Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Затруени со храна учесници на семинар во Куманово - развиле температура до 41, повраќање и треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kumanovo-bolnica_4

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.

— реклама —

Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење  со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.

— реклама —

-Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово вчера пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени - заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени столици на секои 10, 15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка, соопштија од ЦЈЗ Куманово.

Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, годинава по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.

— реклама —

-Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, соопштија од ЦЈЗ Куманово.

Епидемиолошката состојба се следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhult5abfiqis1V4Yh96

Ѓубрето од Куманово привремено ќе се депонира во Дрисла, продолжува санацијата на депонијата Краста

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryoh7u1g9haovq3G6lz1o

Депонијата „Краста“ под засилен надзор, ќе се формира еко-патрола од локалното население

Македонија | пред 2 седмици

media-library2lmcubmvp3g45sYWzM1

(Видео) Со „говеда, џукери, глупи, ќе те умрам“, претседателката на кумановскиот суд се обраќала кон вработени, обвини УПОЗ - 75 од 90 вработени бараат разрешување

Македонија | пред 1 месец

media-library9nsg8rcjtmua2fQIR6s

Во Куманово нема да се затвора ниту едно училиште: Јовановиќ со информација за новата учебна година

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања