Промени тема
Контакт

Стратегијата за образование 2026–2032 носи нови програми, инклузија и подобро финансирање, вели Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library7kpkk3usmqrremYSeHr

Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.

„Иста така се предвидува и подобрување на инфраструктурата, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото образование и науката“, додаде Јаневска, напоменувајќи дека имплементацијата на документот ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем.

— реклама —
— реклама —

Нацрт верзијата на Стратегијата е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладиниот сектор.

— реклама —

По објавата на ЕНЕР систем минатиот месец и интегрирањето на дел од пристигнатите сугестии, се очекува документот да биде усвоен до крајот на јануари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library44624d58jbkuelujWIy

„Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација“, вели Јаневска

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Ќе се затвори ли подрачното училиште во Долни Балван? Јаневска најави средба со родителите

Македонија | пред 1 седмица

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска до СДСМ: Инспекциите не се политичка пресметка, туку законска обврска

Македонија | пред 2 седмици

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања