ТОШКОВСКИ

pance-toskovski

Тошковски за патувањето на Гаши во Косово: Биле најавени дека ќе остварат излез, не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници

Се огласи министерот Панче Тошковски во врска со патувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши во Косово. Гаши во неделата со службен автомобил и обезбедување одпатува на свадба во Косово.,,Во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието Африм Гаши, Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин.Утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16.08.2024 година. Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила.Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.Праксата на работењето на граничниот премин во поглед на преземање на зајакнати мерки и активности за обезбедување на делегација, поради недоволен број на сообраќајни ленти, значи во моментот на поминување на делегацијата со цел обезбедување на простор без други возила, гранични проверки да се вршат со попуштен режим согласно со член 17 од Законот за гранична контрола, како што се одвивало и во овој случај и траело многу кратко време.Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила.Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила.За утврдените пропусти во работењето на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР.Она што е важно и кон што се стреми Министерството за внатрешни работи е законите да важат за сите исто. За секоја активност која не е во рамки на пропишаните законски и работни процедури мора да има конкретна индивидуална одговорност. Навистина поминаа времињата кога беше нормално полициски службеник заштитен од корумпирана власт да се впушта во активности кои ги надминуваат неговите законски овластувања и обврски. Никој не е, и не може да биде над законот.Уште еднаш апелирам до сите полициски службеници да работат согласно законите и правилата и да ја одбијат секоја незаконска наредба или непринципиелно барање од било кого.", напиша министерот Тошковски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски позитивен на Ковид 19

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил информираше дека по изврешно тестирање е позитивен на ковид 19.,,Почитувани,Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни.Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.", напиша министерот Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

toskovski

Потпишан Меморандум за соработка со Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби

Денеска (16.08.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани - Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки за постапување и третман на овие лица.Преку Центарот за обука на МВР ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација доколку при своето работење наидат на деца/лица со попреченост.

Македонија | пред 1 година

DSC_9667

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс

Денеска (09.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс.На средбата беше потврдена одличната соработка и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.Министерот Тошковски и Н.Е. Варнс го потенцираа значењето на целокупната поддршка што Соединетите Американски Држави му ја даваат на Министерството за внатрешни работи и на државата во сите домени, а особено во евроинтегративниот процес и беше изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување, особено во делот на безбедноста и соработката против криминалот.

Македонија | пред 1 година

pozar2

Тошковски: МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани

,,Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани." напиша Панче Тошковски, министер на внатрешни работи.Денес маж од радовишко беше лишен од слобода затоа што подметнал пожари.На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч. На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш било пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

Македонија | пред 1 година

IMG_5237

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Н.Е Лариса Дир

Денеска (30.07.2024) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир.Од страна на амбасадорката Н.Е. Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период. Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.

Македонија | пред 1 година

IMG_5222

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Чешката Република Н.Е Јарослав Лудва

Денеска (29.07.2024) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Јарослав Лудва.На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, особено за време на миграциската криза, но и периодот после се покажа дека е од голема важност за нас како министерство особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.Од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, беше изразена благодарност како за поддршката и соработката преку бројните донации за подобрување на капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за пружената поддршка со испраќање на чешки полициски службеници на нашата граница за справување со илегалната миграција во периодот од декември 2015 до април 2023 година, што резултираше со намалување на интензитетот на миграциските текови.Амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Лудва, истакна дека нашата држава е од исклучително значење за одржување на безбедноста во овој дел од Европа, изразувајќи надеж дека соработката ќе биде уште подобра во иднина со заеднички фокус за нејзино уште поголемо продлабочување.Билатералните договори меѓу двете министерства се од областа на безбедноста, техничка соработка, реадмисија, борба против криминалот и спроведување на заеднички иницијативи за решавање на актуелните безбедносни предизвици.

Македонија | пред 1 година

2-3

Средба Тошковски – Дачиќ во Белград: Соработката помеѓу полициите мора да биде подобра од соработката помеѓу криминалните групи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на дводневната посета на Република Србија, денеска (26.07.2024) оствари билатерална средба со српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.На средбата, македонскиот и српскиот министер разговараа за унапредување на соработката помеѓу двете министерства во областа на граничната соработка, борбата со организираниот транснационален криминал, како и заеднички обуки меѓу полиции.Министерот за внатрешни работи Тошковски му се заблагодари на српскиот колегата Дачиќ за гостопримството, размената на искуства и практики со цел уште подобра соработка како министерства и полиции.„За нас е од круцијално значење, заеднички да делуваме против криминалните групи, со цел да можеме да се справиме со организираниот криминал. Разговаравме и за подобрување на соработката во делот на граничните премини. Оценивме дека можеме да ја подобриме фреквенцијата на возила на граничниот премин. Се договоривме да формираме една работна група која и претходно постоела и се надеваме дека за краток временски период ќе даде резултати кои ќе ги доведат граничните проверки на една позиција, а не на две како што е сега. Во превод, да го примениме „one stop“ системот, за проверка на нашите државјани“, рече меѓу другото министерот Тошковски.Тој најави дека заедно со колегата Дачиќ, како дел од одличната соработка на двете полиции е договорено четири српски полициски службеници за време на месец август да бидат присутни во регионот на Охрид, каде има голем број српски државјани како туристи.Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ, исто така потенцираше дека фокус на средбата било обновувањето на работната група помеѓу двете полиции кои треба да ги олеснат процедурите на граничните премини особено на ГП Табановце каде фреквенцијата е најголема.„Основната идеја е да ја направиме и повторно да ја активираме оперативната група која треба да се занимава во поедноставување на процедурите кои постојат на тој граничен премин, за навистина да имаме една контрола. Зборувам за граѓаните, а не за транспортот на стоки со камиони и слично. Идејата е тоа да го поедноставиме за да излеземе во пресрет на граѓаните“, истакна министерот Дачиќ.Српскиот министер појасни дека е договорена и соработка кога станува збор за вонредни ситуации.Министрите се сложија дека соработката помеѓу министерствата и двете полиции мора да биде подобра од соработката помеѓу криминалните групи и дека напорите за унапредување на соработката во сите сегменти како две соседни пријателски држави ќе продолжи и ќе се унапредува.

Македонија | пред 1 година

5-1

Средба на министерот Панче Тошковски со премерот на Србија Милош Вучевиќ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.07.2024) во рамките на посетата на Република Србија оствари работна средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ.На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за гостопримството потенцирајќи дека Србија е сосед кој е секогаш тука за нас кога е најпотребно и тоа многу пати во минатото е потврдено, а особено неодамна кога беше испратен српски хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарите.Министерот Тошковски потенцираше дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина.Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо знаење во негувањето на одличните односи меѓу двете земји.Воедно премиерот Вучевиќ потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст ќе биде наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат.Премиерот Вучевиќ исто така го поздрави назначувањето на министер од српската заедница во македонската влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-26-at-15.56.13

Тошковски седна со премиерот на Србија: Тие се сосед кој е секогаш тука за нас

„Како дел од посетата на Република Србија денеска остварив средба со премиерот Милош Вучевиќ“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„На средбата изразив благодарност за одвоеното време и топлиот прием и потенцирав дека Србија е сосед кој е секогаш тука за нас кога е потребно што многу пати во минатото е потврдено, а особено неодамна кога беше испратен српски хеликоптер да помогне во гасењето на пожарите. Исто така посочив дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина.Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо значење за негување на одличните односи меѓу двете земји.Воедно потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст секогаш ќе бидат наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат. Исто така го поздрави и назначувањето на министер од српската заедница во македонската Влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи“.

Македонија | пред 1 година

toskovski-dacic

Министрите Тошковски и Дачиќ од превентивната акција „Вози одморен“: Безбедноста во сообраќајот и во туристичката сезона мора да биде на највисоко ниво

Денеска (25.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на РСПБС Гордана Кожуваровска заедно со министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ и в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ ја почнаа заедничката превентивна кампања „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце.Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи особено во летниот период од годината при патување на годишен одмор. Овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до Граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.Министерот Тошковски потенцираше дека оваа заедничка кампања е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете пријателски земји и му се заблагодарил на министерот Дачиќ за помошта што Министерството за внатрешни работи на Србија ѝ ја испрати на Македонија во гаснењето на шумските пожари.„Денеска сме тука заедно со колегите од Србија да ја поддржиме превентивната акција „Вози одморен“ и да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. На долгите патувања како што е патувањето на годишен одмор, клучни се паузите за одмор, на секои 2 до 3 часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, рече министерот Панче Тошковски.Министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ го изрази своето задоволство од оваа заедничка акција помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија потенцирајќи го фактот што во текот летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.„За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени“, кажа српскиот министер и ја истакнал важноста од соработката со македонската полиција во оваа превентивна акција.Во рамките на активноста на возачите кои во моментот ја минуваа границата им беа поделени вода и летоци со едукативни совети и рекламен материјал во рамките на кампањата „Вози одморен“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5178

Средба Тошковски - Лосон: Одлична соработка на професионално ниво и поддршка во борбата со корупцијата и организираниот криминал

Денеска (25.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон.На средбата министерот Тошковски ја изрази својата благодарност за одличната соработка и континуираната поддршка од Обединетото кралство како на нашата држава така на министерството во областа на безбедноста, особено за последната донација на дронови кои ќе се користат од страна на граничната полиција во обезбедување на нашите граници.Министерот Тошковски ги објасни приоритетите на новата Влада и посветеноста во борбата со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби во успешен услужен систем на своите граѓани, планот за унапредување на вкупната ефикасност на полицијата преку нова систематизација, креирање на систем на континуирани обуки и дигитализација на голем број процеси во министерството.„Полициската соработка е на високо професионално ниво, што подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе, кривични дела поврзани со илегална миграција, трговија со дрога и оружје и наша тенденција е само да ја унапредуваме“, потенцираше министерот Тошковски.Амбасадорот Метју Лосон упати честитки до министерот и за посветеноста на новата Влада во целост, особено во борбата со организираниот криминал и корупција и потенцираше дека Обединетото Кралство останува да биде еден од најголемите партнери на нашата држава како на оперативно така и на стратешко ниво. Од негова страна беше истакната и илегалната миграција како значаен проблем со кој се справуваат и двете земји и потенцираше дека и во справувањето можеме да сметаме на поддршката на Обединетото Кралство во иднина.

Македонија | пред 1 година

IMG_5159

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

Денеска (24.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари протоколарна работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.На средбата министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието.Министерот ги истакна моменталните предизвици со кои се справуваме посебно со големите пожари кои ја зафатија нашата држава и ги образложи плановите за реформи кои се планираат во системот за менаџирање на кризи. Во таа насока беше потенцирана заложбата за потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во областа на безбедноста со цел реализација на стратешките приоритети на Владата за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција.Амбасадорот Казуја ја потенцираше поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја преку „Гранд помош на мали проекти за човекова безбедност“ што јапонската држава ги обезбедува во разни области за унапредување на земјите во развој. Амбасадорот истакна дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во исполнување на критериумите и забрзување на евроинтеграциите и нашиот пат кон ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски: Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации

,,Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024г. во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221.Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет.Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации. Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина.“, напиша Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5143

Министерот Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (23.07.2024) беше во посета на Одделот за граѓански работи каде одржа работен состанок со помошникот министер за граѓански работи Јован Алтанџиев. Генерално уште еднаш беше констатиран хаосот и негрижата на претходното раководство, како во однос на граѓаните така и во однос на вработените. Министерот Тошковски со преземањето на функцијата уште од првиот ден потенцираше дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто.„Работењето во управните служби мора да стане престиж, а не казна. Да се биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски истакна дека во иднина интензивно ќе се работи на подобрување на условите за работа во управните служби, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата, како и зголемување на платата за оваа категорија вработени. Тошковски истакна дека состојбата со издавање лични документи се стабилизира и се очекува издавањето за еден месец да се врати во законските рокови.„Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини на обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период. Термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена. Повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25.000 барања.“, нагласи министерот Тошковски.Министерот Тошковски најави ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање одобренија за набавка на оружје.„Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5.800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има! Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива“, истакна министерот Тошковски.Во делот на сообраќајот и возилата, министерот Тошковски објасни дека затекната е ситуација со референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење и во насока на решение во тек е обука на група вработени со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот. Разгледана беше и состојбата со поднесените барања за државјанство на македонците од Албанија кои од непознати причини не се решени сеуште и во таа насока ќе биде иницирана средба со претставници на здруженијата на македонците со цел полесно да се канализира постапката.„Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски“, констактираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања