Промени тема
Контакт

Во ќелија кај обвинет за „Пулс“ кој е во притвор најдени се 13 телефони и лаптоп, се правдаше: Jас ги најдов таму уште кога влегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryehq9ked41u88cWjlnc1

Во судницата во Идризово, се одржува ново рочиште за случајот „Пулс“, на кое обвинетите треба да се изјаснат за вина. Главна расправа веднаш беше ставена во втор план, откако судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозна злоупотреба направена додека е во притвор.

— реклама —

Според информациите изнесени во судот, при претрес на неговата ќелија во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп, која не смеел да ја има.

На прашањето на судијката како е можно ваква опрема да се најде кај него, Камбери се обиде да се оправда со реченица што ја шокираше судницата:

— реклама —

„Јас ги најдов таму уште кога влегов.“

— реклама —

Груевска Илиевска реагираше:

„13 мобилни телефони сте ги нашле вие? Ве молам… знаете што следува понатаму – самица и други мерки.“

— реклама —

Камбери е обвинет како службено лице – советник во Министерството за економија. Според обвинението, тој е дел од синџирот што овозможил „Пулс“ да работи со фалсификувани лиценци. Се товари дека примал поткуп и изготвувал лажни службени исправи, при што, според ОЈО, зел 226.000 денари за да издаде фалсификувана лиценца за кабаре – без да биде запазена законската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања