Промени тема
Контакт

(Видео) „Срам ми е што сум дел од оваа држава“ – потреснен говор на мајката на загинатата Надица во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarypdeqcl33ol9b1QVMGBk

Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова, остро им се обрати на пратениците за време на Анкетната комисија во Собранието, обвинувајќи ги за манипулации, незаинтересираност и децениски системски пропусти.

„Прво сакавте да манипулирате со нас родителите, тоа беше срамно од ваша страна. И од државата... Девет месеци никој од вас не се појави во Кочани да подаде рака на нас, да ни изрази сочувство, особено само писменото обраќање... Кај некој отидовме и лично да се видиме и не ни оставија убав впечаток“, рече Наунова.

Таа нагласи дека борбата за вистинска правда не е само за нивните деца, туку и за сите други.

— реклама —

„Велам ние бараме вистинска правда за нашите деца, но и за вашите деца... Дали сте се запрашале некогаш дали треба да го смениме системот од корен? Да, треба. Ние како обични граѓани стоиме пред вас, не само родители. 35 години гледаме дека системот не функционира.“

— реклама —

Во своето излагање Наунова остро го критикуваше односот на институциите и предупреди на последиците од трајната неефикасност.

„Ако не го смениме системот, нашите деца ќе се иселат како и ние. Срам ми е што сум дел од оваа држава. Дозволуваме секој ден да гледаме убиства, дозволуваме секој ден да гинат млади личности. Да се иселуваат... а од што? Не е од нас! Од вас е!“, им порача таа на пратениците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања