Откако Ахмети „плашече“ по медиуми, му порачаа: Кога мафијашот се обидува да ни ги замачка очите со бомбастични изјави
По јавните поплаки на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, професорката Мирјана Најчевска го нарече мафијаш, а смета дека целта му е да замачка очи. Таа му испрати и порака.
„Кога мафијашот се обидува да ни ги замачка очите со бомбастични изјави. Не Али, не се води против тебе и твојата мафија нацистичка кампања, туку ние граѓаните се обидуваме да се спасиме од инсталираната криминална банда во државата.
И не верувам во функционирањето на ниту една институција во која има макар еден член на мафијата регистрирана како политичка партија“, напиша Најчевска.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека во петокот Управата за јавни приходи ја влегла во компанијата на неговиот син. Тој тврди дека неговите деца работат согласно закон и дека не се поштедени од редовни контроли и инспекции.