Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

тошковски

toskovski2

Министерот Тошковски од Граничниот премин Табановце: Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР, возачите да прават пауза на секој два до три часа возење

Денеска (31.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со дел од раководството на МВР го посети граничниот премин Табановце каде заедно со претседателот на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја продолжија кампањата „Безбедно во лето - Вози одморен“ чија промоција беше минатиот месец на граничниот премин Богородица.Министерот Тошковски посочи дека преку оваа кампања ги потсетуваме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди., како и дека овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.„Целта е да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи посебно во летниот период од годината при патување на годишен одмор. На долгите патувања како што е годишниот одмор клучни се паузите за одмор, на секои два до три часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Упатуваме апел до возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, додавајќи дека зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за МВР и дека и во наредниот период продолжуват активностите со цел да се намали бројот на жртви на патиштата.

Македонија | пред 4 месеци

mirjana-najcevska

Најчевска против мерката на Тошковски: „Ќе се пука на сите веселби, во комшии, во роднини...“

По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.

Коментари | пред 4 месеци

toskovski

Тошковски: Повеќе не треба дозвола за набавка на муниција – нов систем во функција!

Граѓаните што легално поседуваат оружје повеќе нема да мораат да вадат дозвола за купување муниција – стапија во сила измените со кои Министерството за внатрешни работи го прави системот побрз и поефикасен.

Македонија | пред 4 месеци

toskovski

Тошковски: Поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, патролите на велосипед се веќе препознатлив белег на СВР Охрид

Денеска (28.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. При тоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во текот на туристичката сезона.„Во пикот на летната сезона, кога бројот на туристи и возила е драстично зголемен, МВР презема координирани мерки и динамички го адаптира полициското присуство. Во СВР Охрид веќе функционира засилен состав, преку распоредување на полициски службеници и од други сектори, што придонесува за ефикасна покриеност на целиот регион и зачувување на стабилната безбедносна состојба.Во делот на граничното управување, РЦ за ГР Запад бележи континуирано подобрување на оперативната ефикасност. Податоците покажуваат позитивен тренд во откривање кривични дела, подобра организација на протокот на патници и одржување на стабилен ритам на граничниот сообраќај дури и во најоптоварените часови“, истакна министерот Тошковски, додавајќи дека Охридското Езеро годинава е покриено со значително повисок степен на полициско присуство.„Обезбедена е поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, а резултатите од контролните активности покажуваат подобри ефекти од претходните сезони. Видливоста на полицијата во градското подрачје е исто така засилена. Патролите на велосипед, веќе препознатлив белег на СВР Охрид, придонесуваат за побрзо реагирање, директна комуникација со граѓаните и чувство на поголема сигурност во јавниот простор. Присуството на српските полициски службеници, како дел од мешовитите патроли и годинава се потврдува како успешна пракса што позитивно влијае врз перцепцијата на безбедност кај туристите. Иако е зголемено присуството и делувањето на сообраќајната полиција, сепак бројот на жртви во сообраќајни незгоди покажува дека безбедноста во сообраќајот бара посистемски пристап, со силен акцент на превентивни, едукативни и инфраструктурни мерки“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заклучувајќи дека МВР функционира со зголемена ефикасност, подобра координација и подготвеност да одговори на зголемените предизвици, резултатите се видливи, напредокот е реален, обврска што продолжуваме да ја исполнуваме професионално, посветено и со јасна цел за создавање побезбедна држава.

Македонија | пред 4 месеци

5

Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи.„Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен столб во одбраната на дигиталниот суверенитет на МВР како институција која управува со најголемиот и најсензитивниот обем на лични податоци на граѓаните на државата. Безбедноста на овие системи е прашање не само на институционален капацитет, туку и на државна стабилност и доверба на граѓаните. Сите активности на новоформираната единица се насочени кон унапредување на безбедноста и отпорноста на внатрешната ИТ-инфраструктура на самото Министерство, со фокус исклучиво на заштита на неговите информациски системи. За првпат, Министерството набави современа техничка и софтверска опрема за проактивно следење, детекција и превенција на сајбер напади, со што поставува темели на системска и долгорочна заштита.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски информираше дека новата Единица за сајбер безбедност ќe биде одговорна за сеопфатна заштита и мониторинг на информациските системи на МВР, ќе врши постојана анализа и навремено детектираее на сајбер закани, ќе врши инсталација, одржување и менаџмент на безбедноста на ИТ инфраструктурата на министерството.Со оваа иницијатива, МВР поставува нов стандард во сајбер одбраната кој подразбира модерен, одржлив и цврст безбедносен штит кој одговара на предизвиците на денешницата и обезбедува доверба кај јавноста дека податоците на граѓаните се под највисока заштита.Исто така денеска министерот Тошковски заедно со деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), проф. д-р Боро Јакимовски, потпишаа меморандум за соработка помеѓу Министерството и Факултетот. Целта е размена на знаења, искуства и едукација, како и унапредување и доусовршување на кадарот во областите каде што двете институции имаат заеднички интереси. Ваквата соработка претставува уште еден чекор кон јакнење на техничките и човечките капацитети на МВР и поддршка на дигиталната трансформација на институцијата, со крајна цел – подобри и побрзи услуги за граѓаните.

Македонија | пред 4 месеци

toskovski

Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја отфрли критиката на опозицијата во врска со предложените измени на Законот за полиција, нарекувајќи ги „лажни тврдења и политички инсинуации“.„Станува збор за тенденциозно извртување на фактите со цел политичко профитирање и свесно ширење дезинформации“, изјави Тошковски.Според него, новиот предлог-закон не само што не дозволува политички унапредувања, туку воведува построги, јасно дефинирани и објективни правила за кариера и селекција во МВР.Министерот демантира дека со измените е возможно лице без работен стаж да биде назначено за началник.„Член 63 јасно предвидува дека лице без стаж може да биде вработено само како 'помлад извршител'. Исто важи и за оние со стаж, но не во стручната област – само најниска позиција. Досега вакви ограничувања немаше.“Според новиот систем, постојат само пет извршни позиции, а преминувањето кон повисока е строго ограничено – најмногу две скалила нагоре, што е поограничувачки од сегашниот закон.Клучна новина е што секој што сака да напредува во раководна функција, ќе мора задолжително да положи тест за раководење, пропишан во член 104.„Тестот е елиминаторен. Се унапредува само оној што има капацитет, а не врски“, нагласи Тошковски.Дополнително, во систематизацијата е вграден принцип на градација, според кој секое повисоко место бара соодветно искуство. Без исполнети критериуми, нема унапредување.Во однос на директорската позиција во Бирото за јавна безбедност, тој вели дека се предвидува строг услов: кандидатот мора да има најмалку 12 години искуство во полицијата.Новина е и воведувањето функција заменик-директор, која според Тошковски е системско решение за континуитет, а не дуплирање на овластувања.„Во услови на зголемени безбедносни предизвици, мора да обезбедиме институционална стабилност. Оваа функција е нормална пракса во големи системи.“Министерот ја повика опозицијата да престане со, како што рече, селективни и манипулативни толкувања на законските одредби.„Закон не се чита со вадење еден член, туку во целина. Бараме одговорност и зрелост – безбедноста на државата не смее да се жртвува за дневно-политички поени.“

Македонија | пред 4 месеци

toskovski

Тошковски инцидентот со Арсовска: Приведно е лицето кое го навела, а таа си заминала од станица без да потпише записник

За нападот врз градоначалничката Данела Арсовска при увид на дивоградба во скопски Чаир спроти Полициската станица на Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека физички имало контакт, но нејзиното тврдење дека било пред очите на полицијата е лага и повторен обид за манипулација на јавноста. Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, кажа дека Арсовска не го потпишала полицискиот записник.„Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете“, изјави Тошковски.Претходно вечерва, во интервју за Телма Тошковски рече дека МВР постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени двајца напаѓачи.„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор“, велат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-20.04.14

(Видео) Тошковски: Можно е сценарио на намерно палење – приведени лица за пожарот во Визбегово, активиран ЕУ механизмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постои основано сомнение оти дел од пожарите што ја зафатија државата не се случајни, туку намерно предизвикани. Во Чучер Сандево вчера биле најдени запалени гуми.„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од она сценарио на случајност. Институциите работат на терен. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира втор стартува трет пожар. Од страна на МВР, сум информиран дека се сомневаат дека станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, изјави Тошковски.Тој потврди дека за големиот пожар кој избувна на приватен отпад во Визбегово, се преземени конкретни дејства: „Сопствениците се приведени и по насока на јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, рече министерот.Според најновите информации, под контрола се ставени пожарите во: Орман и Волково (Скопски регион), Визбегово, Самоков (Македонски Брод), Дојран

Македонија | пред 5 месеци

1-1-2

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите.„Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри“, истакна министерот Тошковски.Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување а се преземени од Министерството за внатрешни работи и други институции а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите.

Македонија | пред 5 месеци

3

Тошковски: Одлични резултати во борбата со криминалот и корупцијата, нови услуги за граѓаните а вистинската битка допрва започнува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.„Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа со месеци, границите беа хаос, сообраќајот без контрола. Вработените во МВР беа без опрема, без поддршка, без достоинство. Едноставно, така не може да функционира една држава. И така не смее никогаш повеќе да биде! Нашата земја заслужува многу повеќе од тоа“, потенцираше министерот Тошковски и образложи дека целата мината година е потрошена на стабилизација на институцијата и системот во која сепак се постигнати резултати кои претходно не се постигнати со години наназад.„Дојде време да покажеме дека државата е посилна од било кој криминалец, било која мрежа, било која коруптивна структура. Дојде време да си ја вратиме довербата во институциите. Во изминатата година, разбивме 14 организирани криминални групи. Во нив имаше над 200 сторители, а меѓу нив и една брутална група вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полициски службеници. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство. Оваа влада, ова министерство, нема да седи со скрстени раце додека криминалот ни ги уништува животите. Ние сме тука за да го заштитиме секој граѓанин“, дециден беше министерот Тошковски истакнувајќи дел од постигнатите резултатите.Министерот за внатрешни работи Тошковски за борбата со дрогата истакна дека се откриени над 860 кривични дела и фатени над 430 килограми наркотична дрога, спречени три обиди за меѓународен шверц, рекордна заплена на кокаин од над девет килограми и запленети над шест тона марихуана од компании за производство на канабис заради злоупотреби и истакна дека за правдата веќе нема недопирливи и секој што ќе се обиде да искористи туѓа ранливост за лична корист, ќе се соочи со институциите и со законот.„Во делот на корупцијата, не молчевме. Поднесовме кривични пријави против 107 лица и 18 фирми. Се работи за корупција во здравството, енергетиката, даночниот ситем, па дури и во безбедносниот сектор. Овие коруптивни шеми резултирале со штета од над 17 милијарди денари за државата. Ова не се апстрактни бројки, тоа се украдени пари на граѓаните, злоупотребени од поединци што мислеле дека државата е нивна приватна каса. Но времињата се сменија. Ние почнавме да ги враќаме тие средства онаму каде што припаѓаат – во државниот буџет“, рече министерот Тошковски нагласувајќи ги резултатите за борба со корупцијата.Министерот за внатрешни работи зборуваше и за борбата со илегалната миграција, борбата со криминалците и нечесните во редовите на МВР, активностите за подобрување на состојбата со сообраќајот.„Чистиме и во сопствениот двор. Отворивме над 230 постапки против вработени во МВР кои не си ја вршеле работата како што треба. Во делот на миграцијата спречивме над 6.000 обиди за нелегален влез, откривме 64 случаи на криумчарење и разбивме меѓународни мрежи кои носеле мигранти. Работиме секојдневно со ФРОНТЕКС и нашите меѓународни партнери и резултатите се видливи. Проектот Безбеден град е нашата одлучна мерка. Камерите ќе регистрираат, системот ќе постапи. Нема повеќе селективна правда. Нема човечки фактор за тоа дали некој ќе биде санкциониран или не. Само вака можеме да спасиме животи. И ќе го направиме тоа, по секоја цена", дециден беше министерот Тошковски продолжувајќи за системското подобрување на условите за работа во министерството, процесите на дигитализација и унапредување на услугите за граѓаните.„Го реновиравме Центарот за обука во Идризово, отворивме нов К9 центар, пуштивме во употреба мултимедијален едукативен центар, отворивме нови управни служби во шест општини. Ова не се само згради, туку инвестиции во иднината на полицијата и во квалитетот на услугите за граѓаните. Започнавме и со изработка на проектна документација за изградба на нови и реконструкција на постоечки полициски станици, а во наредниот период ќе се посветиме и на нивната реализација. Обезбедуваме современа опрема, возила, униформи и дигитални решенија затоа што професионалното полициско работење бара современи алатки и стабилна поддршка“, истакна Тошковски.Министерот за внатрешни работи Тошковски на крајот нагласи дека довербата која ја даваат граѓаните не е привилегија туку обврска и дека изминатата година беше првиот чекор кон враќање на редот, правдата и одговорноста во системот, а во наредниот период ќе се продолжи уште посилно и уште поодлучно.

Македонија | пред 5 месеци

1-2

Тошковски и Дачиќ: Она што го ветивме го остваривме на дело, One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце - Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.Почетокот на овој систем на заеднички контроли симболично беше означен со потпишување на Протоколот за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот. Воедно денес беше потпишан протокол за соработка за време на летната и зимската туристичка сезона кој го регулира меѓусебното испраќање на полициски службеници за помош на туристичките места и настани во зависност од потребите, што веќе функционира во годините наназад.„Она што го ветивме го остваруваме на дело. На почетокот на оваа летна сезона, воведуваме заеднички систем на гранична контрола, кој што треба да овозможи побрз проток и помалку чекање на нашите граѓани. Денес официјално започнуваме со употребата на One Stop системот и сигурен сум значително ќе се намали времето на чекање и ќе се забрза трансферот на патници на нашите граници. Денес беше потпишан и протоколот за размена на полициски службеници во рамки на туристичките центри каде што имаме потреба во рамки на туристичките сезони.“, потенцираше министерот Тошковски.„Целта на оваа соработка е поедноставување на комплетните процедури на граничните проверки така што полициските службеници на земјите ќе бидат овластени освен за граничните проверки на својата земја да ги извршат и проверките и за излезните гранични проверки. Едноставно воспоставуваме One Stop контрола и тоа на местото на влегувањето во државата. Со тоа едно застанување се избегнува непотребното задржување на патниците на излез. Ова е голем чекор напред посебно кога се однесува за големите празници или летната сезона која голем број луѓе ги минуваат границите.“, образложи министерот Ивица ДачиќВоедно двата министри разговараа за дефинирање на соработка во вонредни ситуации како пожари за взаемно помагање и користење на ресурсите со кои располагаат двете страни при такви ситуации

Македонија | пред 5 месеци

IMG_1804

„One stop shop“ систем од денеска за помали гужви на Табановце, се преговара и со Албанија

Се намалуваат гужвите на граничниот премин Табановце, од денеска, петок, 5 јули, официјално стартува примената на системот „One Stop Shop“, со кој контролата ќе се врши само при влез во државата. Овој интегриран модел на гранична проверка треба значително да го олесни и забрза преминот на патници и стоки, особено во летниот период кога метежите се најизразени.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека свеченото пуштање во употреба на системот ќе се одржи токму во петок на граничниот премин Табановце-Прешево, со што официјално ќе започне новиот начин на заедничка контрола со Србија.– Со соседна Србија се договоривме на крајот на неделава да го ставиме во функција овој систем. Во петок ќе организираме церемонија со што ќе отпочне примената на новиот модел на гранична контрола – рече Тошковски.Тој додаде дека во тек се и преговори и со Албанија за воведување на „One Stop Shop“ на уште два гранични премини, со цел дополнително олеснување на движењето на луѓето меѓу двете земји.Сличен модел веќе се применува и со Косово на премините Блаце и Јажинце, иако во Белановце сè уште не е ставен во функција. Според најавите, Македонија планира дополнително проширување на системот, додека со Бугарија и Грција, кои се членки на ЕУ и Шенген, ќе се работи на организациско подобрување на граничната инфраструктура и протокот.– Вчера бев на граничниот премин Богородица со Грција и утврдивме дека има простор за оптимизација на преминот. Со мали реорганизации можеме да отвориме две нови ленти за излез и дополнителна лента за влез на товарни возила – истакна Тошковски.Овие мерки беа соопштени по средбата со литванскиот министер Владислав Кондратович, кој престојува во официјална посета на Скопје. Двајцата министри потпишаа Договор за реадмисија и договор за билатерална полициска соработка.

Македонија | пред 5 месеци

2

Тошковски: Дигитализација на процесот на издавање судски наредби за ПИ мерки помеѓу МВР, ОЈО и ОТА за поголема безбедност и доверба на граѓаните во системот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој се означи старт на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција.Министерот Тошковски истакна дека дигитализацијата на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки по член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка на Република Македонија е срж на ефикасното функционирање на институциите при заштита на безбедноста и владеењето на законите преку дигитализација на чекорите.„Преку оваа алатка, нашите аналитички тимови и оперативните единици во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал драматично ќе ги унапредат своите задачи преку апликацијата на системот. Кога е потребна посебна истражна мерка, МВР во дигитална форма ги подготвува сите релевантни податоци и преку платформата ги доставува до Јавното обвинителство. Обвинителите ги разгледуваат предлозите, ги проверуваат условите за посебна истражна мерка и кога се исполнети критериумите, ги одобруваат, а Судот, независно и професионално, ги оценува доставените барања и ги проследува до МВР и Јавното обвинителство.“, образложи министерот Тошковски.Министерот Тошковски ги објасни придобивките од овој процес кои се зголемување на брзината и ефикасноста на самиот процес, безбедноста на комуникацијата, намалување на можноста од човечка грешка а зголемување на транспарентноста и отчетноста на секоја фаза.Тошковски објасни дека овој систем првин ќе биде имплементиран за подрачјето на Скопје а следна фаза во целата држава.Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев во своето обраќање нагласи дека воведувањето на овој систем ќе го редефинира начинот на кој се доставуваат и разменуваат строго доверливи судски наредби – со фокус на посебните истражни мерки, согласно член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка.„Тоа што досега беше бавен и ранлив процес, со премногу раце и премалку отчетност, денес го претвораме во затворен, автоматизиран и безбеден дигитален систем, каде секој потег е евидентиран, секој документ е заштитен, а секоја минута е добиена – за акција, за вистината, за правдата. Овој систем е повеќе од технолошко решение – тој е вредносна одлука.“, истакна директорот Јанев.Јанев го прецизираше процесот како ќе изгледа во пракса.„ Министерството за внатрешни работи ќе изготвува предлози за посебни мерки и ќе ги испраќа по електронски пат до обвинителството. Обвинителството ги разгледува и ги проследува до судот, кој потоа електронски ја носи одлуката. Судските наредби се враќаат – една до МВР, друга до ОТА – Скопје, во анонимизиран формат. Сè се одвива во заштитена дигитална средина – без хартија, без чекалници, без ранливи човечки алки.“, заврши директорот Јанев.Сите страни беа сложни дека оваа иницијатива не е само технички проект, туку симбол на нашиот колективен стремеж кон модерни и ефикасни институции кои го штитат јавниот интерес и секој чекор напред значи побрза правда, поголема безбедност и поголема доверба на граѓаните во системот.

Македонија | пред 5 месеци

1-1

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети - потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на отворањето на Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од четврток до недела ќе се одржи во Скопје. Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.„Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо – чест и задоволство ни е што ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа. Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.Министерот Тошковски информираше дека беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија.„Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.“, истакна министерот Тошковски.Министерот Тошковски на учесниците на првенството им посака да победи спортскиот дух на младите.

Македонија | пред 5 месеци

toskovski

Средба на министерот Тошковски со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје на која се разговараше за на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија.„Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции со кои МВР има потпишано договор за соработка. Тоа ќе овозможи најдобрите млади кадри, веднаш по дипломирањето да станат дел од безбедносниот систем на државата.Истовремено, разговаравме и за вклучување на стручниот кадар од факултетот во процесите на континуирана едукација и дообука на полициските службеници, како дел од долгорочна стратегија за унапредување на професионалните вештини и стандардите во МВР.“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.Дополнително, во рамки на подготовките за реактивирање на Средното полициско училиште, се разгледа можноста токму наставниот кадар од Факултетот за безбедност да го даде својот придонес и во едукацијата на идните полициски генерации.Двете страни се сложија ова се конкретни, одржливи чекори што ја поврзуваат науката и практиката во интерес на посилна, обучена и модерна полиција во служба на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања