Промени тема
Контакт

Санчез: Американска инвазија на Гренланд би била подарок за Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
pedro-sances

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека евентуална американска воена интервенција на Гренланд би имала сериозни геополитички последици и директно би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

Во интервју за шпанскиот весник La Vanguardia, Санчез оцени дека американска инвазија врз Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Кралството Данска, би го направила Путин „најсреќниот човек на светот“.

— реклама —

„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би се легитимирал неговиот обид за инвазија врз Украина“, изјави Санчез.

Според него, употребата на сила од страна на Соединетите Американски Држави би имала разорен ефект врз Северноатлантската алијанса.

— реклама —

„Доколку Соединетите Држави употребат сила, тоа би бил смртоносен удар за НАТО. Путин во таков случај би бил двојно среќен“, додаде шпанскиот премиер.

— реклама —

Санчез предупреди дека вакво сценарио би ја поткопало меѓународната правна рамка и би испратило опасна порака, со која би се релативизирале принципите на територијален интегритет и суверенитет, врз кои, како што истакна, почива европската и глобалната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Гренланд добива посилна воена заштита, Данска очекува долгорочно присуство на НАТО

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Се приближува договорот за Гренланд: „Одговорноста нема да биде само на Данска и САД“

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Европа го засилува присуството на Арктикот: Фон дер Лајен во Гренланд со нова финансиска помош

Свет | пред 4 седмици

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања