Промени тема
Контакт

Заев со жесток одговор до Груевски: „Никола, најди си хоби. Знаеш каде ќе одиш кога ќе се појавиш во Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
gruevski-zaev-14141

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска остро му одговори на експремиерот и азилант во Будимпешта, Никола Груевски, преку долга објава на социјалните мрежи. Во неа, Заев го обвинува Груевски дека „од досада“ продолжува да се занимава со политички прозивки и дека од „бегство“ се обидува да ја контролира партијата во Македонија.

„Никола, тебе навистина ти е досадно, нели? Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш. Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе,“ пишува Заев, додавајќи дека Груевски „секојдневно дели задачи“ на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев тврди дека доколку Груевски ја одлежел, како што вели, „минималната казна“, денес ќе можел да зборува пред македонската јавност, „а не да пишува епопеи од бегство, кои никој не сака да ги прочита до крај“.

„За разлика од тебе, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа. А јас, иако веќе пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте натовариле?“ – продолжува Заев.

— реклама —

Тој го обвини Груевски дека „се капе во украдените пари на граѓаните“, истакнувајќи дека самиот работи достоинствено и нема намера често да реагира на вакви објави.

„Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога повторно го добиваш моето внимание,“ пишува поранешниот премиер, кој му порача на Груевски „да си најде хоби“ додека, како што саркастично вели, „се разубавува“.

Во завршницата од објавата, Заев му порача:
„Се надевам дека ќе дојде денот кога ќе се појавиш во Македонија – а добро знаеш каде ќе треба директно да одиш.“

— реклама —

Тој ја заокружи реакцијата со коментар: „Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде. Поздрав од Македонија, полноправна членка на НАТО.“

media-library4nfbahhchah75hsgOpL

Филипче вложил 550.000 долари во Дубаи и така добил виза, Заев купувал евтин челик од Русија а вели ја поддржува Украина, напиша Груевски

Експремиерот Никола Груевски, кој живее во Унгарија како азилант, повторно јавно ги нападна Зоран Заев и Венко Филипче, обвинувајќи ги за политичка и лична дволичност.Груевски тврди дека Заев во јавноста се претставува како силен поддржувач на Украина и западните политики, додека во позадина, преку свои фирми, со години купувал евтин челик од Русија и со тоа – според него – индиректно придонесувал за финансирање на руската економија во време на санкции.Тој наведува дека Заев „барал“ испраќање ма

Коментари | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за центри за податоци, како што правеа со марихуаната

Македонија | пред 6 дена

media-librarybm47u5rus0772ZvkxiC

Заев требаше да биде во владиниот спот за независноста на Македонија, со него беше признат идентитетот, македонскиот јазик, а влеговме и во НАТО, напиша член на СДСМ

Македонија | пред 2 седмици

media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt1j0d7afd4vj8LBIGNG

(Видео) „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек“ – пратеник објави приватни пораки меѓу Бендевска и Заев од 2021 година

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања