Промени тема
Контакт

УНГАРИЈА

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Поразот на Виктор Орбан е голем удар за Трамп и американската десница

Поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите предизвика реакции во САД, објави Associated Press, пред сè поради долгогодишната поддршка што му ја даваше претседателот Доналд Трамп и дел од американската десница. Орбан важеше за една од клучните фигури на глобалниот конзервативен блок, препознатлив по антимигрантската политика и начинот на кој ја консолидираше власта во изминатите 16 години.Трамп отворено го поддржа неговиот реизбор, испраќајќи го дури и потпретседателот Џеј Ди Венс во

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Нови политички тензии во Унгарија: обвинувања за уништување документи

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, ја изнесе својата визија за надворешната политика на Унгарија, нагласувајќи дека земјата останува цврсто посветена на Европската Унија и НАТО, истовремено обвинувајќи ја досегашната власт за уништување документи во државни институции.Во своето обраќање до јавноста, тој истакна дека Европската Унија претставува мировен проект, спротивставувајќи се на, како што рече, „лагите на досегашната власт“, и вети дека во Брисел ќе ги застапува унгарските интереси реш

Свет | пред 6 месеци

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

Маѓар: Унгарија ќе започне нова политичка ера по победата над Орбан

Петер Маѓар изјави дека Унгарија започнува нова историска фаза по изборната победа над Виктор Орбан, нагласувајќи дека резултатите претставуваат „мандат каков што досега не е виден“.На првата прес-конференција по изборите, тој изјави дека неговата партија обезбедила 138 од вкупно 199 пратенички места, иако дел од гласовите сè уште се пребројуваат.Маѓар ја обвини досегашната власт за користење на „пропагандна машинерија“ и ширење дезинформации, тврдејќи дека државниот апарат бил ставен во служба

Скопје | пред 6 месеци

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар повика на оставки на високи унгарски функционери

Петер Маѓар во неделата доцна навечер, во своето обраќање, повика повеќе високи државни функционери да поднесат оставка, меѓу кои и претседателот на Државниот ревизорски уред. Тој исто така побара оставка и од Петер Полт, кој раководи со Уставниот суд.Според Темелниот закон, претседателот на Државниот ревизорски уред го избира парламентот со двотретинско мнозинство од пратениците, за мандат од дванаесет години, а случаите за негов прекин се уредуваат со закон.Од Уставниот суд истакнаа дека инсти

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfemvirhb8qui24OCleT

Сибигa: По изборите во Унгарија има простор за нов почеток во односите со Украина

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, изјави дека по парламентарните избори во Унгарија постојат повеќе приоритетни прашања што треба да бидат решени меѓу двете земји, повикувајќи на отворање на нова фаза на добрососедска соработка.Тој истакна дека меѓу клучните теми се граничната инфраструктура, процесот на европска интеграција на Украина и прашањата поврзани со членството во Европската Унија. Сибига посочи и дека дел од разговорите се однесуваат на унгарската блокада на пр

Свет | пред 6 месеци

media-library3vg1nii46uqj5RBVaIh

Еуфорија во Будимпешта: ‘Бела чао’ одекнуваше по поразот на Орбан

По изборниот пораз на Виктор Орбан, улиците на Будимпешта беа исполнети со славје, а меѓу граѓаните одекнуваше познатата песна „Бела чао“.Песната, која историски се поврзува со отпорот и борбата против авторитарни режими, доби силна симболика во контекст на политичките промени во Унгарија.Собраните граѓани со пеење и аплаузи ја прославуваа победата на опозициската Тиса предводена од Петер Маѓар, која стави крај на долгогодишното владеење на Орбан.Атмосферата во главниот град беше исполнета со еу

Свет | пред 6 месеци

media-librarymudcbjkca6691zt2xPu

Филатов: Украинците не треба да се радуваат на поразот на Орбан

Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, порача дека Украинците не треба да се радуваат на изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, оценувајќи дека нема основ за преголем оптимизам во однос на промените во Будимпешта.Филатов наведе дека новата влада предводена од партијата Тиса и Петер Маѓар нема автоматски да значи поповолен пристап кон Украина, туку дека односот кон Киев ќе треба да се потврди преку конкретни политички чекори.Тој истакна дека ставот на новото унгарско раководство к

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ ја поздрави победата на Маѓар и изрази благодарност до Орбан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ му честиташе на Петер Маѓар, лидерот на партија Тиса, за победата на парламентарните избори во Унгарија. Тој изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, при што му се заблагодари и на досегашниот премиер Виктор Орбан за неговиот придонес во унапредувањето на односите.Во својата порака, Вучиќ наведе дека очекува натамошно зајакнување на билатералната соработка меѓу Србија и Унгарија, нагласувајќи ја важноста на кон

Свет | пред 6 месеци

media-libraryb6b72su44gnhcdqJLNw

Победнички говор на Маѓар: „Ова е влада за сите граѓани“

Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, по изборната победа упати порака до граѓаните, нагласувајќи дека добиениот мандат е најголем во историјата на изборите.„Благодарам на сите Унгарци дома и низ целиот свет. Огромна чест е што со најголем број гласови досега ни дадовте мандат да формираме влада и во следните четири години да работиме за слободна, европска, функционална и човечна Унгарија“, порача Маѓар.Тој најави дека новата влада ќе биде влада на сите граѓани, без разлика на политичката определба.„Вла

Свет | пред 6 месеци

media-library9g9dm2t0r5ps9rf76oT

Унгарија по Орбан: нова политичка ера и европски пресврт

Поразот на Виктор Орбан има значајни последици надвор од границите на Унгарија, по парламентарните избори на кои убедлива победа однесе опозициската коалиција предводена од Петер Маѓар.Според речиси конечните резултати, коалицијата на Маѓар обезбедила 138 од вкупно 199 пратенички места, со што добива доволно мнозинство за самостојно формирање влада. Партијата на Орбан, Фидес, ќе има околу 55 мандати и преминува во опозиција. Орбан го призна поразот и најави дека неговата партија ќе продолжи да д

Свет | пред 6 месеци

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Убедливата победа на Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија ѝ донесе силен мандат на неговата партија Тиса, што ќе ѝ овозможи одврзани раце за спроведување реформи, зајакнување на владеењето на правото и потенцијално одмрзнување на милијарди евра од Европската Унија. Според анализите, двотретинското мнозинство што го обезбеди новата власт се смета за најповолен исход за европските пазари и институции, иако до последен момент важеше за малку веројатно сценарио.Економистите оценуваат де

Свет | пред 6 месеци

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Распадот на ЕУ ќе се забрза по изборниот пораз на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции. Тој на социјалната мрежа Икс напиша дека развојот на настаните во Унгарија ќе има пошироки последици за Европската унија, додавајќи дека за неколку месеци ќе се покаже дали неговата проценка е точна.Неговата изјава следуваше по коментар на британскиот активист Томи Робинсон, кој оцени дека Унгарија „паднала“ и дека „продолжу

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Адвокатот што ја разниша власта со порака до Маѓар: Победата не е доволна без промена

Анонимен адвокат познат под псевдонимот „Видеки Прокатор“, односно „Провинциски адвокат“, кој во јавноста стана препознатлив по разоткривањето на скандалот со помилувањето, испрати порака до Петер Маѓар. Овој истакнат критичар на владејачкиот систем, кого унгарските медиуми го нарекоа „човек од сенка“, целосно се фокусираше на изборите, за кои сметаше дека нема да ги решат само партиите и политичарите. Тој објави дека го затвора својот „политички дневник“, кој го водел од 2014 година, најавувајќ

Свет | пред 6 месеци

orban-2

Поделени реакции во САД по изборниот пораз на Орбан

Американските демократи го поздравија изборниот пораз на Виктор Орбан, додека сојузниците на претседателот Доналд Трамп и дел од републиканците реагираа поделено на исходот од гласањето во Унгарија. Трамп отворено го поддржуваше Орбан во пресрет на изборите, вклучително и со кратко телефонско обраќање на предизборен митинг, но по 16 години на власт унгарскиот премиер беше поразен од кандидатот од десниот центар, Петер Маѓар, кој се залага за проевропски курс.Американски претставници од двете вод

Свет | пред 6 месеци

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Кој е човекот што го победи Орбан: Подемот на Петер Маѓар

По изборниот пораз на Виктор Орбан, вниманието се насочува кон човекот што го победи – лидерот на Тиса, Петер Маѓар.Маѓар е 45-годишен адвокат кој до неодамна бил дел од системот на власта. Работел на позиции поврзани со државни институции и важел за човек близок до владејачките структури. Во јавноста долго време бил познат и како сопруг на поранешната министерка за правда Јудит Варга, членка на Фидес.Неговиот политички подем започна на почетокот на 2024 година, кога во ек на скандал објави сним

Свет | пред 6 месеци

media-libraryhp0p0kn61n916ioMaAa

Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, вели Филипче по падот на Орбан

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа Икс реагираше на изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија, оценувајќи го како крај на, како што наведе, „недемократски режим“.„Вечерва Унгарија рече ДОСТА Е! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме“, напиша Филипче.Тој додаде дека со ова, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ останува без својот „единствен сојузник во ЕУ“, посочувајќи и на прашања поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски.Во о

Свет | пред 6 месеци

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: „Унгарија ја избра Европа“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати силна и симболична порака по изборниот пресврт во Унгарија, нагласувајќи ја европската ориентација на земјата.„Унгарија ја избра Европа. Европа отсекогаш ја избирала Унгарија. Една земја повторно го враќа својот европски пат. Унијата станува посилна“, порача Фон дер Лајен.Изјавата доаѓа по убедливата победа на опозициската Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар, што се оценува како значаен политички пресврт и сигнал за можна проме

Свет | пред 6 месеци

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

(Видео) Одлучено е: Маѓар нов мандатар, Фидес оди во опозиција, а по улиците се слави

Опозициската Тиса оствари убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија, со што нејзиниот лидер Петер Маѓар ќе добие мандат за формирање нова влада.Според податоците со над 77 отсто обработени гласови, Тиса освоила 138 пратенички мандати – 43 од листи и 95 во едномандатни изборни единици, што претставува недостижна предност во парламентот од вкупно 199 пратеници.Владејачката коалиција Фидес-КДНП предводена од Виктор Орбан освои 54 мандати, додека Ми Хазанк има 7 пратеници.Победата на Тис

Свет | пред 6 месеци

media-libraryeopgl42lk3ja9Dhuybs

Со над две третини преброени гласови, Тиса ја зацврстува доминацијата во Унгарија

Со обработени 72,44 отсто од гласовите, опозициската Тиса ја зацврстува убедливата предност и веќе има 138 пратенички мандати на парламентарните избори во Унгарија.Според најновите податоци, Тиса освоила 43 мандати од листи и 95 во едномандатни изборни единици. Владејачката коалиција Фидес-КДНП бележи значителен пад со 54 мандати (43 од листи и 11 поединечно).Третата политичка сила, Ми Хазанк, има 7 пратеници.Со оглед дека парламентот брои 199 пратеници, Тиса е на чекор до апсолутно мнозинство и

Свет | пред 6 месеци

media-libraryqc43aih88i6h0oz63sv

Маѓар: Макрон, НАТО, Вебер ми честитаа за победата

Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, објави дека добил честитки од повеќе високи меѓународни лидери по изборната победа во Унгарија.Според неговата изјава, телефонски му честитал францускиот претседател Емануел Макрон, како и претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер.Маѓар додаде дека честитки добил и од германскиот канцелар, како и од генералниот секретар на НАТО, што претставува јасен сигнал за вниманието и поддршката од западните сојузници.Овие реакции доаѓаат во момент кога Тиса обе

Свет | пред 6 месеци

media-librarylel4fvvfpd6u1uJxH5r

Фидес паѓа на 55 мандати: историски пораз за Орбан, Унгарија со нова политичка реалност

Со обработени 66,69 отсто од гласовите, опозициската Тиса дополнително ја зголемува предноста и веќе има 137 пратенички мандати на парламентарните избори во Унгарија.Според најновите податоци, Тиса освоила 42 мандати од листи и дури 95 во едномандатни изборни единици. Владејачката коалиција Фидес-КДНП значително заостанува со 55 мандати (44 од листи и 11 поединечно).Третата политичка опција, Ми Хазанк, има 7 пратеници, сите добиени преку листи.Со оглед дека во парламентот се избираат вкупно 199

Свет | пред 6 месеци

media-libraryu214mcll5upgaWlm8sI

(Видео) Крај на ера, Орбан го призна поразот: „Резултатите се болни, но јасни“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, го призна поразот на парламентарните избори, оценувајќи дека резултатите се „болни, но јасни“.Во своето обраќање, Орбан истакна дека одговорноста и можноста за владеење овојпат не им биле дадени, додавајќи дека веќе ѝ честитал на победничката партија.„Резултатите сè уште не се целосни, но се болни за нас и јасни. Му честитав на победникот. Ви благодарам на сите за огромната работа. Никогаш не сме работеле толку многу во една кампања“, изјави Орбан.Тој нагласи

Свет | пред 6 месеци

media-librarynirps8kkv874e1vKn6n

Маѓар прогласи победа, Орбан му честитал: Благодарам, Унгарија

Со обработени 45,71 отсто од гласовите, опозициската Тиса дополнително ја зголемува предноста и веќе има 135 пратенички мандати на изборите во Унгарија.Според најновите податоци, Тиса има 40 мандати од листи и 95 во едномандатни изборни единици. Владејачката коалиција Фидес-КДНП е далеку зад со 57 мандати (46 од листи и 11 поединечно), додека Ми Хазанк има 7 пратеници.Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, веќе реагираше на резултатите со кратка порака: „Благодарам, Унгарија“.Тој на социјалните мрежи обј

Свет | пред 6 месеци

media-libraryp7qckfggvbbdd73fOYQ

Со 30% обработени гласови, Маѓар пред Орбан: расте разликата во мандати

Со обработени 29,21 отсто од гласовите, опозициската Тиса дополнително ја зголемува предноста пред владејачката Фидес-КДНП на парламентарните избори во Унгарија.Според најновите податоци, Тиса има вкупно 132 пратенички места – 37 од листи и дури 95 во едномандатни изборни единици. Од друга страна, Фидес-КДНП засега има 59 мандати (48 од листи и 11 поединечно).Третата политичка сила, Ми Хазанк, има 8 пратеници, сите освоени преку листи.Во унгарскиот парламент се избираат вкупно 199 пратеници, што

Свет | пред 6 месеци

media-librarya76oesjhap8q1dqPkA2

Првични резултати: Орбан губи, Маѓар во предност

Се бројат гласовите од изборите во Унгарија.Според првите пребројани гласови, опозициската партија на Петер Маѓар има предност во мандатите пред владејачкиот Фидес на Виктор Орбан. Изборниот ден помина во знакот на масовна излезност од речиси 78 отсто.Врз основа на првите официјални податоци од 6,56 отсто обработени гласови, опозициската партија Тиса оствари неочекувано убедливо водство во бројот на мандати.Моментална распределба на мандатите: во унгарскиот парламент кој брои вкупно 199 пратенич

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања