ТОШКОВСКИ

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

,,Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата.Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.", вели Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Тошковски на средба со раководството на СВР Штип

Денеска (20.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Штип каде одржа работен состанок со раководството на СВР Штип, а ги посети и Отсекот за управни работи Штип.На состанокот се разговараше за движењето на криминалот на подрачјето што го покрива СВР Штип и мерките и активностите што се преземаат за одржување на поволна безбедносна состојба и во тој контекст беше потенцирано дека има зајакнати контроли на експресниот пат каде често се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.Во однос на човечките ресурси и материјално-технички средства раководството за СВР Штип се пожали на слабата кадровска пополнетост и недостаток на возила кои им се основна алатка за работа.Што се однесува до спроведувањето на изборите, министерот Тошковски ја потенцираше заложбата за постапување исклучиво согласно законските прописи и во тој контекст полициските службеници треба да бидат гаранција за овозможување на услови секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас.Во делот на управните служби постапките за издавање на лични документи се одвиваат нормално и без поголеми гужви и покрај тоа што овие служби функционираат во ограничени просторни услови.Во рамки на посетата на СВР Штип министерот Тошковски заедно со Отсекот за превенција, на случајни минувачи им поделија флаери со едукативна содржина кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на соработката со полицијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тошковски: Новиот Оддел за форензика се уште не е ставен целосно во функција

Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при министерството за внатрешни работи се уште не е целосно ставен во функција, а голем дел од вработените во овој оддел работат во старите објекти на министерството, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Зградата за форензика е донација колку што имам информација од ЕУ во делот на изградбата на истата, меѓутоа таа зграда не е ставена во функција целосно и се уште добар дел од лабораториите, оние чисти соби, технички капацитети, вентилатори итн коишто треба да ги има, а се суштествен дел од опремата којашто треба да ја имаат луѓето кои што работат во овој дел во рамки на министерството за внатрешни работи, ги нема, не се обезбедени. Луѓето се уште се во старите објекти. Во новиот дел се префрлени само дел од колегите, но добар дел од колегите се уште не се префрлени и ги нема соодветните услови кои што треба да ги има овој објект“, појасни Тошковски во интервју за Телевизија Алфа.Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи е изграден со донација од ЕУ, во вредност од 3,6 милиони евра.За нефункционалниот систем на работа во министерството за внатрешни работи, Тошковски најавува работење по мерит систем, работа по закон, со искуство и со максимално воведување на предностите кои што ги носи 21 век.„Со љубов кон Македонија и со љубов кон својот народ, со чесен пристап, со работа и со труд сé се решава“, додава тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на IACLEA

Денеска (19.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски имаше воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA). Овој симпозиум ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи.Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал, министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека:„Географијата нé прави соседи. Историјата нé прави пријатели. Економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности - нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија - регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини.“

Македонија | пред 1 година

1

Тошковски: Дали намерно 6 години ги оставиле нефункционални термалните камери на граничните премини за да помогнат на шверцот?

„Ај што кубурат со човечки ресурси полициските станици на граничните премини, таму термалните камери не им работат и ова е сериозна работа којашто треба да не загрижи сите. Термалните камери ги имале на неколку пункта, а опсегот е значително голем и може да констатираат движење на како што ми беше кажано од еден од началниците таму, глушец да помине ќе го детектира или пак можеме по физикус и локалните жители да ги препознаеме, посочи началникот. Јас се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да помогнат на шверцот, не за да одмогнат“, истакнува министерот Тошковски.Според информациите коишто ги сподели Тошковски, најмалку 6 години не функционираат овие термални камери, информација којашто ја добил од командирите на северната граница на Македонија.„Системот е уништен, систем нема и ова се страшни факти кои што беа посочени до мене. Говорам за тоа што го констатирав со свои очи на северната граница, доколку не е така нека излезат и нека ме побијат со факти. Нека кажат дека има доволно човечки капацитети, нека кажат дека има доволно возила. И да не биде само ова, имаме друга полициска станица Јагуновце, немаат ниту еден компјутер за работење. Имаат само еден компјутер за безбедносните камери и истиот го користат и за изготвување на документи. Од пет полициски станици кои што ги посетив на граничните премини, само една била посетена од министер за внатрешни работи и тоа во 2016 година“, дополнува Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тошковски: Системот „Земи бројче“ дополнително ќе воспостави ред за фотографирање и издавање на лични документи

Денеска во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски го промовираа системот „Земи бројче“.Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација од денес целосно е ставен во функција има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи.„Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ“, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тошковски на одбележување 43 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од нејзиното формирање. По тој повод министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со членови на неговиот кабинет во кругот на Единицата присуствуваше на ова одбележување каде положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници и се потсети на жртвата кои тие ја дадоа за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава.САЕ “Тигар“ е посебна единица во рамките на Бирото за јавна безбедност која е формирана за планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот, решавање на заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица, апсење на опасни криминални групи, решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје, обезбедување загрозени ВИП личности и објекти, давање асистенција во борбата против организираниот криминал, како и спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.„Ваквите специфични задачи бараат високо ниво на подготвеност и поседување на специјални вештини кои со гордост можеме да кажеме дека ги поседуваат нашите колеги припадници на оваа Единица, а нивниот успех во работата не задолжува како менаџмент и понатаму да продолжиме со обезбедување на соодветни услови за работа и дополнително зајакнување на кадровските и технички капацитети.“, потенцираше министерот Тошковски на средбата со раководството на единицата.

Македонија | пред 1 година

1

Скандалозна одлука на Владата за поништување на мои 5 наредби, тврди министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски преку социјалните мрежи реагира на вчерашната одлука на Владата со која биле поништени пет наредби донесени од негова страна. За него оваа одлука на Владата скандалозна и спротивна на законите.,,Имено, една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес”, напиша министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4023

Тошковски од Атина: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Денеска (08.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со г-дин Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.На средбата се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тошковски тврди дека изјавата на Џафери е несериозна, а за пасош не се чека со јамболии и јоргани

Министерот Панче Тошковски изјави дека месечно се изработуваат од 75.000 до 80.000 пасоши, што е многу повеќе од претходниот месец.,,Најдоцна до средината на мај ќе се исцрпат обрасците што ги имаме. Целта е во насока да обезбедиме дополнителна количина, да продолжи континуитет, да не ги заклучуваме машините и да не се повтори состојбата што ја начекав кога стапив на функцијата пред еден месец. Потоа ќе пристигне поголема пратка на обрасци во јуни“, рече Тошковски.Министерот се пофали дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред.„Веќе не е хаотично со јамболии и со јоргани луѓето да чекаат пред полициските пунктови, туку си одат на закажани термини“, изјави министерот.Тошковски рече дека е несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека не се потребни измените на Изборниот законик оти има време да се извадат личните документи.,,Несериозно е особено имајќи предвид дека станува збор за потреба од утврдување согласно закон на можност со патните исправи со старото име до денот на изборите македонските граѓани да го остварат правото на гласање. Педесет дена ова што го говореше премиерот немаме заради тоа што на 18 март се затвора Избирачкиот список и до тој ден доколку не стапи во сила измена на законско решение на овие граѓани ќе им биде прекршено правото на глас,, изјави Тошковски.Тошковски се надева дека пратениците од СДСМ и ДУИ ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО - ДПМНЕ за усвојување на законските измени со коишто, како што рече, на над 100 илјади граѓани нема им се прекрши правото на глас.

Македонија | пред 1 година

4

Тошковски се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност во Скопје

Денес 07.03.2024 година Министерот за внатрешни работи се обрати на отворањето на Регионалната конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР каде ја истакна важноста од учеството на жените во безбедносните структури.Во своето обраќање министерот Тошковски потенцира дека иако жените се помалку застапени на раководни позиции во органите за спроведување на законот, што би можело да се припише на стереотипите поврзани со работењето во полицијата, сепак борбата за давање моќ на вработените жени во полицијата мора да продолжи, особено преку континуиран развој и унапредување на нивното знаење со примена на најдобрите практики, учество на бројни конференции посветени на родовото прашање, преку користење на родово чувствителен јазик со цел жените во полицијата да станат повидливи.На крајот од своето обраќање министерот Тошковски ги поздрави напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свесност за јазот кој сè уште постои меѓу мажите и жените во безбедносните професии, но воедно и за конкретните заложби кои ги преземаат за надминување на овој проблем.

Скопје | пред 1 година

1

Тошковски во посета на Полициската станица за граничен надзор Чашка

Денеска (06.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Полициската станица за граничен надзор Чашка, која е надлежна за надзор на дел од нашата северна граница кон Косово, каде одржа работен состанок со командирот и другиот раководен кадар на оваа станица.Од страна на раководството на ПС за ГН Чашка министерот беше запознаен со нивната работа и структура, при што му беа посочени и голем број на проблеми со кои секојдневно се соочуваат, поради кои се спречени соодветно да го извршуваат обезбедувањето на граничната линија во должина од 22км за која се надлежни. Во тој контекст, особено загрижува фактот што специјалната камера која е од големо значење за превенција и спречување на илегални преминувања, шверц и други криминални дејствија преку граничната линија е нефункционална повеќе години.Министерот Тошковски констатираше дека оваа полициска станица се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси и материјално-технички средства неопходни за квалитетен надзор на граничната линија која ја покрива, со што практично се доведува во прашање функционалноста на полициската станица, а со тоа и безбедноста на државната граница.

Македонија | пред 1 година

IMG_3348

Бројот на издадени пасоши во Македонија го зголемивме за 28%, а фотографирани се 75% повеќе граѓани, тврди Тошковски

„Бројките не лажат!“, посочува техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Со чесен пристап, искрена намера и макотрпна работа, за помалку од еден месец успеавме значително да ги подобриме услугите во делот на издавањето на лични документи, па така бројот на издадени пасоши на ниво на целата држава го зголемивме за 28%, а бројот на фотографирани лица на територија на Скопје каде хаосот беше најинтензивен, го зголемивме за 75%.Во оваа прилика сакам да упатам апел до оние структури кои во изминатиот период постојано се обидуваа да ја релативизираат нашата работа, да престанат да шират лаги и манипулации и доколку не можат и не сакаат да помогнат во овој процес, најмалку што можат да направат е да не одмагаат“.

Македонија | пред 1 година

429853144_122125153526197509_8735405091680808127_n

(Фото) Тошковски на маса со Ченто и Пешов: Вистината е на нивна страна, борбата за правда не смее да запре

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, се сретна со Митко Пешов и Јане Ченто, осудени за „27 април“ кои издржуваат висока затворска казна. Тошковски го афирмираше познатиот став, дека двајцата ја имаат неговата поддршка.„Борбата за правда не смее да запре, се додека не се постигне конечната слобода. На тој пат овие луѓе не се сами и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, затоа што вистината е на нивна страна. Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени“, вели Тошковски.Јане Ченто во неколкунаврати досега побара фер судење, а да го гонат за дело кое што го сторил, а не за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тој посочува дека ќе дојде ден кога ќе се открие цела хајка која се водела против него, како и местенките од судските процеси.Истовремено, судот во Стразбур пресуди на страна на Пешов. Тој бил незаконски држен во притвор.

Македонија | пред 1 година

424983784_122122270670197509_1276808409513892012_n

Тошковски за Трајковски: Неговата визија за општество засновано на демократија, владеење на правото треба да нѐ инспирира и мотивира сите заедно

„Денеска заедно со пратеничката Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, положивме цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт“, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Неговата визија за општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија треба да нѐ инспирира и мотивира сите заедно да работиме во насока на нејзино остварување“, напиша Тошковски.Денеска се одбележува 20 годишнина од трагичната смет на Трајковски, членовите на Кабинетот и екипажот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања