Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

тошковски

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, нека им е со среќа

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот рече:„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ, сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многудобро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста”.Освен за министерот Тошковски, од „Европскиот фронт“ вчера поднесоа интерпелации и за неговиот заменик Астрит Исени, како и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Се поедноставува добивање дозвола за оружје, а од МВР отказ добиваат околу 15 вработени

Избркани се околу 15 високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.Познато е дека предметите биле чувани во фиока со години, за што, по доаѓањето на Тошковски, се водела и истрага. Во иднина, издавање на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски.Тошковски нагласи дека податоците за проверка на условите ќе се обезбедуваат автоматски преку МВР и Министерството за правда, што ќе спречи било какво влијание од страна на поединци.

Македонија | пред 1 година

1-5

Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.„Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела.

Македонија | пред 1 година

2-7

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.„Денеска сме во рамки на Полициското одделение на територија на Општина Сарај и како што и најавивме освен што започнавме со отворање на управни служби во рамки на Општина Јегуновце, Општина Липково, еве денес и во рамки на Општина Сарај започнуваме со спроведување на севкупната акција која е насочена кон доближување на услугите на министерството за внатрешни работи до граѓаните. Од денес, граѓаните на Општина Сарај ќе можат реално да пристапат во рамки на својата Општина, да не треба да патуваат до пунктовите во рамки на градот Скопје, поедноставно и побрзо да го завршуваат процесот на вадење на лични документи. Овде ќе може да се заврши целосниот процес од отпочнување на постапката се до земање на документот“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски нагласи и дека се планира со новиот закон за внатрешни работи и полиција, Полициското одделение во Сарај треба да прерасне во Полициска станица со што ќе се зголеми бројот на полициски службеници што ќе резултира со зголемување на безбедноста во самата општина и околните места.

Македонија | пред 1 година

toshkovski-r-1

Тошковски - Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Микалис Рокас.Министерот Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.„Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи“, потенцираше министерот Тошковски.Амбасадорот Михалис Рокас ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди. Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_6834

Тошковски: Отворен нов регионален К9 центар за обука и сертификација со поддршка од Мисијата на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (30.09.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров се обрати на отворањето на регионалниот К9 центар за обука и сертификација.Отворањето на овој центар е една од најзначајните активности во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РСМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, проект што се имплементира со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Министерот Тошковски на почетокот ја потенцираше одличната соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи, која е од огромно значење за развивање и спроведување на политиките за современ систем на безбедност.„Овој регионален центар е многу значаен за Македонија, како од аспект на стратешко делување во рамки на министерството така од аспект и на оперативно делување на полицијата. Со овој комплекс реално ќе се зголеми капацитетот и на спроведување на голем број полициски активности кои се изведуваат со употреба на кучиња. Соработката којашто ја имаме со ОБСЕ е круцијална во подобрување на капацитетите на министерството во сите аспекти и преку големиот број заеднички проекти тој капацитет постојано се унапредува,“, нагласи министерот Тошковски.Министерот Тошковски истакна дека во претходните фази на овој проект е пренесено значително знаење и опрема кон министерството, како специјализирани возила и приколки наменети за службени кучиња, опрема за обука, возила и специјална опрема за деактивирање на огнено оружје, машина за маркирање и сертификати за деактивација на огнено оружје, како и изготвените документи за оперативни процедури, прирачници, упатства и медиумски кампањи.„Преку великодушната финансиска поддршка од донаторската заедница, а особено од САД, Германија, Европската Унија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка, Проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за МАСО ја покажува нашата силна посветеност кон зајакнување на оперативните и капацитетите за детекција на оружје на полициската единица за кучиња трагачи. Мисијата на ОБСЕ е посветена на континуирана професионализација и развој на полициските единици за кучиња трагачи, фокусирајќи се на детекција на мало и лесно оружје”, рече Сусан Пенкса, заменик-амбасадорка на ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски: МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски изјави дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.,,Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата.", рече Тошковски.Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на кои што ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.,,Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции кои што се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР кој што исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за кое што има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра.", вели тој.

Македонија | пред 1 година

toskovski

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.09.2024) во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки.Исто така, министерот Пинтер упати покана до министерот Тошковски да уќествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, која ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година.

Македонија | пред 1 година

IMG_6638

Министерот Тошковски во посета на Комората за приватно обезбедување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (20.09.2024) беше во работна посета на Комората за приватно обезбедување, каде меѓу другото истакна дека Министерството за внатрешни работи, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.„МВР навремено да ги детектира сите можни нови форми на соработка кои се подеднакво во интерес како на приватната така и на јавната безбедност“, потенцираше министерот Тошковски при посетата на Комората на приватно обезбедување.Акцент беше ставен на потребата од постојаната стручна и професионална надградба како на процесите така и на самиот човечки кадар во дејноста на приватното обезбедување и постојаниот контакт и размена на искуства и стручна соработка.За време на посетата на Комората на приватно обезбедување беше потенцирано дека соработката меѓу Министерството и Комората е добар пример за меѓуинституционално партнерство со високо ниво на комуникација со конкретни резултати во функционирањето.

Македонија | пред 1 година

IMG_6607

Министерот Тошковски на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес

Денеска (17.09.2024) делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот процес може да постигне синергија на индивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан како механизам за подготовка за пристапување кон ЕУ.Во рамки на сесијата посветена на борбата против нерегуларна миграција како и нелегално криумчарење мигранти, министерот Тошковски истакна дека миграцијата и миграциските движења веќе подолго време се еден од главните предизвици, не само за регионот на Западен Балкан, туку и за Европа и дека е неопходна координација на сите постоечки иницијативи и мерки за справување со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, и тоа не само од страна и во регионот на Западен Балкан, туку и на ниво на Европската унија и нашите меѓународни партнери.Во обраќањето во рамки на сесијата за борба против организиран криминал, министерот Тошковски подвлече дека без оглед дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици... навистина е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал и брзата размена на информации меѓу службите. Во таа заедничка борба против организираниот криминал, а особено кога станува збор за следењето на парите и финансиските структури на организираните криминални групи, од есенцијална важност е да се интегрираат сите надлежни институции, развивајќи на тој начин систем за рано предупредување како моќна алатка во борбата против организираниот криминал и другите незаконски активности.На маргините на Министерската конференција, предвидена е билатерална средба со министерот за миграција и азил на Елинската Република, г. Николаос Панајотопулос.

Македонија | пред 1 година

IMG_6418

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.09.2024) оствари работна средба со вршителот на должност амбасадор на Република Словенија, Ѓиле Вишај и помошник на генералниот директор на словенечката полиција, Јоже Сеница. На средбата присуствуваше и новоназначеното полициско аташе на Република Словенија.Министерот Тошковски се заблагодари за поддршката на Словенија за нашата држава, како наш најголем поддржувач и промотор во евроинтегративниот процес, а беа потенцирани и традиционално добрите односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи. Посебно беше акцентирана помошта што Словенија ни ја даде во справувањето со пожарите.На средбата се разговараше и за динамиката за имплементација на заедничките проекти на македонската и словенечката полиција во следниот период, а стана збор и за приоритетните цели на МВР, како што се безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, ефективна имплементација на модерен интегриран систем за гранично управување, борбата со илегалната миграција како заеднички проблем, дигитализирање на голем дел од процесите во МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_6407

Министерот Тошковски: Ветено-сторено, гужвите за вадење на лични документи веќе се минато, апел до граѓаните за промена на возачките дозволи до крајот на декември

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (03.09.2024) беше во посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ со цел на утврдување на фактичката состојба во делот на издавањето на лични документи. Од констатираното на лице место утврдено беше дека гужвите со издавањето на лични документи е надминато и севкупната состојба е вратена во нормала.„Ветено-сторено. Она што го најавивме пред два месеци, дека сето она што требаше да следи од аспект на издавање на лични документи е основно човеково право и право на македонските граѓани, дека ќе го вратиме во нормала се исполни. Од оваа седмица натаму секој македонски граѓанин, ќе поднесе барање за издавање на некој личен документ како лична карта, партна исправа, возачка дозвола, ќе може да ги оствари во рамки на она законско право, во рок од 15 дена. Тешко беше, требаше полициските службеници да работат вонредно во две смени, да дадат се од себе и оддавам огромна благодарност до нив. Македонските граѓани заслужуваат еден достоинствен начин на вадење на документи и отсега натаму во рамки на законски дозволениот период.“, потенцираше министерот Тошковски.Мнисерот Тошковски информираше дека на територија на целата држава досега се променети над 1.750.000 патни исправи, над 1.450.000 лични карти и над 750.000 возачки дозволи.Воедно министерот Тошковски уште еднаш потсети дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и апелираше граѓаните да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Министерот Тошковски потенцираше дека сите капацитети и шалтери на управните служби на министерството функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок, без никакво доцнење и гужви.

Македонија | пред 1 година

IMG_6403

Министерот Тошковски на средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.09.2024) оствари работна средба со директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун. На средбата присуствуваа и високи претставници на компании од одбранбената индустрија на Турција.На средбата, турската делегација ги претстави капацитетите и можностите што ги нуди турската одбранбена индустрија како лидер во регионот, во насока на опремување и зголемување на капацитетите на министерството во борбата против тероризмот, транснационалниот организиран криминал и нелегалната миграција.„Турција е еден од нашите најблиски партнери, заедно сме во НАТО, а нашиот взаемен пријателски и партнерски однос е верифициран со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка, на која двете држави остануваат посветени. Ги разгледуваме можностите за соработка со турските компании производители во одбранбената и безбедносната индустрија за унапредување на капацитетите на нашата полиција. Градиме модерна и опремена европска полиција која ќе овозможи безбедност за секој граѓанин, бидејќи функционалноста на безбедносниот систем е предуслов за функционирање и напредок на правната држава и благосостојбата на нејзините граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски ги претстави приоритетите на МВР во делот на дигитализацијата, континуирани обуки на вработените и јакнење на капацитетите за интегриран систем за гранично управување. Во таа насока директорот Ѓорѓунги презентираше можностите и решенијата што ги имаат развиено и имплементирано со примена на најнови технологии како вештачката интелигенција.

Македонија | пред 1 година

IMG_6394

Тошковски на терен заедно со полициските службеници кои ја одржуваат безбедноста на главниот град: За една седмица лишени од слобода 67 лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (01.09.2024), ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град“, во рамки на оперативната акција за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје, така и во целата држава.Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, без разлика дали се работи за сообраќајни прекршоци, нелегална трговија со дрога и оружје, вандализам итн. Законот важи подеднакво за сите и сите оние кои ќе го прекршат ќе ги сносат последиците за своите постапки.Во рамки на акцијата за враќање на безбедноста во град Скопје до сега од нејзиниот почеток на 24.08 до 01.09.2024 полициските службеници во рамки на своите надлежности извршиле преглед на 987 лица, 452 патнички моторни возила и моторцикли.Притоа, лишени од слобода се 67 лица. Од нив 40 лица по член 215 од кривичниот законик. Четири лица се приведени поради кршење на законот за оружје. Полициските службеници пронашле и лишиле од слобода седум лица барани по потерница и седум лица барани по други членови од кривичниот законик...Министерот Тошковски со полициските службеници разговараше и за проблемите со кои се соочуваат на терен, како недостаток на материјално-технички средства и ги информираше дека раководството на министерството работи интензивно на создавање услови за обезбедување на сите неопходни средства како нови униформи, возила за ефикасност во обезбедување на безбедноста на сите граѓани.

Македонија | пред 1 година

IMG_6326

Министерот Тошковски на Џорџ Маршал безбедносниот форум во Охрид: Безбедносните предизвици ги надминуваме во соработка со нашите партнери

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (31.08.2024) учествуваше на традиционалниот „Охридски безбедносен форум“ во организација на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии, а во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии и амбасадите на САД и СР Германија.Министерот Тошковски во обраќањето истакна дека заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на своите разлики и продолжување на својот пат кон евроатланска интеграција.„Како членка на НАТО, безбедноста и стабилноста значително се унапредија како за нашата земја така и за целиот регион. Многу потесно соработуваме со сите наши соседи кои се членки на Алијансата и заеднички придонесуваме кон самото функционирање н развој на Алијансата“, потенцираше меѓу другото министерот Тошковски.Тошковски во обраќањето ги дефинираше главните безбедносни закани, трендови и предизвици со кои се соочува нашата земја како организираниот криминал и корупција, илегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот на мигранти...„Илегалната миграција и различните форми на прекуграничен криминал се едни од нашите главни предизвици како министерство. Тука можам да ги спомнам и хибридните закани кои се регионални и глобални и преку неконвенционални акции, психолошки и сајбер напади, шпионажа, ширење на дезинформации чија цел е создавање на перцепција на несигурност и недоверба на граѓаните во демократските институции. Да се потсетиме на хибридните напади кои што ги имавме во 2022 и 2023 година на територија на целата држава“, подвлече министерот Тошковски.Тошковски истакна дека со цел да се намали можноста за ширење на лажни вести, шпекулации и паника, МВР во склоп на своите надлежности редовно ги информира граѓаните и во таа насока го подвлече фактот дека за 2024 година министерството за внатрешни работи достигна 95.7% индекс на активна транспарентност, што го става во најдобрите три владини институции во транспарентност и отчетност пред граѓаните.На крај Тошковски ги спомна и останатите предизвици со кои се справува министерството како тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам во сите свои форми - национален, политички и религиозен и подвлече дека останува посветено, заедно со другите земји од Западен Балкан и регионот и пошироко преку тесна соработка со сите меѓународни безбедносни институции да се бори во надминување на тие предизвици и обезбедување безбедност за сите свои граѓани.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања