Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Ново разочарување кај родителите од Кочани, по одложувањето на второто рочиште: Нѐ третираат како во административен записник!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7pnfehdj6at30jwBojW

Александар Наунов, татко на трагично загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс“, ја сподели својата болка на денешниот Марш на ангелите.

„Првото рочиште го дочекавме со надеж. Второто го дочекавме со треперење, а го испративме со тешко разочарување“, изјави Наунов пред медиумите. Тој посочи дека одложувањето не ја зема предвид болката на родителите кои ја изгубиле својата деца и дека секојдневно живеат со неизмерна загуба.

— реклама —

Наунов ги нагласи и неправдите што ги почувствувале во судот, каде родителите биле ставени лице в лице со обвинетите без никаква организација или заштита.

„Како да сме еднакви страни во нечиј административен записник, а не родители што ги изгубија своите деца“, рече тој.

— реклама —
— реклама —

Таткото на Надица повика на професионалност, сериозност и човечност во судската постапка и истакна дека очекуваат да се утврди одговорност за сите пропусти, вклучително и кај полициските службеници.

— реклама —

„Нашите деца нема да се вратат, но за нив, за нивното име и спомен, ние нема да престанеме да бараме вистина и правда“, додаде Наунов.

На крајот од својата изјава, тој побара итна правда за сите 63 деца загинати во пожарот и изрази благодарност до граѓаните кои ги поддржуваат: „Заедно ќе ја добиеме правдата!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Министерството за култура ќе помогне со пари за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryppvp7uoeonm1dXee8ZH

Хуманитарен настан во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели ќе се одржи во Кочани на 15 јуни

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryb47hide19ndq1NldtjG

(Видео) Родителите на загинатите во „Пулс“ по 45. пат побараа правда: Дали сите ја извршувале својата должност?

Македонија | пред 2 седмици

media-library71hs4i9u6nj35tts4lq

„Не забораваме, не отстапуваме“ – 45. Марш на ангелите во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања