ВМРО-ДПМНЕ

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: За доброто на сите Филипче да собере сила и да замине од СДСМ

„Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно. Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ, стои во соопштението е партија во која поединци се грижат за личниот џеб.„Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-library2untsafth3is86YkfhK

Андоновска: СДС да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски ,,тежок” 800.000 евра

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го оштетил државниот буџет за близу 800.000 евра, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Андоновска.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за Заев, Филипче и Николовски, приватниот интерес секогаш бил пред државниот, дури и во услови на глобална криза.„Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината?“, праша Андоновска.

Македонија | пред 1 месец

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Енергетска политика на ВМРО-ДПМНЕ на „варена жаба” ја турка државата во сиромаштија

Левица излезе со остра осуда на одлуката за најновото поскапување на парното за 5%, како и најавата за раст на цената на струјата од Нова година.Овие одлуки, велат се јасен доказ за хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните.„Во услови на инфлација и растечка енергетска сиромаштија секое ново „само 5%” покачување претставува директен удар врз достоинствениот живот на илјадници домаќинства. Наместо вложување во домашно производство, обновливи извори и енергетска ефикасност, Владата толерира стареење на мрежата, енергетска зависност од увоз и одлив на профит кон приватен и странски капитал, а народот се третира како „варена жаба”, навикнуван на постепено уништување на сопствениот стандард”, велат од Левица.Левица, посочува. ја одбива оваа политика на тивко варење на народот и бара итно ревидирање на најновите одлуки на РЕК, јавно објавување на пресметките и проектите кои ќе се реализираат со парите од поскапувањето, независна анализа и одговорност за работењето на ЕСМ, промена на методологиите за формирање на цени со вградена заштита на стандардот на граѓаните, воведување на јавни мерки за помош на енергетски сиромашните домаќинства и транспарентни јавни расправи пред секое значајно ценовно поскапување.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysi5tbro0r9gddu43HtV

Петрушевски: Извештајот од Анкетната комисија во Собранието, треба да биде доставен до Владата и ЈО

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, со цел истото понатаму да преземе конкретни чекори.„Ние во континуитет велевме дека да почне судењето, да се заврши обвинителниот акт и она кое што беше тогаш разговарано и ќе имаме една Анкетна комисија во Собранието, која што ќе разговара за сите овие теми кои што беа наведени, но вклучително и за други несреќи кои што останале така и кои што исто така заслужуваат утврдување на одговорност“, вели Петрушевски и додава:„Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква се опфатна анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија“.Според него, СДС не го испочитува Деловникот, со тоа ги занемари пратениците од власта.„Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот“, кажа Петрушевски.Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлика по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДС.„Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот  покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во оваа предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија,  тој извештај да отиде до ЈО и ЈО да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија“, истакнува Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

ВМРО–ДПМНЕ бара одговори за отписот на 2.000 тони жито и го поврзува скандалот со Трајан Димковски и Љупчо Николовски

ВМРО–ДПМНЕ побара од институциите да соопштат каде завршиле околу 2.000 тони пченица и јачмен, проценети на околу 800 илјади евра, кои во периодот 2019–2021 биле отписани од државните стокови резерви. Партијата реагира по последната акција на истражните органи во која, покрај уште четири службени лица, е опфатен и поранешниот министер и заменик-министер за земјоделие Трајан Димковски.Според ВМРО–ДПМНЕ, Димковски, кој бил и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, поднел записник до Владата со констатација за кусок на житарици за периодот 2007–2021. Од партијата тврдат дека Владата, во состав во кој учествувале тогашните функционери Венко Филипче, Зоран Заев и Љупчо Николовски, го усвоила заклучокот без дополнителни проверки, иако, како што наведуваат од ВМРО–ДПМНЕ, во 2019 била направена целосна обнова на резервите и претходните контроли не покажале отстапки.Оттаму оценуваат дека отписот бил направен и покрај тоа што житото, според нивните тврдења, било употребливо, додека вистинскиот кусок би можел да се однесува на периодот 2019–2021, кога цените на храната растеле поради пандемијата и енергетската криза. Партијата бара одговор дали дел од житариците завршиле на црниот пазар во соседни држави и дали од трансакцијата, покрај осомничените, профитирале и други поранешни функционери.ВМРО–ДПМНЕ смета дека случајот треба целосно да се истражи и дека јавноста заслужува одговори за начинот на управување со стоковите резерви во тој период. Од институциите засега нема официјален коментар во однос на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

aleksandar-nikoloski

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека Бугарија не ги применува пресудите од Стразбур и дека Македонија очекува нивна имплементација и признавање на македонско малцинство.„Ние сме кажале, а тоа е дека не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат и јасно сме кажале кои се нашите очекувања, дали се тие поврзани со историскиот и политички континуитет на македонскиот народ, дали н се поврзани со засебноста на македонскиот јазик, многу јасно сме ги кажале работите дека Бугарија не ги применува пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, дека бараме да ги примени, јасно сме кажале дека бараме да признае македонско малцинство кое што би бил дел од Советот на национални малцинства којшто го има Бугарија, јасни се нашите позиции“, вели Николоски.Според Николоски во Европската унија постои нов бран на оптимизам за проширување, а неколку поголеми земји-членки се подготвени да го поддржат процесот.„Се надевам дека нели сега има нов бран на оптимизам којшто се шири во однос на проширувањето дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ, ќе се согласат на проширување, и ако се согласат на проширување ќе извршат притисок врз Бугарија да не не блокира“, рече Николоски.Николоски истакна дека е единствениот министер од оваа Влада кој што потпишал меѓудржавен договор со Бугарија, како што е договорот за изградба на заеднички тунел, потенцирајќи дека се очекува со почетокот на градежната сезона тој да биде воведен во работа.„Се обидуваме да ја забрзаме втората фаза, иако за жал тоа е наследено од претходната влада многу лош изведувач, се обидуваме да ја забрзаме, очекувам на почетокот на следната недела да излезе првиот од трите документи тоа е информацијата за спроведување на тендер затоа што одиме по правила на Европската инвестициска банка, после тоа ќе излезе претквалификација, па квалификација за надзор и најдоцна јануари дека ќе излезе и тендер за изведувач. Се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона ќе може да биде воведен во работа“, истакна Николоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryei7trq3qm6ku9ha854n

Николоски: За само една година обезбедивме 21 нова авионска дестинација, наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид

На Канал 5 телевизија во „Само Интервју“ вечерва гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски кој истакна дека со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром.„20% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Ние правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само една година обезбедивме 21 нова дестинација кон скопскиот и охридскиот аеродром, Аустриан ќе лета редовно Виена-Охрид, што дополнително ќе го поврза градот со цела Европа“, рече Николоски.Николоски се осврна и на капацитетите за сместување на туристи.„Хотелските комплекси кои ги имаме во Македонија со исклучок на неколку објекти во Скопје, се од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. За да се изгради еден хотел, потребно е да се донесе цел детален урбанистички план. Мислам дека мнозинството е тивко и мнозинството ова го поддржува и мора да ја олесниме процедурата. За изградба на хотели не за апартмански комплекси, не за апартмани за продавање, исклучиво за хотели тоа е таканаречена Б5 категорија и дури еве можеме да се договориме, тоа да може да се прави за инвестиција којашто ќе е над Х вредност“, кажа Николоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytdi5g94fofqi2wdggDK

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефукнционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.„Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани“, кажа Николоски и додаде:„Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава“.Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се 4 просечни плати.„Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%. Ние имаме принципиелен став, дека од ова ниво нагоре платите нема да растат и ги намаливме коефициентите. Ако порано министер бил 3,5%, 3 и пол просечни плати, ако бил пратеник 3 и пол просечни плати, ако бил потпретседател на влада 3,7 просечни плати, премиер 4, претседателот 4,5, сега ги намаливме сега е 2,83. За судиите и за обвинителите да не важело. Па помножете 4 просечни плати во моментов ќе видите колку пари доаѓаат, ќе видите колку е тоа што го бараат судиите“, рече Николоски.Николоски посочи дека правосудниот систем е проблем број 1 во земјата и за истото не може Владата да нема слух.„Ние сме најмногу да бидат независни. Нека испорачуваат резултати, нека си работат и ние да немаме дебата, ама ова е проблем број 1. Поразговарајте со било кој граѓанин, ова ви го отвора како проблем број 1. Ние не можеме неми да бидеме. Да велиме само затоа што ние немаме надлежност таму, ние ќе ќутиме“, истакна Николоски.Николоски укажа дека само тој додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција отворил многу корупциски случаи, но никако да се види било каков резултат од правосудството.„Не може сите случаи да се утнати, од толку корупциски случаи нешто да беше почнато, ако мислат дека не треба нека кажат“, посочи Николоски.

Македонија | пред 2 месеци

kacarska

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС“

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на изборот на Добрила Кацарска за уставен судија, обвинувајќи дека нејзиното именување е резултат на политичка наклонетост и блискост со СДСМ. Во соопштението, опозициската партија тврди дека Кацарска била „наградувана“ поради нејзината улога во судските процеси за 27 април.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според нивните оценки, Кацарска донела „драконски казни“ и водела „нефер постапка“, притоа критикувајќи го, како што тврдат, нејзиното однесување за време на рочиштата. Партијата смета дека ваквите случаи придонеле за ниска доверба на јавноста во судството.Дополнително, од опозициската партија реагираат на барањето во Уставниот суд за зголемување на судиските плати, посочувајќи дека за Кацарска тоа би значело примање на значително повисок месечен доход, додека, според нив, во исто време се укинуваат покачувањата на ниските пензии. Партијата ја обвинува судијката за „двојни стандарди“.Опозицијата оцени дека ваквите ситуации го потврдуваат нивниот став дека во правосудството се потребни темелни реформи за да се подобри ефикасноста и да се зајакне довербата на граѓаните.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ја нагласува и намерата на Владата предводена од нивната партија да продолжи со економски политики насочени кон повисоки плати, пензии и поквалитетен животен стандард.Од Уставниот суд и од СДСМ засега нема официјална реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, а бара зголемување на сопствената плата

ВМРО-ДПМНЕ и денеска се огласи за одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за член во Законот за линеарно покачување на пензиите. И денеска обвинувањата им се насочени кон судијата Добрила Кацарска.„Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април.Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.СДС молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

ВМРО-ДПМНЕ се огласија со соопштение во кое велат дека СДСМ веќе 4 дена нема никакви прес-конференции, ниту пак соопштение испратено до јавноста.„Да не говориме за нивниот претседател на хартија кој тек тук знае да се појави во јавноста кога не е во Дубаи на Харис Џиновиќ или пак на грчките плажи на јахтата со Заев и Трајановски. Дали во седиштето на СДС се изгасија светлата? Дали остана некој кој верува на политиките на Филипче? Ова што се случува во СДС е поради Филипче и послушноста кон Заев. Потребно е заминување на Филипче и оградување од Заев, тек тогаш СДС ќе се врати како опозиција која секогаш треба”, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-library34nrutpbaaqu32YZ4s1

Мицкоски: Младите се сржта на партиите, наши наследници и иднината, зачувајте го вашето достоинство низ дејствувањето и работата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите.„Некои од пораките што ги слушнав денес од оваа дебата се нешто што е многу, многу важно, и нешто што претставува срж на нашите партиски политики. А која е сржта на нашите партиски политики? Младите, младинските организации. Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без суштина, срж. И не е вистинското прашање дали таа партија ќе исчезне. Прашањето не е дали, туку кога таа партија ќе исчезне. Ние сме многу горди што имаме многу, би рекол, офанзивна младина. И ние ја поддржуваме таа младина бидејќи сметаме на нив, да бидат нашите наследници во иднината. Сергеј спомена дека имаме тројца пратеници кои се дел од нашето младинско раководство и повеќе од 100 членови на општински совети. Да, тоа е вистина. Давањето шанса на младите значи дека и давате шанса на иднината. Во спротивно, ќе го изгубите патот и, како што реков, веројатно ќе исчезнете од политичката сцена. На пример, во мојот кабинет, јас сум опкружен со многу млади луѓе. Почнувајќи од мојот протокол, па сè до шефот на мојот кабинет, сите тие биле или сè уште се дел од младината или биле лидери на нашата младинска организација. “ кажа Мицкоски и додаде:„Мојата прва порака и мојот апел до сите вас беше бидејќи еден ден вие ќе станете лидери, високи претставници на вашите партии, создавајте младина. Бидејќи ако немате млади, ќе повторам уште еднаш, прашањето не е дали, туку кога ќе исчезнете. Затоа, развивајте ги и дајте им шанса на вашите наследници“ кажа Мицкоски. „Втората работа што би сакал да ја кажам денес како порака е од чевлите на еден професор. Кога започнувате нешто, не очекувате чуда. Чудата не се можни. Ако верувате во чуда, тогаш нема да бидете способни да ја пренесете реалноста. Нема да бидете способни да ја живеете реалноста. Затоа понекогаш некој околу вас создава перцепција за работи кои не се остварливи и кои не се реални. Она што го гледате на Инстаграм, она што го гледате на ТикТок не е реалноста. Тоа е нешто со кое некој сака да изврши притисок врз вас и да создаде лажна реалност. Повторно ќе се повикам на нешто што го кажав чудата не се можни. Ако некој ви ветува чуда, тогаш ве лаже. Тоа не е можно. Не верувајте во чуда“, нагласи Мицкоски.Мицкоски упати порака до младите да го зачуваат своето достоинство како многу важен дел од нивното дејствување.„Третата работа што би сакал да ја пренесам како порака денес е, зачувајте го вашето достоинство. Не бидете дволични. За жал, ќе бидете опкружени со многу луѓе кои се дволични. Но, ако вие не сте дволични, тогаш го имате вашето достоинство, што е најдобрата особина на вашиот карактер што можете да ја поседувате. И ова е нешто што е многу важно, не само за вашата иднина, туку и за семејствата што ќе бидат дел од вашите животи“, истакна Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека семејството е најважниот елемент во животот.„И ова е четвртата порака што сакам да ја пренесам денес. Можеби некој ќе ја оспори мојата порака, можеби некој ќе ме осуди за ова што ќе го кажам сега, но семејството е најважниот елемент во вашите животи. Децата, многу деца, тоа е нешто што ќе го обликува вашиот живот. Бидејќи без многу деца, вашиот живот ќе биде празен и веројатно себичен. Ве молам споделувајте сè со вашата околина. Нека споделувањето биде дел од вашето однесување. Бидејќи ако споделувате, ќе можете да научите што значи семејството, не само за вас, туку и за вашата нација“, потенцира Мицкоски.Мицкоски за крај кажа колку е важна работата и посветеноста со фокус и јасен патоказ за иднината.„И јас навистина верувам дека сите вие што сте овде верувате дека политичкото дејствување десно од центарот и конзервативизмот се иднината на европскиот континент, но зборувам и за човештвото воопшто. Ако една нација не работи напорно, особено мала по бројност како мојата, македонската нација, ако не работи напорно со посветеност, со фокус и со јасен патоказ каде ќе бидеме за 50, 100 години од сега, таа нација ќе исчезне. И ова е нешто што е вистинскиот проблем на оваа генерација, и на вашата генерација исто така. Бидејќи ако ги потцениме предизвиците што ќе се појават за 50, 100 години од сега, тогаш не сме визионери, не сме политичари од десниот центар. Ние сме дневни политичари и сме популисти. Затоа, мојата последна порака ќе биде борете се и размислувајте за работите што ќе го обликуваат човештвото и иднината на вашата нација. Во спротивно, ќе се изгубите себеси и ќе станете дневни политичари. А јас не верувам дека тоа е вашата амбиција, ниту вашата идеја, не за оваа организација, туку генерално за иднината на европскиот континент и за иднината на човештвото во целина. Затоа, се обидов да бидам што е можно пократок за да пренесам долги приказни на краток начин“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7mqnb5q8c24bewyZ4Wg

Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него

На денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија, се обрати Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој на самиот почеток истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализирала голем број од ветените проекти на изборната програма.„За многу краток период, ВМРО-ДПМНЕ започна да реализира голем дел од своите заложби за младите од изборната програма, конкретни мерки во образованието, вработувањето и младинското учество. За првпат во историјата, нашата младинска организација може гордо да каже дека имаме тројца пратеници кои доаѓаат директно од нашите структури, тоа значи дека гласот на локалните младински совети, на студентските организации и на општинските канцеларии за млади, може директно да стигне до законодавниот дом“, рече Попов.Попов истакна дел од владините мерки за поддршка на младите и студентите.„Нашата Влада спроведе конкретни мерки, секој студент запишан на државните или приватните универзитети доби ваучер од 250 евра наменет за набавка на ИТ опрема, реновирањето на студентските домови, исто така ги подобривме можностите за вработување на млади професионалци, вклучително и вработувањето на 600 специјализанти кои го зајакнуваат нашиот здравствен систем, нашата иницијатива „Млад земјоделец“ ги поддржува младите во земјоделството преку доделување на 10.000 евра за секој што ќе започне земјоделски бизнис, промовирајќи го руралниот развој“, рече Попов и додаде:„Заедно со нашите партнери во Владата, со нашите градоначалници и советници, и со нашите тројца пратеници, ќе се залагаме за Македонија во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykg5esuk3ur2h3JN8VZM

Манасиевски: Уставната судијка Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата, од СДС молк

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на барањето на уставната судијка Добрила Кацарска за укинување на последното покачување на пензиите.„Уставната судијка Добрила Кацарска, која преку ноќ стана дел од Уставниот суд со поддршка на СДС, сега, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7.000 денари на пензиите, додека истовремено инсистира на зголемување на нејзината плата за околу 100.000 денари“, истакна Манасиевски.Тој додаде дека поединци од судството и обвинителството, блиски до структурите на СДС и без кредибилитет или легитимитет, јавно бараат енормни зголемувања на платите, додека граѓаните и пензионерите се соочуваат со намалување на своите примања.„СДС, кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите“, рече Манасиевски.Според него, додека во времето на СДС пензионерите добивале само 150 денари покачување, нивните инфилтрирани кадри во судството сега бараат европски плати со доверба од едвај 2%, а притоа предлагаат кратење на пензиите.Манасиевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се грижи за граѓаните и да го подигнува животниот стандард. „Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. Бараме од СДС јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите“, заклучи тој.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya0a59r6qbdna3aR9V4L

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати

Во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 проценти, правосудството дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите.„Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според владеачката партија, доколку бидат прифатени сегашните барања, судија би земал околу 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари – што е еквивалент на осум просечни плати и повисоко од примањата на нивните колеги во Европа со многу поголема ефикасност и доверба.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања