Промени тема
Контакт

(Видео) На роденденот на загинатиот Адријан Живков од „Пулс“, пријателите основаа фондација со неговото име и донираа 500 пакетчиња во Чешиново-Облешево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Настани
media-library8iqlkjum6gucfCaIM2K

Преку Фондацијата „Адријан Живков“, денеска беа донирани 500 новогодишни пакетчиња за сите деца на територијата на Општина Чешиново-Облешево, во училишта и градинки во повеќе населени места. Донацијата е реализирана на денот кога Адријан Живков, загинат во трагедијата во „Пулс“, ќе го славеше својот роденден, а неговите пријатели одлучија токму преку хуман гест да го одбележат овој датум.

— реклама —

Пакетчињата беа поделени во основните училишта „Страшо Пинџур“ во Соколарци и „Климент Охридски“ во Облешево, како и во подрачните училишта во Чешиново, Уларци, Спанчево, Бања, Кучичино, Теранци и Чифлик. Донацијата опфати и три градинки – „Ѕвездички“ во Чешиново и Облешево, како и градинката „Штркче“ во Спанчево.

Адријан Живков е еден од трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, најголемата трагедија што ја погоди Македонија, во која животот го загубија 63 лица. Според сведоштвата, во кобните моменти Адријан покажал исклучителна храброст и човечност, обидувајќи се да спаси што е можно повеќе луѓе, при што го жртвувал сопствениот живот.

— реклама —

Во негова чест, пријателите ја основале Фондацијата „Адријан Живков“, со цел неговото име да остане симбол на солидарност, емпатија и несебичност. Од Фондацијата истакнуваат дека нивната мисија е да обезбедуваат поддршка и помош за оние на кои им е најпотребна, водејќи се од вредностите што Адријан ги живеел и ги оставил како морално наследство.

— реклама —

„Фондацијата ќе продолжи активно да работи и во иднина, реализирајќи донации и хуманитарни активности во негова чест, со цел да помага и да носи надеж таму каде што е најпотребно“, порачуваат неговите пријатели, нагласувајќи дека оваа донација е само почеток на поширока хуманитарна мисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања