Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(Видео) За три минути изгорел цел плафон, пиротехниката ја договориле газдата Деко и Панчо, ја активирал битбоксерот Мартин, вели обвинителот Јанев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarylmc1nv317vobb6he2Gr

Со потресни и детални изјави, обвинителот Борче Јанев од Основното јавно обвинителство Кочани ја образложи обвинителната постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

Јанев порача дека не може да се прифати тезата оти одговорност треба да сноси само оној што бил на должност во моментот на несреќата, нагласувајќи дека пропустите биле системски и континуирани со години.

— реклама —

„Безсмислени се тезите дека на одговорност треба да биде повикан само оној во чие време се случила последицата. Немаме морално и законско право. Тоа би значело дека треба да прифатиме дека обвинетите службени лица кои не биле на должност кога се случила последицата немаат вина, иако се работи за исти повторувачки пропусти. Не затаиле само обвинетите кои биле на должност. Не се работи за гледишта на обвинителството, туку за норма“, изјави Јанев.

Обвинителот истакна дека од основањето на клубот до денот на пожарот никогаш не постоел противпожарен систем, ниту било каков вид заштита.

— реклама —

„Од почетокот до пожарот не постоел противпожарен систем, немало противпожарни сектори, детектори, предупредувања. Со вакви аномалии нема одбрана од опасноста. Прозорците биле затворени и преградени со лим, вградени лесно запаливи материјали кои биле токсични во случај на согорување, а имало само еден излез за евакуација. Затоа тврдиме дека оваа дискотека работела спротивно на стандардите, законот, здравата логика и принципот на одговорност. Безбедноста таму не била компромитирана – таа никогаш не постоела“, истакна обвинителот.

Во своето излагање, Јанев детално ја реконструираше кобната ноќ и ги посочи клучните фактори што довеле до катастрофата. Според него, употребата на пиротехника била однапред договорена, а вградените материјали – токсични и небезбедни – ја зголемиле смртоносноста на пожарот.

„Дејан и Михајло го договориле настапот на групата ДНК и се договарале со Владимир Блажев. Пиротехниката не била случајност, туку дел од претходно договорениот сценски настап. Ваква сценографија групата користела и претходно. Веднаш по пристигнувањето, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и активирал пиротехничките фонтани додека се изведувала песната ‘Што сака нека биде’. Плафонот веднаш се запалил, а објектот – со еден единствен излез – станал смртоносна стапица.“

Јанев додаде дека вградените материјали од сопственикот Дејан Јованов се носечка причина за смртта на голем број од жртвите, бидејќи при согорување ослободувале високо токсични гасови што предизвикале задушување и губење на свест кај присутните.

„Со ова обвинение тврдиме дека не само активните дејствија со употребата на пиротехниката, туку и континуираните деликти со несторување, се причината за оваа катастрофа“, заврши Јанев.

Трагедијата во „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година во Кочани, кога во текот на настапот на групата ДНК избувна пожар што за неколку минути го проголта целиот клуб. Судскиот процес продолжува на 25 ноември со воведни зборови на одбраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Тринаесет полицајци ја негираат вината за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Здружение „16 март 2025“: Условни казни за злоупотреба на службена должност ја уриваат довербата во правдата

Македонија | пред 4 седмици

media-library9rrdfosln9a010cGLRg

(Фото) Обид за кражба во црква во Кочани: сторителот се заглавил на ограда при бегство

Македонија | пред 4 седмици

media-librarypjhtqi5hlikf4dCsJIG

Девојка од Кочани со тешки повреди чека дозвола за лекување во странство, судот двапати одбива

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања