САД го замрзнуваат издавањето имигрантски визи и за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
sad-makedonija

САД привремено го запираат процесирањето на имигрантски визи за државјани од вкупно 75 земји, меѓу кои и Македонија, јавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен меморандум на американскиот Стејт департмент.

— реклама —

Според документот, конзуларните службеници добиле насока да ги одбиваат апликациите за имигрантски визи согласно постојниот закон, додека трае преоценка на процедурите за проверка и селекција на апликантите. Паузата ќе започне на 21 јануари и ќе трае на неопределено време, сè додека американските власти не ја завршат ревизијата на целиот систем за издавање имигрантски визи.

— реклама —

Како причина за мерката се наведува намерата да се спречи влез на лица за кои се проценува дека би можеле да станат товар за американскиот социјален систем, односно да зависат од државна помош. Во тој контекст, повторно ќе се применува т.н. одредба за „јавен товар“, која им овозможува на конзуларните службеници да одбијат виза врз основа на проценка дека апликантот веројатно ќе користи јавни средства.

— реклама —
media-libraryedv7ghbjc39reShHtYw

Проценката, според упатствата, ќе се врши врз широка лепеза критериуми, меѓу кои се возраста, здравствената состојба, финансиската стабилност, познавањето на англискиот јазик, како и можната потреба од долготрајна медицинска нега. Меѓу факторите што може да влијаат негативно се наведуваат и претходно користење на парична социјална помош или институционална грижа.

Од Стејт департментот појаснуваат дека исклучоци од оваа мерка ќе има „во многу ограничени случаи“ и само откако апликантите ќе ја поминат проценката за ризик од станување јавен товар.

За македонските граѓани ова значи дека апликациите за имигрантска виза кон САД ќе бидат ставени во мирување, без јасна временска рамка кога постапката би можела повторно да продолжи. Во листата на опфатени држави, покрај Македонија, се наоѓаат и земји од регионот и пошироко, како Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, но и Русија, Иран, Ирак, Египет, Нигерија и други.

Американските медиуми потсетуваат дека одредбата за „јавен товар“ постои со децении, но нејзината примена варирала во зависност од администрацијата. Таа беше значително проширена во времето на Доналд Трамп, потоа делумно укината, а сега повторно се активира во построга форма, со што директно се засегаат и апликантите од Македонија кои планирале трајно иселување во САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynigflcr9he0lb5NvTuq

Апасиев: Ние на Американците ќе мора да им ги укинеме сите царини, а тие ќе ни остават 15%, каков епохален „реципроцитет“

Македонија | пред 11 час

media-librarymekvcba156r13kAT7bb

(Видео) Две лица убиени во студентски дом во Јужна Каролина

Свет | пред 11 час

media-libraryj3ambs513co59nHiVIx

САД ги намалува царините, Тајван отвора пазар за американска стока

Свет | пред 12 часа

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија и САД усогласија Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, вели Муцунски

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања