„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, основано од родителите и семејствата на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно реагира на петицијата што деновиве се промовира преку социјалните мрежи и дел од медиумите, а која се однесува на предложената локација за спомен-обележје на улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

— реклама —

Од здружението посочуваат дека имаат обврска јасно да укажат на неколку клучни факти кои, како што наведуваат, се во директна спротивност со пораките што се пласираат во петицијата поднесена од 17 граѓани.

Прво, потенцираат дека станува збор за јавно зеленило – парк во државна сопственост, наменет за сите граѓани на Кочани, а не за приватен имот или „ничиј двор“, како што се обидува да се прикаже во дел од јавните реакции. Таквото претставување, според нив, создава погрешна и манипулативна перцепција.

— реклама —

Второ, родителите нагласуваат дека со поставувањето на спомен-обележјето не се менува намената на просторот. Меморијалниот белег, како што велат, нема да биде масивна градба ниту објект со нова функција, туку дискретен и достоинствен знак на сеќавање, каков што постои во бројни градови во светот.

Трето, тие отфрлаат тврдења дека спомен-обележјето ќе биде место за секојдневно оплакување.

„Нашата болка е во нашите домови и на вечните почивалишта на нашите деца“, наведуваат од здружението, додавајќи дека меморијалот е предвиден како место за тивко оддавање почит и колективно сеќавање, а не како закана за ничиј мир или јавен ред.

Во однос на самата петиција, од здружението потсетуваат дека таа нема правна тежина во процесот на одлучување. Јавната дебата е легитимна и добредојдена, но конечната одлука за локацијата, согласно законските процедури, ја носи Советот на Општина Кочани. Според нив, медиумскиот притисок и едностраните кампањи не можат да ја заменат институционалната одлука.

Родителите укажуваат и дека правата на жителите не се ексклузивни.

„Сите сме жители на Кочани – и тие што реагираат, и ние, и нашите деца кои трагично ги загубивме“, наведуваат, оценувајќи дека условувањата и обвинувањата за самоволие се непримерни.

Додаваат дека, доколку мнозинството граѓани на Кочани смета дека предложената локација не е соодветна, тие ќе ја почитуваат таквата волја, но истовремено го поставуваат прашањето дали загинатите деца заслужуваат трајно спомен-обележје на видливо и достапно место или треба да бидат оттурнати на периферијата, и во просторот и во сеќавањето.

Според здружението, иницијативата за спомен-обележје не е приватна желба, туку прашање од јавен интерес и чин на колективна меморија за трагедија што го обележа целиот град и државата. Загрижувачки го оценуваат фактот што петицијата се претставува како „глас на граѓаните“, иако зад неа стои ограничен број поединци, што, како што велат, дополнително ја продлабочува болката на семејствата.

„Ова не е прашање на комодитет или навика, туку прашање на достоинство, меморија и совест“, порачуваат од здружението, апелирајќи до медиумите да информираат одговорно и до јавноста да не дозволи болката на семејствата да биде користена за сензационализам или притисоци.

Граѓаните на Кочани можат да се произнесат по иницијативата за поставување спомен-обележје преку дигиталната алатка за комуникација „мЗаедница“, каде што е активна анкета на оваа тема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kocani-puls-protest-8

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Македонија | пред 1 ден

karticki

Провалил во Центар за дијализа и украл картички, со помошник подигнал 40.300 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-library9lshji21uja744CRFS0

„Ќе те убијам” закани за инспектор кој обвини родители дека и тие треба да се на обвинителна клупа бидејќи пуштиле малолетни деца во „Пулс”

Македонија | пред 1 седмица

media-library5otsji413ifjfBwm7IM

„Среќна небесна Нова година, ангели наши“: Потресно писмо од мајка на жртва од „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања