Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Возило во движење било погодено од заталкан куршум

На 29.12.2025 во 19:40 часот во СВР Скопје, И.Д.(64) од с.Рашче, скопско, пријави дека во с.Рашче, додека се превезувале со возило управувано од неговиот син кој бил заедно со неговото семејство, на кровот од возилото паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило.Полициски службеници од СВР Скопје зрното било подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Петарда му експлодирала во рака - повредено осумгодишно дете, полицијата одзеде стотици парчиња пиротехника

Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште е тешко повредено откако петарда експлодирала во неговата рака. Случајот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истовремено, низ повеќе градови продолжуваат полициските контроли за нелегална трговија и поседување пиротехнички средства. На 29 декември во село Конче, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш со судска наредба извршиле претрес во домот на К.К.(38), при што биле пронајдени 105 парчиња пиротехнички средства. Истиот ден, во село Ињево, при претрес во домот на И.К.(30) биле откриени уште 198 парчиња пиротехника. По документирањето на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.Полициските акции продолжиле и во Тетово. Во периодот од 14:40 до 19:15 часот на различни локации биле приведени А.М.(34), Н.Ф.(53) и Н.Ј.(40), кај кои била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. По завршување на постапката, ќе бидат поднесени соодветни пријави.Полицијата повторно апелира употребата на пиротехника да се избегнува, особено кај деца и малолетници, бидејќи законот ја ограничува продажбата и употребата, а последиците може да бидат сериозни и трајни.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybiev6rt70gco3DkmFgt

Под лупа на инспекциските служби на АХВ и рестораните, месарниците и рибарниците

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна.На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија.Со спроведените контроли и утврдените недоследности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура

Македонија | пред 1 месец

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Затвор до 3 години, одземање дозволи и возила: „Безбеден град“ стартува од 1 февруари

Македонија влегува во нова ера на санкции во сообраќајот. Пратениците кон средината на декември ги изгласаа клучните закони што треба да му дадат целосна функционалност на системот „Безбеден град“, кој од 1 февруари треба да почне да работи во целост. Новите правила предвидуваат многу построги санкции за опасно возење, систем на негативни поени, автоматска дигитална комуникација со возачите и засилени обврски за сопствениците на возила и автошколите.За сите сообраќајни прекршоци снимени со камери, возачите ќе добиваат СМС порака и имејл со записник и фотографија од прекршокот. Казната ќе може да се намали за половина ако биде платена во рок од осум дена. Освен тоа, секој сопственик на возило мора во рок од три дена да пријави промена на телефон и имејл во станица за технички преглед.Во спротивно, следува глоба од 100 евра, а санкции се предвидени и за фирмите.Од 1. февруари, доколку возач во рок од четири години трипати добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, судот задолжително ќе ја одземе возачката дозвола.Лицето нема да може повторно да полага најмалку една година. Одлуката ќе биде евидентирана и на граничните премини. Истото важи и за странци со странска дозвола на територијата на земјава тие нема да смеат да возат.Предложените измени носат многу построг правилаза возење под дејство на дрогаза алкохол над 1,5 промилиза возење во спротивна насоказа значително пречекорување на брзинатаза претекнување на непрегледно местоследува затворска казна од 3 месеци до 3 години и парична казна.Судот, при тешки дела и повторени прекршоци, ќе може да го одземе и возилото, доколку сторителот претходно веќе бил осудуван за сообраќајни кривични дела.

Скопје | пред 1 месец

pari

Илјадници граѓани преплатиле трошоци за брзи кредити

Министерството за финансии утврдило серија прекршувања кај финансиските друштва што издаваат таканаречени брзи кредити, поради што дел од граѓаните ќе треба да добијат поврат на незаконски наплатени трошоци, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најавувајќи дека ќе следуваат и промени во регулативата.Според податоците презентирани на вчерашниот брифинг со новинарите, во текот на годинава биле склучени 228.880 договори со финансиски друштва – најголемиот дел за брзи потрошувачки заеми. Вкупната вредност на договорите изнесува 132 милиони евра, од кои околу 20 милиони евра биле позајмени од 508 компании. Дел од граѓаните имаат потпишано повеќе договори.Министерството спроведува засилен надзор и, како што рече министерката, биле откриени случаи каде што е надминат законскиот лимит за наплата на вкупни трошоци.„Кај дел од граѓаните што земале брзи кредити е надминат законскиот лимит за наплатен трошок… Оние што земале повеќе пари, мора да им ги вратат на граѓаните,“изјави Димитриеска-Кочоска.Таа додаде дека веќе се издадени прекршочни налози, но институциите внимателно одмеруваат дали во одделни случаи да се оди и кон одземање лиценци.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoluhdgkdpnv03GJFq3a

Како да знаете дека кафето се расипало? Обрнете внимание на овие работи

Аромата на свежо подготвено кафе има своја посебна магија – оној длабок, опоен мирис што ја исполнува просторијата и ве „поканува“ на момент уживање пред првaта голтка. Тој мал секојдневен луксуз во голема мера зависи од свежината на зрната. Но со тек на време и изложеност на воздух, дури и најквалитетното кафе почнува да ја губи препознатливата нота, а богатиот вкус се претвора во нешто безлично.Без разлика дали во оставата чувате залиха зрнесто кафе или во фрижидер имате подготвен ладен напиток за подоцна, познавањето на „рокот на траење“ на кафето е клучно за зачувување на неговиот квалитет, пишува „Taste of Home“. Еве колку долго кафето може да стои, во зависност од видот.Кафе во зрноЗатвореното пакување печени зрна може изненадувачки долго да го задржи вкусот. Според податоците на Асоцијацијата за специјално кафе („Specialty Coffee Association“), кафето спакувано во услови со ниско ниво на кислород и заштитено од светлина може да остане квалитетно со месеци. Повеќето пржарници се согласуваат дека правилно спакуваното и складирано кафе во зрно ја задржува свежината отприлика една година, пред да се почувствува позабележлив пад во вкусот.Но, штом ќе се отвори пакувањето, зрната брзо почнуваат да ги губат своите најдобри својства. „Healthline“ наведува дека печените зрна имаат најсвеж вкус околу една до три недели по отворањето. За максимална свежина, чувајте ги во темна, херметички затворена тегла, далеку од топлина и сончева светлина.Мелено кафеМеленото кафе уште побрзо ја губи свежината, бидејќи поголемата површина е изложена на кислород, што го забрзува процесот на оксидација. Компанијата „Лаваца“ (Lavazza) истакнува дека неотворено, вакуумско пакување мелено кафе обично останува свежо меѓу пет и шест месеци. Но, по отворањето, најдобро е да се искористи во рок од една до две недели.Меленото кафе никако не треба да се чува во фрижидер или замрзнувач, бидејќи може да настане кондензација и да се наруши вкусот. Наместо тоа, препорачливо е да се чува во херметички затворен сад, на ладно и темно место, како остава.Подготвени кафе-напитoциОткако ќе се подготви кафето, времето и температурата веднаш почнуваат да влијаат на вкусот. Свежо свареното црно кафе е највкусно во рок од четири часа на собна температура. Потоа оксидацијата го менува вкусот, правејќи го погорчлив. „Healthline“ наведува дека иако и понатаму е безбедно за пиење, квалитетот значително опаѓа. Ако го чувате во затворен сад во фрижидер, ќе биде употребливо три до четири дена, но без свежината на штотуку подготвено кафе.Со додавање млеко или павлака правилата се менуваат. Поради млечните производи, ваквиот напиток не треба да стои надвор од фрижидер подолго од два часа. Во фрижидер може да трае еден до два дена, но текстурата може да се промени. Ако забележите киселкаст вкус, или непријатен мирис – време е за нова шолја.Еспресото својот врв на вкус го достигнува речиси веднаш. Кремата – златестиот слој што ја носи поголемата арома – почнува да се разградува за само неколку секунди. Иако напитокот е безбеден за пиење и подоцна, баристите се согласуваат дека најдобро е да се испие во рок од една до две минути, додека аромата и вкусот се во совршена рамнотежа.Како да препознаете дека кафето ја изгубило свежинатаКафето не се „расипува“ како млечните производи, но со тек на време ја губи својата препознатлива арома и вкус. Првиот знак на стареење е мирисот – свежото кафе има богата и жива арома, а кога таа ќе избледи и стане „хартиена“ или пригушена, свежината исчезнала. Истото важи и за вкусот, кој станува послаб и помалку изразен.Ако меленото кафе впило влага, може да се згрутчи или да изгледа масно. Иако мувла ретко се појавува кај суво, печено кафе, можно е ако се чувало во влажни услови. Едноставно кажано – кога ќе исчезнат аромата и свежината, време е за ново пакување кафе.

Магазин | пред 1 месец

horoskop

Три најнесмасни хороскопски знаци

Дали некогаш ви се случило да си го истурите кафето врз новата кошула или да се сопнете на сосема рамна површина? Сите имаме такви моменти, но кај некои тоа е речиси стил на живот. Астрологијата сугерира дека нашиот космички „потпис“ може да има врска со тоа, предодредувајќи одредени хороскопски знаци за живот исполнет со симпатични, мали незгоди. Ајде да откриеме кои се најдрагите „неспретковци“ во зодијакот.СтрелецСо Стрелец владее Јупитер, планетата на експанзијата и оптимизмот. Нивниот дух е постојано во движење, во потрага по нова идеја или авантура. За жал, нивното тело понекогаш тешко го следи тој ентузијастички ум. Тие се тие што ќе се удрат во врата додека страсно ги објаснуваат плановите за патување или ќе превртат чаша вино со еден театарски замав на раката.Нивната несмасност не доаѓа од недостиг на грациозност, туку од вишок енергија и фокус на „пошироката слика“. Зошто би се грижеле за масичката во ќошот, кога во мислите веќе го освојуваат Монт Еверест? Пријателите одамна научиле да ги тргаат кревките предмети кога Стрелец влегува во просторијата – но знаат и дека токму таа хаотична енергија е дел од нивниот неодолив шарм.РибиРибите, сонувачите на зодијакот, често живеат со една нога во овој свет, а со другата во царството на фантазијата. Тоа ја прави навигацијата низ реалноста вистински предизвик. Склонни се да се сопнат на сопствените нозе, да се судрат со луѓе или целосно да ја промашат скалата на која сакале да стапнат. Нивниот ум е преполн со уметност, музика и соништа, оставајќи малку „простор за процесирање“ за приземни работи како што е гравитацијата.Ова не е немарност, туку одраз на нивната длабоко креативна и чувствителна природа. Рибата ќе ги испушти клучевите затоа што одеднаш ја занела бојата на небото или далечна мелодија. Нивната несмасност е поетична – физичка манифестација на душа што е премногу голема за рамките на секојдневието.БлизнациУмовите на Близнаците се вистински вител од мисли, идеи и разговори. Мајстори се за мултитаскинг – испраќаат порака на една личност, разговараат со друга и истовремено го планираат вечерното излегување. Тоа е импресивно, но има цена: нивната физичка координација не секогаш го следи темпото, па затоа телефонот завршува на под, нарачките се мешаат, а пијалаците се пролеваат.Нивната владејачка планета Меркур управува со комуникацијата и движењето, но понекогаш сигналите едноставно се прекрстуваат. Несмасноста на Близнаците е резултат на ум кој е чекор напред – тие веќе мислат на следното, пред рацете да ја завршат сегашната задача. Тоа е шармантен хаос меѓу умот и телото и, иако значи неколку скршени шолји, со нив никогаш не е досадно.Затоа, ако сте Стрелец, Риби или Близнаци – сакајте ја својата внатрешна несмасност! Тие мали незгоди се само нуспојава на вашите енергични, сонувачки или брилијантни умови. А за сите останати – ако имате некој од овие знаци во животот, само тргнете ја скапата ваза подалеку… и прегрнете ги кога неизбежно ќе се „сопнат од воздух“.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

Масовна тепачка во Перуџа меѓу Македонци и Албанци: Со тешки повреди заврши Македонец кој бил прегазен со кола

Во италијанскиот град Перуџа, во населбата Сан Систо, дојде до жестока пресметка меѓу групи странски државјани од Македонија и Албанија, при што еден 27-годишен Македонец заврши со тешки повреди, а полицијата приведе 11 лица.Инцидентот започнал во локален бар, по вербална расправија настаната поради фотографија направена со мобилен телефон. Според првичните наоди на истрагата, расправијата за кратко време прераснала во физичка пресметка на улица, при што биле користени маси, столици и дрвени палки. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца од учесниците се обиделе да побегнат со автомобил, при што со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин. Тој е хоспитализиран со тешки повреди на двете нозе и, според лекарите, закрепнувањето ќе трае најмалку еден месец.Италијанската полиција соопшти дека возачот и сопатникот побегнале од местото на настанот и по нив се трага. Едното лице е малолетник.По пријавата на бројот 112, на терен интервенирале повеќе полициски патроли и припадници на карабинерите. При претресите биле запленети предмети поврзани со тепачката, како и помала количина дрога пронајдена кај едно лице. Еден од осомничените се обидел да сокрие клучеви од возило во саксија, соопшти полицијата.Вкупно 11 лица на возраст од 19 до 31 година се приведени и префрлени во затворот „Капане“ во Перуџа. Против нив се води постапка за тешко насилство и други поврзани кривични дела.Истражните органи утврдуваат дали дел од настанот бил снимен на безбедносни камери и дали имало организирани групи или станува збор за спонтана ескалација на конфликт.

Скопје | пред 1 месец

299917758_610582814115905_5041131958077706406_n

Левица: Минималната плата е под прагот на сиромаштија — сиромашни се 30 отсто од децата во земјава

Партијата Левица реагира на најновите податоци на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година, според кои стапката на сиромаштија изнесува 21,9 проценти, а речиси 30 проценти од децата живеат под прагот на сиромаштија. Во соопштението се наведува и дека 45,8 проценти од самохраните родители се сиромашни.Од Левица оценуваат дека состојбата претставува резултат на „долгогодишен економски модел кој го потценува трудот“, а не на, како што велат, надворешни фактори. Во соопштението се наведува и дека 7,9 проценти од вработените живеат под прагот на сиромаштија, што партијата го интерпретира како недоволна заштита на работниците.Посебен фокус партијата става на семејствата со повеќе деца, каде што според статистиката 54,8 проценти живеат во сиромаштија. Левица смета дека државните политики недоволно ги поддржуваат овие домаќинства.Во соопштението се наведува и дека дебатата за минимална плата од 500 евра е „надмината“, бидејќи, според партијата, прагот на сиромаштија за четиричлено семејство е над 31.000 денари месечно. Левица смета дека минималната плата треба да биде изедначена со трошоците за основен животен стандард и критикува дека економските аргументи против повисок минимален доход се „политички, а не економски“.Како можни решенија, партијата предлага прогресивно оданочување, јакнење на колективното договарање и активни социјални мерки насочени кон ранливите категории граѓани.

Македонија | пред 1 месец

sofija-bugarija

Бугарија влегува во еврозоната: Oд 1. јануари 2026 година — евро наместо лев

Бугарија од 1 јануари 2026 година официјално ќе стане 21-та членка на еврозоната. Европскиот парламент и Советот на ЕУ го одобрија членството по позитивните извештаи на Европската комисија и Европската централна банка, кои во јуни потврдија дека земјата ги исполнува критериумите за конвергенција.Патот до оваа одлука, сепак, беше исполнет со контроверзии и политички турбуленции. Во првата половина од 2025 година, Министерството за финансии, предводено од Теменушка Петкова, изрази сомнежи дека земјата ги исполнува условите — особено поради инфлацијата, која за 2024 година изнесуваше 2,6%, над лимитот од 2,5%. Дел од опозицијата ја обвини владата дека намерно го кочи процесот, по што извршната власт го ревидираше буџетот и забрза дел од реформите.Протести и отпориПротивниците на еврото, предводени од движењето „Вазраждане“, организираа низа протести. На 22 февруари пред зградата на Бугарската народна банка дојде и до инциденти — дел од демонстрантите фрлаа молотови коктели и ја оштетија фасадата на „Куќата на Европа“. Оттогаш се водат судски постапки, меѓу другото и против четворица пратеници.И претседателот Румен Радев предложи распишување национален референдум, но иницијативата беше блокирана поради уставни ограничувања. На крајот, на 3 декември, Народното собрание го отфрли предлогот со 135 гласа „против“.Стравови кај јавноста и мерки за заштитаЗагриженоста од скриено покачување на цените беше најсилно изразена кај постарите граѓани и жителите на помалите места. Во јавноста кружеше и дезинформации — од „бришење на заштедите“ до апокалиптични сценарија за економијата.Владата и Бугарската народна банка одговорија со пакет-мерки:фиксeн курс: 1 евро = 1,95583 левазадолжително двојно прикажување на ценитезасилени инспекции од Комисијата за заштита на потрошувачитејавна кампања за информирањеДизајнот на националните евро-монети го задржува бугарскиот идентитет и кирилицата.Политичка неизвесност — голем тестПроцесот се одвива во услови на оставка на владата и можни предвремени избори. Експертите предупредуваат дека од институционалната стабилност ќе зависи и колку успешно ќе помине транзицијата.Она што е извесно е дека од 1 јануари 2026 година еврото станува официјална валута во Бугарија. Колку безболно ќе се одвива промената, ќе зависи не само од институциите — туку и од подготвеноста, информираноста и одговорноста на самите граѓани.

Свет | пред 1 месец

penzioneri

Декемвриската пензија на 2 јануари 2026 година

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, соопштува Фондот на ПИОМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvhqm45k3ugssevfYkay

Голема операција во Турција по убиството на тројца полицајци, 110 лица се приведени поради поврзаност со ИСИС

Турските безбедносни служби уапсија 110 осомничени лица во координирана операција насочена кон следбеници на Исламска држава, соопшти обвинителството во Истанбул. Акцијата следи само еден ден по вооружениот инцидент во северозападна Турција, во кој загинаа тројца полицајци и шестмина милитанти.Рацијата, која траела осум часа, била спроведена во градот Јалова на брегот на Мраморното Море. Истовремено биле извршени претреси и на 114 локации во Истанбул и уште две провинции, при што полицијата запленила дигитални материјали и документи поврзани со истрагата.Според обвинителството, од вкупно 115 лица опфатени со потерниците, биле лоцирани и приведени 110. За време на акцијата биле повредени осум полицајци и еден припадник на безбедносните сили.Ова е втора масовна операција во рок од една недела — претходно беа уапсени повеќе од 100 осомничени заради наводни планови за напади за време на Божиќ и Нова година.Турските власти соопштуваат дека годинава значително ги интензивирале акциите против структури поврзани со Исламска држава, со цел превенција на нови напади.

Свет | пред 1 месец

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Преминот Евзони повторно затворен, Мицотакис повикува на дијалог

Грчките земјоделци и за денеска најавуваат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон Македонија.Ќе има застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, од 11:00до 15:00часот по македонско време (12:00 до 16:00часот по грчко време) и од 17:00 до 21:00 часот (18:00до 22:00часот по локално време).Нема да има блокади од утре до петок, поради одбележувањето на новогодишните празници.Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика земјоделците што протестираат да се вклучат во дијалог со владата и да се воздржат од блокирање на патиштата.

Свет | пред 1 месец

media-library2t6eh42d9nqgdQrCiV5

(Видео) Печурка како по нуклеарна експлозија во Загреб, пиротехнички средства биле врзани за канистер

Силна детонација синоќа ја вознемири населбата во Загреб во близина на основното училиште „Јулие Кловиќ“, откако на училишното игралиште експлодирало пиротехничко средство врзано за канистер со запаллива течност. По експлозијата избувнал и пожар, кој бил брзо ставен под контрола од противпожарните екипи.Според првичните информации, инцидентот се случил доцна вечерта, а огнот се проширил непосредно по активирањето на пиротехниката. За среќа, пожарникарите реагирале навреме и интервенцијата завршила без поголеми последици.Настанот предизвика бројни реакции и на социјалните мрежи, каде корисниците иронично коментираа дека „барем децата не се на мобилни телефони, туку си играат надвор“, алудирајќи на неодговорното користење пиротехника.

Свет | пред 1 месец

media-librarynjpo5ednjjb55EI2aHB

Кина со најобемни воени маневри околу Тајван: истрелани ракети и симулирана блокада на островот

Кина втор ден по ред изведува големи воени маневри околу Тајван, при што беа истрелани ракети во водите на север и југ од островот, а во акцијата учествуваат и бомбардери, разорувачи и повеќе воени бродови. Маневрите, според Пекинг, претставуваат проба за целосна блокада на Тајван.Кинеската војска соопшти дека боевите активности ќе траат до 18 часот и ќе го зафатат морето и воздушниот простор на пет различни зони. Објавено беше и видео на кое се гледа мобилен ракетен фрлач како испукува проектили во морето од неименувана локација во Кина.Истовремено, морнаричките и воздухопловните сили изведоа симулации на напади врз тајвански поморски и воздушни цели, како и антиподморнички операции. Маневрите се одржуваат под називот „Мисија на правдата 2025“ и доаѓаат само 11 дена откако САД го одобрија најголемиот досега пакет оружје за Тајван, вреден 11,1 милијарди долари.Официјален извор за безбедност во Тајван изјави за Ројтерс дека внимателно се следи дали Кина ќе испука ракети и над територијата на островот, како во 2022 година, по посетата на Ненси Пелоси на Тајпеј. Ова е шеста поголема серија кинески вежби од тогаш.Паралелно, според истиот извор, Пекинг ги користи маневрите и за тестирање на напади врз копнени цели, вклучително и врз американскиот артилериски систем HIMARS со дострел до 300 километри. Кинескиот PCH-191, кој учествуваше и на парадата во Пекинг во септември, има споредлив дострел и, според кинеските државни медиуми, може да погоди која било точка на Тајван.Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те во објава на Фејсбук порача дека островот е подготвен да се брани, но нагласи дека Тајпеј нема намера да ја зголемува напнатоста.Министерството за одбрана на Тајван потврди дека дел од кинеските боеви активности утрово се одвивале северно од островот и дека остатоци од ракетите навлегле во континуираната зона на Тајван — подрачје што се протега на 24 наутички милји од брегот.Маневрите се оценуваат како досега најмасовни по површина и најблиски до тајванското крајбрежје, што дополнително ја зголемува загриженоста за можноста од несакана ескалација.

Свет | пред 1 месец

zlato

Цената на златото близу до историски највисока цена

Вредноста на скапоцените метали незапирливо расте.Иако цената вчера падна бидејќи трговците остварија профит по неговиот скок на историски максимум.Златото кога се приближи до 5.000 долари по унца, се повлече на речиси 4.550 долари за време на азиското тргување.И покрај овој податок, сепак цената на златото порасна за речиси 70% во 2025 година, што е највисокиот годишен раст од 1979 година.Вредноста на среброто пак, вчера за првпат надмина 77 долари за унца, а цените на златото и платината се исто така на рекордни нивоа.Инаку, според проценките, доколку се собере целото злато во светот, и над и под земјата, заедно би формирале топка висока околу 32 метри и вреди повеќе од 47 билиони долари.

Свет | пред 1 месец

media-librarybu92obuvf28k9g31Q5X

(Фото) Дедо Мраз пристигна во Владата: Децата уживаа во празничната атмосфера

Новогодишни пакетчиња, радост и насмевки. Премиерот, Христијан Мицкоски сподели фотографии од празничната атмосфера во Владата на својот Фејсбук профил.Детската насмевка, како што напиша во објавата, не потсетува, зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за држава во која секое дете расте со надеж, сигурност и верба во подобро утре.

Македонија | пред 1 месец

sneg1

За Нова година многу студено, но без снег

Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека во Новата 2026 година, Скопје и повеќе региони во земјава ќе влезат со многу студено време.Нашата земја ќе бидд влијание на студена воздушна маса. Утринските и дневните температури во среда, 31 декември, ќе останат под нула, а засилениот до силен северен ветер ќе услови студен и непријатен амбиент, соопшти УХМР.Од четврток, 1 јануари, се очекува умерен до засилен северен ветер кој ќе го одржува студот, особено во раните утрински часови, па се препорачува внимателност за пешаците и возачите.Од петок, ветерот ќе промени правец во јужен, а во некои региони ќе има услови за слаб дожд, додека на планините се очекува и слаб снег.

Скопје | пред 1 месец

J4A3115

„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија“: Деспотовски со тешки критики кон раководството на СДСМ

Јован Деспотовски остро проговори за состојбите во СДСМ, обвинувајќи дека дел од раководството со лични пресметки ја нарушува партијата и нејзините вредности. Тој најави дека нема да толерира валкање на неговото име и порача дека ќе бара одговорност доколку не бидат изнесени докази за обвиненијата против него.Според Деспотовски, случувањата кои деновиве излегоа во јавноста не се одраз на вистинската идејна матрица на СДСМ, туку последица на дејствување на поединци кои, како што вели, моментално имаат контрола врз партијата.„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија, ова е срам кој ѝ го нанесуваат поединци. Кои се аргументите и доказите за мојата наводна соработка со политичкиот опонент?“, запраша Деспотовски, додавајќи дека нема намера да дозволи нарушување на неговиот личен и политички интегритет.Тој оцени дека наместо да се надминуваат несогласувањата, внатрешните поделби само се продлабочуваат. И повеќе од една година по парламентарните избори, рече тој, партијата сè уште не успева да го „среди сопствениот дом“.„Наместо да градиме јасен политички фронт кон власта, ние копаме ровови меѓу себе. Реакциите и на јавноста и на членството го покажуваат истото – партијата не е обединета“, порача Деспотовски.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Путин лично му се јавил на Трамп: „Ме информираше за нападот со дронови врз неговата резиденција - Москва најавува одговор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин утрово телефонски го информирал за наводниот украински напад со беспилотни летала врз претседателска резиденција во Новгородската област. Трамп оцени дека таков потег „не е добар“, но додаде дека е можно руските тврдења да не се точни.„Тукушто слушнав за тоа, но не знам ништо повеќе. Тоа не би било добро,“ изјави Трамп пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Мар-а-Лаго, додавајќи дека разговорот со Путин бил „продуктивен“, но дека сè уште постојат чувствителни прашања што треба да се решат за да се постигне мир во Украина.Руските власти претходно соопштија дека ноќеска бил спречен масовен напад со 91 дрон со долг дострел насочен кон претседателската резиденција на Путин во северна Русија. Министрот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сите летала биле соборени од противвоздушната одбрана и дека нема повредени ниту материјална штета.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва ќе одговори на, како што го нарече, „обидот за украински напад“.„Ќе има одговор на ова,“ рече таа за националната телевизија, обвинувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски дека со ваквите чекори ги поткопува можностите за мировни преговори.Во исто време, Киев категорично ги отфрли руските наводи, нарекувајќи ги неосновани и политички мотивирани. Украинските власти сметаат дека Москва преку вакви обвинувања се обидува да изгради алиби за евентуална ескалација и притисок врз мировниот процес.Досега, руската страна не објави независно потврдени докази за нападот.Настанот се случува во чувствителен дипломатски момент, кога секоја информација за напад врз „симболични“ цели добива дополнителна тежина — и на теренот, и на преговарачката маса.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd29mtah3jfhp6e3k1ba

Доживотен затвор за убиство на сопствениот брат од користољубие - судот во Кавадарци вака пресуди

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор.Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.Обвинението беше поднесено на 28 октомври, а обвинетиот во целост го призна начинот на извршување на делото онака како што беше наведен во обвинителниот акт.При изрекувањето на пресудата, Судот донесе Решение со кое на осудениот му ја продолжи претходно определената мерка притвор до почетокот на издржувањето на казната доживотен затвор.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Фатон Љури е казнет со 11 години затвор за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

За сообраќајната трагедија што на 1 јули годинава се случи на пешачката патека на кејот на Вардар во Скопје, Основниот кривичен суд – Скопје му изрече казна затвор од 11 години на Фатон Љури.Тој со мотор „Кавасаки“, при тоа без возачка дозвола и без заштитна кацига, удрил во 68-годишниот Југослав Николовски, кој почина од здобиените повреди. По ударот, Љури не застанал да помогне, туку го напуштил местото на несреќата и два дена бил во бегство.По неговото пронаоѓање беше поведена постапка, која заврши со денешната пресуда — 11 години ефективен затвор.

Македонија | пред 1 месец

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот за половина денар по литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови малопродажни цени на горивата, која стапува на сила вечерва на полноќ. Бензините и дизелот поскапуваат за 0,5 денари по литар.Со ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 72,50 денари за литар.Поскапување има и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија малопродажна цена од полноќ ќе биде 65,00 денари за литар, што исто така претставува зголемување од 0,5 денари.

Македонија | пред 1 месец

vesna-janevska

На „Ѕид на срамот“ плагијатите и неквалитетните магистерски и дипломски трудови

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т. н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови затоа што, како што рече, на разни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.,,Кога на страниците ќе излезе оглас дека некој пишува магистерска за 300 евра е работа на полиција и на инспекцијата. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат, е првиот чекор. Вториот чекор за кој треба малку време е магистериумите и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти.Кај нас вообичено менторите ја нудат темата. Имаат проект, па им нудат на студентите. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, но не секогаш може да се изведат.Но, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата.Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. о. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистерски и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, една и единствена, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена“, рече министерката Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

„Отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, уште потресни сведоштва од денешното рочиште за „Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одекнаа и други потресни сведоштва од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот на 16 март, кога животите ги загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.Во судницата сведочеше Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова. Таа раскажа дека додека ја барала ќерката, а во обид да помогне на заглавените деца, кршела ѕид за да направи отвор кон тоалетот.„Во тој момент ми подадоа едно девојче. Очињата ѝ беа отворени. Беше тоа мојата Надица“, рече Наунова, видно вознемирена.Претходно, како што посочи, побарала помош од полициски службеник, а тој ѝ одговорил: „Не сум обучен јас за ова“.Надицa била пренесена во болница, каде што, според раскажувањето, здравствен работник им рекол дека успеале да ѝ го вратат пулсот. Мајката сепак успеала накратко да ја види.„Лежеше мртва на креветот, сама, без никого до неа… Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво!“, кажа таа.Поради силните емоции и солзите што одекнаа во судницата, сведочењето беше привремено прекинато. Кога се врати, Наунова додаде дека од тој момент понатаму речиси ништо не памети — освен дека Надица била без изгореници и дека „парфемот сѐ уште ѝ мирисал“.На рочиштето сведочеше и Ивана Минова, мајка на 16-годишната Драгана.„Беше тешко да се гледа како млади деца се борат за своите животи. Некои од нив беа без облека. Излегов, го видов сопругот како седи до мојата ќерка. Беше со облека, се израдував, мислев дека е само онесвестена.“Драгана била пренесена во болница, но таму следеле нови болни моменти.„Во ходникот на Брзата помош лежеа мртви деца. Насекаде крв, мирис на изгорени тела. Мислев дека Драгана ќе ги отвори очите. Лежеше на подот. Ја однесоа. Но, не на Одделение, туку ја насочија кон мртовечницата. Драгана отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, сведочеше Минова.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања