Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците на денешната 125. седница на Собранието изгласаа измени и дополнувања на четири закони, по што седницата беше прекината, а преостанатите точки од дневниот ред ќе бидат разгледувани на продолжение.

— реклама —

Со мнозинство гласови „за“ беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за високи раководители и Законот за вработените во јавниот сектор.

Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, како и на Законот за шумите.

— реклама —

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина седницата, образложувајќи дека нема деловнички можности за продолжување на расправата по преостанатите точки од дневниот ред.

— реклама —

Меѓу точките што останаа за разгледување се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Законот за надворешни работи.

На дневен ред се и предлог-националната програма за високото образование со предлог-мерки за периодот 2025–2030 година, како и предлог-националната програма за научно-истражувачка дејност со предлог-мерки за истиот период.

Од Собранието дополнително ќе биде известено за датумот и времето на продолжението на 125. седница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања