ТОШКОВСКИ

Screenshot-2025-04-29-at-18.46.16

(Видео) Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски, тој останува министер: само 20 пратеници беа „за“

Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски во Собранието, а тој останува министер за внатрешни работи. Само 20 пратеници гласаа „за“, а 72 гласаа „против, а немаше „воздржани“.„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.Интерпелацијата, образложи пратеникот од Левица Сашко Јанчев, е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. -Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои, рече Јанчев. Останатите пет основи за интерпелацијата се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и, како што велат, на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со ннепотизам и кронизам.Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.02.03

(Видео) Полицаец почина вечерта во Пулс, татко му се вика Венко, прашајте го него зошто не поднесов оставка - не ги напаѓајте полицајците, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани. Тој се врати на седницата каде се расправа за негова интерпелација.„Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, полицаец почина вечерта, Тоше се викаше. Татко му се вика чичко Винко. Прашајте го него зошто не поднесов оставка. Трето, ќерка на полициски службеник почина во несреќата. За мене зборете што сакате имате легитимно право на тоа, поставувајте прашања, но кога ќе поставите прашање, внимавајте дека претходно МВР немаше ниту една кривична пријава за загинатите во претходните трагедии, а сега има. Вие сте тие што предизвикувате болка дополнителна на овие семејства. Немојте да ги напаѓате полициските службеници. Полициски службеник загина во Кочани, еден го изгуби своето чедо во Кочани. Секој кој има одговорност, ќе одговара“, рече Тошковски.На ова врати Јована Мојосовска, пратеничка од Левица.„Не ја обвинив целата полиција туку тие корумпирани началници и полицајци, кои не виделе дека на диво работи таа дискотека, без опрема. Тие се срам на полицијата. Јас за нив поставив прашања. Секогаш ќе бидам гласна кога ќе ставате за командир, лице кое е братучед на пратеничка, ќе бидам гласна кога враќате да биде командир лице кое пукаше со пушка, а пратеникот Ковачки викаше дека тој е срам на полицијата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме, без сила, без деца останавме. Нека излезе овде“, рече една од мајките, а таткото на трагично загинатиот Андреј рече: „Немаа ли услови, едно литро нафта да дојдат пред Владата? Изгубени деца, изгубени ние, да доаѓа“.Надвор, излезе министерот Панче Тошковски. Тој им кажа на родителите дека се сочувствува со нивната болка.„Болката не се опишува со збор“, рече Тошковски, а таткото кој го изгуби синот единец, рече „Не знаете како е да го изгубите дете. Сум спечалил една куќа и кола да му дадам“.Потоа, беше побарана и морална одговорност од него.„Нели може да понесете барем морална одговорност?“, го праша кочанчанец кој изгуби посинок.Потоа се надворза и мајка со прашање: „Дали се безбедни нашите деца?“, а министерот рече: „Не сум човек како што побараа некои луѓе.. ве замолувам да седнеме да разговараме, да ја тргнеме политиката, да разговараме за сите работи кои ве интересираат, цел ден ако треба, цела недела, цела година. Ве замолувам“.Потоа, посочи дека по трагедијата, навистина сакал да даде оставка од морални причини и објасни зошто тоа не го сторил. Според минситерот, предомислувањето дошло по погребот на полицаецот кој исто така загина во трагедијата додека бил на должност критичната вечер.Им вети дека за два месеци ќе може да зборува и ќе им каже сѐ, а сега би ја загрозил истрагата. Посочи дека и тој е револтиран, дека и него му плаче душата, исто како што плачеле и неговите две деца по трагедијата.„Ве разбирам дека имате гнев и немате доверба. И јас немам доверба, и јас сум немал доверба. И јас сум гневен и јас сум бесен и мојава душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски.Потоа една од мајките кажа уште не добиле обдукциски извештаи.„Истрагата нема никого да поштеди, никого, а за кого има докази. Да ми верувате на зборот“, рече Тошковски, а кога некои од лицата рекоа дека не веруваат, тој рече „Имате право и на тоа“.Министерот Панче Тошковски им укажа на родителите на загинатите деца за истрагата, па настанаа тензии.„Актуелен министер е осомничен, актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на ДЗС е осомничен, актуелен градоначалник е осомничен, и претходните градоначалници. Јас се извинувам што морам да бидам на ниво на позицијата која ја имам, и не можам да споделам се што знам и да ја нарушам истрагата. Не можам сега, ама ќе можам. Правда од овој случај мора да имаме. Ако сакаме да имаме нормална држава, мора да има правда“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-10.28.40

(Видео) Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој упати апел до возачите.„Да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула“, додаде тој.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Левица се храни со народниот гнев, СДСМ при три трагедии имаат 0 кривични, а каде е Груби кој одговараше само пред Ахмети сега да одговара пред законите?

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори на нападите кон него, а п поднесената интерпелација од Левица, поддржана од СДСМ.Неговата објава во целост:„Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано ги насочија кон мене сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса. Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики.ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци. Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам:Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ.И сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе. И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале.Но најинтересна е улогата на Левица, политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Левица, која со години не пропушта можност да се претстави како алтернатива, всушност е само уште една алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одземаа иднината. Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници.Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.Ова не е само моја битка, ова е наша битка. Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли.Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што и е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Обвинителството и МВР не може да ги претвориме во „преки суд“ за политички поени на некои недобронамерници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират за трагедијата во Кочани се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Посочува дека се постапува за над 50 осомничени, но истрагата не е завршена, сѐ уште трае, а обвинителите, според него покажале дека навистина можело да се работи и поинаку.Тошковски повтори дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.„Истрагата не е завршена. Ние не можеме, Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ (Одлука по кратка постапка без докази, итна постапка) зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка”, рече истакна Тошковски.Тој повтори дека никој нема да биде толериран или изземен од истрагата.

Македонија | пред 9 месеци

pance-toskovski-1

Левица поднесе интерпелација за Тошковски, работел непрофесионално и несовесно

Левица поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Велат, ова е поради несоодветно извршување на својата функција.Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што, според Левица имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.„Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изразито законска обврска на МВР”, рече Јанчев.Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.„Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци”, вели Јанчев.МВР потфрлила и бидејќи долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до, како што кажа ДПМНЕ.Според Јанчев, министерот Тошковски има директна командна одговорност.Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за издадени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа.Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот, според Левица е катастрофална кадровска политика, исполнета со непотизам и кронизам.„Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК”, рече Јанчев.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-14.51.32

(Видео) Џафери се налути оти се зборува за трагедиите од минатите години и му рече на Тошковски: Води сметка за односот кон мене

Пратеникот Талат Џафери му постави пратеничко прашање на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во однос на трагедијата во Кочани и моралната одговорност. Тошковски одговори, а Џафери му се налути.„Добро е да ме слушате, јас ве слушав кога ми го поставувавте прашањето. Еднаш засекогаш, треба секој што има надлежност според закон да си ја работи работата. Секој еден, македонски граѓанин, заслужува да живее во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. И одговорност, а ќе ја видат, за сите четири предмети“, рече Тошковски.„Јас ти кажувам кога ќе се обратиш на пратеник, а особено за мене, да водиш сметка на односот, прво меѓучовечки и ти и било кој. Ако сте навикнати како министри да дојдете и така да ги вреѓате, и ти и сите кои доаѓате.. Друго јас си поставив најкоректно можно прашање за она што ви е надлежност. И ако е така како што велиш, дека чувствуваш морална одговорност, уште сега, стани овде, поднеси оставка и тоа ти е моралната одговорнсот“, рече Џафери.Нему му пречи што се зборува за траедијата во Модуларната болница во Тетово.„Кога ќе се работи за политички поени, ќе го мотаме Тетово, Тетово.. Оставете, не ги убивајте по вторпат. Секој пат кога ќе ги споменете, ги убивате! Секојпат кога ќе ги споменете тие случаи по вторпат ги убивате! Секој пат ги убивате. Им нанесувате болка на тие фамилии. Земете поднесе процедура, Анкетна комисија нека се прави, да се види“, рече Џафери.

Македонија | пред 10 месеци

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот.„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен.. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години. Колку години упрауваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ.. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес постапувајќи по наредба донесена од страна на судија на претходна постапка, изврши два претреси на две локации, во домовите на лица кои што се службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради постоење на основни сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработен во затворот.„Фрапантна фактичка состојба од аспект на информациите со коишто располагаме. Менаџерот на затворот и други лица вработени, затворот го доживувале како „трговец поединец“ здружение или приватно правно лице коешто се занимава со туристички услуги, заради тоа што незаконито им овозможувале на осудени лица за коишто постои висок безбедносен ризик да користат привилегии коишто не им следуваат по закон. Просто објаснето осум до десет часа им овозможувале спротивно на закон, според индициите, истите да бидат спроведувани од страна на затворската полиција до одредени локации како нивен дом или трети локации каде што истите уживале привилегии а притоа биле чувани од страна на затворската полиција и не во рамки на она што е дозволено со закон туку за приватни потреби. Какви се тие приватни потреби ќе утврдиме дополнително, но знаеме дека не е за да бидат достапни на органите на прогон, на институциите или слично, туку за нивни други приватни потреби, коишто не се законски основ согласно важечките закони.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски објасни дека овие раководни лица го претвориле затворот во „Хотел промаја“ бидејќи дозволувале користење на незаконски привилегии кои им биле дозволени на одредени осомничени лица.„Буквално како трговско-угостителско друштво, затворските полицајци коишто се платени од граѓаните, ги пренесуваат од затвор до одредена локација, ги чуваат осум до десет часа на таа локација, па пак со службено гориво и возила, на трошок на македонските граѓани, ги враќаат во затворот. Тоа едниот дел од незаконитите дејствија кои се вршени. Со истрагата во моментот се опфатени 10 лица, со што тоа е само еден дел од незаконитостите коишто се опфатени. Денес извршени се претреси во домовите на две лица, при што тие се лишени од слобода и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

„Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки“

Денес, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „сејф-сити“. Тошковски додаде дека овие решенија ќе обезбедат транспарентност, фер третман за сите прекршители и зголемена ефективност во примената на закони, но ќе се соочи и со проблемите кои произлегуваат од судската пракса и селективната примена на законите. „Она што јас како министер за внатрешни работи го говорам, и во рамките на техничката влада и особено во рамките на оваа Влада која се зафати да ги решава проблемите од минатото, е дека кога говориме за сообраќајна култура и сообраќајни прекршоци и нивна примена, слободно можам да кажам дека имаме нефункционален систем кој треба да продуцира резултати од интерес за македонските граѓани“, изјави Тошковски.Тошковски додаде дека системот е долго време руиниран, што предизвикува огромен гнев кај народот поради катастрофалните слабости, а праведно бара решение.„Факт е дека системот е руиниран многу долг временски период, и сега сме оставени во ситуација каде што вакви грозоморни несреќи го привлекуваат вниманието на јавноста со право. Гневот кај народот е огромен и народот со право е гневен. Гневен е затоа што гледа дека слабостите на системот се катастрофални и нормално бара решение“, истакна Тошковски.Тошковски истакна дека уште од првиот ден на формирањето на Владата се работи на имплементација на системот „сејф-сити“, кој треба да обезбеди системско решение за проблемите од минатото, каде што сите прекршители ќе бидат евидентирани и ќе се преземат соодветни мерки.„Од првиот ден на формирањето на оваа Влада, работиме на имплементацијата на системот „сејф-сити“, кој треба да продуцира решение за проблемите од минатото. Со имплементацијата на „сејф-сити“, овие проблеми кои се наталожени во минатото треба да бидат процесирани во рамки на едно системско решение, решение во кое што не ќе може да влијае никој, туку секој прекршител кој ќе вози со недозволена брзина, ќе паркира на забрането место или ќе управува нерегистрирано возило, ќе биде евидентиран од самиот систем и ќе се преземат соодветни мерки“, додаде Тошковски.Тошковски истакна дека најголемиот проблем при имплементацијата на проектот се судовите, бидејќи судската заштита за секој прекршок што бара одземање дозвола или поголема глоба е неизбежна, а бројките на сообраќајни прекршоци се катастрофални. „Повторно ќе се соочиме со најголемиот проблем во имплементацијата на овој проект, а тоа се судовите. Согласно устав, знаеме дека мора да има судска заштита за секој прекршок кој бара одземање возачка дозвола или изрекување поголема глоба, и тоа не можеме да го прескокнеме. Кога имаме бројка од 19 илјади луѓе кои управувале моторно возило без возачка дозвола и никогаш не ја положиле, факт е дека бројките се катастрофални и континуирано се лоши многу години наназад“, кажа Тошковски.Тошковски напомена дека Владата одвои средства за имплементација на проектот не само во Скопје, Куманово и Тетово, туку и на цела Македонија, поставувајќи камери на „црни точки“ за зголемување на сообраќајната култура и спречување на прекршоци.„Добро е што Владата одвои средства за имплементација на овој проект не само во Скопје, Куманово и Тетово, туку на територија на цела Македонија. Битолчани, стружани и велешани заслужуваат современ систем кој ќе ја зголеми сообраќајната култура. Секојдневно темелно работиме на поставување камери на местата каде што треба да бидат поставени, најголем дел од нив на црни точки кои веќе ги констатиравме во минатото. Кога возачите ќе знаат дека има камера која ќе го констатира секој прекршок, не верувам дека во иднина ќе си дозволат да развиваат брзини три пати поголеми од пропишаните“, рече Тошковски.Тошковски додаде дека постои сериозен проблем во судската пракса, каде што понекогаш казните за прекршочни дејствија кои доведуваат до загуба на живот се премногу благи, како казната од 6 месеци затвор.„Јас лично, а и врз основа на сите анализи, гледам огромен проблем во судската пракса, во квалификацијата на одредени дејствија од страна на обвинителите и изрекувањето на санкциите од страна на судовите. Како министер за внатрешни работи не би требало да навлегувам во конкретни судски пресуди, но факт е дека имаме пресуди каде што дошло до загуба на човечки живот, а некои луѓе, додека биле во затвор, сториле таков тип на прекршок и за тој прекршок добиле казна од 6 месеци затвор“, изјави Тошковски.Тошковски истакна дека еден од најголемите проблеми е селективната примена на законите, каде што казните се различни во зависност од тоа дали јавниот интерес бил транспарентно споделен. „Еден од најголемите проблеми е селективната примена на законските одредби во зависност од тоа дали одредено лице требало да му се удовли во минатото или не. Онаму каде што јавниот интерес бил транспарентно споделен, може да се забележи дека казните се сразмерни. Таму каде што тоа не било случај, прекршителите се излекуваат со казни кои се несразмерни во споредба со другите“, истакна Тошковски.Тошковски истакна дека се предвидува ефикасна постапка со СМС известувања за прекршок, каде прекршителот ќе може да потврди прекршок со линк и слика во рок од 24 часа. „Предвидуваме ефикасна постапка за комуникација помеѓу прекршителот и МВР, каде што прекршителот ќе добие СМС известување во разумен временски период од 24 часа, а не по три или шест години. Преку СМС ќе добие известување за прекршокот со линк за отворена информација и слика, со која ќе се увери дека токму тој во одреден временски интервал на одреден булевар сторил прекршок“, кажа Тошковски.Тошковски додаде дека имплементацијата на практични решенија ќе донесе подобри резултати кои значат спасени човечки животи.„Кога ќе ги имплементираме сите практични решенија кои беа споменати на јавната дебата и кои не се однесуваат само на закони и нивната примена, туку и на подобрување на пешачките премини, раскрсниците и зелените бранови, ќе добиеме многу подобри резултати кои на крајот не се бројки, туку човечки животи“, заклучи Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

МВР нема надлежност во затворите, намерно ја злоупотребуваат трагедијата за евтини поени, вели Тошковски одговарајќи им на СДСМ

„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот „Шутка“ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Но, суштината не е во “незнаењето“, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа.Јавноста бара правда, а не политички театар и навистина е срамно тоа што СДСМ и во оваа трагедија не успеа да покаже барем малку достоинство“.Претходно, СДСМ упати прашања до него:„„Панче Тошковски да излезе и да одговори пред граѓаните и пред семејството на трагично загинатата Фросина кој му дозволил на обвинетиот за нејзиното прегазување пристап до телефон во затвор? Кој го штити младиот убиец од високите кругови на ДПМНЕ? Каква е инволвираноста на Пандов? Дали е точно дека добро знаел што се случува а откако сликите излегоа во јавноста и власта е фатена жива најавува истрага? Ова е скандал кој го зголемува сомнежот дека виновникот е заштитено лице на власта. Сомнежот станува уште поголем ако се земе предвид дека неговиот татко неодамна бил промовиран во Армијата лично од министерот за одбрана Мисајловски. Кој го штити младиот убиец во врвот на власта? Срамно и недозволиво осомничен за ваков грозоморен чин слободно да користи мобилен телефон уште од првиот ден. Јавноста чека одговори од Тошковски и одговорност од Александар Пандов!“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Го решивме случајот, но ова не ја враќа Фросина - гневот е разблив, но не смее да заврши со гневни статуси

„Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите“, вели минситерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?Годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во нашата држава. Оваа бројка е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени.Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни. Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите.Гневот е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.Искрено сочувство до семејството на Фросина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Има оперативни информации кај е Груби, објави Тошковски

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите. Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски. Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство. Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето“, вели Тошковски.Груби ја напушти Македонија во средината на декември.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања