ВМРО-ДПМНЕ

pari-1

Денеска пауза, утре продолжува комисиското „кроење” на буџетот за 2026

Пратениците денес ќе одмораат а седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, во 12 часот.Власта и опозицијата имаат спротивставени мислеа. Пратениците од власта го бранат Буџетот како одржлив и развоен со вклучена социјална компонента.„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат”, рече Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk51eks3vvgp2frEyWnb

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување  фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите.„Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството“, рече Спасовски.Пратеникот Спасовски се осврна на неколку проекти кои се од клучно значење за развој на регионот и особено значајни за општина Крива Паланка, истакнувајќи дека со капиталните инвестиции во општините ќе се подобрат услови за живот на граѓаните.„Дополнителен двигател на бруто инвестициите ќе биде поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура.  Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир“, рече Спасовски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygoa4p8p2sjvh8y5AMjc

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh9rluul3quli5x3HjOt

Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Во секој буџет се крие пулсот на една држава преку кој се покажува каква држава сакаме, буџетот се носи за секој еден од нас, за секој да има подобро утре.  Граѓаните очекуваат од нас зошто ни дадоа доверба, рече пратеничката Лидија Петкоска на денешната собраниска комисија на која се расправа за Предлог буџетот за 2026 година.Петкоска буџетот го спореди со торба и рече дека ако внимателно е спакувана патот ќе биде можен и лесен.„Ние на буџетот работиме мудро, внимателно со очи вперени кон иднината. Буџетот покажува колку ќе биде силна светлина и дали ќе стигне до секое коше и до секого. Ние ја  адресираме реалноста или каде бевме, каде сме и каде одиме“, кажа Петкоска.Пратеничката Петкоска се осврна на однесување на опозицијата кон народните пари.„Слушајќи ги од опозицијата ќе се осврнам прво на задолжувањата.  И сакам да расчистам. Новата обврзница е 950 милиони евра, а дури 700 за враќање на еврообврзница или раздолжување на задолжувања направени од претходната влада. Значи мора да ја гледаме реалноста и да бидеме рационални“, смета Петкоска.Петкоска се осврна на начинот на кој се планираше буџетот за следната година, и како внимателно се правеше поради наследената ситуација. „Денес зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, инфлација што паѓа кон 2,5% и дефицит намален на 3,5 %. Додека на оние што денес критикуваат инфлацијата им избега над 15-20 проценти.  Ние пак  ја стабилизираме економијата и ги поставуваме темелите за здрав раст“, изјави Петкоска.Според Петкоска планиран е раст со мерка додека претходната влада трошела без мерка.„Можеби буџетот не е совршен, ниту треба да биде, но државата конечно се враќа на рационални планирања“, заклучи Петкоска.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd79gb00ddpqg8Mftwfl

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

На денешната комисиска расправа за Предлог - буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог - буџетот кој е од  младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

Македонија | пред 2 месеци

dafina

Стојаноска: Во 2026 ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, поопремени болници и училишта, и покрај долговите од СДСМ и ДУИ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на седницата на собраниската комисија за Предлог-буџетот за 2026 година, изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со домаќинско управување и дека ќе обезбеди „реални приходи и стабилен раст“, без зголемување на даноците и без нови, вонредни давачки за граѓаните.„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. Нема привилегирани фирми и селектирани должници. Сите се еднакви пред законите, а истите тие закони важат за сите“, рече Стојаноска.Таа посочи дека Владата истовремено ги зголемува платите, пензиите и инвестициите, додека го намалува јавниот долг и буџетскиот дефицит.„За разлика од претходната власт, нема еднократни приходи, нема вонредни такси. Финансираме домашни капитални проекти и враќаме стари долгови“, истакна таа.Според Стојаноска, новиот буџет не ветува „чуда“, но нуди реалност и стабилност.„Со овој буџет не ветуваме невозможни работи, туку реални приходи, солидни капитални инвестиции, постепен, но сигурен раст на платите и пензиите, како и континуирана поддршка за сите општини подеднакво“, рече пратеничката.Таа остро ги критикуваше претходните влади предводени од СДСМ и ДУИ, наведувајќи дека зад себе оставиле „само долгови и никакви капитални дела“.„Не знам каква школа за економија имаат учено тие, ама видовме дека ништо не создадоа – ни километар автопат, ни нова болница, ни инвестиција што ќе ја паметиме“, изјави Стојаноска.Таа нагласи дека во 2026 година Владата ќе се фокусира на подобрување на инфраструктурата и јавните услуги.„Ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални проекти, поопремени здравствени установи, подобри училишта и факултети, побезбедни градови и почиста животна средина“, рече таа, додавајќи дека целта е да се врати надежта кај граѓаните и младите да останат во земјата.„Ние сме генерацијата која мора да се жртвува за да биде подобро. Која мора да работи чесно и посветено, за да испорача резултати“, заклучи Стојаноска.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfal8tt0uh9q97MlP3bR

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата. „Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjl9ie3cprvnedbQ6k0K

Бојковска: Овој Предлог-буџет ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026.Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во образованието.Бојковска посочи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и создава услови кои младите ги заслужуваат.„Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе од 2025 година“, рече Бојковска.Бојковска информираше за средствата определени за образование по посебни ставки.„Во високото образование 11.290 милиони денари – зголемување од 315 милиони.  Зголемувања има за УКИМ, за Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, за Универзитетот во Тетово и Универзитетот Гоце Делчев во Штип. ФИНКИ и ФФК конечно ќе добијат современи и функционални згради, за нив се издвојуваат 32,5 милиони денари во 2026 година. Нашите студенти одамна го заслужија ова. Доста е од импровизирани училници и лоши услови. Додека едни лажеа, правеа спотови и ветуваа студентски градови, ние наоѓаме решенија на  проблемите. И најважно – реализираме“, велиБојковска.Бојковска се осврна посебно на програмата за одделот наука информирајќи дека се издвојуваат 823,4 милиони денари.„Или 26% повеќе од 2025 година. Ова е еден од нашите приоритети – да се вложува во научно истражувачката работа и да имаме нација која ќе ја носи државата на здрави столбови. Никогаш повеќе претходно не се поддржала науката и научната дејност“, кажа Бојковска.Пратеничката информираше и за средствата наменети за средното образование кое добива дополнително зголемен Буџет.„Особено сакам да го потенцирам вложувањето во инклузивното средно образование.  Изградбата на спортски сали во основните училишта е зголемена за 44% или 113 милиони денари. Ова се инвестиции во генерации, во таленти, во иднина“, заклучи Бојковска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6q4gpi9vs2tn8ukSGic

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од функцијата

По реакциите во јавноста за скандалот, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седниц го разреши Илија Стоилев од претседателското место во Општинскиот Комитет во Свети Николе. Стоилев беше уапсен за земање мито во случајот за злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Исто така е разрешен и Гоце Стоиловски од претседателската позиција во ОК во Македонска Каменица.Оваа информација, денеска ја соопшти партијата. Посочија и дека почнале подготовките и за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.Како што е соопштено, донесена е одлука за избор на 800 делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски е овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата е формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybhdl32kn3bvs4zYE8mu

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка.„Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што  впрочем и  мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и   кога објавивме дека има одлука за суспендирање, мораше да ја потврди. Грам грижа не покажа за сите оние земјоделци кои што набавуваат механизација, оние кои што градат, кои што земале кредити, кои што ги користат овие средства. Тој со денови, молчеше или прикриваше одредени работи, велеше дека нема врска со Платежната агенција, па излезе дека негов близок соработник меѓу опфатените опфатените“, рече Николовски.Николовски во интервјуто посочи дека и Европската комисија во извешрајот укажува на слабостите во Платежната агенција.„Европската комисија точно потенцира во поглавјето 11 кластер 5, во делот на земјоделство, конкретно во делот за ИПАРД дека се потребни антикорупциски мерки, нешто што за прв пат е нотирано. Тоа беше доволен аларм, но за жал се случи тоа за што алармирав повеќе пати и од собраниската говорница - сега штетите се големи“, рече Николовски.Тој додаде дека во моментов поради скандалот со ИПАРД под суспензија се 130 милиони евра кои не може да користат, односно тоа се  453 договори, од кои што 180 договори се во тек на реализација.„Луѓето ги очекуваат парите, влегле во инвестиции, тоа се многу хотели, фарми, објекти, преработувачки капацитети, мали бизниси во руралните средини, за кои што видовме дека воопшто нема загриженост, како што видовме министерот Трипуновски рече дека  воопшто не биле битни бројките.  Ако земеме во предвид дека сите овие проекти се реализираат од многу компании, подинвеститори, добавувачи - штетите и последиците од овој корупциски скандал во кој што се наоѓа државата, Платежната агенција, се огромни“, рече Николовски.Во интервјуто Николовски посочи дека втор пат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случува суспензија на средствата од ИПАРД и додаде дека како претседател собраниската комисија, стои на располагање на помогне со  конкретни акциски планови, да не се повтори ИПАРД 1 кога беа тотално изгубени парите и имаше најниска реализација на ИПАРД.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8h0ggq4snitr1XsVQoR

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава која произведува, гради и привлекува капитал

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал.„Овој буџет е крвна слика на економската политика што ја води оваа Влада а тоа е политика на раст, политика на фискална консолидација и политика во вложување на човекот и развојните проекти. Ова е буџет кој покажува што сакаме да стане Македонија а тоа е  држава којашто произведува, која гради, која инвестира, која привлекува капитал, држава којашто го намалува дефицитот и долгот преку раст и дисциплина, а не преку нови сметки на грбот на граѓаните“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5% а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% со што невработеноста би се намалила на 10%.„Се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6%, со што невработеноста треба да се спушти на околу 10%. Вкупните приходи во државната каса за 2026 година се планирани на околу 374,9 милијарди денари, а вкупните расходи на 414,2 милијарди денари. Тоа значи буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари, или 3,5% на БДП, што е пониско од 2025 година, кога изнесуваше 4% и 41,3 милијарди денари. Даночните приходи и придонесите заедно достигнуваат 335,9 милијарди денари, што е 16,7 милијарди повеќе раст од околу 5,3% во однос на ребалансот 2025“, рече Стојаноски и додаде:„Разликата од минатото е во следново, тогаш се задолжуваа за да преживеат месец за месец, денес задолжувањето е планирано, со јасни цели отплата на стари скапи долгови и финансирање капитални проекти. За 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за наставниците за професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, и за работниците во оваа држава“.На крај Стојаноски објасни дека трансферите кон општините би се зголемиле на 36 милијарди денари, социјалните трансфери и пензии за 13 милијарди денари со што пензиите за 9,7%.„Трансферите кон општините се зголемуваат на 36 милијарди денари, или 7,4% повеќе од ребалансот, социјални трансфери и пензии се зголемуваат за 13 милијарди денари, и тоа пензиите за 10  милијарди денари односно 9,7%. Кога ќе го погледнеме буџетот за 2026 година бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна има реални приходи, контролирани расходи, дефицит што се намалува, високи капитални инвестиции, раст на плати и пензии, силна поддршка за општините“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library33j31kno2a0pc37uo0Z

Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите

На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории.„Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и поддршка на ранливите категории – децата, лицата со попреченост, самохраните родители, старите лица и сите кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на платите и пензиите, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата“, вели Ангелова.Пратеничката Ангелова посочи дека ќе продолжи растот на пензиите и во наредниот период но и дека ќе се продолжи со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг како и засилена фискална дисциплина и транспарентност.„Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари. Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите. Со овој Предлог - буџет за 2026 година ќе има засилена фискална дисциплина, поголема ефикасност во капиталните инвестиции,  централизирана контрола и транспарентност, јасна процедура за субвенции и трансфери, подобра контрола врз општините, транспарентност во повратот на приходи, редовно известување и отчетност, правна сигурност и предвидливост и поголема одговорност на институциите“, рече Ангелова.

Македонија | пред 2 месеци

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата – време е за негова оставка, вели Андоновска

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека структурните реформи кои Венко Филипче и СДСМ ги најавуваа како „нов почеток“ – никаде не се видливи, и дека со тоа партијата дополнително тоне во политичка криза.„Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија на државно ниво и петта во Скопје, а најавените реформи се само празни зборови,“ изјави Андоновска.Таа нагласи дека во СДСМ владее безидејност и дезориентираност, што уште повеќе ги поткопува „веќе разнишаните темели на партијата“.„Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака да продолжи да постои на политичката сцена,“ порача Андоновска.Според неа, во СДСМ има „чесни и трудољубиви активисти“ кои, како што вели, не можат да дојдат до израз поради влијанието на Филипче и неговиот ментор Зоран Заев.„Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија. Затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев,“ заврши Андоновска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Македонија тоне по животен стандард – инфлацијата достигна 4,5%, тврди СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека реалните економски показатели ги побиваат, како што велат, „лажните тврдења на власта“ за економски бум.„Последните податоци за инфлацијата покажуваат дека, спротивно на уверувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, цените и понатаму растат, а куповната моќ на граѓаните се намалува,“ соопштија од партијата.Според Државниот завод за статистика, годишната инфлација во октомври изнесува 4,5%, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 7%.„Ова значи дека основните производи без кои не може ниту едно семејство – како лебот, млекото и зеленчукот – се сè поскапи,“ наведува СДСМ.Цените на мало се зголемиле за 2,8% во споредба со октомври лани, а најголем раст има кај прехранбените производи (6,7%) и кај овошјето и зеленчукот (4,3%).Партијата смета дека ова е доказ дека економските политики на Владата се промашени и без резултати, и дека сметката ја плаќаат граѓаните преку повисоки трошоци за живот.„Платите и пензиите не го следат растот на трошоците. Животот секој ден станува поскап, а Владата не презема ништо,“ додаваат од СДСМ.Во соопштението се вели дека во новиот буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените на храната, како што партијата претходно предлагала.„На ВМРО-ДПМНЕ им одговара граѓаните да живеат полошо. Тоа е нивна стратегија за слабеење на народот и создавање евтина работна сила. Но граѓаните тоа го препознаваат,“ порачаа од СДСМ.Тие додаваат дека ќе продолжат да предлагаат конкретни политики за повисоки плати, пониски цени и подобар животен стандард.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања