Промени тема
Контакт

„Среќна небесна Нова година, ангели наши“: Потресно писмо од мајка на жртва од „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library5otsji413ifjfBwm7IM

Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се украсени и владее празнична атмосфера, тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагедијата во дискотеката „Пулс“ станува уште потешка.

— реклама —

Мајка на едно од загинатите момчиња преку социјалните мрежи објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, кои, како што пишува, својата прва Нова година наместо со семејствата, ја дочекуваат „на небото“.

— реклама —

Во емотивната порака, таа се присетува дека овие денови требало да бидат исполнети со планови, смеа и договори за новогодишната ноќ. Наместо радост, останале тишината и болката од спомените.

„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши“, пишува мајката.

— реклама —

Таа нагласува дека најтешката реалност за родителите е празниците да ги минуваат на вечните почивалишта на своите деца, наместо околу заедничка празнична трпеза. Свесна дека повторната средба и прегратка е невозможна, мајката упатува апел за правда.

— реклама —

„Имаме уште една желба – правдата да пресуди за вашето прерано заминување. Ако таа се исполни, ќе знаеме дека постои правда“, стои во пораката, која повторно ја отвори болката и го засили јавниот повик за правно и морално разрешување на трагедијата што засекогаш го промени животот на многу семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања