Коментари

Пендаровски доби прекар „фикус“

Адвокатот Јанаки Митровски смета дека претседателот Стево Пендаровски требало да одбие да го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик. Тој смета дека ако експретседателот Ѓорѓе Иванов беше „фикус“, тогаш Пендаровски заслужил прекар „врба“

„Претседателот на државата, Стево Пендаровски, наместо да биде на ниво на задачата и да одбие да се потпише, понизен и подлизурко каков што е, се потпиша експресно, бидејќи никаде во законот немало амнестија. Нормално, врат и шија не е исто. Ако Хорхе беше „фикус“, Стево со оваа понизност си го заслужи прекарот ‘врба’“, напиша Митровски.

Претходно, спорните измени на Кривичниот законик експресно беа потпишани од Пендаровски, а јавноста доби кратко оправдување за чекорот.

На почеток