Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

тошковски

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Денеска на заедничка прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев во присуство на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност Тони Ангеловски, оценија дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Во прилог интегралните изјави од министерот Тошковски и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.Министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјава:Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите.Најпрвин, со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти. Во тој контекст сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои со својата посветеност и професионализам придонесоа за одржување на безбедноста на избирачките места и соодветно постапуваа онаму каде што беа евидентирани изборни нерегуларности.Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа на гласање и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на поинклузивно општество.Имајќи ги предвид информациите кои ги добив од надлежните аналитички служби во МВР, во текот на денешниот ден евидентирани се повеќе настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, пријави за агитирање на гласачко место и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес.Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека во текот на денешниот ден:- На ниво на целата држава евидентирани се 12 случаи на фотографирање на гласачко ливче- 2 случаи на кинење на гласачкото ливче- 6 пријави за нудење поткуп- 15 пријави за агитирање- на подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор.- Врз основа на претходно поднесени пријави, од страна на МВР констатирани се 6 прекршоци по чл.190 од Изборниот Законик, а ќе бидат поднесени и 2 кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“ по член 163 од КЗ и една за „Повреда на избирачко право“ предвидено и казниво согласно член 159 од КЗ.- на подрачје на СВР Охрид пријавено е јавно гласање пред Комисијата и на подрачје на СВР Тетово пријавен е настан за упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.- На подрачје на СВР Куманово гласачките места 1100 во с.Умин Дол и 1075 во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ беа затворени, а избирачкиот материјал е вратен до канцеларијата на ОИК.- На подрачје на СВР Струмица, лице при гласање на набљудувач го покажало гласачкото ливче.На крај, дозволете ми уште еднаш да изразам благодарност до сите чинители кои придонесоа денеска да имаме успешни, безбедни, мирни и демократски избори на кои граѓаните слободно го остварија своето право на глас.Дополнителен заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјава:Почитувани граѓани,Почитувани претставници на медиумите,Дозволете ми на почетокот да изразам задоволство од тоа како помина денешниот изборен ден, од првиот круг на Претседателските избори 2024 година – во мирна, фер и демократска атмосфера. Во оваа прилика упатувам искрени честитки до сите граѓани кои и овој пат ја искажаа својата слободната волја на избор и гласање по сопствено убедување, почитувајќи ја демократијата и демократскиот изборен процес како дел од европските вредности кон кои секојдневно се стремиме.Денешниов изборен ден, граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, нешто на што активно работевме изминатиов период, сфаќајќи дека поддршката од секого е драгоцена кога имаме заедничка цел – фер и демократски изборен процес во кој ќе бидат зачувани законитоста, безбедноста, јавниот ред и мир.Во текот на денешниот ден не се регистрирани посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес и јавниот ред и мир во текот на првиот круг од гласањето, земајќи ги предвид досега пријавените случаи во МВР.Со задоволство можам да констатирам дека денеска Министерството за внатрешни работи, како еден од клучните носители за успешно спроведување на изборниот процес беше на висина на задачата во делот на надлежностите предвидени со Изборниот законик.МВР максимално подготвено одговори на предизвиците околу безбедноста на првиот круг од Претседателските избори 2024 година за што би сакал да упатам благодарност до сите припадници на полицијата за извршување на работните задачи на највисоко професионално ниво.Во оваа прилика би сакал да упатам посебна, лична благодарност до медиумите, до вас новинарите, за соработката и за квалитетот на односите што ги градевме изминатиов период, а кој се засноваше на веќе воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме.

Македонија | пред 1 година

IMG_3472

Тошковски во посета на Одделот за организиран криминал

Денеска (16.04.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде оствари работен состанок со поширокото раководство.На состанокот министерот беше запознен со структурата на Одделот, делокругот на работа и тековните активности и во овој дел беше информиран дека од нивна страна извршено е мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности. Исто така, беа посочени определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.„Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3389

Министерот Тошковски во посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров

Министерот Панче Тошковски денеска (12.04.2024) беше во работна посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров.Од страна на раководството на ПО Сарај министерот беше запознаен со нивните тековни активности и структурата на тереност кој го покриваат при што заедничкиот заклучок е дека оваа организациска единица во најкус можен рок треба да се систематизираат повеќе полициски службеници кои ќе одговорат на динамиката на работа, од причина што на ова подрачје има 24 села и повеќе од 40.000 жители.„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров се соочува со недостаток на униформирани полициски службеници, а од аспект на прекршувања на јавниот ред и мир и извршени кривични дела во однос на другите Единици на територија на Град Скопје има помал обем на деликти. Како позначаен настан го издвоија лишувањето од слобода утринава на еден од осомничените за разбојништвото кое неодамна се случи во Куманово“, образложи министерот Тошковски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Тошковски: Стабилна безбедносна состојба, СВР Скопје спремен да гарантира безбедни избори

Денеска (05.04.2024), министерот за внатрешни работи го посети седиштето на Секторот за внатрешни работи Скопје кој е најголем сектор во државата и го покрива подрачјето на главниот град со околните општини, каде одржа работен состанок со раководството.Од страна на раководството министерот беше запознаен со нивната тековна работа, состојбата од аспект на пополнетост со човечки ресурски која е на релативно ниско ниво, особено во делот на униформирани полициски службеници, материјално-техничката опременост, како и преземените мерки во врска со позначајните кривично-правни настани кои се случија во изминатиот период.„Во таа насока во месец март се поднесени 306 кривични пријави, а во последните денови како позначајна реализација ја издвоија кривичната пријава за “Бесправно градење“ по чл. 244а од КЗ против лицето А. Е. кој без да поседува одобрение за градба започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад "Скендербег" во Општина Чаир.Што се однесува до организирање и спроведување на претстојните избори бев известен дека СВР Скопје ги презема сите потребни мерки и ќе одговори на овој безбедносен предзвик и покрај фактот што се соочуваат со сериозен недостаток на човечки ресурси и моторни возила потребни за непречено функционирање.“, извести министерот Тошковски.Од страна на министерот Тошковски уште еднаш беше потенцирана заложбата за работење исклучиво во согласност со позитивните законски прописи и дека тоа е едиствено нешто што тој го бара од полициските службеници во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Во пунктот „Пролет“, сите кои наполниле сега 18 години можат без термин да се сликаат за докуемнти

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика граѓаните кои сега наполниле 18 години и немаат никаков документ за идентификација, а се од Скопје, да одат да се фотографираат без термин во полициската станица „Пролет“„Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024г.) во периодот од 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот “Пролет”) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош.Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, вели Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3305

Тошковски домаќин на министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше домаѓин на министерскиот состанок “Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот во Југоисточна Европа низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе и нејзино натамошно унапредување“ кој се одржува во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.Во рамки на овој состанок министерот Тошковски имаше свое обраќање во кое истакна дека oсобено му е драго што меѓу нас имаме присуство на речиси сите учесници на Процесот, застапени на различно ниво, докажувајќи ја посветеноста на оваа иницијатива, поддршката која заеднички ја нудиме за да го зачуваме мирот, безбедноста, стабилноста, солидарноста и добрососедските односи кои веќе се признаени и на европско ниво. Воедно потенцираше дека oрганизираниот криминал забрзано се развива ширум светот и претставува растечка закана за општествата и за граѓаните. Еволутивен и повеќедимензионален по карактер, организираниот криминал се прилагодува на новите технологии и брзата дигитализација што доведува до нови предизвици во одржувањето на безбедноста како на регионално, така и на светско ниво.“Нашето заедничко дејствување е важно и корисно не само за пошироката јавност, туку и за граѓаните на нашите земји, за чие добро и безбедност работиме и ние како службеници во Министерствата. Постабилна, побезбедна, економски напредна Југоисточна Европа, тоа им го должиме на нашите граѓани. Да продолжиме да работиме заедно за тоа и да им го обезбедиме“, потенцираше Тошковски.

Македонија | пред 1 година

433945600_122135342480197509_8997709727529200828_n

(Фото) Дел од Центарот за обука на полицајци во Идризово оставен да пропаѓа

Денеска бев во работна посета на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово каде остварив работна средба со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој додаде: На средбата најпрво остваривме конструктивен работен состанок на кој се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници. Со раководството на Факултетот за безбедност се разговараше и за дел од објектите кои се користат од двете институции и можноста за заедничка соработка во делот на реконструкција на истите. Исто така, поразговаравме и за целокупниот систем на полициско образование во нашата држава, какви се компаративните искуства во овој дел и потребата од повторно воведување на средно полициско образование.По состанокот, направивме обиколка на целиот Центар, извршивме увид во тековните градежни активности, а разгледавме и неколку објекти кои претставуваат сериозен капацитет кој е неискористен и оставен на забот на времето, поради што независно од тоа што се наоѓаме во технички предизборен период, дадов насока до службите веднаш да ги преземат сите административни работи кои ги дозволува Законот во овој период со цел овие капацитети што поскоро да влезат во процедура за реконструкција и нивно ставање во функција.На крај, заеднички констатиравме дека Центарот за обука има сериозен потенцијал да прерасне во современ и европски едукативен центар кој ќе продуцира и обучува квалитетни кадри од областа на безбедноста и во кој треба и понатаму да се инвестира, како од кадровски така и од материјално-технички аспект“.

Македонија | пред 1 година

3-3

Тошковски од пунктот „Пролет“: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во посета на пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.Министерот Тошковски изрази искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.„Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000.“, рече министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

toskovksi

(Видео) Несреќен случај е паѓањето на кучето од зграда во Тетово, утврдила истрагата на МВР - нема одговорност со име и презиме

Кучето кое беше снимено како паѓа од седми кат од тетовска зграда бил несреќен случај, посочи техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој кажа дека не може таму да се бара име и презиме, бидејќи станува збор за касус. „Имаше трагичен случај, каде куче во Тетово паѓа од шестти-седми кат, хорор беше сликата која ја видов. Таму се вклучија луѓе, не само од СВР Тетово, туку и од Скопје. Согласно информациите кои ги добив, колку и јавноста да бараше име и презиме на потенцијален сторител на одредено кривично дело - факт е дека кучето било испровоцирано од пожарникари, кои сакале да го извлечат кучето, а истото во позиција на касус, несреќен случај - загинува како што загинува. Сега не можам јас затоа што јавноста очекувала да има име и презиме предметниот настан, кога фактите говорат дека е касус, не можам да излезам од таа фактичка состојба“, кажа Тошковски во „Претрес со Ландов“.https://youtube.com/live/SEe5qCrROFU?feature=shareИстовремено, денеска во 11 часот на булеваорт Благоја Тоска во Тетово ќе се одржи протест.„Само во Македонија може да помине неказнето екстремно насилство врз бездомно животно кое длабоко потресе илјадници граѓани, очевидци и нанесе страотно страдање и болна смрт на несреќно животно . Убивте бездомно мирно куче, убивте човеков најдобар пријател. Само во Македонија може мирно да се преспие и институциите да не превземат ништо! Ова што се случи во нашиот град е непростлива суровост над невино живо битие од страна на инвеститорот на зграда во изградба и службени лица, пожарникари, кои секаде во светот се синоним за хуманост – а тука кај нас во Тетово, Македонија ставиле пред свршен чин преплашено куче да се фрли од зграда за да им избега и да се спаси“, велат организаторите на протестот.

Македонија | пред 1 година

2-2

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши со новоименуваниот амбасадор на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој

Денеска, (29.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој.Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција, со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на министерството за внатрешни работи, за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот Договор за соработка во областа на безбедноста кој е во фаза на заемно усогласување.

Македонија | пред 1 година

6f9748c3-834a-4c7e-8bd7-db3dd9cf152f-1

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на министерот Панче Тошковски

Првиот „Претрес“ во живо е со Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи. Следете во живо. Можете да поставите и прашања на јутуб во коментари: 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

,,Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата.Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.", вели Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Тошковски на средба со раководството на СВР Штип

Денеска (20.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Штип каде одржа работен состанок со раководството на СВР Штип, а ги посети и Отсекот за управни работи Штип.На состанокот се разговараше за движењето на криминалот на подрачјето што го покрива СВР Штип и мерките и активностите што се преземаат за одржување на поволна безбедносна состојба и во тој контекст беше потенцирано дека има зајакнати контроли на експресниот пат каде често се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.Во однос на човечките ресурси и материјално-технички средства раководството за СВР Штип се пожали на слабата кадровска пополнетост и недостаток на возила кои им се основна алатка за работа.Што се однесува до спроведувањето на изборите, министерот Тошковски ја потенцираше заложбата за постапување исклучиво согласно законските прописи и во тој контекст полициските службеници треба да бидат гаранција за овозможување на услови секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас.Во делот на управните служби постапките за издавање на лични документи се одвиваат нормално и без поголеми гужви и покрај тоа што овие служби функционираат во ограничени просторни услови.Во рамки на посетата на СВР Штип министерот Тошковски заедно со Отсекот за превенција, на случајни минувачи им поделија флаери со едукативна содржина кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на соработката со полицијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тошковски: Новиот Оддел за форензика се уште не е ставен целосно во функција

Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при министерството за внатрешни работи се уште не е целосно ставен во функција, а голем дел од вработените во овој оддел работат во старите објекти на министерството, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Зградата за форензика е донација колку што имам информација од ЕУ во делот на изградбата на истата, меѓутоа таа зграда не е ставена во функција целосно и се уште добар дел од лабораториите, оние чисти соби, технички капацитети, вентилатори итн коишто треба да ги има, а се суштествен дел од опремата којашто треба да ја имаат луѓето кои што работат во овој дел во рамки на министерството за внатрешни работи, ги нема, не се обезбедени. Луѓето се уште се во старите објекти. Во новиот дел се префрлени само дел од колегите, но добар дел од колегите се уште не се префрлени и ги нема соодветните услови кои што треба да ги има овој објект“, појасни Тошковски во интервју за Телевизија Алфа.Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи е изграден со донација од ЕУ, во вредност од 3,6 милиони евра.За нефункционалниот систем на работа во министерството за внатрешни работи, Тошковски најавува работење по мерит систем, работа по закон, со искуство и со максимално воведување на предностите кои што ги носи 21 век.„Со љубов кон Македонија и со љубов кон својот народ, со чесен пристап, со работа и со труд сé се решава“, додава тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на IACLEA

Денеска (19.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски имаше воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA). Овој симпозиум ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи.Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал, министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека:„Географијата нé прави соседи. Историјата нé прави пријатели. Економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности - нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија - регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини.“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања