УКРАИНА

ukraina-telegram

Руски дрон уби родители и две деца во Суми

Двајца браќа на возраст од четири и шест години, заедно со своите родители, загинаа во ноќен руски напад со дрон врз селото Чернечина, во северниот украински регион Суми.Регионалниот гувернер Олег Григоров изјави дека „синоќа непријателот намерно погодил станбена зграда со нападен дрон“, додавајќи дека телата на семејството биле извлечени од урнатините.Руските сили веќе со месеци водат исцрпувачки борби на истокот и југот на Украина, но се обидуваат да воспостават и упоришта во северните области како Суми, која граничи со руската Курска област. Москва и понатаму негира дека намерно ги таргетира цивилите, иако илјадници се убиени, а голем број домови, станбени и стопански објекти уништени или оштетени.

Свет | пред 4 месеци

zelenski-1

Зеленски: Украина врати над 170 квадратни километри кај Добропоље

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во последните контраофанзиви украинската армија успеала да врати повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропоље.„Со денешниот ден, нашите сили имаат ослободено повеќе од 174 квадратни километри од почетокот на операцијата, а над 194 квадратни километри се исчистени од руски диверзантски групи“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.Тој додаде дека руските сили во операцијата изгубиле речиси 3.200 војници. Зеленски призна дека украинската армија се соочува со тешки услови на неколку делови од фронтот, вклучително и во близина на Купјанск во пограничниот регион Харков, како и во областите меѓу Донецк и Днепропетровск.Скептицизам кај воените аналитичариПочетокот на август донесе изненадувачки пробив на руските сили источно од Добропоље, кога тие напредуваа речиси 20 километри. Сепак, откако беа испратени украински резерви, дел од тој напредок беше поништен.Украински воени аналитичари, меѓутоа, изнесуваат помалку оптимистичка слика од онаа што ја претставува владата во Киев, потсетувајќи дека земјата веќе повеќе од три и пол години се брани од руската инвазија.

Свет | пред 4 месеци

media-library3l3n2gp8cbsq12CBLlk

Признавања од Москва: Русија тапка во место, загубите огромни

По месеци несогласувања околу мировните преговори, Белата куќа и дел од руските пропагандисти конечно се усогласија барем во едно – војната во Украина за Москва не се одвива добро, пишува Kyiv Independent.Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на 28 септември порача„Русите мора да се разбудат и да ја прифатат реалноста. Умираат многу луѓе, а немаат со што да се пофалат“. Неколку дена претходно, претседателот Доналд Трамп оцени дека Русија „потрошила милиони и милиони долари на бомби, ракети, муниција и животи – нивните животи – а практично не освоила никаков териториј“.Проруски коментатори: фронтот е во ќорсокакНе се повеќе само западни проценки. Во последниве денови и повеќе проруски гласови јавно признаваат застој, губитоци и ограничени резултати.Украинската група за мониторинг Deep State пресмета дека Русија од јуни до август зазела 1.548 квадратни километри територија, но изгубила речиси 95.000 војници – во просек над 1.000 дневно. Тоа претставува само 0,003% од вкупната површина на Украина.Руската коментаторка Татјана Монтјан предупреди на 22 септември дека нема доволно војници за нови офанзиви и дека Путин ќе мора да објави нова мобилизација „доколку не се случи голем пробив“. Сенаторот Дмитриј Рогозин, кој ја застапува окупираната Запорожка област, отиде уште подалеку: „Невозможно е да се напредува. На фронтот има мртва точка“, призна тој на 21 септември.Поранешниот проруски лидер во Донбас, Павел Губарев, потврди дека загубите се огромни, бидејќи „Русите речиси постојано напаѓаат, а Украинците главно се бранат“.Сомнеж во официјалните бројкиДури и на државната телевизија НТВ се слушнаа сомнежи во официјалните бројки за украинските загуби. Еден гостин изјави:„На почетокот на војната украинската армија имаше околу 800.000 луѓе. Со текот на времето бројот растеше за 100.000 до 120.000 годишно. Значи е невозможно да изгубиле 1,7 до 2 милиони луѓе, затоа што тогаш војската повеќе не би постоела“. На прашањето на водителот дали тоа значи дека „министерството лаже“, тој одговори: „Не само нашето. Голема грешка е да се потценува украинската војска“.Расте заморот во РусијаУкраинскиот воен аналитичар и поранешен офицер Иван Ступак вели дека тежината на ваквите изјави ќе се мери според реакциите на властите. „Пропагандистите зборуваат сè додека тоа им е дозволено. Ако вистината им наштети, ќе видиме како ќе се постапи кон нив“, истакна тој.Според него, ваквите тонови се и показател за растечки замор меѓу руските граѓани, кои, спротивно на тврдењата на Кремљ, не се подготвени да водат бесконечна војна.

Свет | пред 4 месеци

zelenski-1

Зеленски предлага заеднички воздушен штит за Европа против руските дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи изградба на заеднички противвоздушен штит со своите европски партнери со цел заштита од руските закани. Ова го изјави во понеделникот на безбедносниот форум во Варшава, по серијата инциденти со нарушување на воздушниот простор кои предизвикаа загриженост на источниот крак на НАТО.Членките на НАТО укажуваат дека Русија преку упади во воздушниот простор на Полска и балтичките земји ги тестира подготвеноста и одлучноста на сојузот, додека Киев верува дека украинското искуство во одбрана од воздушни закани би можело да биде корисно за Европа.Украина предлага на Полска и на сите наши партнери да изградиме заеднички, целосно сигурен штит против руските воздушни закани, рече Зеленски. „Ова е можно. Украина може да се спротивстави на сите видови руски дронови и проектили, а ако делуваме заедно во регионот, ќе имаме доволно оружје и производни капацитети.“Украинските војници и инженери веќе најавија дека ќе ја обучуваат полската армија за справување со беспилотни летала. Истовремено, Романија планира да се здружи со Украина за производство на дронови во рамките на новиот механизам на Европската унија за финансирање на одбраната. Сепак, изградбата на повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана ќе трае најмалку седум години, според владиниот извор.Романијa во понеделникот откри нови остатоци од дронови во источниот округ Тулча, на границата со Украина, додека германскиот министер за одбрана Борис Писториус потенцира дека „европската и украинската одбранбена индустрија мора да соработуваат поблиску и поефикасно“. Европската унија треба да обезбеди пофлексибилна регулатива за поддршка на одбранбената индустрија во Европа, додаде тој.

Свет | пред 4 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

(Видео) Русија продолжува со дронски и ракетни напади, украинските власти предупредуваат

Русија изведе масовен ракетен и дронски напад врз Киев и повеќе украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, вклучително и во региони далеку од фронтот.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека во нападот биле употребени стотици беспилотни летала и ракети.Според началникот на Воената администрација на Киев, Тимир Ткаченко, најголеми оштетувања се забележани во главниот град. Делумно е уништена петкатна станбена зграда, а оштетени се повеќе станбени комплекси, автомобили и објекти. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека најмалку пет лица се повредени и пренесени во болница.Во градот Фастив, пожар избувна во пекарница, при што беа повредени петмина работници. Кличко ги повика жителите да останат во засолништа, бидејќи проектилите сè уште паѓаат врз градот.Како одговор на нападите, Полска подигна борбени авиони, а воздушниот простор над Лублин и Жешов беше привремено затворен поради непланирани воени активности. Инцидентите предизвикаа загриженост во НАТО, бидејќи руските беспилотни летала и авиони сè почесто влегуваат во воздухопловниот простор на Алијансата.Украинските власти предупредуваат дека Русија ќе продолжи со масовни воздушни напади во наредните месеци, насочени кон енергетската инфраструктура, со цел дополнително да ја ослабне земјата пред зимата.

Свет | пред 4 месеци

Polska-1

Тензија во регионот: Полска во највисока готовност по руските напади

Полска синоќа затвори два аеродрома и подигна борбени авиони како одговор на интензивен руски напад со ракети и дронови врз Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.Затворени се аеродромите во Љублин (на истокот) и во Жешов (југоисток), кој е едно од најважните логистички јазли за НАТО и главна точка за испорака на западна воена и хуманитарна помош кон Украина.Подигнати се борбените дежурни авиони, системите за противвоздушна одбрана и радарите се ставени во највисока борбена готовност. Овие мерки се превентивни, а силите се подготвени за итна реакција, се вели во соопштението.По низа инциденти во кои руски дронови и авиони го нарушија воздушниот простор на НАТО-членки, јавноста во Полска станува сѐ поодлучна.Анкета покажува дека 67% од населението во полска сметаат дека руските воени авиони треба да се соборат доколку ја повредат територијата на Полска, додека само 8,7% се против таква мерка.Во друга анкета објавена истиот викенд, 74% од испитаниците оценија дека американскиот претседател Доналд Трамп требало поодлучно да реагира на инцидентот од 10 септември, кога дваесетина руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор.Дополнителен шок предизвика изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на 10 септември Русија испратила дури 92 дрона кон Полска. Според него, мнозинството биле пресретнати и соборени од украинските сили уште над украинска територија.Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потврди дека дел од дроновите навистина полетале од белоруска територија.Полскиот премиер Доналд Туск и министерот за надворешни работи Радослав Шикорски изјавија дека Полска ќе соборува руски авиони и дронови доколку навлезат во нејзиниот воздушен простор.Сепак, Туск нагласи дека одлуките ќе се носат во координација со НАТО-сојузниците и само ако леталото се смета за реална закана, а не за грешка или провокација.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Унгарскиот министер тврди дека Зеленски го „губи разумот“

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петок изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „почнува да го губи разумот“ откако Зеленски рече дека извиднички беспилотни летала, кои ја нарушиле украинската воздушна граница, веројатно припаѓаат на Унгарија.Претседателот Володимир Зеленски почнува да го губи разумот поради својот непријателски став кон Унгарија, напиша Сијарто на социјалната мрежа Facebook. Сега му се привидуваат чудовишта.Зеленски истакна дека извидничките дронови ја нарушиле украинската воздушна граница, повикувајќи се на прелиминарно воено известување според кое леталата дошле од Унгарија со цел да го испитаат индустрискиот потенцијал на граничните подрачја.Унгарија е членка на Европската унија и НАТО, две организации кои ја поддржуваат Киев во војната против Русија, но односите меѓу Киев и Будимпешта често биле напнати.По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, голем број големи украински компании, особено од источните и јужните региони, се преселиле во западна Украина и други побезбедни области.Унгарскиот премиер Виктор Орбан е скептичен во однос на западната воена помош за Украина и за разлика од другите членки на НАТО и ЕУ, одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Свет | пред 4 месеци

rafinerija-rusija

(Видео) Русија изгуби четвртина од капацитетите за преработка на нафта поради украинските напади

Украина продолжува со систематските напади со дронови врз руската нафтена индустрија, овојпат насочувајќи го ударот кон рафинеријата во јужниот дел на земјата, соопштија во петокот руските власти.Според властите во Краснодарскиот крај, во рафинеријата „Афипски“ изби мал пожар откако делови од дрон паднале во постројката. Нема жртви, а истата рафинерија била нападната и на 28 август.Според проценките на експертите, Русија досега изгубила околу една четвртина од своите капацитети за преработка на нафта поради повторените удари врз рафинерии, пумпни станици и товарни терминали. Тоа доведе до недостиг на дизел и бензин во одредени региони.Недостигот веќе предизвика нагло зголемување на цените на бензинските пумпи. Украина ги таргетира складиштата и рафинериите како дел од својата одбранбена кампања против руската инвазија.Русија, пак, во март воведе забрана за извоз на гориво со цел да ја стабилизира домашната понуда. Ограничувањата, кои беа продолжени во четвртокот, ѝ предизвикуваат на руската влада значителни загуби во приходи, неопходни за воените напори.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Зеленски побара од Трамп ракети Томахавк за да ја притисне Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во затворен состанок побара од американскиот претседател Доналд Трамп испорака на крстосувачки ракети Томахавк, јави британскиот „The Telegraph“. Зеленски објаснил дека таквите проектили би ја ставиле Русија во домет на украинските удари и би можеле да ѝ создадат притисок да седне на преговори, пренесуваат повеќе извори кои ја потврдиле средбата како „исклучително позитивна“.Дипломатски извори наведуваат дека Трамп прифатил да разгледа таква опција и по состанокот на Зеленски изјавил дека „ќе работат на тоа“. Сепак, сè уште не е јасно дали барањето ќе биде реализирано: Томахавк има домет до околу 2.400 километри и боевна глава од околу 450 килограми, што го прави многу поефикасен од досегашните долготрајни ракети кои Западот им ги достави на Киев.Во минатиот мандат, администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден одбила слични барања поради ризикот од ескалација и можноста за напади врз цели на руска територија. Зеленски во разговорите на маргините на Обединетите нации повторно ги инсистирал на потребата Украина да добие средства за удари на поголеми далечини, а извори велат дека американскиот државен секретар Марко Рубио имал позитивен тон кон промена на политиката и ги советувал европските партнери да ѝ прифатат како можност.Украинската страна, како што изјави Серхиј Кузан од Центарот за безбедност и соработка, смета дека добивањето далекоплопни ракети е логичен следен чекор откако Украина доби средства како британскиот „Storm Shadow“. Тој подвлече дека, ако Русија располага со таква способност, Украина исто така треба да има опции за погодување на цели на слични длабочини. Зеленски, како што кажал по состанокот, ја добил потврдата од Трамп дека САД „ќе работат на тоа“, но окончна одлука за испорака сè уште не е донесена.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Американскиот претседател го охрабрува Киев: Украина може да ја врати целата територија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија речиси и не остварила територијални добивки во последните напади врз Украина, иако потрошила огромни средства и претрпела големи загуби.Со сето тоа интензивно бомбардирање во последните две недели, тие освоиле речиси ништо, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа за време на состанокот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Нема да го наречам никого „хартиен тигар“ но Русија потроши милиони и милиони долари на бомби, ракети, муниција и – животи, нивните животи – а освоиле речиси ништо“, додаде тој.Изјавите на Трамп ја потенцираат неговата промена на реториката за војната во Украина. Неговите обиди за посредување меѓу Киев и Москва засега не донеле резултати, додека Кремљ одбива повици за прекин на огнот и продолжува со воздушни напади врз украинските градови.Претседателот на САД истакна дека е „срамота“ што Русија продолжува да убива толку многу луѓе и додаде: „Путин треба да запре“. Русија моментално држи околу 20 проценти од украинската територија – Крим, делови од Донбас заземени во 2014 година и области освоени по почетокот на инвазијата во 2022 година.Од тогаш, руските сили напредуваат бавно. Според податоците на мониторинг-организацијата од август, од ноември 2022 година освоиле 5.842 квадратни километри, што претставува помалку од 1 процент од украинската територија.Во пролетта и летото 2025 година, Москва покрена нови офанзиви на истокот и североистокот на Украина, со фокус на Покровск во Донецка област.Она што Трамп го оценува, потсетува на неговите минати изјави во Њујорк, по средбата со Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН на 23 септември. Тогаш тој рече дека Украина „има можност да се бори и да победи, да ја врати целата земја во нејзиниот изворен облик“ – со поддршка од Европа.Говорејќи пред Ердоган, Трамп рече дека би сакал Турција да престане да купува руска нафта и повтори повик Европа да престане со увоз на руски енергенти. Тој додаде дека Ердоган може да има „големо влијание“ врз војната, бидејќи го почитуваат и Москва и Киев.Додека Киев и некои европски лидери ја поздравија Трамповата промена на реториката, други тоа го гледаат како сигнал дека Белата куќа сака да го намали ангажманот и да префрли поголема одговорност за војната на Европа.Промената доаѓа во момент на растечки тензии меѓу НАТО и Русија, откако сојузниците ја обвинија Москва дека руските дронови и авиони повторно влегуваат во нивниот воздушен простор. Трамп на тоа порача дека земјите на НАТО треба да ги соборуваат руските летала кои им ги нарушуваат границите – што многу источни членки на сојузот го примија со одобрување.

Свет | пред 4 месеци

dron1

Полска ќе обарува руски дронови над Украина без одобрение од НАТО

Полска се подготвува да го промени законот за воени мисии во странство, со цел нејзината армија да може да обарува руски летала, како дронови, над Украина без претходно одобрение од НАТО или Европската унија, јавува полската „Gazeta Wyborcza“.Накратко, Министерството за одбрана го поднело нацрт-законот уште во јуни, а се очекува тој да помине брзо низ парламентарната процедура.Според стариот закон, претседателот можел на барање на Владата да одобри испраќање војници во странство во случаи на вооружени конфликти, мировни мисии, борба против тероризам или евакуации. Но, ден пред руската инвазија во 2022 година, тогашната влада на партијата Право и правда (PiS) го променила законот така што за вакви операции било потребно одобрение од НАТО, ЕУ и земјата-домаќин.Подоцна, парламентарната комисија за истражување на руското влијание ја критикувала таа одлука, оценувајќи дека Варшава на тој начин го загубила правото на самостојно дејствување против дронови кои влегуваат од Украина или Белорусија.Сегашната владејачка коалиција планира да ги укине тие ограничувања и на армијата да овозможи поголема флексибилност во одговор на закани, според принципот „прво пукај, потоа прашувај“, објавува „Gazeta Wyborcza“.Промената доаѓа откако полската армија претходно во септември првпат обори сомнителни руски дронови кои влегле во нејзиниот воздушен простор – што беше и прв случај една членка на НАТО да обори руски летала за време на војната во Украина.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Трамп ја менува реториката за Украина, Европа загрижена

Американскиот претседател Доналд Трамп ја промени својата реторика кон Украина, предизвикувајќи загриженост кај европските лидери. Тие стравуваат дека неговите изјави имаат за цел да им постават невозможна задача, со што Трамп би можел да ја префрли вината врз Вашингтон доколку Киев не успее во војната или остане без средства.По месеци на притисок врз Украина да преговара со Москва и да се откаже од окупираните територии, Трамп во вторник ги изненади европските престолнини. На социјалните мрежи изјави дека Киев може да „се бори и победи“ на целата своја територија „со помош на ЕУ“.Иако новиот став на Трамп беше поздравен во некои кругови, повеќе европски лидери заклучиле дека тие сега ја преземаат одговорноста за одбраната на Украина со очекувања кои тешко можат да се исполнат.Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека „изненадувачкиот оптимизам“ на Трамп прикрива ветување за намалена американска ангажираност и префрлување на одговорноста за завршување на војната врз Европа. Туск додаде дека е подобро да се соочиме со вистината отколку да живееме во илузии. Европските лидери велат дека Трамп „гради излезна рампа“ за да може да ја обвини Европа доколку му биде потребно.Професорот за меѓународни односи Карло Масала од Универзитетот Бундесвер во Минхен смета дека Трамп сака да избегне оваа војна да стане „негова војна“, а не само „војна на Бајден“. Еден европски функционер, изјавата на Трамп „Среќно на сите!“ ја протолкува како порака за префрлување на одговорноста, додека друг едноставно рече: „Сите гледаат дека се повлекува.“Францускиот претседател Емануел Макрон, по средбата со Трамп во Њујорк, даде пооптимистички тон, опишувајќи ја како „многу коректна“. Тој истакна дека целосната поддршка на Украина би ја ослабнала руската економија и би создала можност за подобра иднина. Сепак, европските службеници заклучуваат дека Трамп повеќе не е сигурен сојузник за ЕУ.Туск, поради инцидентите со руски дронови во полскиот воздушен простор, побара поголема поддршка од НАТО. Тој истакна дека Полска е подготвена да ги уништува летечките објекти што ќе го нарушат нејзиниот територијален интегритет и побара „100-процентна сигурност“ од сојузниците. На прашањето дали НАТО земјите треба да бидат подготвени да ги соборат руските авиони, Трамп одговори потврдно.Трамповиот тон кон војната се промени откако се врати во Белата куќа во јануари. По конфликтите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари, тој го ублажи својот пристап и го нарече украинскиот лидер „храбар човек“. Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Сергиј Кислица, истакна дека изјавите на Трамп не биле емоционален испад, туку резултат на долги и сложени дискусии со Украина, европските партнери и американските официјални лица.Кислица не се согласува дека Трамп се повлекува и поставува невозможни услови. Тој смета дека Трамп изнел силна порака дека Европа може и треба да стори повеќе, посочувајќи на земјите од ЕУ кои сè уште купуваат руска нафта и гас.Во последниве недели Трамп се фокусира на рускиот извоз на енергенти кон Европа. Во обраќањето пред Генералното собрание на ООН, тој рече дека е подготвен да воведе „силни царини“ кои би можеле „да го запрат крвавиот конфликт“, но само ако европските земји се согласат на исти мерки. Трамп истакна дека купувањето на руски енергенти додека се бори против Русија е „срамно“.На почетокот на месецов тој повика ЕУ да воведе царини до 100 отсто за Индија и Кина, најголемите купувачи на руска енергија, што во Брисел се смета за невозможна мерка. Лијана Фикс од Советот за надворешни односи посочи дека европските олидери не веруваат дека Трамп би го следел нивниот пример и заклучи дека тој не е доверлив во тоа прашање.

Свет | пред 4 месеци

a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам по завршувањето на војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да се повлече од функцијата откако ќе заврши војната со Русија.„Ако ja завршиме војната со Русите, да, подготвен сум да не одам на избори, затоа што изборите не ми се цел. Мојата цел е да заврши војната“, рече Зеленски во видео-интервју за веб-страницата Axios.Тој додаде дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори доколку се постигне примирје.Претседателските избори во Украина требаше да се одржат во 2024 година, но беа одложени поради воената состојба воведена со почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година. И покрај тоа, Зеленски и по повеќе од три и пол години војна ужива високо ниво доверба – според анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија, околу 59% од Украинците имаат доверба во него.Во текот на неделата Зеленски престојуваше во САД, каде што учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека Киев бара ново оружје со долг дострел од Вашингтон.Зеленски во интервјуто порача дека руските функционери треба да знаат каде е најблиското засолниште, доколку Москва одбие да стави крај на војната. На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, предупредувајќи дека „Русија може да користи оружје против кое ни засолниште не би помогнало“.Војната продолжува со редовни руски напади врз Украина со беспилотни летала и проектили, додека Киев возвраќа со дронови со долг дострел, насочени кон воени цели и енергетска инфраструктура.

Свет | пред 4 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

Британски воен командант: Трамп е во право, Украина може да победи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина може да го врати целиот изгубен простор од 2014 година, нарекувајќи ја Русија „хартиен тигар“. Според анализа на The Telegraph од поранешниот британски воен командант Хамиш де Бретон-Гордон, тоа е можно само доколку зборовите се поткрепат со дела.Изразот „хартиен тигар“ е кинески поим кој опишува нешто што изгледа заканувачки, но е слабо и не може да издржи сериозен предизвик.Авторот посочува три клучни чекори за остварување на таквата визија:воспоставување на зона без летање над западна Украина за заштита на цивилите и пренасочување на противвоздушните системи кон исток;испорака на поголем број далекусежни прецизни ракети од западните сојузници и укинување на ограничувањата за напади врз цели на руска територија;построга и доследна примена на санкциите, при што Европа ќе мора да преземе поголем дел од товарот, вклучувајќи и воено присуство.„Украинската армија веќе покажа дека може да ослободува територии, но за победа во размерите за кои зборува Трамп ќе биде потребна целосна поддршка од НАТО“, нагласува де Бретон-Гордон.Анализата заклучува дека иднината зависи од доследноста на Европа и Трамп. Доколку силната реторика не се претвори во конкретни дела – особено во одбрана на украинското небо – постои опасност војната да трае со генерации и да се прошири низ целиот континент.

Свет | пред 4 месеци

media-library11d3idkik4k82AMk2iL

Украинска база срамнета со земја: Русија користела балистички проектили

Руските сили изведоа комбиниран напад врз просториите на една од единиците за обука на Украинските Копнени сили, при што биле употребени и два балистички проектили од типот „Искандер“.Денес, на 24 септември, непријателот изврши комбиниран удар врз просториите на една од нашите единици за обука. Меѓу искористеното оружје беа и два балистички проектили „Искандер“, се наведува во официјалното соопштение.На местото на настанот се распоредени сите надлежни итни служби, а повредените добиваат неопходна медицинска помош. Од Украинските Копнени сили соопштија дека континуирано се вложуваат напори за опремување на центрите за обука и другите воени објекти со сигурни засолништа, со цел заштита на животите и здравјето на персоналот. Дополнително, се преземаат и мерки за поголема безбедност на војниците за време на ракетни и воздушни напади.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања