Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ТОП

Screenshot-2025-04-01-at-12.02.51

Собранието да знае „Не може да има за пратениците, а не за работниците“, Владата „не може да се одлучува за работниците без работниците“ - синдикалците излегуваат утре на протест

Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот за синдикати на Македонија, кажа дека утре ќе одржат марш со кој ќе бараат подобрен животен стандард за работниците, преку покачување на платите. Упати порака до ВМРО-ДПМНЕ дека истите барања ќе ги има и да зема 60.000 плата, но и ако зема 300.000 денари плата. Маршот ќе започне во 12:05 минути„Нападите против лицата кои се раководство на Синдикатите здружени во ССМ нема да променат ништо“, рече Трендафилов.Тој рече дека пред Собранието ќе упатат пора

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-01-at-11.30.38

(Видео) „Прекината младост“ - ХРТ направи документарец за Кочани и праша: Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата што ја заробија земјата и доведоа до невидена трагедија?

Екипата на Лабиринта од ХРТ беше на местото по една од најстрашните трагедии што ја погоди Македонија, кога во ноќниот клуб во Кочани загинаа 59 млади луѓе на возраст од 14 до 26 години, а повеќе од 150 беа повредени.„Растргнати меѓу страшната тага, болка и страв, Кочани ги оплакуваат членовите на семејството, пријателите и соселаните. Наместо да ја живеат својата младост, оние чии животи во град во кој сите се познаваат, испреплетени во текот на животот, а сега во смртта, го најдоа своето после

Македонија | пред 1 година

mickoski-taravari-1

Коалицијата Вреди не планира да излезе од Владата, без согласност од ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставни измени и ова нема брзо да се реши, рече Таравари

Вреди не планира да излезе од Владата, иако министерот за здравство, Арбен Таравари, упати критики за неусогласеноста меѓу нив. Според Таравари, треба подобра синхронизација и помеѓу четирите партии внатре во коалицијата Вреди.„Не засега не излагаме и не планираме да излеземе од Влада, продолжуваме“, рече Таравари.Прашан дали има комуникација со ДУИ рече: „Барем пратениците комуницираат едни со други и никој не може да каже дека една партија комуницира само со внатрешните членови. Сите партии ко

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бројот на загинати во Мјанмар драстично се зголеми

Мјанмар прогласи една недела национална жалост по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа речиси 2.800 луѓе, а надежите дека ќе се најдат преживеани под урнатините исчезнуваат, објавијасветските агенции.Воената влада на Мјанмар од понеделник прогласи една недела национална жалост, а едноминутно молчење беше одржано во вторник во 12:51 часот по локално време, точно време кога земјотресот се случи во петокот.Кинеската централна телевизија (CCTV), како што јави Р

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-01-at-09.55.23

(Видео) Патник се обиде да ја отвори вратата од авионот при лет над Индискиот Океан

Авион со повеќе од 200 патници, кој летал од Бали, Индонезија, до Мелбурн, Австралија, бил принуден да се врати назад откако патничка се обидела насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан, соопшти нискобуџетната авиокомпанија Џетстар.„Нашиот авион се врати во Денпасар (аеродром во Бали) минатата ноќ откако патник предизвика вознемиреност со обидот да ја отвори вратата на авионот, навредувајќи го и попречувајќи го нашиот персонал“, се вели во соопштението на компанијата з

Свет | пред 1 година

taravari-1

Сто повредени од дискотеката во Кочани и натаму на лекување, тројца се критични

Од 193 лица повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници. 80 пациенти се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денес.Министерот за здравство, Арбен Таравари, посочи дека тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.Таравари кажа дека очекуваат вр

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-21.51.11

Безбедноста на Мицкоски не е загрозена, истрагата е во тек, вели Митева по апсењето на обезбедувачот на премиерот

Безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски не е загрозена, вели портпаролката на Владата, Марија Митева, за „Скопје1“, а по апсењето на Ангел Самараков од Велес, член на неговото обезбедување, кој се сомничи дека од МВР извлекол материјали кој требало да ги предаде на трети лица. Засега останува непознато за какви материјали станува збор.„Не е загрозена безбедноста на премиерот. Истрагата е во тек. За првпат во историјата на државата, уапсен е човек од обезбедувањето на премиерот поради сомнева

Македонија | пред 1 година

taravari

Таравари: Од 100 километри се гледа неусогласеноста на ВЛЕН во Владата

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН, во интервју за 360 степени, настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација.„Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Обезбедувач на премиерот Мицкоски е уапсен: бил фатен со материјали од МВР кои не законски ги поседувал, го гонат за оддавање тајна

Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е уапсен под сомнение дека оддал службена тајна. Тој падна во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности,

Македонија | пред 1 година

puls-2

Шест од повредените во Кочани вратени од странските болници, на шест лица им е пресадена кожа во Македонија

Шест пациенти го завршија лекувањето во странство и се враќаат во државата. Пет од нив се лекуваа во Србија, а еден во Италија. Пациентите ќе бидат примени на клиниките каде се лекувале пред да бидат транспортирани во странство. Таму ќе бидат задржани за тријажа, по што, ако нивната состојба дозволува, ќе бидат пуштени на домашно лекување.Според информациите на МЗ, кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здр

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-15.28.36

(Видео) Казнет возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило "ауди" со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. "Гоце Делчев" на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

Untitled-3-01-01-scaled-1

Нема да се одржи „Марш на видливоста“ во Скопје, откажана поради трагедијата во Кочани, објави „Тансформа“

Организацијата „Тансформа“ објави дека оваа година нема да има марш за правата на ЛГБТ луѓето. Ваква одлука донеле поради трагедијата која се случи во Кочани.„На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница. Тој е повик за правда, за промени и за солидарност. Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по

Македонија | пред 1 година

kazni-policija-policaec

Гостиварец возел со 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час - полицијата го уапси

На 30.03.2025 во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно в

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-31-at-11.32.51

Крстевски не разговарал за градоначалничката функција во Кочани: Владата прво треба да каже дали ќе има избори

Венко Крстевски, кој втор мандат е независен советник во Општина Кочани, вели дека нема со никого разговарано за да биде кандидат или в.д. градоначалник. Тој посочува дека за информацијата дека тој се споменува како можен кандидат, ја дознал од медиумите.„Нема ништо официјално, утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или ќе се бира од редот на советниците. Инаку со никого немам разговарано“, вели Крстевски за „Скопје1“.Инаку, Крстевски е едно од лицата кое беше

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп е лут на Путин: Има „психолошки рок“ Русија да се согласи на прекин на огнот

По враќањето во Вашингтон, Доналд Трамп им се обрати на новинарите и повтори дека е лут на Владимир Путин.– Има „психолошки рок“ Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина. Секогаш се согласував со него, но сега сум лут на него, како што кажав и претходно“, рече Трамп.Тој зборуваше за Украина и Русија по уште еден голем напад на руските сили на Харков, во кој беспилотни летала погодија болница, трговски центар и станбени блокови, при што загинаа две лица, а десетици беа ранети.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, алармира семејството за момчето кое се трага два месеци

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат неготинци на социјалните мрежи.„Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро“, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук.Миле Тодоров има 28 г

Македонија | пред 1 година

19a57115-13bf-4ef2-b238-975ff2eaec64

Хунтата во Мјанмар прогласи недела на жалост бидејќи бројот на жртвите надмина 1.700 лица

Владејачката воена хунта во Мјанмар прогласи недела на национална жалост поради разорниот земјотрес во кој, според официјалните податоци, досега е потврдена смртта на над 1.700 луѓе, пренесува АФП.Во периодот на жалост, кој трае до 6 април, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.За потсетување, актуелната влада во Мјанмар, предводена од Мин Аунг Хлаинг, ја презеде контролата врз земјата по воениот удар во февруари 2021 година. Оттогаш, хунтата брутално ја потисна секоја форма на отпор и г

Свет | пред 1 година

puls-35-1

Ова е состојбата на повредените од дискотеката во Кочани

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар.На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба.Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одреде

Македонија | пред 1 година

487178085_1238600987621220_3884139232926049521_n

Османи кај семејството на Бектеши за Бајрам: Тој е неправедно обвинет и одвоен од блиските

Бујар Османи, потпреседател на ДУИ, објави фотографии од семејна средба со семејството на притворениот ексминистер за економија, Крешник Бектеши. Османи даде оценка, дека Бектеши е неправедно обвинет.„Среќен Бајрам, Крешник! Заедно со Валбона, Албина и Арбри, и со нашите семејства, за Бајрам кај родителите на Јулка, Хана и Трим Бектеши и Крешник. Еид ал Фитр е свет празник кој симболизира милост, заедница, поддршка, дарежливост и признание. Но, пред сè, Бајрам не потсетува на нашата издржливост

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-30-at-12.46.07

Паузирањето на разрешувањето на Коцевски не е трајно, за градоначалник на Кочани е рано да се зборува, за лидерска средба треба сериозен пристап, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е рано да се разговара за заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани, па посочи дека тие се подготвени за Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но да се разгледаат и други високопрофилни случаи за кои имаше низа реакции од јавноста. За паузирањето на разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека не е трајна одлука.„Не би влегувал во таков тип на политиканство, се уште раните од ужасната трагедија не се

Македонија | пред 1 година

policaec-policija-skopje

Двајца пијани возачи се уапсени: ќе одговараат кривично

Во два различни случаи, уапсени се возачи кои возеле пијани.„На 30.03.2025 во 01.50 часот во Делчево, полициаски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода М.Р.(35) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По

Македонија | пред 1 година

bangkok-zemjotres

Најмалку 1.700 мртви и 300 исчезнати во Мјанмар

Лидерот на војската на Мјанмар во телефонски разговор му соопштил на малезискиот премиер Анвар Ибрахим дека во земјотресот загинале околу 1.700 луѓе.Тој додаде дека се проценува дека се повредени околу 3.400 лица, додека потрагата по приближно 300 исчезнати лица се уште е во тек.Тој, исто така, истакна дека бројот на загинати може дополнително да се зголеми.Спасувачките екипи се уште работат на местото на урната катна зграда во Мандалеј, во близина на епицентарот на земјотресот. Локалната против

Свет | пред 1 година

bajram

Денеска се прославува Рамазан Бајрам

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Верниците го слават празникот по завршување на постите кои траеја цел месец кога не се јаде и не се пие ништо од изгрејсонце до зајдисонце, а на крајот на дневниот пост се подготвува ифтарска вечера. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот.Денешното празнување почнува со утринска молитва во џамија, а потоа верницит

Македонија | пред 1 година

jovan151

Со маса скршив прозорец, па прскав со вода внатре, потоа се намокрив и влегов во „Пулс“, младиот Јован од Виница за првпат раскажа за кобната вечер

„Од внатре, сè што можев да слушнам беа девојчиња како врескаат. Ја фатив масата, го скршив прозорецот и почнав да прскам вода внатре со цревото. Тие внатре врескаа, а ние ги прскавме со вода најмалку 2-3 минути.Ова го раскажува 19-годишниот Јован, кој стана еден од хероите на трагичната ноќ во дискотеката Пулс. Младиот човек ги опишува драматичните моменти во кои, ризикувајќи го сопствениот живот, се обидел да им помогне на настраданите.„Влегов низ прозорецот на билетарницата, каде што лежеа че

Македонија | пред 1 година

puls-35-1

Влошена состојбата на двајца повредени од Кочани кои се во странство, пет се испишани од скопските болници, двајца се враќаат од странство

Пет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани заминуваат на домашно лекување, двајца пак, се враќаат од странство. Четворица пациенти се критични, од кои, кај двајца има влошување на состојбата. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен третман. За пациентите, пак, кои се веќе на домашно лекување

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања