Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

тошковски

IMG_6418

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.09.2024) оствари работна средба со вршителот на должност амбасадор на Република Словенија, Ѓиле Вишај и помошник на генералниот директор на словенечката полиција, Јоже Сеница. На средбата присуствуваше и новоназначеното полициско аташе на Република Словенија.Министерот Тошковски се заблагодари за поддршката на Словенија за нашата држава, како наш најголем поддржувач и промотор во евроинтегративниот процес, а беа потенцирани и традиционално добрите односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи. Посебно беше акцентирана помошта што Словенија ни ја даде во справувањето со пожарите.На средбата се разговараше и за динамиката за имплементација на заедничките проекти на македонската и словенечката полиција во следниот период, а стана збор и за приоритетните цели на МВР, како што се безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, ефективна имплементација на модерен интегриран систем за гранично управување, борбата со илегалната миграција како заеднички проблем, дигитализирање на голем дел од процесите во МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_6407

Министерот Тошковски: Ветено-сторено, гужвите за вадење на лични документи веќе се минато, апел до граѓаните за промена на возачките дозволи до крајот на декември

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (03.09.2024) беше во посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ со цел на утврдување на фактичката состојба во делот на издавањето на лични документи. Од констатираното на лице место утврдено беше дека гужвите со издавањето на лични документи е надминато и севкупната состојба е вратена во нормала.„Ветено-сторено. Она што го најавивме пред два месеци, дека сето она што требаше да следи од аспект на издавање на лични документи е основно човеково право и право на македонските граѓани, дека ќе го вратиме во нормала се исполни. Од оваа седмица натаму секој македонски граѓанин, ќе поднесе барање за издавање на некој личен документ како лична карта, партна исправа, возачка дозвола, ќе може да ги оствари во рамки на она законско право, во рок од 15 дена. Тешко беше, требаше полициските службеници да работат вонредно во две смени, да дадат се од себе и оддавам огромна благодарност до нив. Македонските граѓани заслужуваат еден достоинствен начин на вадење на документи и отсега натаму во рамки на законски дозволениот период.“, потенцираше министерот Тошковски.Мнисерот Тошковски информираше дека на територија на целата држава досега се променети над 1.750.000 патни исправи, над 1.450.000 лични карти и над 750.000 возачки дозволи.Воедно министерот Тошковски уште еднаш потсети дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и апелираше граѓаните да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Министерот Тошковски потенцираше дека сите капацитети и шалтери на управните служби на министерството функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок, без никакво доцнење и гужви.

Македонија | пред 1 година

IMG_6403

Министерот Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.09.2024) оствари работна средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун. На средбата присуствуваа и високи претставници на компании од одбранбената индустрија на Турција.На средбата, турската делегација ги претстави капацитетите и можностите што ги нуди турската одбранбена индустрија како лидер во регионот, во насока на опремување и зголемување на капацитетите на министерството во борбата против тероризмот, транснационалниот организиран криминал и нелегалната миграција.„Турција е еден од нашите најблиски партнери, заедно сме во НАТО, а нашиот взаемен пријателски и партнерски однос е верифициран со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка, на која двете држави остануваат посветени. Ги разгледуваме можностите за соработка со турските компании производители во одбранбената и безбедносната индустрија за унапредување на капацитетите на нашата полиција. Градиме модерна и опремена европска полиција која ќе овозможи безбедност за секој граѓанин, бидејќи функционалноста на безбедносниот систем е предуслов за функционирање и напредок на правната држава и благосостојбата на нејзините граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски ги претстави приоритетите на МВР во делот на дигитализацијата, континуирани обуки на вработените и јакнење на капацитетите за интегриран систем за гранично управување. Во таа насока директорот Ѓорѓунги презентираше можностите и решенијата што ги имаат развиено и имплементирано со примена на најнови технологии како вештачката интелигенција.

Македонија | пред 1 година

IMG_6394

Тошковски на терен заедно со полициските службеници кои ја одржуваат безбедноста на главниот град: За една седмица лишени од слобода 67 лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (01.09.2024), ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град“, во рамки на оперативната акција за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје, така и во целата држава.Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, без разлика дали се работи за сообраќајни прекршоци, нелегална трговија со дрога и оружје, вандализам итн. Законот важи подеднакво за сите и сите оние кои ќе го прекршат ќе ги сносат последиците за своите постапки.Во рамки на акцијата за враќање на безбедноста во град Скопје до сега од нејзиниот почеток на 24.08 до 01.09.2024 полициските службеници во рамки на своите надлежности извршиле преглед на 987 лица, 452 патнички моторни возила и моторцикли.Притоа, лишени од слобода се 67 лица. Од нив 40 лица по член 215 од кривичниот законик. Четири лица се приведени поради кршење на законот за оружје. Полициските службеници пронашле и лишиле од слобода седум лица барани по потерница и седум лица барани по други членови од кривичниот законик...Министерот Тошковски со полициските службеници разговараше и за проблемите со кои се соочуваат на терен, како недостаток на материјално-технички средства и ги информираше дека раководството на министерството работи интензивно на создавање услови за обезбедување на сите неопходни средства како нови униформи, возила за ефикасност во обезбедување на безбедноста на сите граѓани.

Македонија | пред 1 година

IMG_6326

Министерот Тошковски на Џорџ Маршал безбедносниот форум во Охрид: Безбедносните предизвици ги надминуваме во соработка со нашите партнери

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (31.08.2024) учествуваше на традиционалниот „Охридски безбедносен форум“ во организација на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии, а во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии и амбасадите на САД и СР Германија.Министерот Тошковски во обраќањето истакна дека заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на своите разлики и продолжување на својот пат кон евроатланска интеграција.„Како членка на НАТО, безбедноста и стабилноста значително се унапредија како за нашата земја така и за целиот регион. Многу потесно соработуваме со сите наши соседи кои се членки на Алијансата и заеднички придонесуваме кон самото функционирање н развој на Алијансата“, потенцираше меѓу другото министерот Тошковски.Тошковски во обраќањето ги дефинираше главните безбедносни закани, трендови и предизвици со кои се соочува нашата земја како организираниот криминал и корупција, илегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот на мигранти...„Илегалната миграција и различните форми на прекуграничен криминал се едни од нашите главни предизвици како министерство. Тука можам да ги спомнам и хибридните закани кои се регионални и глобални и преку неконвенционални акции, психолошки и сајбер напади, шпионажа, ширење на дезинформации чија цел е создавање на перцепција на несигурност и недоверба на граѓаните во демократските институции. Да се потсетиме на хибридните напади кои што ги имавме во 2022 и 2023 година на територија на целата држава“, подвлече министерот Тошковски.Тошковски истакна дека со цел да се намали можноста за ширење на лажни вести, шпекулации и паника, МВР во склоп на своите надлежности редовно ги информира граѓаните и во таа насока го подвлече фактот дека за 2024 година министерството за внатрешни работи достигна 95.7% индекс на активна транспарентност, што го става во најдобрите три владини институции во транспарентност и отчетност пред граѓаните.На крај Тошковски ги спомна и останатите предизвици со кои се справува министерството како тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам во сите свои форми - национален, политички и религиозен и подвлече дека останува посветено, заедно со другите земји од Западен Балкан и регионот и пошироко преку тесна соработка со сите меѓународни безбедносни институции да се бори во надминување на тие предизвици и обезбедување безбедност за сите свои граѓани.

Македонија | пред 1 година

IMG_6316

Средба на министерот Тошковски со претставничката на УНИЦЕФ, Милер

Денеска (30.08.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер.Министерот Тошковски ја изрази својата благодарност за тридецениското партнерство на УНИЦЕФ со нашата земја и потенцираше дека промените на подобро во општеството можат да започнат токму со унапредување и заштита на правата на децата.Акцент на средбата, покрај повеќето аспекти на соработка на МВР и УНИЦЕФ, беше ставен и на проектот за онлајн заштита на децата од насилство и сексуална експлоатација, чиј носител е Секторот за компјутерски криминал. Проектот е насочен кон онлајн заштита на децата од насилство и сексуална експлоатација, вклучително и преку спречување на нелегална трговија со луѓе, во поддршка на националната стратегија за ставање на крај на насилството врз децата (2020-2025), новата стратегија за борба против сајбер криминалот, јакнење на едукативните кампањи и свесноста, развивање на механизами за превенција, јакнење на капацитетите, усогласување на законодавството итн.Нагласена беше и заложбата на МВР кон континуирана обука на полициските службеници во справување со случаи во кои жртви на насилство се децата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски: Со дозвола за оружје ќе се стекне само оној кој ги исполнува сите законски услови за тоа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за дневникот на МРТ запрашан за присуството на нелегално оружје по улиците на Скопје и државата истакна дека полицијата е силно посветена за справување со овој проблем.„Во текот само на 2024 година се запленети 104 парчиња оружје од страна на МВР, од кои девет автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки итн. Криминал имало, има и ќе има. Прашањето е како безбедносните служби, како МВР ќе одговори на тој криминал. Дали ќе биде соучесник како претходно многу пати или ќе одговори соодветно и ќе даде максимум од себе и за два часа ќе ги уапси сторителите кои што го сториле убиството како примерот кај трговскиот центар Мавровка.“, истакна министерот Тошковски.На прашањето дали може да се иницира акција за предавање на истото и да се засилат мерките за поседување на оружје кој треба да го има а кој не, министерот Тошковски потенцираше дека мора да се работи и дефинира кој се може да поседува оружје во нашата држава.„Веќе работиме интензивно во насока на откривање како досега од страна на МВР се издавале дозволи за поседување на оружје. Секој еден граѓанин кој побарал дозвола, посебно ловџиите знаат дека се злоупотребувале овластувањата кои што ги дава законодавецот и интензивно работиме на утврдување како е дозволувано привилегирање на лице за добивање дозволи, да издаваат дозволи на лица кои што согласно закон не би смеело да им се издава. Ќе истражиме и ќе преземеме соодветни чекори. Над 5000 луѓе не можеле да се стекнат со дозволи иако ги исполнувале условите, а одреден број на луѓе кои никако не би смееле се стекнале со право на поседување оружје. Во иднина ќе утврдиме јасна и прецизна процедура како да се стекнат со оружје исклучиво граѓаните кои ги исполнуваат сите законски услови за тоа.“, дециден беше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6310

Министерот Тошковски на средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој, потврдена одличната соработка

Денеска (29.08.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој.На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а взаемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени.Министерот Тошковски изрази и огромна благодарност за брзиот одзив на повикот за помош во справување со пожарите, бидејќи Турција беше прва земја која испрати помош од два авиони и еден хеликоптер, кои учествуваа во гасењето на пожарите.Акцент на средбата беше ставен на договорот за безбедносна соработка меѓу македонската и турската влада, кој е во финална фаза, со кој ќе се отвори простор за многу поинтензивна соработка во борбата против тероризмот, транснационалниот организиран криминал и нелегалната миграција. Се разговараше и за иницијативата на нашето министерство за поинтензивна соработка помеѓу центрите за обука на полициските служби на двете земји, како продолжение на досегашната одлична соработка со турската полициска академија, која стипендира студенти на безбедност од нашата земја, како и за припадници на МВР на додипломски и постдипломски студии.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

(Видео) Низ Скопје, полиција на „секој чекор“, Тошковски: Лично ја иницирав акцијава

,,63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja враќаме безбедноста на улиците.Во последниот период, до Министерството за внатрешни работи пристигнаа многу поплаки од граѓаните за несовесно и агресивно возење, особено на возачи на мотоцикли во централното градско подрачје на Скопје. Исто така и самиот сум бил сведок на такво непримерно однесување кое ги нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.Поради овие причини, лично иницирав спроведување на акциска контрола, насочена кон санкционирање на овие прекршоци и враќање на безбедноста на нашите улици.Во тој контекст во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во Македонија има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет.", напиша министерот за внатреши работи, Панче Тошковски.

Скопје | пред 1 година

IMG_6256

Потпишан договор за соработка помеѓу МВР и Управата за финансиска полиција за електронска размена на податоци преку Платформата за интероперабилност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (27.08.2024) оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. На средбата беше потпишан договор за соработка и давање на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, со што соработката на овие две институции во борбата со организираниот криминал, перењето пари и сите други надлежности кои заеднички ги имаат ќе биде многу побрза и поефикасна.„Со потпишување на овој договор ќе овозможиме целиот процес на размена на документи во истраги и друг вид на соработки да се води преку Платформата на интероперабилност, наместо со физичка размена како што беше до сега. Министерството за внатрешни работи ја препознава потребата од водење на финансиските истраги паралелно со истрагите за организиран криминал и во таа насока градење на ефикасен систем кој ќе обезбеди конкретни резултати“, потенцираше министерот Тошковски.Во Министерството за внатрешни работи, поточно во рамките на Одделот за криминалистичка полиција и во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веќе успешно функционираат организациони единици во чија надлежност меѓу другото се и финансиските истраги.„Со овој меморандум се овозможува побрза и поефикасна меѓуинституционална соработка која е потребна за постапките кои се водат преку управата за финансиска полиција и министерството за внатрешни работи, како и олеснување на процесот на пристап до базите на податоци. Сметам дека овој меморандум е само почеток на успешната соработка помеѓу двете наши институции.”, истакна директорот Ивановски, по денешната средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.52

До сега одговараа врховен судија и член на совет на јавни обвинители, се водат истраги, очекувам повеќе признанија за повеќе кривични дела, вели Тошковски

Во интервју за ТВ Сител министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан за најавите за водење на истраги низ институциите кои индицираат големи криминали, нагласи дека истраги имало, има и ќе има и потенцираше дека тие се водат врвно професионално и очекува силни ефекти од истите.„Јас не се сеќавам во последните дваесеттина години од историјата на Македонија, да одговарал врховен судија или член на совет на јавни обвинители и претходно да признаат вина дека на сметка на македонските граѓани се богателе финансиски изминатиот период. Во рамки на една максимално професионална постапка беше истерана целокупната работа.Ќе продолжиме со докази и факти, со конкретни дејствија да работиме во насока на интересот на граѓаните. Во иднина очекувам повеќе признанија за повеќе кривични дела. Притоа сето она што е ограбено на сметка на граѓаните да се врати таму каде што му е местото“, дециден беше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

pance-toskovski

Тошковски за патувањето на Гаши во Косово: Биле најавени дека ќе остварат излез, не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници

Се огласи министерот Панче Тошковски во врска со патувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши во Косово. Гаши во неделата со службен автомобил и обезбедување одпатува на свадба во Косово.,,Во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието Африм Гаши, Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин.Утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16.08.2024 година. Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила.Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.Праксата на работењето на граничниот премин во поглед на преземање на зајакнати мерки и активности за обезбедување на делегација, поради недоволен број на сообраќајни ленти, значи во моментот на поминување на делегацијата со цел обезбедување на простор без други возила, гранични проверки да се вршат со попуштен режим согласно со член 17 од Законот за гранична контрола, како што се одвивало и во овој случај и траело многу кратко време.Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила.Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила.За утврдените пропусти во работењето на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР.Она што е важно и кон што се стреми Министерството за внатрешни работи е законите да важат за сите исто. За секоја активност која не е во рамки на пропишаните законски и работни процедури мора да има конкретна индивидуална одговорност. Навистина поминаа времињата кога беше нормално полициски службеник заштитен од корумпирана власт да се впушта во активности кои ги надминуваат неговите законски овластувања и обврски. Никој не е, и не може да биде над законот.Уште еднаш апелирам до сите полициски службеници да работат согласно законите и правилата и да ја одбијат секоја незаконска наредба или непринципиелно барање од било кого.", напиша министерот Тошковски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски позитивен на Ковид 19

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил информираше дека по изврешно тестирање е позитивен на ковид 19.,,Почитувани,Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни.Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.", напиша министерот Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

toskovski

Потпишан Меморандум за соработка со Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби

Денеска (16.08.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани - Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки за постапување и третман на овие лица.Преку Центарот за обука на МВР ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација доколку при своето работење наидат на деца/лица со попреченост.

Македонија | пред 1 година

DSC_9667

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс

Денеска (09.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс.На средбата беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.Министерот Тошковски и Н.Е. Варнс го потенцираа значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави му ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања