Промени тема
Контакт

(Видео) Семејствата на загинатите бараат рок, одлука и одговорност: „Правдата што доцни не е правда“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Студио
media-libraryr13igug2inobaJrxD8i
Фото: Радио Кочани

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од устите на родителите и блиските на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, на 36. по ред „Марш за ангелите“. Со маршот, семејствата уште еднаш ги потсетија институциите дека трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, не смее да заврши во тишина, одолговлекување и заборав.

Маршот се одвиваше по веќе воспоставената рута, од „Паркот на револуцијата“ до зградите на Основното јавно обвинителство Кочани и Судот, каде што родителите јавно ги поставија своите прашања и упатија директни пораки до надлежните. Тие изразија поддршка и за лицата против кои е поднесена тужба од страна на синот на сопственикот на „Пулс“, поради демолирањето на кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, ден по трагичниот пожар, при што се бара отштета од 1,2 милиони денари.

— реклама —

Семејствата повторно потсетија дека сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михајло Јованов се меѓу првообвинетите во предметот за пожарот, за кој судската постапка е во тек. Во таа насока, тие побараа одговор и за тоа до каде е истрагата против полициските службеници кои биле присутни во објектот кобната вечер.

На почетокот на маршот, со едноминутен молк беше оддадена почит и на Фросина Кулакова, млада дизајнерка која пред една година го загуби животот на пешачки премин во Скопје. Родителите нагласија дека „Маршот за ангелите“ е борба за правда за сите млади животи изгубени поради системски пропусти, неодговорност и незаконско работење.

— реклама —

Во меѓувреме, граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ информираше дека од донациите собрани за помош на настраданите во пожарот, државата наплатила над 2,2 милиони денари персонален данок. Со цел средствата да стигнат до оние на кои им се најпотребни, одлучено е 123 лица да добијат по 15.968 денари, а 19 лица по 45.992 денари.

— реклама —

Судењето за пожарот во „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи в понеделник, на 26 јануари, со искази на петмина сведоци на Обвинителството. За трагедијата се обвинети 35 физички и три правни лица, меѓу кои сопственикот на објектот, негови блиски, инспектори од државни институции, поранешни министри и лица од агенцијата за обезбедување. Сите обвинети на почетокот на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Родителите и блиските на загинатите порачуваат дека Кочани нема да престане да маршира сè додека правдата не биде целосна, навремена и неселективна. „Правдата што доцни не е правда“, повторија уште еднаш, најавувајќи дека нема да се повлечат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања