Боки 13 распали за спогодбите: Јас осуден на 9 години без пари, а Наќе судија фатен со пари добил три години – да не е трагично, ќе беше смешно!
Бојан Јовановски-Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, ја искоментира спогодбата на Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција со судијата Наќе Герогиев, но и со членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој иронично вели: „Баш одлично!!!“, а потоа посочува дека тој како цивилно лице без функција добил девет години затвор, додека судијата Георгиев за истото дело ќе добие три години со спогодба.
„Јас бев осуден на казна затвор од 9 години за кривично дело : Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.7 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик. Запретената казна затвор за ова кривично дело е од една до десет години!
За истото ова кривично дело денеска врховниот судија Наќе Георгиев, признал вина, се спогодил и добил казна затвор од три години, а вчера за истото дело Иџет Мемети добил условна казна и забрана за вршење на дејност!
Во насока на ова, значи јас и Наќе сме судени за исто кривично дело, само разликата е тоа што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари никогаш не биле фатени, ниту најдени!!! И уште поважно Наќе и Иџет биле ВРХОВЕН СУДИЈА и ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ПА ОТТУКА СОГЛАСНО НИВНИТЕ ФУНКЦИИ МОЖЕЛЕ ДА ГО СТОРАТ ОВА КРИВИЧНО СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НИВНИОТО ПРЕТПОСТАВЕНО ВЛИЈАНИЕ И ДА ВЛИЈААТ!!!
Едно прашање за правните умови, но и заради здрава логика: А со кое претпоставено влијание сум влијаел јас (заради што сум осуден на 9 години), кога не сум бил ни судија, ни функционер, ни премиер односно не сум бил никакво избрано лице – функционер со реален авторитет како е предведено во текстот на конкретното кривично дело?!?
Во приказнава за Наќе и Иџет мене ми фали и некој трет, на пример на кого му влијаеле, каде и што и на кого интервенирале за правно олеснување на Боро Малборо…? Бидејќи ако нема трет во приказнава на двајцава “угледни граѓани” Наќе и Иџет треба да им се суди за Измама од КЗ или пак сигурно има и трет и четврт во приказнава ама се сокриени и непознати, па затоа спогодобиве и казните се вакви од благи, поблаги?!?
Оттука сосема за крај, Предлог – Спогодба како институт се користи при постоење на признание за вина, и тоа е законско право и не е спорно, но спорно е колку овој институт е злоупотребуван во изминатите години и колку матни спогодби со смешни казни за сериозни криминали се постигнати и најспорно од сѐ, под чии патронат се направени и кој примил награди за таквите спогодби и казни???“, пишува Јовановски и додава:
„Ова се пародоксите, јас како цивил 9 години без најдени пари и без докажано дело, а Наќе 3 години, Иџет условна казна, фатени со пари и со докажано дело, а двајцата на најсериозни функции, бравоо!
Да не е трагично, ќе биде многу смешно!“.