Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Прво Буџетот за 2026, потоа избор на нови министри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Sobranie-zgrada

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовниот брифинг со новинарите, информираше дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, и изборот на новите министри, ќе се одржи по завршувањето на седницата за Буџетот за 2026 година, поточно меѓу 15 и 18 декември. Сепак, доколку друго биде договорено, тој не ја отфрли можноста тоа да се случи и порано.

Владата ги предложи Муамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за европски прашања.

Гаши напомена дека пред оваа седница планира да се одржи седница за опозициски прашања, со цел во Собранието да бидат присутни сите, и премиерот и сите министри.

— реклама —

За 9ти декември е закажана 72та седница на која ќе започне деловнички предвидената петдневна дебата за Буџетот за 2026 година.

— реклама —

Истиот ден е е закажана и седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка на Здружението 16 март 2025 Кочани. На оваа седница се повикани родители и роднини на загинатите во трагедијата во Кочани.

На координацијата вчера Гаши побарал од координаторите на пратеничките групи и предлагачите на двете анкетни комисии поврзани со трагедијата во Кочани и тоа на СДСМ, Левица и ДУИ и другата на владејачкото мнозинство, со која се предлага да се разгледуваат освен Кочани и другите претходни трагедии со Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци, да пробаат да се договорат за да има само една ваква комисија.

— реклама —

Се уште нема одговор од пратеничките групи за неговиот предлог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

Македонија | пред 6 дена

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања