Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ТОП

Screenshot-2025-04-02-at-21.39.09

(Видео) Весна Петрушевска: Во Кочани веќе не велат добар ден, туку бог да ги прости

Актерката Весна Бејби Петрушевска во ,, Претрес со Ландов” вели дека катастрофата во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 59, млади луѓе е грозоморно убиство.,,Ова е колективна траума од која тешко ќе се извлечеме. Ги познавав сите членови на ДНК. Сите ги имам гушнато и сум им кажала дека ги сакам”, вели Петрушевска.Ја потресла сликата од дрон од странска телевизија на која се гледа како се копаат гробовите за починатите. Ова вели, не може и не смее да се заборави.,, Ни ја убија и последната

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-21.06.06

(Видео) Весна Бејби: Мина како последица од траумата е биполарна

Весна Петрушевска во Претрес со Ландов отворено говори за случувањата со нејзината ќерка Мина која како девојче беше злоставувана.„Мора на нозе да останеш во битката за правда”, вели Весна Петрушевска.Открива дека како последица од траумата Мина е биполарна.Таа е самохрана мајка, отплаќа кредити, сама се грижи за се.Данокот посочува е преголем.Таа говори и за нејзината битка со ракот, еден дел е успешно завршен, но ја очекува се уште борба со последиците.

Македонија | пред 1 година

gjoko-popovski-300

Ѓоко Поповски осуден за „мерцедесот“ излезе на слобода, делумно е помилуван од Сиљановска

Ѓоко Поповски, експомошникот на министерот за јавни набавки во МВР, излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана од македонската претседателка, Гордана Силановска Давкова, осудениот за „Триста“ и „Тенк“ во предметите на СЈО е после 9 години на слобода.[caption id="attachment_326015" align="alignnone" width="621"] Screenshot[/caption]„Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржан дел од казната затвор осудените .... Ѓоко Поповски“, стои во одлуката за помилув

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-16.56.22

(Фото) Поставен транспарент „Правда за Крешник“, откако ексминистерот за ДУИ стана осомничен по издадената дозвола за работа на дискотеката „Пулс“

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Крива Паланка: Убиле старец кој бил пријавен за исчезнат и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко.Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде под

Македонија | пред 1 година

palco-palevski-141

Палевски во петок ќе го испитува Кешишев, откако тој го посочи за планер на убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со побавно читање.Судијата Стефановски констатираше дека Пале

Македонија | пред 1 година

trendafilov-5151

Синдикалците гласаа пратениците да земаат минималец, а Трендафилов праша: Бране на работа е или не е?

Сојузот на синдикати на Македонија, кои преку протест го повторија барањето дека очекуваат 500 евра минимална плата во Македонија, пред Собранието, илустрирајќи јавна седница, донесоа одлука со која пратениците треба да си ги намалат платите и да земаат минималец цела наредна година. Со ова испратија порака дека очекуваат измени на законите со цел, нивните барања да бидат исполнети.„Непочитувани пратеници, 120 вие, 300 ние, трипати повеќе од вас. Денеска дојдовме тука да побараме од вас минималн

Македонија | пред 1 година

mitskoski-filipche

Филипче ќе бара состанок со Мицкоски, премиерот е спремен да седне со него и на полноќ - темата ќе бидат системските слабости

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика премиерот Христијан Мицкоски на тет-а-тет средба, а потоа и на лидерска средба. Мицкоски пак, му одговори дека е спремен да се сретнат ако треба и на полноќ. Филипче смета дека треба да разговараат по трагедијата во Кочани, бидејќи, според него, системот на многу места не функционира и јавните сервиси немаат перформанс каков граѓаните засложуваат.„Јас ќе побарам состанок уште денеска или утре согласно агендите да ја организираме таа средба. Сега дадов

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

И свети ВМРО нека е ќе биде казнет ако има сомневања за криминално однесувања, вели Мицкоски за обезбедувачот од МВР кој заврши во затворот во Шутка

Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека апсењето Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на неговото обезбедување е порака дека никој нема да биде поштеден ако стори криминал, без разлика колку му е нему близок.„Претпоставувам е ангажиран откако сум избран за претседател на Владата и откако се екипираше тимот. Но пораката е важна, дека ваков тип на однесување, каде постојат основани сомневања за криминално однесување, ќе бидат санкционирани. Се сеќавате дека имаше лица кои беа страв и трепет,

Македонија | пред 1 година

kesisov

Кешишев за планот за убиството на Вања: Го смисли Палчо, тој имаше пиштол во рака, а мене ме викнаа за закопувањето

Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче.Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу нив беше договорот, меѓу Палчо, Вељо и Боре. Планот го

Македонија | пред 1 година

kesisov-515124

Кешишев раскажа за планот за грабнувањето на велешанецот Панче: Копавме дупка, мислев се бара злато, па Велибор кажа дека е за киднапирање

Обвинетиот Влатко Кешишев во судница призна дека тој заедно со Велибор Манев, ја копале дупката во која подоцна беше фрлено телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката ја ископале во 2022 година, активност за која Кешишев вели: „Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо, така копавме, па се стемни, па се вративме назад“. Тој знаел и учествувал во киднапирањето, но посочува дека не знаел дека Жежовски е фрлен во дупката во чие копање тој учествувал.Целиот

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Советот на обвинители застана зад Коцевски и се спротистави на Владата - сметаат дека државниот обвинител треба да остане на функцијата

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, рече дека членовите даваат негативно мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Таа не ги образложи причините и рече дека за тоа ќе биде запознаена Владата. Притоа јавноста беше исклучена од седницата, па не можеше да ја следи дискусијата која се водеше пред да се донесе ваков заклучок.„Разгледувајќи го предлогот на Владата по однос на разрешувањето на јавниот обвинител, донесе одлука со мнозинство и дава нега

Македонија | пред 1 година

kesisov-1

Палевски отстранет од судница, оти Кешишев се плаши да сведочи пред него

Обвинетиот Влатко Кешишев се плаши од првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој беше отстранет од судница. Адвокатот на Влатко Кешишев, Игор Ефремов, потсети дека Палчо веќе еднаш се обидел да изманипулира со Кешишев, давајќи му изјава за да ја препише, а потоа, да ја претстави како негова, во која стоеше дека Палчо не бил на местата каде се случија убиствата. Потоа, пред судот призна што се случило, односно кажа дека Палевски му ја дал изјавата при транспорт со насоки што да направи за следното

Македонија | пред 1 година

IMG-5bdba708ccbc998221b9d192cb5ba6ad-V

„Скопје директно го поврзуваме со Париз“, нова авионска линија Скопје-Париз (Орли)

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје - Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линиј

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-10.26.24

Има материјална штета во Батинци, но жителите не се во опасност од Маркова река, објави ДЗС

Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото. Ова го соопшти дирекцијата за Заштита и спасување (ДЗС), од каде велат дека има материјална штета врз жители на Батинци.[caption id="attachment_325922" align="alignnone" width="878"] Screenshot[/caption]„По првичната информација за излевањето на Маркова река во Општина Студеничани, село Батинци, екипата за процена на ризици на Дирекцијата за заштита и спасување одблиску на терен ја следеа состојбата“,  Ди

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-02-at-09.44.17

(Видео) Патот кон Драчево го регулира полиција, се очекува намалување на водостојот на Маркова река

Од ноќеска, околу 3 часот по полноќ, повлечена е водата од патот кон Драчево. Сообраќајот и натаму го регулира полиција.„Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. СВР Скопје апелира до си

Скопје | пред 1 година

filkov-milososki

Филков му врати на Милошоски: Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“ сѐ уште нема навика да одговара пред граѓаните, очигледно е неинформиран и изолиран

Министерот за правда има слаби перформанси, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Оценувајќи ја работата на министерот Игор Филков, кој е од редовите на владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата ЗНАМ – За Наша Македонија, Милошоски вечерва во Телма рече дека изнесува свој личен став.На ова реагираше министерот за правда Игор Филков на изнесените наводи на Антонијо Милошоски. Ви ја пренесуваме во целост:„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро

Македонија | пред 1 година

036-272504

10 полицајци од ЕБР добија кривична за злоупотреби: наплаќале патни трошоци оти живееле надвор од Скопје, а не патувале до дома

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija

Пука ли ВРЕДИ по изборни шавови

Дали престојните локални избори и апетитите за поголем дел од изборниот колач, ги раскара партнерите во владината коалиција ВРЕДИ?Изјавите на лидерот на Алијансата на Aлбанците и министер за здравство, Арбен Таравари, дека е во комуникација со ДУИ, ги налути партнерите од ВРЕДИ.Демократското движење демантираше дека има каква било комуникација со ДУИ. Од партијата на Изет Меџити, преку соопштение оценуваат дека како партија и понатаму ќе бидат дел од ВРЕДИ.„Демократското движење нема и нема да и

Македонија | пред 1 година

k15

Пензиите од септември ќе се зголемуваат по старата методологија

Пратениците дадоа поддршка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова се укинува зголемувањето на пензиите што го вети и предложи ВМРО- ДПМНЕ со линеарно зголемување од 2.500 денари во септември и 2.500 денари со мартовската пензија.Од септември 2025 година, пензиите повторно ќе се усогласуваат 50% според индексот на трошоците на животот и 50% според порастот на просечно исплатената плата.Пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, се спротивстави на решението, пензионерите

Македонија | пред 1 година

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 24.3.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,884%, кај екстра лесното мас

Македонија | пред 1 година

27122024-Mickoski

Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомо

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Обезбедувачот на Мицкоски требало да земе 50.000 евра за документите од МВР, фатен бил на паркинг, соопшти Обвинителството

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.„Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Веле

Македонија | пред 1 година

puls-5

Повеќе не смее да се користи пиротехника во затворен простор, одлучија пратениците по трагедијата и го сменија законот

Повеќе не смее да се користи пиротехника во затворени простории. Ова е законското решение кое го изгласаа 87 пратеници во Собранието, а по трагедијата во Кочани каде загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Измените на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ и донесени по скратена постапка. Во нив се регулираше токму ова прашање.„Констатиравме многу пропусти кои треба да се надминат за да нема импровизации кои ќе резултираат со вакви хаварии и несреќи“, кажа Јар

Македонија | пред 1 година

puls-35-1

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој осомничен за работата на „дискотеката на смртта“

Распити и вештачења се прават за да се утврди вина кај секој што имал инволивраност во работата на дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Обвинителството, каде тим од 11 обвинители работи само на овој предмет.„Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања