Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Загриженост кај туристите по нападот на чакал: Грција повеќе од 12 години без регистриран случај на беснило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-librarykipn1hgfbbrd7TBXQt6
unsplash

По нападот на чакал врз мало дете од Србија во камп во близина на Неос Мармарас, меѓу туристите се појави загриженост за можноста од беснило. Сепак, податоците за Грција покажуваат дека земјата има статус на слободна од оваа заразна болест.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога чакал влегол во кампот, а потоа и во шаторот во кој се наоѓало српско семејство со мало дете. Животното го каснало детето во пределот на лицето, по што тоа било пренесено во болница, каде што раната била санирана и сошиена.

— реклама —

Ловечката федерација на Македонија и Тракија потврдила дека детето било повредено и дека се наоѓа во добра состојба на лекување во државната болница во Солун. За случајот била известена и Шумската управа во Полигирос, а потрагата по животното продолжува.

Дополнителна загриженост предизвикува тоа што само два дена претходно, на плажа во поширокото подрачје на Неос Мармарас, диво животно нападнало и 55-годишен маж, при што го повредило во пределот на вратот.

— реклама —

Според податоците на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), во Грција од мај 2014 година не е регистриран ниту еден случај на беснило кај животни. Земјата официјално има статус на членка на ЕУ, слободна од инфекција со вирусот на беснило (RABV).

— реклама —

Сепак, по каснување или гребење од диво животно, како и при контакт на плунка со оштетена кожа, се препорачува веднаш да се побара медицински совет.

Чакалите вообичаено се плашливи животни и избегнуваат контакт со луѓе, поради што нивното приближување до камп и влегување во шатор се смета за невообичаено однесување.

— реклама —

На туристите им се советува да не им се приближуваат на дивите животни, да не ги хранат и да не се обидуваат да ги фатат или избркаат. Особено внимание е потребно во вечерните и ноќните часови, а храната и отпадоците не треба да се оставаат надвор од шаторите или сместувачките објекти.

Секое невообичаено приближување на диво животно до луѓе треба да се пријави кај персоналот на кампот или кај надлежните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library573u51i2j3g86Z8x3NP

Трагедија при гаснење пожар во Грција: Загинаа двајца пожарникари, еден е повреден

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
struja-4

Грција ѝ продава струја на Бугарија преку ден, а навечер ја купува назад

Балкан | пред 3 дена

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 4 дена

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања