Промени тема
Контакт

За да “Пулс” не биле пломбиран, газдата Деко лажирал податоци пред УЈП: по пораките од неговиот телефон осомничени се 11 лица од УЈП и Пазарна инспекција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
IMG_5572

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работењето на дискотеката „Пулс“, во која во март годинава животот го загубија 63 млади лица.

Според обвинителството, за тројца од осомничените е донесена наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Штип, кои го предупредувале одговорното лице во клубот „Пулс“ за ненајавени контроли, а за возврат добивале подароци и парични надоместоци.

— реклама —

Двајцата контролори се осомничени за „примање поткуп“ според член 357 од Кривичниот законик, додека синот на сопственикот на клубот, кој веќе е обвинет во главниот процес за пожарот, е осомничен за „давање поткуп“ според член 358.

За двајцата контролори обвинителството побара притвор, а за третиот – проширување на мерките на претпазливост и забрана за контакти со новоосомничените.

Покрај нив, уште шест лица – даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица се осомничени дека му овозможувале на клубот „Пулс“ и на поврзаното правно лице „ММММ кафе“ да избегнуваат инспекциски контроли и да работат без соодветна фискализација.

— реклама —

Со тоа, тие се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив обвинителството предложи мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на местото на живеење.

Меѓу осомничените е и сопственикот на „Пулс“, кој веќе се наоѓа во притвор. Тој е осомничен за „фалсификување исправа“, бидејќи подолг временски период прикажувал преправени фискални апарати со лажни податоци при контроли од Управата за јавни приходи, со цел да избегне парични глоби и затворање на објектот.

— реклама —

Исто така, обвинителството ја товари и една инспекторка од Државниот пазарен инспекторат, која оддавала службени информации за ненајавени контроли. Таа е осомничена за „оддавање службена тајна“ според член 360 од Кривичниот законик.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека оваа постапка не е дел од предметот за трагедијата во „Пулс“, бидејќи овде не се работи за поврзаност со смртната последица, туку за дела поврзани со злоупотреба, давање и примање поткуп.

Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор на главната расправа потсети дека ако имало навремени контроли и санкции, трагедијата ќе можела да се спречи.

— реклама —

„Дејан Јованов ги заобиколувал сите инспекции и контроли во трката за профит. Никој не му ги барал документите, а на крај го заглави и сопственото дете,“ рече Јанев.

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува следната недела, во вторник и среда, со излагања на обвинетите. Паралелно, Јавното обвинителство за организиран криминал работи на уште едно обвинение поврзано со случајот, кое се однесува на улогата на полициски службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања