Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

тошковски

toskovski

Тошковски најави трајно одземање на возила од 1 јануари 2026 ако изигравате нинџи низ улиците

Системот „Сејв сити“ ќе започне со работа на 1 јануари 2026 година и ќе овозможи автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци, најави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МРТВ.„Оние што мислат дека можат да се однесуваат како 'нинџи' на улиците – безобѕирно да управуваат моторни возила – нека знаат дека возилото ќе им биде одземено и трајно ставено во функција на институции како МВР, Министерството за труд и социјала, па дури и детска градинка ‘Цветче’“, рече Тошковски со ироничен тон, алудирајќи на прашањето што ќе се прави со скапи возила како „Ферари“.Министерот објасни дека новиот систем ќе испраќа известувања за прекршоци директно на мобилен телефон. Прекршителите ќе добиваат порака со датумот на прекршокот и линк за пристап до фотографски доказ. За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со 'Ферари' и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, додаде Тошковски.Системот „Сејв сити“ е дел од стратегијата за подобрување на безбедноста во сообраќајот и воведување на дигитална контрола во реално време.

Македонија | пред 6 месеци

arsovska-1

Добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон, вели Тошковски за Арсовска

Откако градоначалничката Данела Арсовска објави дека поднеле кривични пријави против УСЈЕ и други големи загадувачи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е добро што се разбудила од зимски сон.„Може доставила, може не, добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон“, рече Панче Тошковски, одговарајќи на прашање дали ги примиле кривичните пријави.Арсовска претходно објави дека спречила незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази. Според неа, институциите не постапувале.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски тврди дека нема скандал со униформите, негира врски на фирмата со неговата сопруга

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски.Тој посочи дека досега не се сеќава дека во Македонија има политичар кој е проверуван како работи уште пред да ја добие функцијата.„Во текот на вчерашниот ден, даден е одговор на сите обвинувања. Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани - согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите - се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.На крајот, тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.„Ги повикувам одделите при МВР и Обвинителството да ги истражат сите тендери кај што има сомнежи. Јас преземам сѐ што треба да преземам, се грижам за имплементирање на проектите“, рече Тошковски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски враќа удар: „Тендерот е чист, нема милионски исплати – нападите се политичка конструкција“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговори на обинувањата од СДСМ дека доделил милионски тендер на мала фирма. Тој посочува дека сѐ е според законот, а милионите кои ги посочуваат не се пари кои ќе се потрошат, туку максимална рамка до која може да се набавува, во наредните три години.„Во однос на обвинувањата поврзани со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, важно е граѓаните да ги знаат фактите, јасно, прецизно и без политички манипулации. Најпрво, важно е да се истакне дека МВР нема склучено договор за директна, еднократна исплата на наведената сума одеднаш, туку склучена е рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Разликата е клучна, самата рамковна спогодба не предизвикува директна финансиска обврска за Министерството, односно финансиски обврски се преземаат само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите. Исто така, една од главните „замерки“ е зошто не се барало долгогодишно искуство или поголем број вработени. Нашата логика е јасна и е исклучиво во интерес на државата, а тоа е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап. Премногу строги критериуми често ги елиминираат малите и средни претпријатија, кои во Македонија се најконкурентни и често можат да понудат најдобри цени. Наша цел е да добиеме најдобар квалитет по најповолна цена, а тоа го постигнуваме со овозможување на поширок круг на понудувачи. Законот за јавни набавки не предвидува исклучување на фирма само поради тоа што е новорегистрирана или има помал број вработени и ние целосно постапуваме согласно неговите одредби. Наместо само на историјат на понудувачите, ние се фокусиравме на она што е најважно, реалниот квалитет на производот. Затоа, клучните услови беа задолжителна достава на мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач мораше да достави примероци од униформите и делови од униформа, а мострите беа предмет на лабораториски анализи и испитувања од независни акредитирани лаборатории“, вели Тошковски.Покрај квалитетот, клучен фактор е и цената.„Анализата покажа дека разликата помеѓу највисоката и најниската понудена цена во постапката е 14,4% за дел 1 и 27,9% за дел 2 од набавката, што ја потврдува конкурентноста на тендерот и добиените поволни цени. За да се обезбеди дополнителна сигурност, за секоја поединечна нарачка се бара банкарска гаранција од 5% од износот на таа конкретна нарачка. Ова е дополнителен механизам за заштита на буџетските средства и осигурување на квалитетот и навремената испорака. Целата постапка беше максимално транспарентна, со продолжување на рокот за поднесување понуди, од 32 на 55 дена, за да се обезбеди фер шанса за сите. Дополнително, постапката беше предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не беа најдени никакви неправилности. Јасно е дека нападите кои се шират овие денови не се резултат на вистинска загриженост за законитоста, туку обид за политичка конструкција и дефокус од вистинските реформи. Наместо идеи и решенија, повторно гледаме координирани напади, дезинформации и обвинувања без основа, сè со цел да се фрли сенка врз процеси кои за првпат се водат со целосна транспарентност и отчетност. Кога СДСМ и Левица, партии со спротивставени реторики и интереси, ќе се најдат на иста страна, тоа не е коинциденција, туку потврда дека сме на прав пат“, додаде тој.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски зборуваше за маршот во Скопје, на родителите чии деца загинаа во трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека тоа што родителите на загинатите во трагедијата во Кочани не дошле случајно да протестираат во Скопје на денот на кој Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа.Тошковски вели дека луѓето биле организирани да одржат протест во Скопје тој ден, од страна на опозицијата, пренесува Слободен печат.Министерот вчеравечер во гостување на „Алфа“ рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозиција сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.„Навистина, јасно е сето на коешто го направија. Па, гледаат луѓето. Секој еден Македонец кој што го следеше оној ден со интерпелацијата… Што сакаат, да веруваат дека не случајно ги организираа луѓето да дојдат на денот на интерпелацијата, а дел од тие луѓе не знаеа дека има интерпелација за министер за внатрешни работи? Не случајно имаше списоци кај одредени луѓе коишто поставуваа одредени прашања, кои беа поставувани како што беа поставувани. Јас не знам каде ќе им оди душата на овие… ништо не можам да кажам друго освен политички лешинари со овие дејства кои очигледно ги преземаа?“, рече Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.46.16

(Видео) Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски, тој останува министер: само 20 пратеници беа „за“

Не помина интерпелацијата на Панче Тошковски во Собранието, а тој останува министер за внатрешни работи. Само 20 пратеници гласаа „за“, а 72 гласаа „против, а немаше „воздржани“.„Собранието не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“, рече собранискиот спикер, Африм Гаши.Интерпелацијата, образложи пратеникот од Левица Сашко Јанчев, е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. -Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои, рече Јанчев. Останатите пет основи за интерпелацијата се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и, како што велат, на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со ннепотизам и кронизам.Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.02.03

(Видео) Полицаец почина вечерта во Пулс, татко му се вика Венко, прашајте го него зошто не поднесов оставка - не ги напаѓајте полицајците, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани. Тој се врати на седницата каде се расправа за негова интерпелација.„Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, полицаец почина вечерта, Тоше се викаше. Татко му се вика чичко Винко. Прашајте го него зошто не поднесов оставка. Трето, ќерка на полициски службеник почина во несреќата. За мене зборете што сакате имате легитимно право на тоа, поставувајте прашања, но кога ќе поставите прашање, внимавајте дека претходно МВР немаше ниту една кривична пријава за загинатите во претходните трагедии, а сега има. Вие сте тие што предизвикувате болка дополнителна на овие семејства. Немојте да ги напаѓате полициските службеници. Полициски службеник загина во Кочани, еден го изгуби своето чедо во Кочани. Секој кој има одговорност, ќе одговара“, рече Тошковски.На ова врати Јована Мојосовска, пратеничка од Левица.„Не ја обвинив целата полиција туку тие корумпирани началници и полицајци, кои не виделе дека на диво работи таа дискотека, без опрема. Тие се срам на полицијата. Јас за нив поставив прашања. Секогаш ќе бидам гласна кога ќе ставате за командир, лице кое е братучед на пратеничка, ќе бидам гласна кога враќате да биде командир лице кое пукаше со пушка, а пратеникот Ковачки викаше дека тој е срам на полицијата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме, без сила, без деца останавме. Нека излезе овде“, рече една од мајките, а таткото на трагично загинатиот Андреј рече: „Немаа ли услови, едно литро нафта да дојдат пред Владата? Изгубени деца, изгубени ние, да доаѓа“.Надвор, излезе министерот Панче Тошковски. Тој им кажа на родителите дека се сочувствува со нивната болка.„Болката не се опишува со збор“, рече Тошковски, а таткото кој го изгуби синот единец, рече „Не знаете како е да го изгубите дете. Сум спечалил една куќа и кола да му дадам“.Потоа, беше побарана и морална одговорност од него.„Нели може да понесете барем морална одговорност?“, го праша кочанчанец кој изгуби посинок.Потоа се надворза и мајка со прашање: „Дали се безбедни нашите деца?“, а министерот рече: „Не сум човек како што побараа некои луѓе.. ве замолувам да седнеме да разговараме, да ја тргнеме политиката, да разговараме за сите работи кои ве интересираат, цел ден ако треба, цела недела, цела година. Ве замолувам“.Потоа, посочи дека по трагедијата, навистина сакал да даде оставка од морални причини и објасни зошто тоа не го сторил. Според минситерот, предомислувањето дошло по погребот на полицаецот кој исто така загина во трагедијата додека бил на должност критичната вечер.Им вети дека за два месеци ќе може да зборува и ќе им каже сѐ, а сега би ја загрозил истрагата. Посочи дека и тој е револтиран, дека и него му плаче душата, исто како што плачеле и неговите две деца по трагедијата.„Ве разбирам дека имате гнев и немате доверба. И јас немам доверба, и јас сум немал доверба. И јас сум гневен и јас сум бесен и мојава душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски.Потоа една од мајките кажа уште не добиле обдукциски извештаи.„Истрагата нема никого да поштеди, никого, а за кого има докази. Да ми верувате на зборот“, рече Тошковски, а кога некои од лицата рекоа дека не веруваат, тој рече „Имате право и на тоа“.Министерот Панче Тошковски им укажа на родителите на загинатите деца за истрагата, па настанаа тензии.„Актуелен министер е осомничен, актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на ДЗС е осомничен, актуелен градоначалник е осомничен, и претходните градоначалници. Јас се извинувам што морам да бидам на ниво на позицијата која ја имам, и не можам да споделам се што знам и да ја нарушам истрагата. Не можам сега, ама ќе можам. Правда од овој случај мора да имаме. Ако сакаме да имаме нормална држава, мора да има правда“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-10.28.40

(Видео) Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој упати апел до возачите.„Да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула“, додаде тој.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Левица се храни со народниот гнев, СДСМ при три трагедии имаат 0 кривични, а каде е Груби кој одговараше само пред Ахмети сега да одговара пред законите?

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори на нападите кон него, а п поднесената интерпелација од Левица, поддржана од СДСМ.Неговата објава во целост:„Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано ги насочија кон мене сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса. Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики.ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци. Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам:Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ.И сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе. И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале.Но најинтересна е улогата на Левица, политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Левица, која со години не пропушта можност да се претстави како алтернатива, всушност е само уште една алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одземаа иднината. Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници.Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.Ова не е само моја битка, ова е наша битка. Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли.Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што и е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме“.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Обвинителството и МВР не може да ги претвориме во „преки суд“ за политички поени на некои недобронамерници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират за трагедијата во Кочани се обидуваат да ја манипулираат јавноста. Посочува дека се постапува за над 50 осомничени, но истрагата не е завршена, сѐ уште трае, а обвинителите, според него покажале дека навистина можело да се работи и поинаку.Тошковски повтори дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.„Истрагата не е завршена. Ние не можеме, Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ (Одлука по кратка постапка без докази, итна постапка) зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка”, рече истакна Тошковски.Тој повтори дека никој нема да биде толериран или изземен од истрагата.

Македонија | пред 7 месеци

pance-toskovski-1

Левица поднесе интерпелација за Тошковски, работел непрофесионално и несовесно

Левица поднесе интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Велат, ова е поради несоодветно извршување на својата функција.Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што, според Левица имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.„Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изразито законска обврска на МВР”, рече Јанчев.Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.„Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци”, вели Јанчев.МВР потфрлила и бидејќи долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до, како што кажа ДПМНЕ.Според Јанчев, министерот Тошковски има директна командна одговорност.Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за издадени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа.Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот, според Левица е катастрофална кадровска политика, исполнета со непотизам и кронизам.„Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК”, рече Јанчев.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-14.51.32

(Видео) Џафери се налути оти се зборува за трагедиите од минатите години и му рече на Тошковски: Води сметка за односот кон мене

Пратеникот Талат Џафери му постави пратеничко прашање на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во однос на трагедијата во Кочани и моралната одговорност. Тошковски одговори, а Џафери му се налути.„Добро е да ме слушате, јас ве слушав кога ми го поставувавте прашањето. Еднаш засекогаш, треба секој што има надлежност според закон да си ја работи работата. Секој еден, македонски граѓанин, заслужува да живее во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. И одговорност, а ќе ја видат, за сите четири предмети“, рече Тошковски.„Јас ти кажувам кога ќе се обратиш на пратеник, а особено за мене, да водиш сметка на односот, прво меѓучовечки и ти и било кој. Ако сте навикнати како министри да дојдете и така да ги вреѓате, и ти и сите кои доаѓате.. Друго јас си поставив најкоректно можно прашање за она што ви е надлежност. И ако е така како што велиш, дека чувствуваш морална одговорност, уште сега, стани овде, поднеси оставка и тоа ти е моралната одговорнсот“, рече Џафери.Нему му пречи што се зборува за траедијата во Модуларната болница во Тетово.„Кога ќе се работи за политички поени, ќе го мотаме Тетово, Тетово.. Оставете, не ги убивајте по вторпат. Секој пат кога ќе ги споменете, ги убивате! Секојпат кога ќе ги споменете тие случаи по вторпат ги убивате! Секој пат ги убивате. Им нанесувате болка на тие фамилии. Земете поднесе процедура, Анкетна комисија нека се прави, да се види“, рече Џафери.

Македонија | пред 8 месеци

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот.„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен.. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години. Колку години упрауваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ.. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања