УКРАИНА

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Ројтерс: Украина подготви детална презентација за можната употреба на американските ракети

Според извори на агенцијата Ројтерс, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му презентира на американскиот претседател Доналд Трамп план за тоа како би се користеле ракетите со долг дострел „Томахавк“, доколку САД одобрат нивна испорака. Украинската делегација подготвила детална презентација со објаснување на стратегиската употреба на проектилите и начинот на кој тие, според Киев, би можеле „значително да го променат текот на војната“.Ракетите „Томахавк“ имаат домет од над 1.600 километри, што би ѝ овозможило на Украина да погодува цели длабоко во руската територија, вклучувајќи енергетски и воени објекти. Станува збор за оружје кое САД го имаат користено илјадници пати во Ирак, Авганистан, Јемен и други конфликтни зони.Зеленски во минатото изјави дека ударите врз цели во Русија може да се споредат со „долгорочни санкции“, особено ако се насочат кон енергетската и нафтената инфраструктура.Со ваквите ракети, Украина би можела да погодува руски воздушни бази и други објекти далеку од фронтот, наведува Ројтерс, што би претставувало ново ниво на стратешки капацитет.Сепак, не е јасно дали Трамп ќе биде убеден од украинската презентација. Иако претходно најави дека ја разгледува можноста за испорака, вчера изјави дека САД имаат ограничени залихи на „Томахавци“ и дека е „загрижен за нивното преголемо трошење“.Во меѓувреме, дипломатски извори потврдуваат дека разговорите меѓу Трамп и Путин во Будимпешта ќе бидат вториот обид да се отвори сериозен мировен дијалог, но без присуство на Украина, што предизвика критики од Берлин и Киев.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека „Украина мора да биде вклучена во секоја одлука што ја засега нејзината иднина“, додавајќи дека Европа очекува од Трамп и Путин „конечно да покажат сериозност“ во однос на мировниот процес.

Свет | пред 3 месеци

media-library2htgta7h0o9tclxCo91

(Видео) Руски напад со „Шахед“ дронови го разурнаа украинскиот воен аеродром во Криви Рог

Руските сили извршија напад врз воен аеродром во Криви Рог, каде, според наводите, се наоѓале авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција „РИА Новости“, повикувајќи се на координаторот на проруското „Миколаевско подземје“, Сергеј Лебедев.Украинските власти потврдија дека во Криви Рог одекнале повеќе од десет експлозии за време на воздушна тревога, но не спомнаа аеродром.„Изброени се околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозоватски, на северот од градот, каде што има пет авиони, меѓу кои и на НАТО. Од таму масовно се лансираат и дронови кон јужниот дел на Русија – Крим, Краснодарскиот крај и југот на Ростовската област“, изјави Лебедев.Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички јазол со неколку хангарски објекти и складишта со оружје.Украина: Криви Рог бил нападнат со повеќе од десет „Шахед“ дроновиКриви Рог бил под силен напад од иранските дронови „Шахед“, а забележани се повеќе од десет експлозии додека системите за противвоздушна одбрана биле активни, соопшти на „Телеграм“ претседателот на Одбранбениот совет на Криви Рог, Олександр Вилкул.„Криви Рог – масовен напад со дронови ‘Шахед’. Веќе има повеќе од десет експлозии и повеќе од десет дронови над градот“, напиша тој.„Русија и понатаму го тероризира животот во Украина“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален канал на „Телеграм“.Што се „Шахед“ дронови?Шахед“ (Shahed) се ирански беспилотни летала за самоубиствено дејство, познати и како „камиказа-дронови“. Русија ги користи во војната против Украина под својата ознака „Герањ-2“ (Geran-2).Тип: Ударни дронови исполнети со експлозивОпсег: До 2.000 километриБрзина: Околу 180 km/hНачин на дејство: Летаат ниско и се уриваат врз целта, предизвикувајќи голема детонацијаЦели: Енергетски објекти, инфраструктура и цивилни зониПотекло: Производство во Иран, модели Shahed-131 и Shahed-136Овие дронови се евтини, масовни и тешко се откриваат, па Русија ги користи за исцрпување на украинската противвоздушна одбрана. Кога се приближуваат, се слуша карактеристично зуење — поради што Украинците ги нарекуваат „мопеди на смртта„Ниту една ноќ без руски напади“„Ништо не се променило за Русија – таа и понатаму го тероризира животот во Украина. Рој дронови го погоди Криви Рог, со цел гаѓање на цивилната инфраструктура. Во нашето небо се појавија десетици други борбени дронови. Забележани се и проектили. Всушност, во последните недели нема ниту една ноќ без руски напади врз Украина. Повеќето цели се инфраструктурни објекти – дел од систематската кампања на терор против нашиот енергетски сектор“, стои во објавата.Зеленски нагласи дека Русија се обидува да го претвори овој дел од Европа во „остров на опасност и страдање за луѓето“ — што, како што рече, не смее да се дозволи.„Русија ќе биде принудена да го прекине војувањето тогаш кога повеќе нема да може да го продолжи. Вистинската подготвеност на Русија за мир не се гледа во зборови — такви на Путин никогаш не му недостасувале — туку во вистински престанок на нападите и убиствата. А токму тоа е нешто со што тој има проблем“, истакна Зеленски.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

Два руски проектила го погодија украинскиот полигон за обука – има жртви

Два руски проектила утрово го погодиле украинскиот полигон за обука, при што има жртви, соопшти Јужното оперативно командување на украинската армија, пренесе Kyiv Post. Точната локација и бројот на загинати засега не се објавени.Од украинската војска соопштија дека базата се наоѓала во заден, релативно мирен дел од земјата, но и покрај преземените мерки на претпазливост, губитоци не можеле целосно да се избегнат.„Поради непријателскиот оган, и покрај воздушната тревога, преместувањето во засолништа и другите безбедносни мерки, не беше можно целосно да се избегнат загуби. Надлежните служби работат на терен, а повредените се згрижени со целата неопходна медицинска помош“, стои во соопштението на украинското командување.Вооружените сили покренаа внатрешна истрага за утврдување на сите околности на нападот, кој се случил во текот на масовен комбиниран удар врз Украина. Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта биле детектирани 37 проектили – меѓу нив 28 балистички – и 320 дронови, насочени главно кон енергетските објекти во земјата, што предизвикало прекини во снабдувањето со електрична енергија низ повеќе региони.Според украинските власти, постројките за производство на гас во Полтавската област биле затворени по нападот, а последиците врз енергетскиот систем се сериозни – руските напади во последните месеци ја преполовиле украинската гасна продукција.Според податоците на Euromaidan Press, ова е шести ваков напад од јуни досега. На 12 август, руски проектил со касетна муниција погодил друг полигон за обука, при што загинал еден, а биле ранети најмалку 23 војници. Во јули, во сличен напад загинале тројца, а биле повредени најмалку 18 припадници на армијата. На почетокот на јуни, ракетен удар усмртил најмалку 12 војници и ранил повеќе од 60, што резултирало со оставка на тогашниот командант на копнените сили Михаило Драпатиј.

Свет | пред 3 месеци

media-librarykckkdglhkuar5LoKL8b

Киев тврди: Северна Кореја испратила војници за поддршка на руските операции во Украина

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските вооружени сили распоредиле севернокорејски војници за поддршка на операциите во северниот украински регион Суми. Според украинската новинска платформа United24 Media, овие единици дејствуваат од областа Курск во Русија и извршуваат извидувања со беспилотни летала, откриваат украински позиции и вршат корекција на артилериски оган на руските повеќецевни ракетни системи.Украинските сили, според истите извори, пресретнале комуникација помеѓу севернокорејски оператори на дронови и руско воено персонал, што претставува доказ за нивната координирана активност на фронтот. Главниот штаб наведува дека Москва продолжува да вклучува севернокорејски војници поради сериозните човечки загуби и неуспешната офанзива во регионот Суми. Киев објави дека ги документира сите случаи на учество на странски воени единици во руската инвазија и најави дека тие ќе бидат неутрализирани согласно меѓународното право.Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витаκер, изјави дека ангажирањето на севернокорејско воено персонал најверојатно нема значително да ја промени состојбата на бојното поле, но е јасен показател за слабостите со кои се соочува Русија.„Колку повеќе Северна Кореја се вклучува во војната, толку повеќе станува очигледно со какви предизвици се соочува Москва“, рече тој.Вклучувањето на севернокорејски единици, доколку се потврди, би значело нова етапа во соработката меѓу Москва и Пјонгјанг, која веќе опфаќа размена на муниција, ракети и беспилотни летала. Украина најави дека ќе ги достави сите докази за учество на севернокореј

Свет | пред 3 месеци

lukasenko-1

Украина може да исчезне како држава, вели Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба побрзо да се насочи кон преговори за да се спречи исчезнувањето на Украина како држава. Тој порача дека тоа го изнел на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Таџикистан.Лукашенко рече дека во последните денови добил информации кои, според него, укажуваат оти главниот проблем не е во САД, ниту во Русија или во европските лидери, туку во самото украинско раководство.„Мислам дека тој веќе почнува да го разбира тоа“, посочи Лукашенко, додавајќи дека е неопходно дејствување веднаш зашто одлагањето може да има катастрофални последици.„Потребно е да се делува сега, бидејќи Русија напредува на првите линии. Знам што кажувам, бидејќи тоа го гледам секој ден. Тоа може да доведе до исчезнување на Украина како држава“, изјави белорускиот претседател.Лукашенко предупреди и дека некои западни соседи на Украина имаат свои стратешки интереси и дека постојат сили кои, како што рече, себе си ги гледаат во западните делови на Украина. Тој оцени дека ситуацијата е многу тешка и повика на итни преговори:„Се надевам претседателот ќе ги прифати моите предлози и дека ќе сфати оти вистинските партнери на Украина ѝ се нејзините словенски соседи. Потребно е да седнеме на преговарачкиот чин и да најдеме решение.“Во врска со најавите за можни испораки на далекострелни проектили на Украина, Лукашенко повика на воздржаност и оцени дека такви потези може да доведат до значително ескалирање на конфликтот. Тој го опиша пристапот на САД како тактика која прво создава силен притисок, а потоа прави отстапки, и посочи дека не треба брзо да се верува дека констатираните наводи значат непосредна испорака на оружје.

Свет | пред 3 месеци

vojna-ukraina

Нова зимска офанзива: Русија ги прераспоредува силите, украинските дроновите се сè поефикасни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили добиле наредба да го нападнат градот Покровск во Донецката област, кој долго време е нивна цел. Истовремено, нападите се проширени и кон градот Купјанск. Воените експерти сметаат дека ова е вовед во нова зимска офанзива на Москва.Руските сили добиле наредба да ги нападнат нашите позиции по секоја цена. Поради тоа, нивните загуби драстично пораснале. Само во областа Покровск, нашите војници дневно уништуваат повеќе од 100 руски војници, изјави Зеленски.Тој додаде дека минатиот месец украинските безбедносни сили елиминирале над 3.000 руски војници и дека продолжуваат операциите за откривање шпионски мрежи и слабеење на руската воена моќ.Според Зеленски, украинските дронови со долг дострел стануваат сè поефикасни и веќе уништуваат повеќе руски системи за противвоздушна одбрана.Институтот за проучување на војната соопшти дека Русија прераспределила дел од своите сили – 41-та комбинирана армија е преместена од јужниот дел на Покровск кон правецот Новопавливка, каде што сега дејствува и целата 90-та тенковска дивизија.Според институтот за проучување на војната, ова прераспоредување може да биде подготовка за нова офанзива или стратегија за засилување на нападите во тој правец. Целта е да се срушат украинските позиции, да се зајакне линијата на фронтот и да се спречат украински контранапади – со цел подлабоко навлегување во Дњепропетровската област.

Свет | пред 3 месеци

rafinerija-rusija

Украина ги напаѓа руските нафтени постројки, Москва возвраќа со удари врз енергетиката

Дронови на украинската Служба за безбедност (СБУ) утрово ја нападнаа руската рафинерија на нафта во Република Башкортостан, предизвикувајќи силни експлозии и голем пожар, потврди извор за „Kyiv Independent“.Нападот се случува во момент кога Украина ја интензивира офанзивата врз руската нафтена и гасна индустрија – клучен извор на приходи што ѝ овозможува на Москва да го финансира војувањето.Цел на нападот било постројката „Башњефт-УНПЗ“ во градот Уфа, еден од најголемите руски центри за преработка на нафта, кој снабдува со гориво и мазива делови од руските вооружени сили. Според првичните информации, по неколку силни детонации избувнал пожар во единицата за преработка на сурова нафта ЕЛОУ-АВТ-6.Од изворите се дознава дека над постројката се издигнал густ црн чад, а на терен биле испратени противпожарни екипи. Степенот на штетата засега не е познат.Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска биле соборени пет украински дронови со фиксни крила над територијата на Башкортостан. Регионалните власти не дадоа информации за можни жртви или материјална штета.Нападот на рафинеријата, која се наоѓа околу 1.400 километри од украинскиот фронт, претставува нов удар на украинските дронови врз оваа руска република во изминатиот месец.Украинските дронови со долг дострел претходно повеќепати погодуваа енергетски објекти во регионот – петрохемискиот комплекс „Гаспром Нафтехим Салават“ беше нападнат на 18 и 24 септември, а на 12 септември украинската воена разузнавачка служба (ГУР) изврши напад на рафинеријата „Башњефт-Новојл“ во Уфа.Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, денеска изјави дека рускиот капацитет за преработка на нафта е намален за 21 процент поради украинските напади, а неколку руски региони се соочуваат со недостиг на бензин.Истовремено, Русија последните недели ги засили нападите врз украинската енергетска инфраструктура, што доведе до масовни прекини на струја во Киев и други градови.Овој нов бран меѓусебни напади го потврдува фактот дека вооружениот конфликт меѓу Русија и Украина сè повеќе се претвора во „енергетска војна на исцрпување“, во која рафинериите, електраните и гасните постројки се главни цели на двете страни.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

(Видео) Пеколна ноќ во Украина: Одеса во пламен по напад со над 100 дронови

Масовен руски напад со дронови ја погоди енергетската инфраструктура во јужна Украина, оставајќи десетици илјади граѓани без електрична енергија.Според украинското воено воздухопловство, руските сили во текот на ноќта меѓу среда и четврток испукале 112 дронови тип „Шахед“, од кои украинската противвоздушна одбрана обори 87, но 22 сепак ја погодиле целта на 12 различни локации, пренесува The Kyiv Independent. Во нападите загинале најмалку пет цивили, а 19 се повредени.Страшни снимки доаѓаат од погодените области, каде што по нападите врз пристаништето и енергетските постројки избувнале пожари и се пријавени повеќе повредени.Пожари избувнаа во две куќи, во административна зграда и на бензинска пумпа. Во пристаништето се запалија резервоари со растително масло и дрвени пелети, изјави гувернерот на регионот, Олег Кипер.Без електрична енергија останале околу 30.000 жители, а градот Чорноморск бил меѓу најтешко погодените. Таму се пријавени големи оштетувања на куќи и инфраструктура, а речиси целиот град останал без струја.Нападот е дел од нов бран руски удари врз украинската енергетска мрежа. Последните денови била погодена и централа во Нижинскиот округ, како и објект во градот Прилуки, каде што нема жртви, но над 61.000 лица останале без електрична енергија.

Свет | пред 3 месеци

rafinerija-rusija

Најголем украински напад: Зеленски ја погоди срцевината на Русија

Украински дронови и ракети со долг дострел го погодиле големиот фабрички комплекс за муниција, клучен нафтен терминал и важно складиште на оружје зад фронтот, соопшти денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.Украинскиот Генералштаб наведе дека ноќта го погодиле фабричкиот комплекс за муниција „Свердлов“ во регионот Нижни Новгород на западот на Русија, предизвикувајќи повеќекратни експлозии и пожар. Оваа фабрика снабдува руски сили со авијациска и артилериска муниција, авиобомби, како и противвоздушна и противтенковска муниција.Исто така, Украинците погодиле нафтен терминал на Крим, предизвикувајќи пожар, како и складиште на муниција на 18-та комбинована армија на Русија, соопшти Генералштабот.Руски властите потврдија голем украински напад со дронови над 14 руски региони, како и над анектираниот украински полуостров Крим и околу Црното и Азовското Море. Сепак, не дадоа многу детали, освен тврдењето дека противвоздушната одбрана успеала да собори 251 украински дрон, што укажува дека станува збор за еден од најголемите украински напади врз руска територија од почетокот на војната пред повеќе од три години.

Свет | пред 3 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

(Видео) Луѓе умираат, брутален руски напад врз Украина – Зеленски бесен: „Америка и ЕУ мора да делуваат!“

Русија синоќа изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина, при што загинаа најмалку пет лица, а голем број региони претрпеа сериозни оштетувања на инфраструктурата, соопштија украинските власти.Најтешко погодена беше западната област, која граничи со Полска – таму загинаа четири лица, а индустриски парк во главниот град Лавов беше опожарен. Делови од градот останаа без електрична енергија. Градоначалникот Андриј Садовиј ги повика граѓаните да не ги напуштаат домовите додека екипите се борат со повеќе пожари. Според новинар на Reuters, експлозии одекнувале во утринските часови, додека противвоздушната одбрана делувала од повеќе насоки.Во Запорожје, на југоистокот на земјата, една личност загина, а девет се повредени во комбиниран напад кој остави повеќе од 73.000 домаќинства без струја, изјави гувернерот Иван Федоров.Премиерката Јулија Свириденко соопшти дека цивилна инфраструктура е оштетена и во регионите Ивано-Франкивск, Виница, Чернихив, Херсон, Харков и Одеса.„Ова е уште еден намерен чин на терор против цивилите“, напиша таа на платформата X. „Москва продолжува да напаѓа домови, училишта и енергетски постројки – докажувајќи дека уништувањето е нејзината единствена стратегија.“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и лансирале речиси 500 дронови.„Русија повторно ја напаѓа нашата инфраструктура – сè што овозможува нормален живот на нашиот народ. Ни треба поголема заштита и побрза примена на одбранбените договори, особено во областа на противвоздушната одбрана“, рече тој.Зеленски истакна дека „едностран прекин на огнот на небото“ би можел да биде чекор кон вистинска дипломатија.„Америка и Европа мора да делуваат за да го запрат Путин,“ порача украинскиот лидер.

Свет | пред 3 месеци

media-library6cah6lb1d932aIxxbYz

(Видео) Русија повторно ја нападна Украина – Полска крена борбени авиони во готовност

Рано утринава Русија продолжи со воздушни напади врз Украина користејќи дронови и ракети, при што беа погодени повеќе региони, вклучително и западниот дел на земјата. Поради близината на нападите до нејзината граница, Полска соопшти дека ги активирала своите борбени авиони и противвоздушните системи за заштита на националниот воздушен простор.Според гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, во таканаречениот „комбиниран напад“ животот го загубила една жена, а уште девет лица се повредени. На неговиот канал на „Телеграм“ беа објавени фотографии од местото на настанот, на кои се гледа делумно урната стамбена зграда.Украинската служба за итни интервенции (ДСНС) објави видео со последиците од нападот, додека целата земја утрово, од четири часот, беше под предупредување за воздушен напад. Според украинското воздухопловство, станува збор за масовни руски ракетни и беспилотни напади.Полска реагираше веднаш, потврдувајќи дека нејзините и сојузничките авиони дејствуваат во рамките на воздушниот простор на НАТО.„Полските и сојузничките авиони се активни над нашето небо, додека противвоздушните и радарските системи се ставени во највисок степен на готовност“, соопшти полското оперативно командување на платформата Х.Членките на НАТО на источниот фронт се во состојба на висока подготвеност, откако во септември Полска собори неколку сомнителни руски дронови во својот воздушен простор. Во меѓувреме, појавите на дронови и воздушни инциденти, како оние во Копенхаген и Минхен, предизвикуваат сериозни нарушувања во европскиот воздушен сообраќај.Летонскиот аеродром во Вилнус исто така беше затворен неколку часа во текот на ноќта, по дојави за можен прелет на повеќе балони кон пистата.Во последните денови, руската армија ја засили својата офанзива како што паѓаат температурите, особено насочувајќи се кон украинските енергетски објекти. Според украинските власти, оваа недела Русија ја спроведе најобемната кампања против гасната инфраструктура, додека саботните напади оставија околу 50.000 домаќинства во регионот Чернихив без електрична енергија.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryqqaad1iha8l21vVemID

(Видео) Зеленски: Дивјачки руски напад врз цивили, погоден воз полн со патници

Најмалку 30 луѓе се повредени во руски напад со дрон врз железничка станица во украинскиот град Шостка во Сумската област, потврди претседателот Володимир Зеленски.Украинскиот претседател објави на социјалната мрежа X: „Дивјачки руски напад со дрон врз железничка станица во Шостка, Сумска област.“ „Сите итни служби веќе се на терен и почнаа да помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат“, додаде тој. „Досега знаеме за најмалку 30 жртви. Прелиминарните извештаи покажуваат дека на местото на нападот имало и персонал и патници.“ „Русите не можеле да не знаат дека го гаѓаат цивилите. Ова е тероризам кој светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.Регионалниот гувернер Олег Григоров изјави дека погоден е воз кој се движел кон Киев и дека на местото на настанот се лекари и спасувачи. И Зеленски и гувернерот објавија фотографии од местото на настанот кои прикажуваат патнички вагон во пламен.Раководителката на локалната окружна администрација, Оксана Тарасиук, изјави за украинската јавна телевизија дека во нападот се повредени околу 30 луѓе.Зголемени напади врз инфраструктурата Москва во последните месеци ја засили својата кампања на воздушни напади врз украинската железничка инфраструктура, гаѓајќи ја речиси секојдневно. Главниот помошник на Зеленски, Андриј Јермак, ја обвини Русија за намерно гаѓање на станиците и возовите, велејќи дека води „војна против цивилите“.Овој инцидент се случи само еден ден по нападите кои властите ги опишаа како најголем удар врз украинските постројки за природен гас од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година.

Свет | пред 3 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_542322

Ситуацијата е критична: Итно да се врати напојувањето во нуклеарната централа Запорожје

Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека со Русија и Украина се разговара за предлози за враќање на надворешното електрично напојување во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.Централата со шест реактори е под контрола на руските сили од првите недели на инвазијата. На 23 септември беше исклучена од надворешно напојување по десетти пат од почетокот на војната. Иако централата не произведува електрична енергија, горивото во реакторите се лади со помош на дизел-генератори за итни случаи.Гроси нагласи дека враќањето на напојувањето е од клучно значење, додавајќи дека двете страни изразиле подготвеност да извршат неопходни поправки на своите делови од мрежата, но дека за тоа мора да се создадат услови техничарите да можат безбедно да работат.Ситуацијата дополнително ја усложнуваат меѓусебните обвинувања. Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Украина дека игра „опасна игра“ со нападите во близина на централата, додека украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Москва дека намерно ја прекинала врската со цел централата да ја приклучи на руската мрежа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изјави дека токму Русија стои зад нападот со кој било прекинато напојувањето во објектот.

Свет | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

(Видео) Најголемата европска нуклеарка во критична состојба, Зеленски вели дека има апсолутна закана за сите

Најголемата европска нуклеарна електрана, Запорожје во Украина, веќе седми ден е без надворешно електрично напојување, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како закана со катастрофални размери.„Нуклеарната електрана Запорожје е во вонредна состојба. Ситуацијата е критична. Поради руско гранатирање, електраната е исклучена од системот и функционира само преку дизел генератори. Но тие не се предвидени за ваков начин работа и никогаш досега не функционирале толку долго. Веќе имаме информации дека еден генератор откажал. Ова е закана апсолутно за сите,“ порача Зеленски во синоќешното видео-обраќање.Тој нагласи дека Русија со постојаното гранатирање го спречува поправањето на далноводите и обновата на основната безбедност.„Ниту еден друг терорист во светот досега не се осмелил да направи на една нуклеарна електрана тоа што Русија го прави сега. И исправно е светот да не остане нем на ова,“ додаде тој.Зеленски денес разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, при што ја нагласил важноста од меѓународна реакција:„Електраната се соочува со најдолгиот прекин на работа – седми ден без струја. Важно е светот да ги разбере можните последици и очекуваме соодветен одговор,“ рече украинскиот претседател.Сериозноста на состојбата ја потврди и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Тој изјави дека електраната во југоисточна Украина, која е под руска контрола уште од првите недели од војната, е без надворешно напојување речиси една недела.И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањата кои ја доведуваат во прашање нуклеарната безбедност. Гроси објави дека во Варшава имал средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига, при што се дискутирало за можноста да се овозможи обновување на снабдувањето со електрична енергија.

Свет | пред 3 месеци

ukraina-telegram

Руски дрон уби родители и две деца во Суми

Двајца браќа на возраст од четири и шест години, заедно со своите родители, загинаа во ноќен руски напад со дрон врз селото Чернечина, во северниот украински регион Суми.Регионалниот гувернер Олег Григоров изјави дека „синоќа непријателот намерно погодил станбена зграда со нападен дрон“, додавајќи дека телата на семејството биле извлечени од урнатините.Руските сили веќе со месеци водат исцрпувачки борби на истокот и југот на Украина, но се обидуваат да воспостават и упоришта во северните области како Суми, која граничи со руската Курска област. Москва и понатаму негира дека намерно ги таргетира цивилите, иако илјадници се убиени, а голем број домови, станбени и стопански објекти уништени или оштетени.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања