УКРАИНА

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

Москва остро на изјавите на Трамп: „Русија не е тигар од хартија, туку вистински мечка“

Вчерашните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина може да ја врати целата територија под руска окупација предизвикаа силни реакции кај руските функционери и пропагандисти.Трамп, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, порача дека Киев со поддршка од ЕУ е во позиција да се бори и да ја врати целата земја.„Русија веќе три и пол години се бори бесцелно. Тоа ја прави да изгледа како тигар од хартија“, изјави Трамп.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли ваквите споредби, нагласувајќи дека изјавата е поттикната од разговорите на Трамп со Зеленски и „бизнис интереси“.„Русија никогаш не била тигар. Симболот на Русија отсекогаш е мечката. А нема такво нешто како мечка од хартија“, рече Песков.Поранешниот претседател Дмитриј Медведев, познат по провокативните изјави, оцени дека американскиот лидер „живее во алтернативна реалност“.„По средбата со кловновите од Киев и Париз, објави живописен пост. Во таа нова реалност, Украина победува, а Русија е распарчена. Но тој секогаш се враќа, и веројатно ќе ја повика Украина да потпише капитулација“, изјави Медведев.Рускиот пратеник Олег Матвеев изјавите на Трамп ги нарече „бесмислени“.„Тој е генератор на случајни фрази. Никогаш нема да каже нешто судбинско што навистина ќе промени нешто“, изјави тој.Леонид Слуцки, претседател на Комитетот за меѓународни прашања во Думата, оцени дека изјавите на Трамп се полни со контрадикторности и претставуваат „опасна заблуда“ во врска со наводниот економски пад на Русија и „бесмисленоста“ на војната.Државниот пропагандист Владимир Соловјов на својата телевизиска емисија го нападна Трамп, обвинувајќи дека Украина и европските сојузници го манипулираат американскиот претседател. Тој ги нарече реакциите на европските лидери „хистерични напади против Трамп“.Необично острите изјави од Москва, како што забележува „Kyiv Independent“, укажуваат на чувствителност кон зборовите на Трамп, иако досега руските функционери често внимаваа да избегнуваат јавни конфронтации.Оваа дипломатска размена следи откако напорите на Трамп за мировен процес пропаднаа, бидејќи Москва го одби прекинот на огнот и значајни преговори. Зеленски повтори дека е подготвен за средба со Путин само на неутрална територија, додека Кремљ инсистира на максималистички услови.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-1

Германскиот шеф на дипломатија: Европа мора да „порасне“ и посилно да ја поддржи Украина

Европа мора да преземе поголема одговорност и да ја зајакне својата поддршка за Украина, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, коментирајќи ја најновата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев може да си ја врати целата окупирана територија.Во интервју за радиото „Дојчландфунк“, Вадефул рече дека Трамп сфатил оти неговите напори не го убедиле рускиот претседател Владимир Путин да го запре војувањето.„Европејците повеќепати рекоа дека мора да ‘пораснеме’ и да станеме посуверени. Затоа треба да видиме што можеме сами да постигнеме – а можеме многу повеќе. Не сите европски држави го исполнија ветеното кон Украина. Мора да разгледаме и нови финансиски и воени опции“, нагласи германскиот министер.Изјавата на Трамп ја оцени како добра за Европа и Украина, бидејќи претставува признание дека досегашните напори со Путин не дале резултат.Европски дипломати за „Ројтерс“ коментираа дека изјавите на Трамп може да се толкуваат како сигнал дека САД постепено се повлекуваат и дека прашањето Украина станува „европска обврска“.„Изгледа како да се опростува, но тоа може да се смени уште утре. Во секој случај, за нас е јасно – знаеме што треба да правиме“, изјавил еден западноевропски функционер.Иако САД остануваат најголемиот поединечен донатор за Украина, од враќањето на Трамп во Белата куќа Вашингтон инсистира Европа да преземе поголем дел од товарот во сопствената одбрана. Тоа веќе се гледа преку зголемените воени буџети на европските членки на НАТО и преку зајакнатата противвоздушна поддршка за Киев.Европската унија во меѓувреме разгледува план замрзнатата руска имовина да се искористи за дополнителна помош за Украина, како и воведување нови санкции кон Москва.

Свет | пред 4 месеци

media-library5j54hmpcua9ubZyCUod

(Видео) Ова е моментот на страшниот напад врз Запорожје, врз градот се струполија нови и најопасни руски дронови

Русија во вторникот изведе неколку последователни напади со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, во кои беа повредени најмалку 12 лица, а едно лице загина, соопштија локалните власти на Телеграм.Во нападот биле користени дронови од типот Shahed, а според снимките од социјалните мрежи, се работи за Geran-3 — руската верзија на Shahed-238 со турбомлазен погон, најопасниот дрон кој може да достигне брзина од речиси 375 km/h и потешко се пресретнува.Украина уште минатиот месец соопшти дека Русија користи млазни дронови од типот Geran-2 (руска верзија на Shahed-136), чиешто движење е со брзина од околу 185 km/h и имаат дострел од околу 1000 километри.Според информациите на Државната служба за итни случаи (ДСИС), руските сили пет пати го гаѓале Запорожје во рок од 20 минути, а при еден од нападите била погодена локална фирма. Според претходно објавените извештаи, во гранатирањето загинал свештеник.Киев тврди дека веќе располага со пресретнувачки дронови кои можат да уништат Shahed со млазен погон. Павло Палица, заменик шеф на претседателскиот кабинет, изјави за локалниот медиум Novine Live дека Украина ги модифицира своите дронови паралелно со Русите.– Имаме одговори и заштита од нивните млазни мотори во нашите FPV-дронови. Тие можат да придонесат за оптимален систем на противвоздушна одбрана кој покрива различни височини и далечини – рече Палица.Спротивставувањето на Geran-3 би можело да претставува нов голем предизвик за Украина, која веќе се соочува со тешкотии во борбата против Geran-2, бидејќи Русија истовремено лансира стотици борбени дронови и мамки со цел да ја пробие противвоздушната одбрана.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во ОН: „Срамота е што НАТО работи со Русија, Европа оди кон пропаст“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа обраќање на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборувајќи речиси четири пати подолго од предвиденото. Неговиот говор беше препознатлив по лични пораки, остри критики кон европските држави, напад врз климатската наука и обвинувања на сметка на самата организација.Трамп го отвори говорот со шега за технички проблем со телепромптерот, по што тврдеше дека под негово водство САД влегле во „златна ера“, со пониски трошоци за енергија, храна и кредити, победена инфлација и рекордни нивоа на берзата. Тој ја обвини претходната администрација на Џо Бајден за „четири години слабост, беззаконие и радикализам“.Голем дел од говорот беше посветен на Русија и Украина. Трамп ги обвини европските држави, дури и членки на НАТО, дека продолжуваат да увезуваат руска нафта и гас, додека истовремено ја поддржуваат Украина.„Финансирате војна против самите себе. Тоа е срамота“, рече тој, најавувајќи нова рунда американски царини против Москва доколку не се постигне мировен договор, но нагласувајќи дека тие мерки ќе бидат ефективни само ако и Европа ги прифати.Трамп ги нападна европските држави и поради миграциските политики, велејќи дека„Европа е преплавена од илегални имигранти какви никогаш досега не се виделе“ и дека „земјите одат кон пропаст“.Посебно се обиде да ја дискредитира климатската наука и обновливите извори на енергија, нарекувајќи ги „зелена измама“.„Ако продолжите со оваа превара, вашите држави ќе пропаднат. Климатските промени, тоа е најголемата измама направена врз светот“, изјави Трамп, наведувајќи ја Европа како пример за последици од „погрешни зелени политики“.Обраќањето заврши со предупредување дека САД ќе останат лидер во борбата против развојот на биолошко оружје, но и со нова порака кон ОН дека „празните декларации не го менуваат светот“.Трамп зборуваше речиси еден час, иако правилата на Генералното собрание предвидуваат ограничување на говорите до 15 минути. Неговиот настап го следеа бројни светски лидери, меѓу кои италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Меланија Трамп.

Свет | пред 4 месеци

media-library11d3idkik4k82AMk2iL

Украина тврди: уништени илјадници руски дронови во еден удар

Украинските вооружени сили тврдат дека во два одделни напада во август и септември уништиле огромни руски резерви на беспилотни летала и муниција на окупираните територии. Како што соопшти Генералштабот на Украина на 22 септември, целта била да се нарушат офанзивните планови на руските сили кои се обидуваат да напредуваат на источниот фронт, пренесе Kyiv Independent.Според украинската оперативна група „Дњипро“, на 29 август бил изведен напад врз центар за дистрибуција на дронови, при што биле уништени „огромни залихи“ беспилотни летала. Од таа локација, Русија планирала да распореди повеќе од 19.000 дронови – меѓу кои модели Молнија, Бумеранг, Вандал Новгородски и Горинич – заедно со припадната опрема за своите сили во окупираниот дел од Доњецката област.Во одвоена акција, украинската армија и Службата за безбедност (СБУ) погодиле складиште за муниција во претежно окупираната Луганска област. Нападот уследил по пристигнувањето на руски камиони кои носеле илјадници мини, гранати, тенковски проектили и друго вооружување наменето за 17. тенковски полк од 70. мотострелачка дивизија.„Руските возила беа уништени заедно со муницијата“, соопшти Генералштабот, без да наведе какво оружје било користено во нападите.Украинските сили во текот на војната редовно напаѓаат руски воени цели и стратешки објекти со далекуметно вооружување, со цел да го нарушат снабдувањето и офанзивните операции на Москва.

Свет | пред 4 месеци

peskov-putin1

Песков: Путин и Трамп имаат интерес за мирно решение на украинското прашање

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика Британија оваа недела, Лондон детално го информирал за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.„Тоа не е нешто што ќе придонесе за решение,“ оцени Песков, кој ја нарече Велика Британија еден од лидерите на „проратниот табор“.Според него, претседателот Трамп во Британија веројатно слушнал многу за плановите за продолжување на притисокот врз Русија, за зајакнување на, како што ги нарече, „незаконските санкции“ и за обиди да се спречи Русија на секој можен начин, пренесува РИА Новости.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

(Видео) Експлозии и пожар по напади со дронови врз руски рафинерии

Украинските сили во текот на ноќта со дронови нападнаа рафинерии во Саратовската и Самарската област во Русија, пренесуваат руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на жители. Нападите доаѓаат во момент кога Киев ја интензивира кампањата против руската нафтена и гасна инфраструктура.Во градот Саратов, дрон погодил нафтена рафинерија на периферијата, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од голем пожар кој бил видлив и од центарот на градот. Според украинската армија, оваа рафинерија учествува со 2,54% од вкупниот капацитет за преработка на нафта во Русија.Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, не го спомна директно нападот врз рафинеријата, но изјави дека дрон погодил станбена зграда во градот, при што едно лице било повредено. Саратов се наоѓа околу 150 километри од границата со Казахстан и речиси 600 километри источно од линијата на фронтот во Украина.Во Самарската област, пак, украински дронови погодиле рафинерија во градот Новокујбишевск, кој се наоѓа повеќе од 900 километри од руско-украинската граница. Жители пријавиле голем пожар во близина на градот, но засега нема информации за точниот степен на штетата.Украинците тврдат дека погодиле и производствено-отпремна станица на Самарската линија (ЛПДС), каде што се меша сурова нафта со различен процент на сулфур за да се добие извозната „Уралс“ нафта.Руската авијациска управа во текот на ноќта соопшти дека привремено бил прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Самара поради нападите.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf71vc2ksqihl2SBQ3WL

Русија со масовен напад врз Украина: едно загинато лице, 13 повредени

Русија изминатата ноќ изврши масовен напад со ракети и дронови врз украински градови, при што загина едно лице, а најмалку 13 беа повредени.Експлозии се слушнале во Павлоград и Миколаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни детонации одекнале во Днипро нешто по 6 часот.Гувернерот на Днепропетровската област, Сергеј Лисак, информираше дека едно лице загинало, а 13 други се повредени во нападите во регионот. Во Днипро биле оштетени повеќе станбени згради, куќи и гаражи, а пожари биле пријавени и во Павлоград и Никопол.Во Киевската област, регионалната воена управа потврди напади во заедниците Буча, Бориспол и Обухив. Оштетени се една куќа, десет гаражи и пет паркирани автомобили.Градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич, соопшти дека штета е нанесена во станбен дел на градот, но жртви засега нема.Воздушна опасност беше прогласена во сите региони на Украина околу 5:45 часот, а траеше до нешто по 7 часот. Украинското воено воздухопловство информираше дека биле користени десетици дронови, како и крстосувачки и балистички ракети.Гувернерот на Лавовската област, Максим Козицки, изјави дека две крстосувачки ракети биле соборени над регионот без жртви или материјална штета. Во текот на нападот, полските воздухопловни сили подигнале борбени авиони за заштита на воздушниот простор на Полска.Нападите доаѓаат нешто повеќе од една недела откако руски дронови го нарушија полскиот воздушен простор, по што полското воздухопловство собори повеќе беспилотни летала над територија на НАТО – првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Свет | пред 4 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: Трамп е емотивен околу Украина – и тоа е разбирливо

Кремљ соопшти дека претпоставува оти американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму вложува напори за изнаоѓање решение за конфликтот во Украина, и покрај неговата изјава дека рускиот претседател Владимир Путин го „изневерил“ со своите постапки.Трамп неколку пати досега изрази разочараност поради продолжените руски напади врз украински цели, иако, како што тврди, се обидувал да посредува во пронаоѓање мирно решение. Во четвртокот, на заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп изјави дека се чувствува „изневерен“ од Путин.„Претседателот Трамп е, да речеме, прилично емотивен околу оваа тема. Тоа е сосема разбирливо,“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција РИА.Тој додаде дека Москва претпоставува оти и понатаму постои политичка волја и намера од страна на Трамп и на САД да се вложат напори за олеснување на решението за Украина.Рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери во повеќе наврати ги пофалија обидите на Трамп да најде решение за украинското прашање и да организира средби на високо

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: „Ова не се случајности, Русија мора да почувствува болка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди руското нарушување на воздушниот простор на НАТО во Естонија, нарекувајќи го „скандалозно“ и повика на „одлучни мерки“ против Москва.„Ова не се случајности,“ порача Зеленски во објава на социјалната мрежа Х, потсетувајќи на долгиот список на руските нарушувања на европскиот воздушен простор, меѓу кои Полска, Романија и Естонија, како и наводните мешања во изборни процеси во Романија и Молдавија.Тој нагласи дека е потребна системска реакција:„Мора да се преземат силни дејствија – и колективно и поединечно од секоја држава. Русија мора да ја почувствува сè поголемата болка под притисок на светот, пред сè преку својата економија, а тоа најдобро се постигнува со санкции.“Зеленски додаде дека истовремено е клучно загубите на Русија во војната да продолжат да растат, што може да се обезбеди само со „силна украинска армија“.„Им благодарам на сите што помагаат. Европа, САД, групата Г7 – потребни се силни мерки од сите,“ порача украинскиот претседател.

Свет | пред 4 месеци

nato-zastava

Естонија го активира Член 4 од НАТО поради руско нарушување на воздушниот простор

Естонија официјално побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради денешното нарушување на нејзиниот воздушен простор од страна на Русија, соопшти премиерот Кристон Михаел.Во објава на социјалната мрежа Х, тој потврди дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор, по што биле пресретнати од авиони на НАТО и „присилени да се повлечат“.„Таквото кршење е целосно неприфатливо,“ нагласи Михаел.

Свет | пред 4 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

Во Харков, Херсон и Запорожје нови жртви од руските напади

Најмалку пет цивили загинаа, а седуммина беа повредени во нови руски напади врз Украина во текот на четвртокот, соопштија украинските власти.Руската армија во текот на ноќта лансирала 86 дронови кон украинска територија, од кои 50 биле таканаречени „камиказа“. Украинските воздушни сили успеале да пресретнат 71 дрон, но 15 сепак погодиле шест локации, а остатоци биле пронајдени на уште две.Најтешки последици имало во градот Костјантиновка во Доњецката област, каде што руските сили фрлиле разорна бомба FAB-250 врз станбено подрачје. Петмина цивили загинале на самата улица – две жени на возраст од 62 и 65 години и тројца мажи на возраст од 65, 67 и 74 години. Оштетени се четири станбени згради.Во Харковската област, 37-годишен маж е повреден при напад на селото Били Колодјаз во близина на Вовчанск, каде што биле нападнати уште седум населени места. Според локалните власти, руските сили користеле различни видови оружје, вклучително и десет наведувани бомби и неколку дронови од типот „Геран-2“ и „Молнија“.Еден цивил е ранет и во Херсонската област, каде што се оштетени пет објекти. Во Запорожката област, пак, четири жени се повредени при напад во округот Пологи. Таму руската армија извршила вкупно 376 напади врз 14 градови и села, соопшти регионалниот гувернер Иван Федоров.

Свет | пред 4 месеци

dron1

НАТО ќе го затвори небото над западна Украина?

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски смета дека Русија „ја загубила конфронтацијата“ што ја започна со упадот на дронови во Полска на 10 септември. Во интервју дадено на маргините на конференцијата Јалта Европска Стратегија (YES) во Киев, Сикорски изрази оптимизам во врска со одговорот на НАТО и понатамошниот развој на настаните, пишува Kyiv Independent.„Мислам дека Русија ја загуби оваа конфронтација“, изјави Сикорски.Тест за НАТОЗа време на нападот, Полска успеа да собори само три или четири од вкупно 19 дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор, а еден од нив падна речиси 400 километри западно од украинската граница. Инцидентот ги принуди сојузниците на НАТО да подигнат борбени авиони вредни милиони долари за да се соочат со дронови чија вредност се мери во илјадници.Варшава по нападот формално побара консултации според Член 4 од Договорот на НАТО, кој им овозможува на членките да дискутираат кога сметаат дека нивната безбедност е загрозена. Тој чекор сепак не ја достигнува тежината на Член 5, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. НАТО на 12 септември најави нова операција за одвраќање под името „Источен стражар“, но Сикорски објасни зошто Русија не се соочи со одмазда: „затоа што имаше само помала материјална штета и никој не загина.“На прашањето дали „смрт на луѓе“ или напад врз аеродромот Жешов, клучно логистичко јадро за помош на Украина, би било доволно за активирање на Член 5, Сикорски се согласи. „На тоа Русија опасно се доближува“, додаде тој. „Некои медиуми шпекулираат дека патеката на некои дронови водела кон Жешов, главниот аеродром низ кој минува опрема за Украина. Нашата прва должност е да го заштитиме тоа од руска саботажа, шпионажа и кибер напади.“Јакне соработката со УкраинаПолскиот министер смета дека рускиот напад бил обид за тестирање на одбраната и решителноста на НАТО на источниот фронт. Иако одговорот на Полска го оцени како успешен, тој призна дека земјата мора подобро да се подготви за идни напади. Заканата се потврди само неколку часа по интервјуто, кога руски дрон влезе во воздушниот простор на Романија.Украина понуди помош на Полска во зајакнување на способностите за електронско војување и пресретнување дронови, користејќи поевтина опрема за нивно соборување. Полското министерство за одбрана потврди на 12 септември дека експерти од двете земји ќе вежбаат користење на системи против дронови на полска територија.„Тоа е уште една работа што (рускиот претседател Владимир) Путин ја постигна со овој напад. Нашата јавност сега бара поблиска соработка со Украина, бидејќи вие имате најново, најрелевантно искуство“, рече Сикорски, додавајќи дека Путин „можеби ја забрза полско-украинската соработка во производството на оружје.“„Затворањето на небото над Украина повторно е на маса“Сикорски потврди дека по нападот врз Полска повторно би можела да се разгледа идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со користење на противвоздушна одбрана стационирана во земјите членки на НАТО. „Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, повторно ја потврди оваа украинска понуда... мислам дека со своите постапки претседателот Путин можеби ја унапреди оваа идеја затоа што ние заедно управуваме со нашиот простор, а мислењето се движи кон таа идеја“, рече тој.И покрај сè, Сикорски верува дека НАТО покажа единство и подготвеност. „Верувам дека ѝ покажавме на Русија дека НАТО е подготвен и обединет“, заклучи тој.Од другата страна, изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп не беа толку охрабрувачки. Трамп за Fox News, коментирајќи го нападот врз Полска, рече дека „нема да брани никого.“ Подоцна додаде дека би ја погодил Русија со „големи“ санкции само ако сите членки на НАТО се обединат, престанат да купуваат руска нафта и воведат царини кон Кина.Сикорски го поддржа барањето на Трамп за прекин на увоз на руска енергија, прозивајќи ја при тоа Унгарија, но беше повнимателен околу прашањето за царини кон Кина. „Треба да го санкционираме агресорот. А агресор е Руската Федерација. Ние во Европа воведовме 18 пакети санкции. Работиме на 19 пакет“, рече Сикорски.Што би значело затворање на небото?Кога се зборува дека НАТО би можел „да го затвори небото“, се мисли на воведување зона забранета за летање (no-fly zone) над одредено подрачје.Во пракса тоа би значело дека НАТО би распоредио противвоздушна одбрана и борбени авиони за да спречи непријателски авиони, проектили или дронови да влезат во тој воздушен простор. Ако некоја летелица сепак влезе, би била соборена.Во контекст на Украина, затворањето на небото би значело дека НАТО би ја презел контролата над дел од украинскиот воздушен простор, користејќи системи за противвоздушна одбрана стационирани во земјите членки на НАТО (на пр. Полска, Словачка или Романија), со што Украина би била дополнително заштитена од руските ракетни и дронски напади.Ако НАТО го затвори небото над Украина или барем дел од него (на пример долж границата со Полска и Романија), тоа би значело де факто влез во војна со Русија, бидејќи сојузниците би морале да ги соборуваат руските авиони и ракети. Поради огромниот ризик од поширока војна, оваа опција досега секогаш била одбивана, но со зачестените инциденти како нападите со дронови врз Полска и Романија, таа повремено се враќа во политичките расправи.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-pukanje

Украина остана без клучна комуникација на боиштето

Сателитската интернет-мрежа во сопственост на Илон Маск, Старлинк, вчера претрпе глобален прекин, потврди компанијата на својата официјална страница.Сè уште не е потврдено дека „Старлинк“ во Украина целосно се вратил во функција. Пореметувањето ги погоди корисниците ширум светот, а особено одекна во Украина, каде што „Старлинк“ ја одржува врската на болници, училишта и воени единици на првата линија.„Старлинк повторно е во прекин долж целото боиште“, напиша на Телеграм командантот на украинската единица за дронско војување Роберт „Мадјар“ Бровди.Речиси еден час подоцна објави дека врската „постепено се враќа“, иако „Старлинк“ сè уште нема потврдено целосна обнова на услугата.Десетици илјади пријавени проблеми ширум светот„Downdetector“, платформата што следи прекини на интернет-услуги, забележа десетици илјади пријави за проблеми од корисници ширум светот. Од компанијата порачаа дека ја истражуваат причината за дефектот. Ова е втор голем пад на услугата во последните неколку месеци.„Старлинк“ во Украина ја замени поголемата дел од уништената комуникациска инфраструктура и денес ја одржува врската и за цивили и за војската. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Киев доби повеќе од 50.000 „Старлинк“ терминали, од кои речиси 30.000 обезбеди Полска.„Ројтерс“ во јули 2023 година објави дека Маск привремено ја деактивирал покриеноста над Херсонската област за време на украинската контраофанзива во 2022 година, што го отвори прашањето за зависноста на критичната инфраструктура од одлуките на приватна компанија.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп ја нарече Русија агресор и најави нови санкции, но со услов за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата повтори дека е подготвен да воведе нови санкции кон Русија, но ја услови одлуката со посилен одговор од европските држави и НАТО-сојузниците. Тој остро ги критикуваше партнерите поради, како што рече, недоволен придонес кон заедничката безбедност.„Европа купува нафта од Русија. Не сакам да купуваат нафта. Санкциите што ги воведуваат не се доволно остри. Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите мерки пропорционално на моите“, рече Трамп, додавајќи: „НАТО мора да се обедини, Европа мора да се обедини. Не можеме ние да бидеме единствените што одат полна пареа“.Трамп се осврна и на можноста за директна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека тој самиот можеби ќе мора да се вклучи.„Толку се мразат што не можат да дишат. Мислам дека јас ќе морам да ги натерам да разговараат“, изјави Трамп, додавајќи дека човечкиот данок од војната е „неприфатлив“.🇺🇲🇺🇦🇷🇺 There is boundless hatred between Zelensky and Putin, they hate each other so much that they cannot talk, — TrumpTrump stated that the next stage of negotiations regarding the war in Ukraine should be a trilateral summit.See the latest updates with us: @NSTRIKE1231 pic.twitter.com/oGnfg2iID4— Visioner (@visionergeo) September 15, 2025 За првпат по подолго време, Трамп отворено ја нарече Русија агресор.„Кога сте агресор, обично повеќе губите. Тоа е вистината во секој војна“, рече тој, наведувајќи дека „8000 млади војници загинале само оваа недела“.Изјавите на Трамп предизвикаа реакции на Капитол Хил. Демократскиот конгресмен Адам Смит оцени дека воведувањето царини кон Кина нема да има суштинско влијание врз конфликтот во Украина.„Русија нема никакви легитимни безбедносни причини да ја нападне Украина. Тие го започнаа овој војна и мора да ја завршат“, изјави Смит, повикувајќи на единство на САД и НАТО во поддршката за Киев.Иако Трамп сè почесто користи поостар речник кон Москва, неговиот однос кон Русија и понатаму е извор на контроверзии. Критичарите потсетуваат дека за време на неговиот мандат често бил попустлив кон Кремљ, а дел од заканите со санкции останале само на зборови.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања