата на Села

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Aрбен Таравари најави повлекување од високата партиска функција. Време е за освежување на партиските кадри, изјави Таравари за Телевизија Клан.Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.Во изјава за ТВ Клан рече Таравари рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека на Алијанса за Албанците ѝ се потребни нови кадри„Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада, личност на таа функција“, изјави Таравари.

Македонија | пред 4 години

jauleski

(ВИДЕО) „Очекував коктел, честитки за датумот, Кастриот на рамо да го кренеме“, Јаулески ги „расплеска“ во Собранието

Пратеникот Јован Јаулески на собраниската говорница изјави дека хартијата трпи се, но македонските граѓани не трпат.Овој буџет е историски најгломазен, историски најнеразвоен, донесен од историски најнеспособната влада во Република Македонија. Се надевам дека по оставката на Заев и Венко Филипче, откако ќе имаат повеќе врем да возат с своите мотори или да одат на егзотични места додека Македонија е во пламен, дека навистина ќе се подобри здравствената заштита, затоа што како и до сега сме на врвот во светот по бројот на заболени во пандемијата како и на врвот по број на починати лица од Ковид-19“, изјави тој.Тој додаде дека кога доаѓал кон Собранието очекувал да си честитаат за датумот.„Денес кога доаѓав овде искрено очекував дека во Собранието ќе има организирано коктел и ќе си честитаме за #датумот, дека колегата Кастриот Реџепи в раце ќе го носиме затоа што пресече и добивме датум после 15-ти пат и 15-та оставка на Заев но, ете, пак статива. Ова денес, меѓу другото, беше тема на повторната расправа за најгломазниот, најнеразвојниот буџет донесен од историски најнеспособните властодржци до сега“, додаде Јаулески.

Македонија | пред 4 години

20201102151036

БЕСА бара предвремени избори што е можно поскоро

Секретарот на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку објава на својот фејсбук-профил повика на одржување предвремени парламентарни избори, откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата.Тој посочува дека „Владата е делегитимирана“ и оти „ден поскоро треба да се одржат парламентарни избори“.– Датум… интеграциите… ЕУ… .процесот… нè оглувија со празни пароли, а всушност се си прават за да ја одбранат власта и да одолговлекуваат до последен момент. Нема датум – власта е делегитимирана, затоа предвремени избори ден поскоро, инаку овие можат само да не одведат во бездна, напиша Азизи.

Македонија | пред 4 години

BeFunky-collage-8-1

Угина лисицата што се продаваше за 2800 денари

Пред три дена до Здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“ пристигнала пријава од граѓанин за продажба на лисица преку Фејсбук за 2.800 денари. Денес тие соопштија дека животното угинало и реагираат на неангажираноста на институциите да го расчистат случајот.„Ќе имаше шанса да се спаси ова животно во секоја нормална европска држава, но не и во Македонија!Почитувани, На ден 12.12.2021 година до нас стигна пријава од загрижени граѓани за продажба на диво животно од видот лисица за 2,800 денари и контакт телефон на "трговецот".Животното на сликата како што можете да видите е во ужасна состојба, измачувано, видно повредено и облеано во крв, изврзано со два метални ланци , стрес и страв кој не може, а да не се види во неговите очи. Веднаш постапивме и започнавме со пријавување до надлежните институции:Ловен инспекторат надлежен за законот за заштита на диви животни, Агенцијата за храна и ветеринарство надлежна за спроведување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Министерството за внатрешни работи надлежни за Кривичниот закон.Во сите пријави доставивме податоци за сторителот, адреса и телефонски број со надеж за брзо постапување со цел животното да се спаси , да го извлечеме живо.Најбрз но оскуден одговор добивме од Агенцијата за храна и ветеринарство каде што тамошниот инспекторат надлежен за ваков случај не упати до останатите две институции без никаква намера да постапи по пријавата, иако инспекторатот при оваа институција има право и надлежност да изврши инспекциски надзор, утврди дали пријавата е веродостојна и покрене постапка за санкционирање на сторителот со дополнителна надлежност да ги извести сите останати релевантни институции за истите да покренат постапка.Во доцните часови и обесхрабрениот одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да ја извадиме лисицата жива, пробавме да стапиме во контакт со прилепската полициска станица – залудно - во Прилеп немате каде да се јавите ако итно ви е потребна полициска помош, затоа што телефонскиот број им е до ден денес недостапен.Утрото, за наше големо жалење и огромна штета за фауната на нашата држава, добивме информација дека лисицата е веќе мртва. Еден прекрасен и несреќен живот угинал мачејќи се во сопствената крв заради суровоста на еден човек и неспособноста на ова бирократизирано општество и нефукнционални институции.Ова е само еден свеж пример за трулоста на надлежните институции и процесите кои се однапред предодредени да минат низ бесконечен бирократски лавиринт и завршат без успех, кои се причина на недовербата и обезхрабреноста на граѓаните да превземат било што и пријавуваат. Животни и животи се трагично изгубени заради помош што не стигнала, или стигнала прекасно.Сакаме да ве известиме дека како и досега ревноносно ке дадеме се од себе за сите надлежни институции што не покренаа ниакква постапка да бидат пријавени. Лисицата, ова несреќно животно е само една од многуте жртви на недопирливите, незаинтересираните или неспособните институции. Во нејзино име, за спас на сите останати живи битија ќе се бориме за нивните права и конечна правда“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Во Шуто Оризари повторно нема гинеколог

По само шест месеци, Ромките од Шуто Оризари повторно се оставени без матичен гинеколог.Од Иницијативата на жени од Шуто Оризари на Фејсбук реагираат дека сексуалното и репродуктивното здравје на жените од оваа Општина повторно е ставено во ризик.„Ве известуваме дека ординацијата на др. Божидар Бошковски од денес е затворена и докторот веќе нема да работи. Како главна причина поради тоа што докторот си замина стојат приватни обврски како и тоа што докторот заминува во пензија.До крајот на овој месец, замена на др. Бошковски ќе биде др. Коруноски од ординацијата Коруноски МВР сметена во поликлиниката на МВР. Може да го контактирате во случај на неодложна потреба. Телефон за контакт:(02) 3 222 123И покрај заложбите на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари прво за да се донесе гинекологот, па се до тоа да не си замине, жените од Шуто Оризари повторно останаа без матичен гинеколог и повторно се става во ризик нивното сексуално и репродуктивно здравје.Апелираме и ги повикуваме надлежите институции, Министертво за здравство веднаш и итно да изнајдат долготрајно решение за матичен гинеколог за жените од Шуто Оризари. Потсетуваме само во последниот период од шест месеци, две Ромки-родилки починаа за време на породувањето.Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари продолжува да застапува за овој долгодишен проблем со немање на матичен гинеколог, како и да им помага на жените да си ги остварат своите сексуално-репродуктивни права“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

44464632_297025617797678_8288878331105902592_n

88 илјади евра казна за две лица кои нелегално фрлале отпад

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра.Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Сменет и директорот на „Паркови и зеленило”

Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча.Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.

Скопје | пред 4 години

w_56803989

14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес – по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2, Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.Направени се 2.562 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-115, Биотек-135, Систина-65, лабораторија Лаор-98, Синлаб-23, Ремедика-22, Плодност–31, Генеа-5, Никоб лаб-209, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-49, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 929.Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 96457, Активни 2647Куманово 13028, Активни 158Тетово 11383, Активни 88Прилеп 10527, Активни 363Битола 9008, Активни 447Гостивар 8080, Активни 20Велес 7417, Активни 173Кавадарци 7227, Активни 264Штип 6670, Активни 102Охрид 6627, Активни 215Струмица 6200, Активни 120Кичево 4266, Активни 65Кочани 4070, Активни 93Струга 3916, Активни 27Гевгелија 2851, Активни 81Неготино 2605, Активни 54Свети Николе 2141, Активни 45Крива Паланка 1928, Активни 58Ресен 1780, Активни 54Радовиш 1780, Активни 63Берово 1472, Активни 37Дебар 1456, Активни 0Делчево 1441, Активни 78Виница 1165, Активни 12Пробиштип 1131, Активни 21Валандово 986, Активни 50Кратово 783, Активни 19Богданци 661, Активни 30Демир Хисар 625, Активни 37Крушево 598, Активни 23Македонски Брод 513, Активни 16Демир Капија 426, Активни 1Македонска Каменица 424, Активни 25Пехчево 355, Активни 6Дојран 172, Активни 6

пред 4 години

besimi

Јавната администрација нема да добие К-15 следната година, вели Бесими

Во буџетот за 2022 не се планирани дополнителни средства за К-15 во јавниот сектор, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими„За 2021 година има пари што се планирани со ребаланс на буџетот, а за 2022 година нема пари за К-15 за администрацијата“, рече БесимиВо неделата Сојузот на синдикатите протестираше, а меѓу нивните барања беше и исплата на К-15 за сите работници, односно во приватниот и во јавниот сектор. Бараат минимален регрес од 30% од просечната плата и максимум 100% зависно од можностите на институциите.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-11-171251

Советот на ЕУ одржан вчера не даде зелено светло за отворање на преговорите, вели Снопче

Вчера, на ден 14 декември 2021 година, Генералниот совет на ЕУ составен од министрите за Европа, повторно не даде зелено светло за отворање на преговорите за членство на Северна Македонија врз основа на одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2020 година којашто одлука предвидува одржување на првата меѓувладина конференција по одобрувањето на преговарачката рамка предложена од Европската Комисија. Усвоените заклучоци на Генералниот совет на ЕУ сега преминуваат на ниво на лидери за одобрување од Европскиот совет на 16 декември каде што не се очекува некоја промена на одлуката, вели Халил Снопче од Алијанса за Албанците.„Клучните пораки- Алијанса на Албанците отсекогаш давала безусловна парламентарна поддршка за прашањата поврзани со евроинтеграциите и повикува на отворање на преговорите за членство на РСМ, бидејќи сметаме дека граѓаните не треба да бидат казнети за однесувањето на корумпираните и неодговорни политичари.-Сепак, како што предупредивме, врз основа на нашите информации од дипломатските кругови, ниту Советот на ЕУ одржан вчера на ден 14 декември не даде зелено светло за отворање на преговорите.-Без да сакаме да прејудицираме за исходот од европскиот самит и претстојните самити до крајот на годината, тоа што е воочливо од заклучоците на Советот на ЕУ објавени синоќа, се бројните критики упатени кон владата на СДСМ-ДУИ. Меѓу другото, во заклучоците на ЕУ се нагласуваат:o) Недостатокот на независност и непристрасност на судството и потребата за вистински реформи во оваа област.o) Проблемите во борбата против корупцијата.o) Недовршената изборна реформа.o) Политизацијата на јавната администрација и потребата за почитување на принципите на транспарентност, заслуга и правична и соодветна застапеност.o) Недостатокот на парламентарен надзор над разузнавачките служби.o) Повредата на слободата на изразување и безбедноста на новинарите.-На крај, заклучоците на ЕУ изискуваат конкретни резултати во имплементацијата на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.-Се разбира, режимот ќе ја обвинува Бугарија и кого не. Но, граѓаните веќе ја знаат вистината и немаат никакви очекувања од оваа криминализирана власт којашто секој ден работи во спротивност од европските вредности. Сите овие 20 години тие се кријат позади европските интеграции за да си ги наполнат нивните џебови и да го осиромашат граѓанинот, додека, европските интеграции како стратешка цел на земјата ги претворија во фарса со нивните последователни неуспеси.-Затоа, ние утре ќе го чекаме завршувањето на европскиот самит. Но, сега веќе се е јасно, доколку не се случи некое чудо во текот на следните денови, Северна Македонија ниту оваа година нема да обезбеди датум за отворање на преговорите и покрај лагите и бајатите измами и манипулирања со датуми од страна на личности на режимот и од тие што им се приклучуваат во име на европските интеграции“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

wizzair-1-750x400

„Визер“ денеска продава билети за 2 евра

Доколку денеска ја отворивте страницата на „Визер“, веројатно веќе го испланиравте следното патување. Имено, на почетната страница веднаш ќе ви се појави можеби најубавата вест на денот, а тоа е дека се продаваат билети за само 2 евра.- Промоцијата важи за одредени летови и зависи од достапностa. Цена е за еднонасочен лет, заедно со административната такса. Цената опфаќа една рачна торба (макс. димензии: 40x30x20 cm). За торба со тркалца и секое парче пријавен багаж, треба да се доплати. Цената важи само за резервации извршени на wizzair.com и апликацијата за мобилни уреди WIZZ. Наведениот број на билети (50 илјади) по цена од 1,99 евро важи на 14 декември 2021 година за одредени летови со поаѓање пред 28 февруари 2022 година - соопштуваат од компанијата.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Боки 13 со нов хаос бара разрешува на судијката со тешки обвинувања

Бојан Јовановски-Боки 13 бара разрешување на судијката Софче Гаврилова-Ефремова, која му суди во предметот за работењето на „Меѓународен сојуз“, пренесе „А1он“.Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон. Во останатиот дел од барањето на Јовановски, кое во целост го пренесе „А1он“, стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.„Таа спрега ја доведува во прашање целата постапка, односно употребата на правото и утврдување на фактичката состојба без надворешни влијанија и притисоци. Судијата Софче Гаврилова-Ефремова треба да ги реализира и исполни сите овие жалби низ постапката која ја води, не водејќи сметка на моите права“, стои во барањето за разрешување од функцијата.Јовановски обвинува за пристрасност на судијката и бидејќи не му било дозволено да изведе докази, да сослуша сведоци за да докаже дека е невин.

Македонија | пред 4 години

ukrasi-skopje

Нашава лепотица нема искуство со медиуми, вели Јоци и испрати порака до Данела

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил упати критики за работењето на градоначлничката на Скопје, Данела Арсовска.„Нашата лепотица #Данела #Арсовска, многу ми е јасно - нема искуство со медиуми. Имено, како нејзиниот надмен, а неискусен претходник, кој - изгуби. Имиџот се гради сега и веднаш! Да имаше искуство ќе знаеше дека она што ќе го изјави - мора да го исполни! Поинаку, ќе и` ги џвакаат и преџвакуваат изјавите секој ден. На нашиот народ доволен му беше еден Заев, чиј збор - никогаш не беше збор! Би било убаво лепотицата да го накити Скопје во наредни три дена, веќе кога не успеа до 10-ти декември, како што вети.

Скопје | пред 4 години

danela862

50 дена градска смена, а од Данела абер нема, вели Беќаровски

Д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил упати критики за работењето на градоначлничката на Скопје, Данела Арсовска.„Со брзината со која ги разрешува директорите на Јавните претпријатија, да го исчистеше и предновогодишно да го декорираше градот, #Скопје уште денес ќе беше кристално чиста и украсена #МЕТРОПОЛА, а не #ЗАЧМАЕНА КАСАБА.#50денаГрадскаСменаАодДанелаАберНема“ , напиша д-р Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

market

Се замрзнуваат цените на оризoт, јајцата, тестенините

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо, напиша на својот фејсбук статус министерот за економија, Крешник Бектеши.Според Бектеши листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.Вели дека се исклучени цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања