Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryrp9b59pea1rvbnAQZlr

Сопствениците „Le Constellation“ во Кран Монтана се живи: Џесика Морети била во барот кога избувнал пожарот, раката ѝ е изгорена

Сопствениците на барот Le Constellation на познатото швајцарско скијалиште Кран Монтана, каде што во новогодишната ноќ се случи трагедија, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, со потекло од Корзика.Според пишувањата на неколку француски интернет-портали, брачниот пар го презел популарниот бар на скијалиштето во 2015 година. Освен Le Constellation, тие управуваат и со друг угостителски објект – ресторанот Le Vieux Chalet во местото Лен.Под нивно водство, некогаш запуштениот бар бил претворен во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за вечерно излегување во Кран Монтана.Пријател на семејството потврдил за корзиканскиот весник Corse-Matin дека Морети се живи. Според тие информации, во моментот на избувнувањето на пожарот во барот била само Џесика Морети, 40-годишничка која, како што се наведува, добила изгореница на раката.Ниту еден медиум засега не успеал директно да разговара со сопствениците. Еден од вработените изјавил дека сите се во длабок шок. „Изгубивме дел од нашиот тим, но денес е многу тешко да се говори за тоа“, рекол вработениот.

Свет | пред 1 месец

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: „Ако Иран почне да ги убива демонстрантите, доаѓаме во помош, подготвени сме и вооружени“

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот режим дека САД ќе реагираат доколку дојде до насилно задушување на протестите во земјата. Неговата изјава доаѓа среде протестите кои со денови се шират низ државата, а во кои досега загинале шест лица.„Доколку Иран пука и насилно убива мирни демонстранти, што им е вообичаена практика, САД ќе им притекнат во помош. Подготвени сме и вооружени. Благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, порача Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Што се случува во Иран?Немирите што веќе петти ден ја потресуваат земјата поради наглиот раст на трошоците за живот ескалираа во смртоносни судири меѓу демонстранти и безбедносните сили. Според извештаите, загинале најмалку шест лица, а протестите, кои започнаа во Техеран, се проширија низ целата земја. Многу демонстранти сега повикуваат на заминување на врховниот лидер и крај на клерикалната власт.Новинската агенција Фарс и организацијата за човекови права Хенгау известија за жртвите. Според Фарс, две лица загинале во судирите во градот Лордаган на југозападот од земјата, уште три во Азна, а едно лице во Кухдашт, градови на западот од Иран. Фарс не наведува дали загинатите се демонстранти или припадници на безбедносните сили.Од друга страна, Хенгау наведува дека двете лица убиени во Лордаган биле демонстранти, идентификувајќи ги како Ахмад Џалил и Сајад Валаманеш. BBC Persian не можеше независно да ги потврди овие информации.Државните медиуми посебно објавија дека во средата навечер во Кухдашт бил убиен припадник на безбедносните сили поврзан со Иранската револуционерна гарда (IRGC). Демонстрантите, пак, тврдат дека убиениот маж бил еден од нив и дека бил застрелан од безбедносните сили. Во истата област, според државните медиуми, биле повредени уште 13 полицајци и припадници на паравоената формација Басиж.Валутата како поводПротестите започнаа во Техеран меѓу трговците, огорчени поради уште еден остар пад на вредноста на иранската валута во однос на американскиот долар. До вторник им се приклучија и студентите, а незадоволството се прошири во неколку градови, каде што се слушаат повици против власта. Снимките што кружат на социјалните мрежи, чија автентичност е потврдена од BBC Persian, прикажуваат улични судири и запалени автомобили во Лордаган, Техеран и Марвдаш.Иако станува збор за најмасовни протести по она во 2022 година, поттикнато од смртта на Махса Амини, засега тие не го достигнаа истиот обем.Реакцијата на властитеВо средата ширум земјата беа затворени училишта, универзитети и јавни установи. Властите тоа го оправдаа со потребата за заштеда на енергија поради студеното време, но многу Иранци веруваат дека станува збор за обид да се спречат немирите. Во делови од Техеран каде што започнаа протестите сега е забележливо засилено присуство на безбедносните сили.Претседателот Масуд Пезешкијан изјави дека неговата влада ќе ги сослуша „легитимните барања“ на демонстрантите. Од друга страна, главниот јавен обвинител Мохамад Мовахеди-Азад упати остро предупредување, велејќи дека секој обид за создавање нестабилност ќе наиде на, како што рече, „решителен одговор“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Искористил грешка на позната криптоберза и заработил 1,5 милиони долари

Крипто-трговец познат под името Вида заработил повеќе од 1,5 милиони евра за само неколку часа на самиот ден на Нова година.Тој искористил необична грешка на берзата Binance, каде што непознат корисник поставил огромна понуда за купување на малку познат токен BROCCOLI714, пишува CryptoSlate.Мистериозна понуда вредна 26 милиони евраДрамата започнала околу 4 часот наутро, кога Вида забележал налог за купување токени во вредност од 26 милиони евра. Бидејќи вкупната пазарна вредност на сите вакви токени изнесувала само околу 40 милиони евра, било јасно дека станува збор за грешка. Вида проценил дека се работи за хакирана сметка или сериозна софтверска грешка, бидејќи ниту еден рационален инвеститор не би презел ваков чекор.Поради огромната побарувачка, цената на токенот почнала нагло да расте. Трговецот веднаш ја приспособил својата стратегија и започнал да игра на понатамошен раст на цената, користејќи таканаречена „долга позиција“ (long) – стратегија при која имотот се купува со очекување дека неговата вредност ќе порасне, за потоа да се продаде поскапо.Разлика во цената на истиот пазарЗа време на растот на цената, се активирале безбедносните механизми на Binance кои спречуваат преголеми промени. Тоа создало можност за арбитража – искористување на разликата во цената на ист имот на две различни пазари.Во овој случај, цената на „спот“ пазарот (директна купопродажба) била значително повисока од цената на терминскиот пазар (futures), каде што се тргува со договори за идната цена.Вида со серија брзи трансакции ја искористил таа разлика, купувајќи таму каде што било поевтино и речиси истовремено продавајќи таму каде што било поскапо. Целата операција била трка со времето и ризик-контролата на берзата, бидејќи евентуално замрзнување на сметка ќе предизвикало веднаш пад на цената и загуба.Заработка и на раст и на падОколу 4:20 часот Вида ги продал сите свои позиции и инкасирал околу 1,5 милиони евра профит. Само десет минути подоцна, ѕидот од 26 милиони евра исчезнал, а цената на токенот се урнала. Трговецот повторно реагирал – отворил „кратка позиција“ (short), стратегија при која имот се продава однапред, со очекување дека ќе може да се откупи подоцна по пониска цена.Од Binance наводно соопштиле дека внатрешната проверка не открила докази за хакерски напад. Останува можност дека некој, по грешка или намерно, уништил десетици милиони евра само за накратко да ја подигне цената на безвреден токен.Цената на BROCCOLI714 брзо се вратила на нивото од пред инцидентот, пишува CryptoSlate.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryiecihk1f7f17dXO76nE

Бившиот директор на Охис бил усмртен со 53 км/ч, поднесено обвинение за возачот

Јорго Ќука, поранешен директор на ОХИС, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на почетокот на ноември минатата година во Скопје, за која Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен скопјанец.Како што соопшти Обвинителството, обвинението е за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, на 3 ноември 2025 година, околу пладне, обвинетиот управувал патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, при што не се придржувал кон сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и директно го довел во опасност животот на луѓето.Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на обележан пешачки премин, обвинетиот не ја намалил брзината на движење, управувајќи со 53 километри на час, што е над дозволената брзина во населено место. Поради тоа не успеал навремено да го запре возилото и со предниот дел удрил во велосипед кој се движел по пешачкиот премин.Од силниот удар, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место.Од Основното јавно обвинителство Скопје посочуваат дека за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку четири години, а настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, со оглед на последиците – загуба на човечки живот.

Скопје | пред 1 месец

klinikimajka-tereza

Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на Новата година

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје.И покрај сите напори на медицинските тимови, утрово било констатирано дека тоа починало.Според досегашните информации од истрагата, детето било надвор со својата мајка додека гледале огномет, кога било погодено од метален проектил — најверојатно залутан куршум.По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница. Прво било згрижено во Градската општа болница, а поради тешката состојба било транспортирано на Детската клиника. Лекарите констатирале сериозни повреди на мозокот и состојба опасна по живот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Македонија нуди медицинска помош за повредените во трагедијата во Кран-Монтана

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија оттаму.Велат дека Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfas4dnloef2rfYz5JXl

Објавено е името на првата жртва - италијански тинејџер

Првата идентификувана жртва на пожарот е 17-годишниот италијански голфер, Емануеле Галепини.Неговото име го објави Италијанската голф федерација, која соопшти дека жали поради смртта на „младиот спортист кој ја претставуваше страста и вистинските вредности“.„Во ова време на длабока тага, нашите мисли се со неговото семејство и со сите кои го сакаа“, порачаа од федерацијата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfhaot02omjum7foZW2V

Од срце сме со вас - не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана! Родителите од Кочани понудија каква било помош по трагедијата во Швајцарија

Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживaja трагедијата на губење на најблиските во огнена стихија, упатија писмо со сочувство до Швајцарската амбасада. Како што наведуваат, веста за пожарот во Кран-Монтана ги вратила во денот кога нивните животи засекогаш се поделeни на „пред“ и „потоа“.Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија.Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“.Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот.Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок.Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка.Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана.Во вакви моменти, единственото што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.Да знаеш дека не си сам во болката.Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.На повредените им посакуваме сила и надеж за закрепнување.Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање, со тивка поддршка и со срце што знае.Нека почиваат во мир оние што заминаа, а на живите нека им биде дадена сила да продолжат, пишуваат во писмото.

Македонија | пред 1 месец

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Обвинение за милионскиот криминал во РЕК Битола, биле местени тендери, лажни записници и незаконски исплати

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола.Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Тие заедно не ја извршиле својата службена должност за законито и совесно постапување и ги повредиле начелата на економичност, ефикасност, ефективност, сразмерност и конкурентност предвидени во Законот за јавни набавки. Со намера да прибават противправна имотна корист за друг, обвинетите распишале и спровеле постапка за јавна набавка за дислокација на погонските станици од рудникот “Осломеј” во рудниците на РЕК Битола, со цел да се воспостави нов транспортен систем за рудата во РЕК, иако знаеле дека таквиот транспортен систем е спротивен на основниот проект и несоодветен за технолошкиот процес на ископ на откривката, јагленот и меѓуслојната јаловина, како и за транспорт на јагленот во рудниците на РЕК. Имено, поради неправилната форма на површинскиот коп и поради малиот век на експлоатација (околу 14 години) во рудникот Живојно не е предвидена примена на методата за откопување со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти) какви што биле дислоцираните погонски станици од Осломеј.Обвинетите го навеле Управниот одбор да го измени Годишниот план и да овозможи реализација на јавната набавка, а минималните услови за учество на тендерот ги предимензионирале, фаворизирајќи само едно правно лице. Со тоа и овозможиле на обвинетата компанија да се јави како единствен понудувач и да го добие тендерот вреден 90.000.000 денари без ДДВ (106.200.000 денари со вклучен ДДВ).Првообвинетиот сопственик на фирмата, двајца вработени и правното лице се товарат за кривично дело – Злоупотреба на постапка за јавен повик или јавно-приватно партнерство од член 275-в, бидејќи свесно ги повредиле прописите за постапката со потпишување и поднесување на невистинита документација во која тврделе дека работите на монтажа на погонските станици се завршени, иако донесената механичка и електроопрема стоела расфрлана во кругот на РЕК Битола. Незавршената обврска ја наплаќале врз основа на невистинитата документација со што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од големи размери. Ова им го овозможиле и тројца од обвинетите директори и раководители во РЕК Битола, кои во 2024 година ги потпишувале записниците и извештаите за наводно извршени работи, иако знаеле дека се невистинити, со што го навеле оштетеното правно лице РЕК Битола да изврши незаконита исплата и сториле продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 од Кривичниот законик.Со обвинението, јавниот обвинител предложи да биде одземен износот од околу 1,7 милиони евра со ДДВ кои и биле исплатени на компанијата како резултат на сторените кривични дела. За таа цел, обвинителството во текот на постапката, користејќи и инструменти на меѓународна правна помош, лоцираше и обезбеди 1,2 милиони евра, 1.000 швајцарски франци, 3 златни монети и 1 златна плочка од банкарски сеф во Белград, сопственост на првообвинетиот, како и над 500.000 евра на сметки во домашни банки. Дополнително, замрзнати се и 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година од фирма во Србија во сопственост на првообвинетиот, кои исто така можат да бидат предмет на конфискација.Сознанијата на истрагата се дека обвинетиот поседува две компании во Србија, од кои едната основана на крајот на 2024 година, но и дека согласно анализираното движење на паричните средства има јасна тенденција тој да ги префрла парите со кои располага кон тие компании. Исто така, обвинителството го ценеше фактот дека обвинетиот одржува блиски врски и со други држави каде би можел да има парични средства, што го прави сериозен ризикот од бегство, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за овој обвинет со цел негово обезбедување во текот на судската постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvs5ja0rq9leocvnvC1A

Тешко се идентификуваат жртвите во трагедијата во Кран Монтана, бројот на починати се зголемува, а десетици сè уште се водат како исчезнати

Бројот на загинати по катастрофалниот пожар што избувна во новогодишната ноќ во бар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана постојано се зголемува. Најмалку 47 лица го загубија животот, а повеќе од 115 се повредени. Дел од гостите, меѓу кои тинејџери и млади луѓе сè уште се водат како исчезнати.Италијански и француски државјани меѓу исчезнатитеИталијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека 16 италијански граѓани се водат како исчезнати, а меѓу 12 и 15 се хоспитализирани. Девет француски државјани се повредени, а осум не се пронајдени.Тројца пациенти се префрлени на лекување во Франција, а трансфери се најавуваат и за други.Родители очајно трагаат по своите децаМеѓу исчезнатите е и 16-годишниот Артур од Лозана. Неговите родители, Кристоф и Летиција Бродар, велат дека последен пат слушнале за него кога со пријателите бил во барот.„Сè уште се надеваме. Треба да веруваме дека е жив“, изјави таткото за Си-Ен-Ен.Тој додаде дека Кран Монтана отсекогаш важел за безбедно место и дека младите традиционално ја слават Новата година таму.Пожарот избувнал околу 1:30 по полноќ во барот „Ле Констелејшн“, кој бил полн со гости од различни земји што ја славеле Новата година. Обвинителството потврди дека случајот се води како пожар без индиции за напад.Швајцарскиот претседател Ги Пармелин изјави дека земјата се соочува со „една од најтешките трагедии во поновата историја“.Пожарот бил жесток – идентификацијата оди тешкоВластите информираат дека голем дел од жртвите сè уште не се идентификувани поради сериозноста на повредите.Меѓу исчезнатите има италијански и француски тинејџери, вклучувајќи 16-годишно момче од Болоња. Семејствата очајно чекаат вести.Градот тагува — барови затворени од почитВо градот сè уште блескаат празничните украси, но дел од локалите ставија клуч на врата во знак на солидарност.Во црквата Монтана-Стејшн се одржа миса во спомен на загинатите.„Мора да се држиме до надежта,“ изјави еден локален жител.Цвеќе и свеќи пред баротНа патот кон барот е поставена маса за цвеќе и свеќи. Граѓани и туристи доаѓаат тивки, потресени, некои со солзи во очите.Една жена, чиј близок сè уште се води како исчезнат, рече:„Само сакаме вести. Какви било.“Истрагата продолжува, а лекарите се борат за животите на најтешко повредените во болниците низ Швајцарија и во странство.

Свет | пред 1 месец

media-librarya8rsujnem1l9enn8AOA

Стјуардеса откри кои се најдобрите седишта во авион за долги летови

Долгите летови во економска класа можат да бидат вистински предизвик, особено кога патникот пред вас ќе го спушти седиштето во текот на целиот лет. Но, според искусна стјуардеса од „Вирџин Атлантик“, изборот на вистинско седиште може значително да го олесни патувањето.Најмирно е над крилатаЗа оние што се плашат од турбуленции, најдобар избор се седиштата сместени над крилата. Таму се чувствуваат најмалку вибрации, бидејќи тоа е делот најблиску до тежиштето на авионот. Во задниот дел турбуленциите се чувствуваат посилно.Каде се спие најдобро?Квалитетот на сон на долг лет зависи од бучавата, местоположбата и движењето на патниците. Затоа, најдобро е да се избере седиште што е подалеку од тоалетите и од кујната, каде што бучавата и светлото почесто пречат.Идеална позиција за побрза услуга и излезЗа патниците кои сакаат побрза услуга и полесно симнување од авионот, стјуардесата препорачува седишта што се наоѓаат околу пет редови од почетокот или пет редови од крајот на кабината.Оние што седат напред почесто го добиваат посакуваниот оброк и побрзо излегуваат по слетувањето. Слична предност имаат и седиштата во задниот дел, бидејќи екипажот најчесто служи од двата краја на кабината.Сепак, треба да се има предвид дека токму во задниот дел турбуленциите се чувствуваат поизразено.

Магазин | пред 1 месец

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Посебно осветлување е подготвено за обележјата во Окленд, најголемиот град на Нов Зеланд и првиот поголем град кој ќе ја дочека новата година. Фотографии од „специјални моменти“ што граѓаните ги испраќаа во текот на 2025 година ќе бидат проектирани на Скај Тауер, највисоката кула на јужната хемисфера. На мостот Окленд Харбор Бриџ ќе започне одбројувањето пред огнометот од кулата на полноќ, односно денес напладне според хрватско време.Главниот град Велингтон исто така организира огномет и музичка програма во центарот.Сиднеј во фокусотДва часа по Нов Зеланд, Сиднеј ќе биде во центарот на вниманието со прославите во прочуеното пристаниште. Повеќе од еден милион луѓе ќе го следат лансирањето на над девет тони огномети.Порака на мир по нападот на БондиНастанот ќе испрати порака на единство и сеќавање по терористичкиот напад на плажата Бонди, во кој беа убиени 15 лица, а десетици повредени кога вооружени напаѓачи отворија оган врз толпа што го славеше почетокот на Ханука на 14 декември.Пилоните на мостот во Сиднеј ќе бидат осветлени со бели гулаби и зборот „Мир“, а ќе биде одржана и минута молк. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, рече дека овој настан е можност за заедничко собирање, пауза и размисла, како и надеж за побезбедна и помирна 2026 година.„Дочекот на Новата година во Сиднеј е многу повеќе од огномет. Тоа е одраз на она што сме – жив, разнолик и отворен град. Тие вредности никогаш не биле поважни“, истакна таа.Огномети низ АвстралијаОгномети ќе го осветлат небото и над другите големи австралиски градови, меѓу кои Мелбурн, Брисбејн и Аделаида.Киритимати, најголемиот остров на Кирибати со околу 5.000 жители, е првата населена точка на Земјата што влегува во новата година, но таму не се планирани поголеми настани.Американска Самоа ќе биде последна што ќе влезе во 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryrvep99khfolbdvNnkch

(Видео) Кучето не сака да го сподели своето омилено ќебенце со сопственичката, видеото стана хит

Едно видео кое неодамна насмеа илјадници луѓе покажува колку милениците знаат да се врзат за своите омилени предмети – особено кога некој ќе се обиде да им ги земе. Во центарот на вниманието е берннандинецот Велер, кој јасно стави до знаење дека ќебенцето го смета за „свое“. Снимката брзо привлече внимание поради неговата решителна и малку драматична реакција.На видеото се гледа како Велер без двоумење ја грабнува синото ќебенце, штотуку извадено од сушара, и ѝ го одзема на сопственичката која се обидува да се покрие со него. Иако таа постојано го повикува по име, тој не се откажува сè додека целосно не си ја врати ќебенцето и не го однесе право во својот кревет.Кога сопственичката повторно се обидува да посегне, Велер легнува врз него со целата своја тежина. Радосно мавта со опашката, но по изразот на неговото лице јасно се гледа дека споделување – нема.Гледачите особено ги насмеа моментот кога таа го прашува дали ќебенцето е негово, а тој само ја погледнува – како одговорот воопшто да не е тема на разговор. Во коментарите многумина го истакнаа неговиот „осудувачки“ поглед. Видеото собра повеќе од 100.000 лајкови и над два милиони прегледи, со бројни одушевени реакции.

Магазин | пред 1 месец

horoscope-lucky

Хороскопски знаци кои секогаш реагираат на неправда

Кај некои луѓе неправдата никогаш не поминува незабележано, без оглед на околностите или можните последици. Додека некои ќе премолчат и ќе се повлечат, други речиси инстинктивно реагираат. Таквите луѓе тешко поднесуваат непочитување, двојни аршини и искористување на послабите. Често чувствуваат внатрешна потреба да застанат во одбрана на себе или на другите, дури и тогаш кога тоа не им носи лична корист. Според астрологијата, овие особини најчесто се врзуваат со следниве хороскопски знаци.ОвенЛичностите родени во овој знак реагираат импулсивно кога ќе забележат неправда. Тешко им е да останат настрана ако сметаат дека некој е оштетен или неправедно третиран. Нивните реакции се брзи и директни, без многу двоумење околу последиците. Не поднесуваат злоупотреба на моќ и подготвени се да ѝ се спротивстават. Иако понекогаш делуваат нагло, зад тоа стои силно чувство за правичност.ВагаЗа Вагите рамнотежата е основа на сè, па неправдата ја доживуваат како сериозно нарушување на таа хармонија. Луѓето родени во овој знак силно реагираат на нечесен однос, особено кога станува збор за меѓучовечки односи. Сакаат да ја согледаат целата слика, но ретко остануваат неутрални ако почувствуваат дека некој е оштетен. Нивната реакција најчесто е смирена, но цврста и доследна. Вагите веруваат дека молчењето пред неправдата значи и учество во неа.ВодолијаВодолиите имаат изразен чувствo за општествена правда и еднаквост. Неправдата ги погодува и на личен и на поширок, општествен план. Често реагираат и тогаш кога ситуацијата не ги засега директно. Подготвени се да ги преиспитуваат системите, правилата и воспоставените модели на однесување. Нивните реакции можеби не се секогаш гласни, но обично се истрајни и долгорочни.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryc4l796bfvtc40i05CgN

Делумно обновен сообраќајот низ Ла Манш – „Евротунелот“ сè уште со големи доцнења, илјадници патници заглавени со часови

Работата на санирање на дефектот во железничките линии меѓу Британија и Франција продолжи и во текот на ноќта, а дел од сообраќајот низ Евротунелот е повторно воспоставен. И покрај тоа, возовите на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ и денес сообраќаат со повеќечасовни доцнења, јавува Би-Би-Си.Проблемите започнаа поради дефект на системот за електрична енергија и оштетени надземни кабли, во комбинација со застој на еден од возовите на „ЛеШатл“. Последиците беа хаос во пресрет на новогодишните патувања – илјадници патници заглавија на пероните и терминалите, дел од семејствата чекаа со часови во автомобилите, а имаше и возови што останаа под земја под Ла Манш без можност веднаш да продолжат.Според Би-Би-Си, најмалку десет возови на „Еуростар“ од и кон Лондон, Париз, Брисел и Амстердам беа откажани уште пред пладне. Компанијата им се извини на патниците и понуди враќање на средствата, промена на термин или е-ваучери. Дел од патниците сведочат дека чекале по шест до седум часа на станиците.„Гетлинк“, операторот на Евротунелот, информира дека сообраќајот моментно се одвива преку една линија, со доцнења и до пет часа. Оштетениот воз бил извлечен, а патниците се повикани да не поаѓаат кон станицата Сент Панкрас во Лондон доколку нивниот воз е откажан.Првиот воз на „Еуростар“ кон Брисел тргна нешто по 16 часот, но метежот продолжи и на патиштата – долги колони возила се формираа на автопатот М20 кај терминалот Фолкстоун.Иако дефектот постепено се отстранува, нормализацијата на сообраќајот ќе трае извесно време, а засегнатите патници сè уште бараат алтернативни начини да стигнат до своите дестинации во најгустата празнична сезона.

Свет | пред 1 месец

evzoni-greece

Убава вест за оние кои нова година ќе слават во Грција: Земјоделците нема да протестираат на граничните премини

Сите кои планираат патување во Грција за новогодишните празници ќе можат непречено да минуваат низ граничните премини и автопатите во следните три дена. Грчките земјоделци решија привремено да ги прекинат блокадите до петок, со цел да им овозможат полесно патување на граѓаните.Граничниот премин Евзони, кој изминатите четири дена беше затворан во повеќечасовни интервали, од денеска до петок ќе биде постојано отворен за сообраќај. Иако тракторите и понатаму остануваат паркирани во близина, тие нема да ја попречуваат проодноста.Сепак, протестите не се стопирани – земјоделците најавуваат дека тракторите ќе останат распоредени долж патиштата низ земјата, додека по празниците ќе одлучат како ќе продолжат со активностите.Во недела напладне, кај патарината Малгара во близина на Солун, е закажан голем состанок на претставници од сите блокади во Грција, на кој ќе се крои понатамошната стратегија.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryckij20ejrh149ZBcYtG

Голема кражба во Центар, двајца Романци украле дури 43 парчиња златен накит! Полицијата ги уапси

На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.Тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола, со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале. Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ обвинува за политички притисоци и репресија од страна на власта

Соопштение од СДСМ денеска обвинува дека актуелната власт спроведува „репресија и политички прогон“ кон партијата и нејзините членови. Според СДСМ, ова претставува „последна фаза“ од, како што наведуваат, политичка кампања насочена кон замолчување на опозицијата.Во соопштението се наведува дека по, како што ја нарекуваат, забраната на слободата на говор, властите преминале кон притисоци и закани за апсења. Од партијата тврдат дека целта е спречување на нивната активност и критиките за, како што посочуваат, корупциски скандали поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.СДСМ ги поврзува овие случувања со тендерски постапки што претходно ги објави во јавноста и тврди дека со тоа властите настојуваат да ги заштитат актуелните функционери од одговорност. Во соопштението дополнително се наведуваат обвинувања за политички влијанија врз судството и медиумски притисоци врз партијата.Од СДСМ порачаа дека, и покрај тоа, ќе продолжат со, како што велат, борбата против криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 1 месец

IMG_4387

Радост за учениците – почнува зимскиот распуст за околу 250.000 деца низ државата

Со денешниот последен училиштен ден пред паузата, околу 250 илјади ученици од основните и средните училишта заминуваат на заслужен зимски распуст. Веќе од утре училниците замолкнуваат, а 20 јануари 2026 година е датумот кога учениците ќе се вратат на настава и ќе го започнат второто полугодие.Во вториот дел од учебната година продолжуваат реформите во образованието – оптимизацијата на училишната мрежа и ширењето на едносменската настава, во која досега се вклучени околу 200 училишта.Матурантите оваа година ќе полагаат државна матура по нов концепт, усогласен со видот на образованието што го посетуваат, а наставниците во март треба да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.Зимскиот распуст носи одмор за учениците – а образовниот систем веќе се подготвува за динамично продолжение од јануари.

Македонија | пред 1 месец

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел забрани работа на 37 странски невладини организации во Газа

Од 1 јануари, на 37 меѓународни невладини организации повеќе нема да им важат дозволите за работа на територијата на Газа и Западниот Брег. Израелското Министерство за дијаспора соопшти дека организациите не ги исполниле новововедениот пакет на строги регистрациски правила, кои стапија на сила на 1 март годинава.Според објавите, засегнатите организации не доставиле целосни податоци за тоа кој работи за нив, како се финансираат и на кој начин ги спроведуваат активностите. Израелските прописи бараат да се поднесе детална документација – од структури и програми, до комплетни списоци на странски и палестински вработени, заедно со нивните пасоши и лични документи, објавува „Тајмс оф Израел“.Со ова, почнува 2026 година со нов, значително построг режим на работа за меѓународните организации во палестинските територии, што би можело сериозно да влијае врз нивната натамошна активност и присуство на терен.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn41dnudeniqgepOwooG

Силен снежен бран ја измести Турција од колосек – десетици летови откажани, училиштата затворени

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен.Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи дека одлуките се донесени исклучиво поради безбедноста на патниците.Метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и заладување, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни на патиштата.

Свет | пред 1 месец

macro-shot-pouring-water-into-glass

ЈП Водовод и канализација :Плаќаење сметки за вода, рекламации и дефекти скопјани може да направат денеска до 15.30

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека на ден 31.12.2025 година (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2026 година (четврток) е неработен ден. Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.

Скопје | пред 1 месец

media-librarye8ldj80ee7seb7ADA3A

Скопје во празничен ритам, се е подготвено за Новата 2026: Кирибати први ќе се збогуваат со 2025!

Главниот град денес пулсира во духот на „Новогодишната зимска бајка“. Програмата трае цел ден и ќе кулминира вечерва на плоштадот „Македонија“, каде што илјадници граѓани ќе ја дочекаат 2026 година со настапи на популарни домашни изведувачи.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани заедно да ја прослават новогодишната ноќ, истакнувајќи дека програмата е осмислена да ги обедини сите генерации.Настапите започнуваат во 19:45 часот со Миле Кузмановски, по кој ќе следуваат Огнен Здравковски, Дина Јашари, култните Куку Леле и Тамара Тодевска. Крајот на вечерта ќе им припадне на милениците на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на влегувањето во Новата година ќе го одбележи Каролина Гочева.Милиони луѓе ширум светот исто така ќе ја одбележат смената на календарот – на плоштадите, во туристичките центри, ресторани, пабови и во домовите.Новата 2026 година први ќе ја поздрават жителите на пацифичката држава Кирибати – во 11 часот по македонско време, а дури утре Американска Самоа и ненаселените острови Бејкер и Хауленд ќе кажат збогум на 2025. Тие на 1. јануари во 13 часот по наше време ќе го прослават почетокот на новата година.

Скопје | пред 1 месец

klinikimajka-tereza

Детето кое беше прегазено во Чаир се уште е на интензивна нега, уапсен возачот кој побегна

Нема нови информации за здравствената состојба на детето кое вчера беше примено на Интензивна нега во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по сообраќајната несреќа што се случи во скопски Чаир.Од МВР потврдија дека несреќата се случила околу 14:50 часот на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“, кога патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблици удрило во дете пешак.Возачот по ударот го напуштил местото на несреќата, оставајќи го возилото зад себе. Полициските екипи кратко потоа го лоцирале во близина и го лишиле од слобода 65-годишниот С.И., осомничен за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.Повреденото дете било транспортирано со Итна медицинска помош во Клиничкиот центар, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и го задржале на болничко лекување.По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryutq4auke5na22ykDHyz

АХВ го затвори пансионот „Ав ав хепи дог“ поради сомнеж за парвовироза, во тек е вонреден инспекциски надзор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го затвори пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ во скопската населба Бардовци, по добиени пријави дека во објектот можно е да циркулира вирусот парвовироза. Од Агенцијата за „Скопје1“ потврдија дека е издадена временска забрана за работа, која ќе остане на сила сè додека трае вонредниот инспекциски надзор и не се утврди здравствениот статус на кучињата што престојувале таму.„По добиените иницијативи за спроведување на вонреден инспекциски надзор во пансион за домашни миленици Ав Ав Хепи Дог во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во моментов спроведува контрола во пансионот. Наводите во претставката се дека се работи за болеста парвовироза кај кучињата кои се згрижени во овој пансион.Напоменуваме дека со постоечките закони за здравствена заштита и за благосостојба на животните правно не е регулирана работата на пансиони и хотели за домашни миленици односно АХВ не ги регистрира или одобрува . АХВ во моментов постапува искучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење на заразни болести кај животните.Во оваа прилика ја информираме јавноста дека во новата законска регулатива за здравствена заштита и благосостојба на животните која е во финална фаза на подготовка, регулирано ќе биде и ова прашање, односно пансионите за кучиња ќе треба да исполнуваат одредени услови и да бидат одобрени од АХВ.Исто така, апелираме сопствениците на кучиња да бидат одговорни и нивните кучиња да бидат микрочипирани, податоците внесени во Информативниот систем на АХВ, да поседуваат валиден пасош за својот миленик, кучињата да бидат вакцинирани за да се заштитат од заразни болести како и редовно да бидат третирани со средства за екто и ендо паразити.Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кое најчесто ги погодува младите кучиња, но може да се јави и кај возрасни животни. Болеста бара итен третман и строги мерки на изолација, бидејќи заразените животни претставуваат ризик за останатите.Од АХВ најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на инспекцискиот надзор.Случајот стана јавен откако Ана Пејковска објави дека нејзиното куче починало по престој во пансионот и дека било дијагностицирано со парвовироза. Таа тврди дека животното ѝ било вратено во многу лоша состојба и дека во пансионот имало уште заразени кучиња. Пејковска објави и комуникации и сведоштва од други сопственици, кои наведуваат дека нивните миленици исто така се разболеле по престојот во истиот објект.Дополнителни реакции предизвика и објава од девојка која тврди дека била на пракса во пансионот и опиша, како што наведе, лоши услови за згрижување на животните. На официјалната страница на пансионот се појавија низа коментари од корисници кои бараат објектот привремено да се затвори.АХВ најави дека по завршување на надзорот јавноста ќе биде дополнително информирана.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања