ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryhtsg1b3ffb3g02UslnS

Петрушевска: Македонија е целосно посветена на реформската агенда важна за Македонија и членство во ЕУ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија, истакна дека Форумот во Тирана испраќа силна и јасна порака за важноста на заедничкиот реформски процес на земјите од Западен Балкан.„Форумот во Тирана испраќа една многу важна порака, а тоа е дека заедно на масата со еврокомесарката Кос, лидерите од Западен Балкан разговараа за реформскиот процес којшто треба да помогне во придвижување на евроинтегративниот процес на целиот Западен Балкан“, вели Петрушевска.Петрушевска посочи дека реформската агенда не треба да се сфаќа како обична чек листа, туку како квалитативен напредок кој ќе донесе подобар животен стандард и ќе го унапреди процесот на евроинтеграција.“Реформската агенда не треба да претставува само една чек листа, треба да значи квалитативен, не само квантитативен исчекор напред во однос на поквалитетен животен стандард, но истовремено и унапредување на процесот на евроинтеграција“, истакна Петрушевска.Петрушевска додаде дека остануваме целосно посветени на исполнување на реформската агенда, со цел забрзување на реформските процеси кој се важни за државата и за европскиот пат.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsk9oiu2h4622ZVKQxB

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.-Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде ЖерновскиТој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место.-Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh3pun4umjdhsa2wgvn2

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија" присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.-Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.-Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија".

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydot3rpjk8ji7cDVIb7R

Пренџов: СДС го користеше судството за свои политички цели

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата.„Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од Судски совет, тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија“, вели Пренџов.Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДС биле на власт, немало реализирани капитални проекти, а криминал и корупција се заканувале и го контролирале функционирањето на државата. Тој додаде дека владеењето на СДС се базирало исклучиво преку судството и обвинителството.„СДСМ изминатиот период немаше добри проекти, вие исклучиво функциониравте и владеевте преку обвинителството и преку судството. Бидејќи обвинителството апсеше по наредба на Зоран Заев, а судството судеше исто така по наредба на Зоран Заев“, подвлече Пренџов.Пратеникот Пренџов заклучи дека граѓаните заслужуваат транспарентно, професионално и независно судство, кое не се користи за партиски цели.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryeijihji111fhdOHiNN3

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.„Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.„Убаво  е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.„Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска,  која што е судија известител,  а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:„Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да обезбеди правда за ‘Пулс’ — Филипче да не глуми чесен

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека очекува судот да постапи бескомпромисно и одговорно во случајот со трагедијата во дискотеката „Пулс“, истакнувајќи дека правдата мора да биде еднаква за сите, без политички или етнички разлики.„Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен, во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки – од модуларната болница, па сè до разни набавки во здравството,“ наведуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека обвинителството на Заев и Филипче мора да делува одговорно и да го испита целиот случај, без селективен пристап и политички влијанија.„Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот ‘Пулс’, да не биде компромитиран и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на политички пораки и притисоци, каква што е оваа алиби-прес конференција на докторот Менгеле – Филипче,“ стои во соопштението.Од партијата потенцираат дека вистината мора да излезе на виделина и дека Македонија мора да изгради систем во кој нема да има повластени и недопрени.„Овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и ќе ја остават во калта на нивното гнасно минато. Правда мора да има — за сите,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiefas287h1lt8sI4Bxb

Петрушевски: Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, зголемена поддршка за социјалната заштита, здравството и образованието

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДС, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.„Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски.Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.„Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydbusf2oq0ae4aiA6HPO

Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува.„Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000 студенти, сите ќе добијат средства за да набават технолошко помагало, нешто што е многу позитивно и е наше ветување. Втората е  економската прогноза на Европската комисија која што ги потврдува добрите владини политики“, вели пратеникот Стојаноски и додава:„Ние кажавме дека нашата економска филозофија ќе се темели на три столба. Првиот е реализација на капитални инвестиции, приватна потрошувачка, подигнување на животниот стандард и засилување на приватното стопанство. Европската комисија дава позитивна оценка за сите три дела, нешто што за мене е дополнителен мотив да продолжиме и понатака да работиме во оваа насока“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycspnj0gfmn504M6fmOY

Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата

Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.„Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:„Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е  и инфраструктурата.„Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.„Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library323dk12e1r4n7IjcsLw

Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните

На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на капитални инвестиции кои се особено важни, бидејќи тоа се зрели проекти кои се веќе и во реализација, конкретно оние проекти во општините кои токму државата ги финансира, а се однесуваат и се наменети за граѓаните“, вели Илиевска.Илиевска дополни дека со буџетот се проектира раст на просечната нето-плата од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% и намалување на невработеноста на 10%. Проектираниот економски раст од 3,8%, според неа, е показател за стабилен и забрзан развој на економијата.„Со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето-плата да порасне на 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% што невработеноста би се намалила на 10%. Проектираниот раст на економијата за 3,8% е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст и се дава сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо“, истакна Илиевска.Илиевска посочи дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет кој е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализација на стратешки приоритети на Владата.„Во буџетот за 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати, или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за работниците, за наставниците и професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, едноставно за сите луѓе коишто творат и создаваат во Македонија“, заклучи Илиевска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Пеце Милевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде се осврна на делот за сивата економија при што потенцираше дека Предлог-буџетот за 2026 година има мерки за намалување на истата. Тој истакна дека во овој Предлог-буџет акцентот е ставен и на развојната компонента, преку високо ниво на капитални инвестиции.„Со овој Предлог-буџет многу се внимава на мерки за намалување на сивата економијата и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Предлог-буџетот е темелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реални можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешки приходи“, истакна Милевски.Тој посочи дека во овој Предлог-буџет е ставен акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции.„Најважно е што во проектирањето на овој Предлог-буџет, ставен е акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции кои се проектирани во износ од 40,5 милијарди денари“, рече Милевски.Како што вели тој, фискалната консолидација е една од главните одлики на овој Предлог-буџет.„Фискалната консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии е една од главните одлики што обезбедува поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства, односно парите на граѓаните“, кажа Милевски и додаде:„Одговорното буџетирање како главна одлика на овој Предлог-буџет, е клучно во вкупниот макроекономски контекст и управувањето со вакви проекции мора да ги следи голема дисциплина и финансиска мудрост. А оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Министерството за финансии, тоа во изминатиов период го потврди“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library549stsm7fg0tf3IWW9I

Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот.„Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски.Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и ја изразува волјата на извршната власт за стабилизација и основа за развој.„Од друга страна, од кај опозицијата гледаме само настапи, каде што се бараат 2 или 3, можеби 5 подставки каде што во овој буџет се можеби помали во однос на претходната година. И целокупната нивна активност насочена во расправата на овој буџет, е токму таа што практично доведува до услови да имаме несуштинска расправа“, кажа Јаревски.Јаревски истакна и дека Фискалниот совет за овој Предлог-буџет укажа дека се воочливи знаци и чекори на фискална консолидација, во споредба со претходните искуства кој истиот ги имал со СДС, каде се забележуваше негативен тренд на сите полиња, за разлика од сега кога трендот е позитивен.„Фискалниот совет за овој буџет прв пат укажа дека се запознаа се заприметија или се констатираа првите знаци и чекори на фискална консолидација.  Не знам како може некој упорно да игнорира фактот дека и ММФ и Светска банка ги ревидираа на повисоко процентите за раст. Зошто? Бидејќи, на некој начин и самите беа затекнати, поучени од претходниот традиционално искуство на СДС да има негативен тренд на сите полиња, овде имавме позитивен тренд. Ги подигнаа проекциите“, вели Јаревски и додава:„И веќе ако велиме дали имаме потреба од суштинска расправа, тогаш можеме да ги видиме клучните макроекономски индикатори“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library61rg90bqrgoje2dwjgd

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, упати остри критики кон раководството на СДС, обвинувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче дека нема фокус на реформите и напредокот, туку на спроведување на, како што рече, „плановите што му ги диктира Зоран Заев“.Манасиевски оцени дека, според него, „дуото Филипче–Заев“ не се откажувало од контролата врз партијата, дури и по цена на нејзино нарушување.„Заев сè уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег,“ изјави Манасиевски.Тој истакна дека изборот на Александар Трајановски за потпретседател на СДС не бил резултат на неговите квалитети, туку на неговата лојалност кон сегашното раководство.„Трајановски е лојален човек на Филипче и Заев. Со оваа одлука, Заев уште еднаш ја потврдува својата позиција како претседател од сенка,“ нагласи Манасиевски.Според него, граѓаните не очекувале ништо од актуелното раководство на СДС, а за да постои силна, кредибилна и одговорна опозиција, потребни биле темелни и итни реформи.„Реформите мора да започнат со оставка на Филипче,“ порача Манасиевски.

Македонија | пред 2 месеци

andrej-petrov

Петров: Доста се делби, сите со одговорност да се приклучат и да помогнат на СДСМ

Еден од поранешните видни членови на СДСМ, екс генерален секретар и градоначалник, Андреј Петров во интервју за Сител ТВ оцени дека СДСМ мора да учи од грешките и преку отворена дебата и обединување на членството да се врати на старите патеки.Негов став е СДСМ да ги вклучи младите генерации и да ги врати разочараните членови.„Во ситуацијата мислам дека на СДСМ му требаат квалитетни луѓе внатре. Она што не му треба и на СДСМ и на опозицијата се понатамошни делби. Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст, без храброст ништо не се прави. Треба да има доволно политичко искуство, доволно желба за соработка, да нема конфликтни ситуации внатре. Да има стратешка идеја за државата . Партијата мора да ја отвори дебатата внатре, во дебатата ќе се препознаат добрите кадри. Раководството мора да расчисти со тоа мора да ја разбие тезата дека одработува за ВМРО – ДПМНЕ“, рече Петров.Според него, погрешен чекор е ако СДСМ смета на тоа да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ, како пто пишуваа дел од медиумите.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4ou47lpqjm16eyx3T6t

ВМРО-ДПМНЕ: Промена во СДСМ е можна само со оставка на Филипче

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска со соопштение ги анализира состојбите во СДСМ„Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски. Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев. За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.Според нив се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите, забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.„И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти заедно со Филипче и Заев.Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања