Коментари

За крадењето терапии на Онкологија: Како да ги судиш овие ѕверови кои им одземаат шанса за живот на оние кои се борат со најопаката болест?

Божидар Божиновски, познат критичар на актуелните состојби во Македонија, го искоментира крадењето на скапата терапија од Онкологија, поради која, истражните органи вчера правеа претреси.

„Полицијата и обвинителството истражуваат криминали на онкологија, се краделе лекови и се продавале на црн пазар, терапијата се мешала со физиолошки раствор од страна на организирана група.

Како да ги судиш овие ѕверови кои им одземаат шанса за живот на оние кои се борат со најопаката болест? Колку жртви досега паднале од овој криминал, колку деца се без родители, колку родители се без деца, во колку бракови останал само еден?“, прашува Божиновски.

На почеток