Протести на Гренланд и во Данска против плановите на Трамп за преземање на островот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library17ha8utr4t2h1en6IQQ

Илјадници граѓани преку социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат на протести на Гренланд и во Данска, како реакција на најавите и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола врз арктичкиот остров. Протестите се планирани во Копенхаген, Орхус, Олборг, Оденсе, како и во главниот град на Гренланд, Нук, на иницијатива на повеќе гренландски организации.

— реклама —

„Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на почитувањето на демократијата и основните човекови права на Гренланд“, соопшти организацијата Уагут, национално здружение на гренландски граѓани во Данска, преку својата интернет-страница.

— реклама —

Заедно со граѓанското движење „Рацете подалеку од Гренланд“ и коалицијата на локални гренландски здруженија Инуити, организаторите најавуваат дека ќе го искористат присуството на делегација на американскиот Конгрес во Копенхаген за нивните пораки да добијат поголема меѓународна видливост.

— реклама —

Од враќањето на власт пред една година, Трамп редовно ја споменува можноста за преземање контрола врз огромниот, стратешки важен, но слабо населен арктички остров кој е дел од Кралството Данска. Тој тврди дека Гренланд мора да биде „обезбеден на овој или оној начин“ со цел да се спротивстави на, како што ги нарекува, руските и кинеските интереси на Арктикот.

Во петокот вечерта, неговиот близок советник Стивен Милер ја потврди позицијата на САД во интервју за „Фокс њуз“, истакнувајќи дека Данска, и покрај почитта, е мала држава со ограничени економски и воени капацитети и дека, според него, не е во состојба самостојно да го брани Гренланд. Тој додаде дека САД не планираат „да трошат милијарди долари за одбрана“ на територијата, доколку суверенитетот остане во рацете на Данска.

Протестите, закажани за сабота, доаѓаат само неколку дена по состанокот во Вашингтон, на кој данските власти признале дека во моментов не постои реална можност за договор со американската администрација за иднината на автономната територија. Иако повеќе европски лидери јавно ѝ изразија поддршка на Данска, како една од основачките членки на НАТО, американскиот претседател во петокот се закани со воведување царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план за преземање на Гренланд.

Повикот за протести е упатен и до жителите на Нук, со цел спротивставување на, како што наведуваат организаторите, „незаконските планови на Соединетите Американски Држави за преземање контрола над Гренланд“. Во исто време, Франција, Шведска, Германија и Норвешка, со поддршка и од Холандија, Финска и Обединетото Кралство, најавија распоредување воен персонал за извидничка мисија на Гренланд, во рамки на данската вежба „Арктичка издржливост“, која се реализира во координација со сојузниците од НАТО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Нејасен одговор на Трамп за Гренланд ја вознемири јавноста

Свет | пред 3 седмици

grenlan

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд со нови трупи и воена вежба

Свет | пред 3 седмици

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Ескалација околу Гренланд: Трамп ја обвинува Данска и најавува решителни чекори

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjts5lir5mbbtdskv23z

Трансатлантските односи на раб на пукање поради Гренланд и новите царини на Трамп

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања