ТОП

policija-rotaciona-svetla

Кумановец поттикнувал лица да извршат убиство за да се одмазди за неговата ќерка

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник. Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот.Обвинетиот за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот. Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80 000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од оштетените да им го одземат животот на трите лица. Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција.Заедно со обвинението, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека околностите поради кои што притворот е определен се уште постојат и тоа опасноста од бегство доколку обвинетиот се брани од слобода, како и опасноста од повторување и довршување на делото или од можно сторување на ново кривично дело. При предлагање на мерката, обвинителот ги имаше предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, неговата противправност, запретената казна за ваков вид на кривично дело, начинот на извршувањето и упорноста како и последиците од кривичното дело, околностите под кои е извршено и мотивите за неговото извршување. Обвинителството предлагајќи продолжување на притворот за обвинетиот, особено ценеше дека е оправадан стравот од можност за бегство надвор од државата или пак плаќање за продолжување и реализирање на претходните планови и преку можни трети лица.

Македонија | пред 4 години

dimitar-kovacevski

Ковачевски лаже за диплома на Харвард, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски кога лаже за диплома на Харвард, лаже и за се друго, исти луѓе исти вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Ковачевски посетил курс на Харвард од неколку дена, кој може да го посети секој еден кој може да плати десетина илјади евра за таа намена.Доколку Ковачевски беше дипломец на Харвард тој ќе имаше алумни број, кој ќе го покажеше наместо да се крие зад партиски памфлети.Ковачевски не е дипломец на Харвард. Тој лаже уште не седнат на местото на Заев, можеме да замислиме како ќе лаже кога допрва ќе седне.Ковачевски ги врти истите празни флоскули кои ги вртеше Заев и не ги исполни. Ковачевски исто како и Заев манипулира, тоа се истите празни ветувања, кои одамна се прочитани од граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-54

14 починати и 353 новозаразени од коронавирус

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар - по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.Направени се 3.162 тестови преку: ИЈЗ-296, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-160, Биотек-159, Систина-76, лабораторија Лаор-132, Синлаб-32, Ремедика-25, Плодност–43, Генеа-10, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-68, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.361.Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 96308, Активни 2650Куманово 13018, Активни 156Тетово 11379, Активни 86Прилеп 10506, Активни 352Битола 8987, Активни 445Гостивар 8082, Активни 22Велес 7411, Активни 176Кавадарци 7212, Активни 257Штип 6657, Активни 95Охрид 6611, Активни 209Струмица 6187, Активни 110Кичево 4261, Активни 61Кочани 4065, Активни 91Струга 3915, Активни 27Гевгелија 2846, Активни 81Неготино 2600, Активни 50Свети Николе 2138, Активни 42Крива Паланка 1922, Активни 54Ресен 1776, Активни 52Радовиш 1773, Активни 57Берово 1470, Активни 35Дебар 1456, Активни 0Делчево 1440, Активни 80Виница 1164, Активни 13Пробиштип 1130, Активни 21Валандово 977, Активни 41Кратово 783, Активни 20Богданци 659, Активни 28Демир Хисар 624, Активни 40Крушево 597, Активни 23Македонски Брод 512, Активни 15Демир Капија 426, Активни 2Македонска Каменица 424, Активни 25Пехчево 355, Активни 6Дојран 172, Активни 6

пред 4 години

apasiev15

Не е лош стопан државата, туку корумпирани луѓе изгласани на клучни позиции, вели Јованов

Тамара Јованов, сопруга на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, се огласи на совијаните мрежи во врска со приватизацијата на итната помош.“- Ало, добар ден, ве молам едно возило пратете на Ленинова ХХ, итно е, татко ми изгледа доживеа удар...- Во ред, уплатете прво 100 евра на сметка....тишина (нема пари за да уплати, ко и 90% од народот)...- Епа, ајде не мора ако не, најверојатно ќе умре и така и така.”Кога една државна институција не функционира, решението НЕ Е ПРИВАТИЗАЦИЈА преку продажба на луѓе блиски до власта, туку решавање на пречките поради кои не функционира: евалуација, разрешување на директори и ставање на вешти луѓе на позицијата, контрола, правна одговорност, затвор... за да не се повторува.Не е лош стопан државата, туку корумпирани луѓе кои се изгласани на клучни позиции!!!“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Бугарија крева раце од блокадите за Македонија, за шест месеци ќе бил решен спорот

Непосредно пред изборот новиот бугарски премиер во интервју за угледниот Фајненшлм, Тајмс најавува дека спорот ќе се реши за шест месеци.Весникот коментирајќи ја изјавата на Петков дека ќе предложат нов процес со Македонија, многу брз со ограничена верменска рамка не подолго од шест месеци,оценува дека тоа е сигнал за крај на опструкциите на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.Како што денеска објавуваат бугарските медиуми приближувањето на Скопје и Софија согласно владината надворешна политика се гледа преку продолжувањето на работата на заедничката историско образовна комисија, а првиот чекор на надградената позиција се заеднички групи што ќе работат најмалку еднаш месечно, и тоа за повеќе прашања..Бугарскиот премиер за ова зборуваше и денеска во контекст на телефонската честитка за неговиот избор упатена од Заев.-Вчера добив повик од господинот Заев да ми честита за функцијата и разговаравме дека идејата за работните групи ќе биде структуирана што е можно поскоро, се надевам до јануари - да ја вклучуваат културата, инфраструктурата и економијата како дополнување на историјата- , изјави Кирил Петков-премиер на Бугарија.И Заев објави дека со Петков се согласиле да продолжат да работат на изнаоѓање на прифатливо решение за деблокирање на почетокот на преговорите на Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за јакнење на билатералните односи мегу двете земји.

Македонија | пред 4 години

21102020_ME-Bekteshi_pres-konferencija_1

Уште три производи ќе имаат замрзнати цени

Се замрзнуваат цените на:✅ ориз✅ јајца✅ тестениниНа предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо.Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Македонија | пред 4 години

2D49CAD4-0C70-491E-A2EB-CCC6B6A43E07

Скопската зоолошка доби директори

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент.Покрај Стаменов, Тина Мицковска досега задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО.Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од предшколска и школска возраст како и изградба на детски парк. Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина.

Скопје | пред 4 години

267756639_2814745122158963_1191890069875748105_n

Тина предложена за директорка на Зоолошката во Скопје, има спасувано диви животни меѓу кои е и штипското мече Теди

Вчера, по оставката на досегашниот директор, се отвори прашањето кој ќе раководи со ЗОО. Здруженијата за заштита на животни со апел до градоначалничката да вработи професионалец кој ужива углед меѓу активистите за заштита на животни и кој е посветен на заштита на животните.Наш предлог е Тина Мицковска која е вработена во ЗОО Скопје во Секторот односи со јавност и со години се бори заедно со нас за заштита на животните.Има многу успеси зад себе, а најголемиот ѝ е успешното испраќање на мечето Теди во резерватот на Фондацијата на Брижит Бардо за мечки во Бугарија. Мечето Теди живееше во кошмарни услови во мал кафез во Штип, а Тина по скоро две години борба со институции успеа да го спаси. Приказната за мечето стана глобална и Теди и Тина се најдоа на сите најпознати светски медиуми. Таа соработува со Four Paws International- една од најпознатите светски организации за заштита на животните, кои преку неа би помогнале многу на Скопје ЗОО, а со тоа би се афирмирал и Градот Скопје. Помага за спасување на диви животни кои биле предмет на нелегална трговија или пак бебиња, а дел од нив веќе успеале да се рехабилитираат и да се вратат назад во природа. Беше и прва која го откри нелегалниот шверц на лавчиња во земјата и тоа по цена на својот живот бидејќи сè уште добива закани. Има добра соработка со сите институции поврзани со животинскиот свет, учествува во проектот за основање на прв Спасувачки центар за диви животни во Македонија, има познавање од областа на дивите и егзотични животни и што е најважно желба и мотивација да обезбеди соодветна нега на животните во ЗОО Скопје.Мицковска е магистер по односи со јавност, дипломиран правник по европско право и право на ЕУ, поранешен новинар и има и организациски и менаџерски способности, како организатор на повеќе настани и фестивали во градот во периодот 2012-2021. Знае да пишува ЕУ проекти и има искуство со ЕУ фондови.Од исклучително огромна важност е директор на институција која работи со животни да има емпатија према истите, да е максимално посветен на спроведување на законот за благосостојба на животни и да е човек со интегритет. Сметаме дека Тина во повеќе наврати докажа дека е токму таква личност и е најкомпететна да раководи со Зоолошката градина во Скопје!Со почит,Здружение за унапредување и заштита на благосостојбата на бездомните животни „ДЕЈЗИ ФЕМИЛИ“Здружение за заштита на животните „БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ БЕЗ ГРАНИЦИ“Здружение за заштита на животните и животната средина „Е.Д.Е.Н.“Здружение за заштита на животните и животната средина „ШЕПАСТИ ЕНТУЗИЈАСТИ"Граѓанска иницијатива за заштита на животните „КАНЕ КОРЗО НАДЕЖ“ФОТО: Тина со спасената волчица Ариа

Скопје | пред 4 години

267471815_10227396962809913_2230944053583715254_n

ФОТО: Автомобил гори близу бензиска во Скопје

Новинарката Менче Точи на социјалните мрежи објави фотографија од автомобил кој гори во близина на бензинска.Според описот на фотографијата, автомобилот се наоѓа на булеварот Македонско Косовска бригада во Скопје.„Во моментот гори кола на Македонско Косовска. Јавено е на МВР и Пожарна, уште нема никој“.Подоцна таа додаде дека дошла противпожарната бригада, но нема информации дали имало луѓе во возилото кое било оставено сред улица.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Драма во Буњаковец, луѓе се спасуваа преку балкони

Скопските пожарникари минатата ноќ со големи маки, качувајќи се преку балкони на начичканите згради во Буњаковец, успеаја да спасат луѓе откако избувна пожар во стан на улицата „Христо Смирненски“, пишува Мета.Станарите на зградата која се наоѓа во тесните улички меѓу некогашната фабрика „Треска“ и Универзалната сала, студената ноќ ја минаа на улица. Велат дека огнот избувнал околу три часот по полноќ.Жители од зградата за Мета велат дека сосема случајно била избегната поголема катастрофа со жртви, благодарение на еден од соседите. Тој случајно бил буден и веднаш штом го почуствувал чадот, ги повикал пожарникарите и почнал да ги буди другите станари, одејќи од врата до врата.Според очевидците, отровниот чад од станот на вториот кат кој се запалил, брзо се пробивал кон погорните спратови, а доколку огнот го зафател балконот, пожарот можел лесно да се прошири и на соседната зграда, која е „залепена“.Во пожарот нема повредени, а материјалната штета првично се проценува на неколку илјади евра.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ако јас се помирив со командант на УЧК, зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат, вели Ангелов

Ако јас можев да се помирам со мојот воен непријател од 2001 година и да си подадам рака со поранешниот командант на УЧК, Абедин Зибери, тогаш не гледам зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се помират, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во денешното гостување на ТВ24.Тој смета дека помирувањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе придонесе за да се превенираат политички уцени од некој помал политички субјект.– Ако јас можев да се помирам со поранешниот командант Абедин Зибери и со другите ветерани од УЧК, тогаш не гледам зошто двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се помират. На тој начин ќе превенираат политички уцени од некоја друга помала политичка партија – рече Ангелов.Тој додаде дека новата доктрина и реизборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе „нови ветришта во државата“.– Се разбира, доколку доктрината која беше најавена на конгресот на партијата не се сведе само на мртви букви на хартија. Се надевам дека искрено ги мислат работите. Исто така, сметам дека новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе донесе нови ветришта во СДСМ. Оптимист сум и сметам дека негативната реторика ќе се намали во следниот период – истакна Ангелов.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-1-1

Филипче се обидува да ја приватизира брзата помош, обвинува Апасиев

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи сподели статус во кој вели дек Министерот за здравство, Венко Филипче се обидува да ја приватизира брзата помош.„Министерот за задгробен живот, пред заминување, покварено се обидува да отвори врата за ПРИВАТИЗАЦИЈА НА БРЗАТА ПОМОШ, преку навидум безначајна измена на Законот за здравствена заштита!!!“, стои во објавата

Македонија | пред 4 години

10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

МВР со демант: Стефковски шири дезинформации и ја доведува во заблуда јавноста

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите изнесени од градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку Фејсбук статус, а потоа пренесени од неколку веб портали.„Тој во својата Фејсбук објава наведува дека СВР Скопје не испратил полициски службеници да учествуваат во закажана акција за решавање на проблемот со незаконски продавачи паркирани на улица Маџари.Имено и самиот Стефковски себеси се демантира во истиот Фејсбук статус откако прво вели дека не била упатена сообраќајна полиција, но биле упатени полициски службеници од ПСОН Гази Баба.Полициски службеници биле упатени, односно било постапено по барањето на општината, а полициските службеници од ПСОН Гази Баба имаат исти надлежности како сообраќајната полиција и тие ја завршиле својата задача.Апелираме до градоначалникот Стефковски да не шири дезинформации и да не ја доведува во заблуда јавноста, како и да не ја користи институцијата за партиска пропаганда. МВР редовно и професионално ги извршува работните задачи, за сите граѓани подеднакво“, се вели во соопштението од МВР

Македонија | пред 4 години

boban-stefkovski-gazi-baba11

Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи пред пазарот во Ченто?

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, попладнево јавно на својата страна на фејсбук ги ифнромираше граѓаните и јавноста за директната опструкција од државни институции.На фејсбук Стефковски напиша:"Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи паркирани на улица Маџари, пред пазарот во Ченто?!Почитувани граѓани на општина Гази Баба,Имајќи ги предвид големиот број на реакции од граѓаните по однос на состојбата со незаконски паркирани возила на улица Маџари, пред пазарот во Ченто кои вршат на диво продажба на земјоделски производи, на 07.12.2021 година оддржав состанок со администрацијата на која дадов насоки за организирање на заедничка акција со повеќе државни институции за спроведување на Законот и ставање ред во сообраќајот.Заедничката акција беше закажана за денес, 13.12.2021 година во 10 часот.Имајќи ги предвид законските надлежности поврзани со фактичката состојба и тоа која државна институција може да постапува, истиот ден на 07.12.2021 година се обративме писмено до Државниот пазарен инспекторат да испрати свои инспектори со цел исполнување на нивните надлежности, а истовремено истиот ден, 07.12.2021 година доставивме допис до Министерството за Внатрешни работи, поточно до ЕБПС при СВР Скопје со цел отстранување на возилата со земјоделски производи кои се незаконски паркирани.Со жалење сакам да ги информирам граѓаните и јавноста, дека ниту Државниот пазарен инспекторат, ниту Сообраќајната полиција не испратија свои екипи на закажаната акција за да ги исполнат своите законски надлежности.И покрај директната опструкција на закажаната акција, од страна на Државниот пазарен инспекторат и Сообраќајната полиција, инспекциските служби на општина Гази Баба, со асистенција од полициската станица од општа надлежност Гази Баба (која се грижела за безбедноста на инспекторите), денес излегоа на терен при што се напишани казни, согласно Законот за јавна чистота.Опструкциите од државните институции нема да не поколебаат во остварувањето на нашата цел и барањето на граѓаните за ставање ред околу пазарот во Ченто.На увид на граѓаните и јавноста ги ставам дописите кои се доставени до државните институции кои денес не излегоа да ги исполнат своите законски надлежности."

Скопје | пред 4 години

IMG_8129.00_15_32_01.Still001

(ФОТО) Стојкоски со брза реакција за Бранко и син му: Ќе му се помогне финансиски, бараме и привремено сместување

Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината. Нивната куќа изгорела во страшен пожар пред два месеци. Градоначалникот Александар Стојкоски, ги посети и разговараше со таткото кој објасни дека му објасни дека им треба место за да ја поминат зимата. Стојкоски беше дециден дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.„Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик“, посочи Стојкоски.Уште во текот на викендот, градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.„Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега“, додаде Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања