ТОШКОВСКИ

IMG_5125

Тошковски: МВР и РСБСП се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност во сообраќајот

Денеска (22.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.На средбата беше констатирана одличната соработка меѓу двете институции, базирана на примарната цел - подобрување на безбедноста во сообраќајот.Министерот Тошковски рече дека МВР и РСБСП се позитивен пример на две институции чиј партнерски однос креира позитивни резултати како зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.„Ги разгледувавме можностите во кои РСБСП според закон е обврзан значителен дел од неговиот буџет да го даде во поддршка на зголемување на капацитетите на МВР за унапредување на безбедноста на сообраќајот и сите негови учесници. Ги прецизиравме и планираните кампањи кои во континуитет РСПБСП ги изведува во соработка со министерството, посебно со одделите за превенција, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен телефон при возење и други. Во моментов актуелна е заедничката кампања „Вози одморен“ која посебно во лето ги едуцира возачите кои тргнуваат на одмор или минуваат низ нашата држава дека возењето на долги дестинации мора да биде придружено со неопходен одмор од 10-15 минути на секои три часа, со цел безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. За оваа кампања РСБСП има соработка и со српската Агенција за безбедност во сообраќајот и се планирани конкретни активности во кои се вклучува и министерството.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-20-at-18.28.09

(Фото) Сѐ уште има жаришта на Серта, едно од нив е во правец на Криволак, објави Тошковски кои се сретна со сите кои го гаснеа пожарот

„Денеска заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја посетивме планината Серта, каде во изминатите денови се справуваме со активен пожар од големи размери. Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето позади военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат.Исто така, денеска го посетивме и селото Пухче кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар. Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5107

Средба на министрите Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни.„Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. “, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5048

Средба Тошковски-Бомгартнер: Знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Денеска (16.04.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата, министерот Тошковски имаше можност да ја презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.„Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома“, потенцираше министерот Тошковски на средбата. Амбасадорот Бомгартнер ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право. Неговата Екселенција даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека взаемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат.

Македонија | пред 1 година

IMG_4940

Средба Тошковски - Yoder во САД: Продлабочување на соработката со нашиот стратешки партнер САД со цел обезбедување на просперитетна и безбедна иднина на нашите граѓани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамките на посетата на САД, како дел од владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од постоење на Алијансата, оствари средба со Brandon P. Yoder, заменик помошник-секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL).На состанокот беше разговарано за значајните аспекти на соработката со нашиот стратешки партнер САД, како и интеграцијата во Европската Унија, процес кој е од клучно значење за иднината на Македонија.„Исто така, разговаравме и за системот за гранично управување и нашиот план за реформи во овој дел кои подразбираат и користење на технолошките достигнувања во насока на поефикасен надзор на зелената граница“, потенцираше министерот Тошковски.Една од најважните теми на средбата беше и борбата против организираниот криминал и високата корупција и можностите за соработка во делот на обуки и јакнење на човечките и материјалните ресурси, со цел поуспешно справување со овие предизвици.„Оваа средба беше одлична можност за потврда на нашата посветеност и продлабочување на соработката со САД, со цел постигнување на нашите стратешки цели и да обезбедиме безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, потенцира министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Нема да застанеме додека и последната улица не биде исчистена од дрога, дадени се оперативни напатствија, објави Тошковски

“Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво”, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло.На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4890

Средба Тошковски- Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција

Денеска (04.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.Министерот Тошковски на средбата ја изрази својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите.Министерот Тошковски изрази уверување дека соработката и поддршката од ЕУ во следниот период само ќе се зголемуваат, конкретно и во областа на безбедноста.На средбата министерот ги претстави главните приоритети на министерството, во кои ќе биде потребна експертизата на ЕУ во постигнување на европските стандарди, со крајна цел што поскоро да станеме дел од големото европско семејство.Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја потенцираше тековната соработка на БЈБ во рамки на постојните проекти и искористувањето на фондовите од ЕУ, ги појасни планираните реформи на БЈБ и потенцираше дека во фокус ќе бидат и евентуални злоупотреби на европски пари во државата, за што ќе се спроведат и соодветни истраги.Амбасадорот Дејвид Гир ги истакна тековните проекти и поддршката што ја имаме од страна на ЕУ во делот на јакнење на капацитетите на МВР, особено во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и ги посочи предизвиците во кои треба се фокусираме во иднина во насока на доближување на европските стандарди. Гир ја даде својата поддршка во реформските процеси и ја потенцираше и можноста за поддршка од системот на ЕУ за справување со евентуални шумски пожари во летниот период.

Македонија | пред 1 година

IMG_4854

Средба Тошковски - Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.Министерот Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на опремата. Министерот Тошковски ја потенцира решителноста за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција, како еден од основните столбови на новата Влада, како и потребата од градење модерна полициска служба која доследно ќе ги следи начелата на демократско полициско работење, но и служба која ќе се базира на начелото на заслуги и интегритет.Осврнувајќи се на неколку поенти како главен фокус на активностите на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал ја потенцира посветеноста и заложбата на мисијата на оваа меѓународна организација за унапредување на работните процеси во министерството, во содејство помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ. Министерот Тошковски и амбасадорот Вал потенцираа дека и во иднина соработката и комуникацијата ќе биде на високо ниво.

Македонија | пред 1 година

IMG_4832

Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните

Денеска (01.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски.„Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.На средбата без разгледани и повеќе други аспекти на можна соработка на министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.

Скопје | пред 1 година

pance-mickoski

Мицкоски седна до Тошковски: Испраќам порака дека ќе има одговорност за криминалот, кој е рак рана на општествово

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата.Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.Доаѓа време на правда.Само така државата ќе направи повеќе за народот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4759

Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.„Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава“, рече министерот Тошковски.„Миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4734

Работен состанок на министерот Тошковски со претставници на Меѓународната организација за миграции

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (25.06.2024) одржа работен состанок со Лаура Лунгароти, субрегионален координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Република Северна Македонија.Претставниците на ИОМ му честитаа на министерот Тошковски за изборот и му изразија поддршка за најавените реформи во Министерството за внатрешни работи.Г-ѓата Лунгароти го истакна значењето на добрата соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, особено во делот на граничното управување.За време на состанокот г-ѓата Лунгароти го информираше министерот Тошковски дека во моментот ИОМ е фокусиран на областа поврзана со доброволно враќање на мигранти, како еден од главните приоритети на Европската Унија и очекува успешна соработка и поддршка од страна на Министерството за внатрешни работи во овој дел.Претставниците на ИОМ нагласија дека досегашната материјална и техничка помош што му беше пружена на МВР преку проекти финансирани од страна на ЕУ ќе продолжи и понатаму, како и дека ваквата поддршка може да биде зголемена во блиска иднина.За време на состанокот министерот Тошковски им се заблагодари на г-ѓа Лунгароти и г-ѓа Божиновска Петрушевска за поддршката која што Меѓународната организација за миграции ја дава на Министерството за внатрешни работи.Министерот Тошковски истакна дека министерството за внатрешни работи ќе работи кон јакнење на капацитетите за обезбедување на државните граници особено во делот за интегрираното гранично управување,а во исполнување на оваа цел ќе биде потребна поддршка и од страна на ИОМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4714

Министерот Тошковски присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на бегалците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (24.06.2024) во Собранието на Република Северна Македонија присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, каде свое излагање имаа претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД Ангела Агелер, претставникот на УНХЦР Габриел Гуалано де Годој и пратеничката Соња Мираковска.Според глобалните статистики, до декември 2023 година државите се изјасниле дека повеќе од 117 милиони луѓе се присилно раселени од своето родно огниште. Тоа е 1.5 проценти од целото човештво кои се принудени да ги напуштат своите домови. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на бегалците, а на овој настан беше истакнато значењето на заштитата на бегалците и Република Северна Македонија ја потврди посветеноста кон нивните права и безбедност.

Македонија | пред 1 година

IMG_4707

Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Денеска (24.06.2024) во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада.На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството.

Македонија | пред 1 година

447206853_122153703200197509_3444220829682899446_n

Назим Буши од ДУИ раководи со МВР до избор на Влада, Тошковски испрати порака до јавноста

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова Влада.„Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел.Покрај тоа, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас.На крајот, уште еднаш сакам да се заблагодарам на мојот тим кој вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата. Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија“, напиша Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања